Анонимен е , можам да најдам девојки/жени со сличен проблем како мојот и да споделиме совети и постапки во врска со проблемот . Верувам дека повеќе ќе ми помогне некоја анонимна девојка/жена отколку неооја која ме познава . Искрено , околу мајчинските проблеми , неможе никој да помогне , мајка ми и свеки во тоа време поинаку не гледале нас , сега медицината е изменета и понапредна , а на форумот има многу мајки кои имаат мали бебиња и деца , па со нив можам да се консултирам за се .
Се зачленив затоа што е анонимно, можеш да пишеш секаков проблем, да најдеш некое решение со помош на другите феминки, и мислам дека е добар "психијатар" форумов ..
Неколку причини: - Анонимност - Страв од рекацијата на блиските доколку ја кажеме во живо - Веројатноста да има некој ист проблем со нас е многу поголема, отколку во живо.
За да манијачам хахаха Велики брате ф.ф само ако ме издадешми е гајле и да ме издадеш cia i dbk пак знаат кој су шо су страна на шала зашто па да не се доверуваме повеке глави подобро мислат ,совети едно друго подобри совети и критики ќе добиеш на ф.ф одколку во надворешниот свет, а може и ќе падне нешто,некој камен по глава
Затоа што денес треба да наплатиш за некој да те сослуша, а воопшто да не зборувам за разбирањето и емпатијата кои се тотално заборавени дека некогаш воопшто постоеле. И така ќе те утешат луѓе кои не ги ни познаваш лично но ги чувствуваш поблиски од некој кој го познаваш долги години, затоа што успеале да ти изнудат насмевка и кога во срцето ти е лето и кога ти е зима.
Затоа што е како некоја кутија полна со сите наши проблеми.Се што ми лежи на душа можам да си кажам и мислам дека повеќе ке се разбереш и спријателиш макар виртуелно со анонимни луѓе отколку со тие што ги познаваш.Доволно е еден убав совет,добра мудрост од некого за денот да ти биде поубав,па и животот. Секој може да си се престави како сака и да си пише што сака.Се останува во таа кутија... Веројатноста да има некој ист проблем со нас е многу поголема, отколку во живо како што имаше некој погоре напишано.. Мислам дека никому нема да му биде на одмет ако има барем некоја реченица за нечиј проблем.Тоа многу значи.Барем мене.Онаму каде што мислам дека можам да помогнам зошто да не го сторам тоа? Има луѓе на кои им треба мудар совет за да се покренат од депересија.Да не се штедиме..
Не само што форумов е анонимен.Некогаш е многу полесно да се искажеш што те мачи на некој што незнаеш ни дека постои одколку на свој близок.И колку да е близок ја немаш целата доверба во него се мислиш дека некогаш нешто може да се случи и да ви се разделат патиштата и од страв дека тогаш би те предал за да се одмазди.Реално се има случено, и од тогаш сум претпазлива иако некогаш неможам да се заќутам што зборам не се контролирам, јазикот ми е скоро секогаш побрз од мозокот...што да правам таква сум...ретко кога можам да ги исконтролирам чуствата и мислите, но почнав да се трудам па ќе видиме. Сите не заслужуваат се да знаат.
Можам да прашам за секој мој проблем или само да исчитам стари мислења и си наоѓам решение. Ретко споделувам идеи во реалниот свет бидејќи како што кажува дечко ми идеите ми се фиксни и ретко нормални. Ете затоа бидејќи овде никој не ме осудува. Те сакам мое мало прибежиште.
Можам да се искажам без да ме осудат. Да добијам искрен совет од луѓе кои не ме ни познаваат за разлика од некои пријатели кои ќе пробаат да ја ублажат вистината во однос на ситуацијата каква и да е, за да не бидеме повредени скроз нели..сакам сурова вистина колку и да боли, од тоа се учиме и се поправаме (зависно). А и интересни ми е да гледам кој што си купил, како се нашминкала некоја феминка, што зготвила..
Се доверувам на конкретни драги личности од форумов. За најтешките моменти имам зборено и ми има пружено поддршка членка на која знам дека можам да ѝ верувам, иако со години веќе имаме само виртуелна комуникација поради анонимноста. Се доверувам и во скриената тема На срце ми лежи, и тоа е тоа. Сепак за многу работи не сум се отворила или пак пишувам во шифри, прво затоа што сум затворена и личност што не сака да се жали и оптоварува други со своите проблеми... а второ бидејќи доволно за да те спречат да се довериш се макар и неколку (а сè повеќе ги има такви) безобразни членови на кои воопшто не им е гајле дека човек со чувства стои од другата страна и зад мислења со кои не се согласуваат и не соодвествуваат со нивниот лажен морал, без граници подготвени да злоупотребат и лични исповеди од други теми. За жал, форумов веќе подолго време не е место кадешто како атмосфера во глобала владее човечност и целосно разбирање за проблеми.
Јас не се доверувам многу многу.Се што сум кажала знам дека не сум излажала.Ама сепак форум е секој може да чита а има секакви луѓе и никад се ништа не зна.А и фоумов не го дожувам место каде треба да ги тормозам луѓето со мои проблеми или да се исповедам.
Бидејќи е анонимен, можам да кажам што ми лежи да душата, можам да ги искажам моите досегашни маки без некој да ми попува над главата. Затоа што е како кутија која собира се и лошо и добро. Затоа што може да ти помогне без да дознаеш кој ти кажал и заради многу други работи.