Јас пак воопшто не мислам дека машките се плашат да им пријдат, напротив одма скокаат кога ке видат некоја што им фаќа окцето. Ама од причиниве што ги наведи девојката над мене дека не сакала никој, и дека непланирала да се заљуби се чисти глупости кои претерано им одат на живци на машкиве и тоа не им е воопшто привлечно,затоа и се одкажуваат, т.е не сакаат да си го губат времето и живците. Значи не може да се планира кога да се заљуби туку тоа САМО си доаѓа. Јас не сакам да навредам никој, секој си е за себе убав на свој начин. Денес какви се има.... да плукниш да не ги погодиш ... МНОГУ КИФЛИ МИСЛАТ ДЕКА СЕ КРОАСАН! хахахах не се лутете ако некој тоа ви го каже, туку поработете на себе, тука сме сите долу на земјава а некој и под неа
Затоа што така сакаат... Постојат и многу девојки кои се убави, привлечни и во врска! Ако е некоја сингл, убава и привлечна тоа е затоа што таа така си одлучила и нејзино право..
Ова го сметам какоа директна навреда. Извинете така, ама јас сум најубава на мајка, или барем втора Како и да е, онаа што дошла до заклучок дека сите убави девојки се сингл очигледно не погледнала подалеку од носот. И јас се чудев едно време зошто машките немаат храброст да ми пристапат, ама набргу сфатив дека проблемот е во мене. Машките не се толку глупави, пред да пристапат на некоја гледаат колку-толку дали би имале некоја шанса, мислам нормално, има и исклучоци. Како што викаат старите, ако не ја крене лиса опашката...
Посветете внимание на песнава .... иако е мала шала , сепак во секоја шала има пола вистина http://www.youtube.com/watch?v=CkoMbxHQ ... ture=share
Мислам дека голем број од девојките глумат недостапност,препотентност,лудило. Голем број од машката популација побрзо би пристапиле кај попристапна и понормална девојка,отколку кај некоја која лета во облаци. Е после ќе пишат на форуми зошто биле сингл
Можеш да си убава до болка ама ако немаш однесување и манири џабе ти е се`..Некогаш убавината знае да фркне во глава и да се погуби девојката..
ДА СЕ РАЗБЕРЕМЕ СЕКОЈА ДЕВОЈКА Е УБАВА НА СВОЈ НАЧИН ! Имено некои доминираат и ги освојуваат погледите на момчињата.Нема вечер кога ке испаднам во кафич да не ми се пуштат неколку машки .И не сметам дека моето СИНГЛ е поради тоа што сум дигната.Се запознавам со сите и им правам љубезно муабет бидејки колку и да не ми се допаагат сметам дека не е кулурно барем едно здраво да направиш.Но еве секој со свој проблем кога тоа е во прашање.Јас кога и да засвигам тој или е во врска или типот сака одма да ме помине за една вечер без да ми направи муабет да види каква сум на крарктер.Ја у принцип сакам да ги истакнувам своите атрибути но не да се облекувам кич како Бугарските пеачки.Можеби моето облекување е во прашање.Но тоа сум јас и не планирам да се менувам ,мојот начин на облекување е дел од мене ,и имам добиено неколку комплименти во ситлот Ејјј ме изненади во карактер размислуваш позрело за годинќите а јас мисле ..... И мојата фаца И ако некој е право машко па ке дојде и ке се запознае и покрај зборовите на другите !
Колку и да е физички убава некоја девојка,со самата препотентност и лигаво понашање прави да биде во сенка. Затоа
Убавите жени најчесто се капризни, тие се свесни за својата убавина и очекуваат мажите да ги исполнуваат сите нивни желби, возможни и невозможни. Не секој маж може да си го дозволи она што од него го бара убавата жена. Таа знае дека во секој момент може да најде друг па затоа и не се оптоварува многу со врската. Од неа не можеш да очекуваш да трча по тебе и да ги задоволува сите твои желби, бидејќи лесно може да те смени со друг ако нешто тргне наопаку.
Дали сте сигурни дека убавината е заслужна за нечија среќа во било која област во животот?! Може да донекаде, но искрено мислам дека девојките кои имаат шарм и харизма се оние на кои им е полесно да си фатат дечко. А не на оние преубавите. Постојат две опции за фаќање фраери и за кршење на нивните срца (2 опции за шармот кај единката). Првата, која треба сите да ја следат, е онаа вродената, која вели дека секој треба да се однесува природно, онаков како што вистински е. Оваа опција е и најблагородна, а и не исполнува самите нас. Со нејзе имаме чувство дека нашата личност се развива правилно и човечно, бидејќи постојат луѓе кои се вљубуваат во нас. А втората, е оваа е таа умствената игра. Многу девојки знаат што пали кај машките. Знаат дека ако глумат насмевки и трепкаат со очињата невино и ако врзуваат културно љубезни муабети со сите машки, шансите да им се допаднат се огромни. Итри лисички се овие. Но вештачки. Малку забегав од темата, но сакав да опишам како убавината нема никаква врска со статусот сингл.
Зошто убавите и привлечни девојки се сингл? ...... Ова тврдење е неточно или доколку се сингл тогаш тоа би било нивна желба..
Ги направи безчувствителни убавите жени , ако те сака и те како ке се оптоварува и нема да помисли да си бара друг , познавам многу убави девојки кои и плачеле и трчале и молеле ... И не е поентата дали може да те смени со друг , колку и да трга наопаку некогаш едноставно се надеваш дека работите ке се подобрат , се во свои граници сепак
Некои другари би рекле дека темата требала да биде обратно поставена: „како тоа да сите убави девојки секогаш се зафатени? „ (т.е. имаат дечко) Лично мислам дека и едното и другото е само привидно така и не може да се генерализира.
Да беше така нема да се жалат,и убавината е релативна работа,све е вкус,мене некоја што ми е убава на некој не му е,така да јас мислам нема девојка што ке каже дека е ружна.
Каков ви е овој начин на размислување....не убавината нема врска со среќата во љубовта!!! Она што е важно е да се најде човек кој умее да сака и не се плаши да се заљуби! Можеби егото кочи повеќе од убавината, девојките со преголемо его повеќе се ценат себе си, на моменти знаат да бидат немилосрдни, што предизвикува одбивност кај машките....сите знаеме дека понекогаш може да се заљубиме во некој кој не е наш „тип“ едноставно затоа што нешто друго не привлекло кај него!!!!!
Луѓе, на некои не им оди Љубовта, знаете за тоа? И тоа во најубавата младост, во најубавите студентски денови. Зборувам за преблиска другарка, а и за мн други што ги знам. Не им е главата в небо, немаат кренат нос, а пак чкрипи љубовта.