Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зошто убавите и привлечни девојки се сингл?

Дискусија во 'Сингл' започната од teat, 30 јули 2012.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.650
    Допаѓања:
    22.300
    Пол:
    Женски
    И мм е еден од ретките кои немаат застарени сфаќања за вината на жените што вчера не врнеше. Твојов случај само го потврди она што реков погоре, ретките, ако се бараат, ќе си се најдат, а на спонзориве и спонзорушиве нека им биде убаво така затоа што е жално кога такви луѓе упропастуваат и ги разочаруваат во луѓето фините мажи/жени.
     
  2. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Одма навредувате ако некој има поразлично мислење од вас,тоа воопшто не ок.
    За женомрзец мислев.
     
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.650
    Допаѓања:
    22.300
    Пол:
    Женски
    Не мислев да те навредам, прочитај го убаво мислењето и ќе видиш. И ај да не одиме офф сеа....

    Едит: па таков впечаток остави кога ја натовари вината само на самарот на жените. Тоа ти е исто како со сигурност да тврдиш дека кокошката/јајцето настанало прво. Нз (кој знае нека ме потсети) кој имаше кажано дека вистината е секогаш некаде на средината. Не може само мажите/жените да се криви за тоа што постојат такви гадни примероци и од двата пола. Едноставно не' има секакви: од скапани до скапоцени, шо да се праи...

    А жените, добро и што останале од овие денешни добри примероци, ако појдеме оттаму како биле третирани низ вековите (вределе само како машина за деца и слугување) и колку “вештерки“ биле спалени на клада само затоа што сe побуниле затоа што сакале да бидат нешто повеќе во животот од нечии робинки во кујната и креветот.

    На мажите отсекогаш во животот се' им било дозволено, па ете се'уште постојат такви исфрустрирани створови кои ден денес мислат дека жeните се предмет кој може да се купи со пари.

    Со други зборови, нема логично објаснување за тоа кој е крив што не' има такви и такви и оттаму моето мислење дека нема поента да се обвинуваат само едните или само другите.
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.563
    Пол:
    Женски
    Витомир далеку од тоа дека си женмомрзец но твојот став кој што не е само твој туку и на многу други стварно на погрешен начин го интерпретира твојот карактер а и карактерот на оние кои мислат дека девојките и жените бараат само материјални вредности.Не викам дека нема такви девојки како што не викам и дека нема такви мажи.Постојано тој муабет е сконцентриран кон тоа дека девојките се спонзоруши и материјалистки,но никој не спомнал и не размислил на тоа дека и такви мажи постојат.Дека и мажите ги интересира девојката дали и колку заработува,во какви услови живее,дали вози кола и сл. банални работи кои секој нормален човек би го запрепастиле.

    Денес џентлменството е мисловен поим.Никој веке ни Кока-Кола у диско не пушта а без притоа да нема задни намери.Фактот што ти на една девојка си и пуштил пијачка во град или си ја земал од дома и си ја вратил доколку имаш превозно средство не ја прави девојката спонзоруша што сака частање него тебе те прави џентлмен со определени манири останати од времето кога нашите татковци ги изведувале на состанок нашите мајки .

    При секое упознавање со нова личност нормално е да те заинтересира што учи каде работи ако работи,тоа не е знак дека некого го интересира ти колку плата зимаш па да знае дали ке може да те цеди финансиски или не.Мене лично ме интересира некој што работи затоа што тоа многу кажува во кој правец ке оди таа врска.Јас сум тип на човек кој денот му е определен за учење/одење на работа а нокта за шетање.Ако се нафатам да бидам со некој кој живее обратен живот од мојот нашата врска ке нема иднина.Исто многу мења кога некој има некаква одговорност и знае да цени дома време за ручек ,муабет со родители отколку некој што нема ни работа ни сабота и животот му се стостои од целодневно мерење улици и седење по кафиња.

    Во последно време во нашето општество толку се изместија вредностите и се гледа се на материјална основа што дури и ние самите луге станавме празни и клети емотивно.Затоа неможе да се гледа во туг двор да се генерализира и да се суди.Додека не прочекориш во штиклите на девојката :D и да видиш колку и е паметот и зошто ја интересира определен твој начин на живот,бесцелно е да си труеш душата со мисли дека девојките се вакви такви или онакви.
     
    На tessie, crazylady, XMaN и 6 други им се допаѓа ова.
  5. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Нормално дека не се замарам многу,но сега неможам да си ставам розеви очила,и при очи да се правам слеп,мора да се сложите дека 90%од девојките се по парите,и друго ништо не ги интересира,нормално е дека и со вас се согласувам дека сите не се такви,има и мажи што гледаат девојки за пари,тоа многу ми пречи што не се гледаат другите работи кај машкото,на пример карактер итн.
     
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.650
    Допаѓања:
    22.300
    Пол:
    Женски
    - Како шо и мене ми пречат 90% од машките шо прво глеаат каква ц**ка фаќа типката или како п***, колку и' e длабоко деколтето а краток миничот пред карактерот.

    - Како што и 90% од мажите ги третираат жените како предмет од продавница....

