Затоа што анонимното членување има можност за објективно и непристрасно реплицирање,а советите се искрени со тенденција да научиме нешто ново и да споделиме искуства.
Затоа што ве гледам сите сте искрени од срце и си пишите што ви лежи на душа, затоа што има толку многу корисници претежно девојки, каде што ќе се пронајдам во некоја нивна тема, да споделам мое искуство, да прашам нешто за кое очајно неам одговор знаеќи дека ќе ми одговорите онака како што мислите, да помогнам на некој. И онака ме релаксира форумов што можам да изгубам часови само во читање на други мислења. Анонимноста ми одговара, но не ми смета до толку некој да ме дознае која сум зш се трудам да бидам се поискрена со луѓето во животот без разлика како ќе ме сватат, сепак не му мислам лошо , кога веќе конкретно мене ме прашуваат.
Не се доверувам "толку" на форумот. Првенствено од забава почнав , во некои по лајт теми, а сега го пишувам само она кое не би ми пречело и некој да го дознае. Може некој ќе ми прочепка низ мислењата и ќе види дека сум пишувала и на некои поексплицитни теми , ама сето тоа се работи за кои немам ништо против да ги кажам и во живо ако падне муабет на тие теми
Бидејќи сум анонимна и верувам дека останатите феминки би можеле да ми дадат подобар совет за да донесам подобра одлука .
...+ попрво совет ќе ти даде некој сосем непознат, отколку некој близок. Не само што ќе ти се исмее, туку ни совет нема да ти даде од инает, од љубомора, од што ти знам што ....... п.с. исклучок на оние што имаат вистински пријатели.
Затоа што сме анонимни, затоа што овде сите се објективни, затоа што овде нема да бида осудувана барем не од луѓе кои ми значат..
Мислев никој не ме познава овде и затоа пишував толку отворено, но сега... Е сега пишаното да се избрише не може. Барем понатака нема да бидам толку отворена.
Многу едноставно анонимност е,и покрај тоа што е и има премногу феминки од 2332432443 луѓе еден ке се пронајде во твојата приказна и ке те подржи помогне или било што,велат близок побрзо ке те одјебе да ми простите на реч,а странец подобро ќе ти се најде кога најмалку очекуваш.
Не е точно тоа дека многу му се доверувам на форумот. Она што го „кријам“ од било кого, не би го издала ни на форумот. А 90% од работите што сум ги напишала овде, веќе сум ги кажала некому и некогаш. Останатите 10% не сум ги кажала, од причина што не биле тема на разговор, а не дека имам проблем да ги споделам. Со луѓето надвор сум поотворена затоа што се внимателни што ќе ми кажат и како се однесуваат. Тука многу нешта си преќутувам, за да не бидат погрешно сфатени и пречекани на нож од некој што не дочитал, не разбрал и т.н. Друго е кога во живо се обраќаш некому, знаеш со кого си имаш работа и попаметно бираш дискутанти. На форум не само што не знаеш кого бираш, туку секој може да те избере тебе. Па и она што го кријам попрво би му го открила на некој надвор, отколку на форум.
Според мене, од моја гледна точка повеќето членови му се доверуваме на форумов.. Зошто? Епа анонимно е бре, си ги кажуваме маките, проблемите ги споделуваме со луѓе што не ги познаваме, а за возврат добиваме нечие мислење...