    пак го ставаш самарот само на жените. Како шо има жени шо викаат „Не би праела ни муабет со некој шо нема кола“ така има и многу мажи шо викаат „ако не ми даде до 3 состанок ќе се пофали шо ќе и' се јавам“

    На еден мој дечко за тоа и' му раскинав во средно. И онака детска работа беше, ама коа му раскинав почна да ми прави ретроспектива за све шо ме почастил (у тие пет глеања у три месеци :lol: околу 200д сила). И јас отидов кај шо искачаат со другарите и му ги фрлив тие 200д на маса пред сите и му реков „Моето внимание се заслужува, не се купува со пијачки, затоа да ти ги вратам парите шо си ме частел затоа што не знаев претходно за шо намена биле, а моето внимание веќе одамна престана да го заслужуваш.“ И после цела година плачеше како мивка некоја да се смириме...

    И на женски форум не моеш да очекуваш тапшање по рамо заради ова твое еднострано гледање на работите.
     
  7. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Машки
    Е з'ш бе.
    А јас мислев само во мене е проблемот.

    Веројатно е ;(

    Колку што јас можам мани да им најдам, они сигурно можат десет пати повеќе да ми најдат на мене.

    Се ќе да е во критериумите, односно очекувањата.

    Многу коњи бре.
    Малку принцови.
     
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.038
    Допаѓања:
    12.766
    Зборот ми беше дека ако машкото се фали како има пари, колку плата зема, дека има ова, она , гарант лаже. Се фалат неизживеани машки. Такви одма од список ги бришам, од мојот список во глава. И машките се материјалисти во денешно врмее, не би рекла само женските.
     
  9. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Еден другар ме прашуваше де за оваа колешка де за друга велам сите имаат дечко , тој рече брее сите убави зафатени :D Но и тоа е една генерализација, во никој случај убавите девојки се сингл или пак да не речам оние понеубави се сингл , дали е во врска човек е индивидуално не може со ова да се генерализира .
     
  10. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Што е со реченицава???Јас сум покрупна не сум слаба па имам мн.среќна и хармонична врска! :rock:
     
  11. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Тоа е претерување , божем покрупните девојки одат излитени , кажав дека е индивидуално , ако во моментот немате дечко не е проблем вашата убавина . Може не сте наишле на вистинскиот ,за секое тенџер си има капаче .
     
  12. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Многу бес ти се собрал за женскиот род, и не само од тебе се почесто слушам вакви муабети дека 90% од жените само по пари одат. Читам и се чудам зашто јас никако да ги сретнам туку напротив на 90% од тие што ги познавам (не е мала бројка) парите им се на трето или четврто место што и е нормално.

    Или јас имам екстра сенс да проценам со која да се дружам или ти (вие што така мислите) излегувате на погрешни места и се дружите со погрешни девојки :).
     
    На tessie, 1209, Lovy1 и 14 други им се допаѓа ова.
  13. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Ќе го подржам љисицов над мене.
    Не секоја девојка оди за пари. Од лично искуство дури ме навредува ако сака да ми плаќа пијачки или да ме луксузира, бидејќи :!: секогаш си ги пуштам нозете колкава ми е џергата, и ако немам пари не одам не шетам!
    Или премногу лош избор имаш. Или пукаш многу високо, во оние редови на спонзоруши.
    Извини братче до тебе ќе да е.
    Познавам повеќе од 10% колку што ти им подели на чесните девојки.
    :hai:
     
    На Decibel и XMaN им се допаѓа ова.
  14. Lunaria

    Lunaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    1.087
    Пол:
    Женски
    Ме заскокотка темава,ама да имам повеќе време би се изјаснила поубаво и поопширно. Сепак ќе кажам- убаво,и привлечно,за секој не е една иста работа. Всушност е, да, кога ќе погледнеш на улица добро средена,тренди,згодна девојка, и си викаш- колку е привлечна и убава. Штета што дефиницијата за убавина во плитко плива,а не завира подлабоко во длабочините на едно женско срце.

    Некогаш мажите се криви што убавината ја купуваат и дегустираат како инстант супа.
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Akiii

    Akiii Активен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2012
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    14
    сингле се не оти така сакаат...него оти поголем дел од машките ги замислуваат како невозможма мисија :D
    и несакаат да стапат во контакт со неа од мислењето дека немаат шанси.
     
    На Decibel и Orthophill им се допаѓа ова.
  16. Chocoholic.girl

    Chocoholic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    39
    Затоа што не е се во убавината. Да, важна е убавината, но не и најважна. Девојката треба да биде комплетна личност за да биде привлечна, да биде паметна, да има добар карактер, едноставно да е добра комбинација на карактеристики и секако се зависи и од приоритетите на машкото. На некои машки не им е важен интелектот, некои си гледаат само убавина, но за подолги врски мислам дека на повеќето им се важни покрај убавината и интелектот и карактерот :)
     
  17. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Сите можеме да зборуваме за наши лични искуства, и јас не сум налетал на многу девојки чиј свет се вртел стриктно околу финансиите, скоро воопшто впрочем, но да расчистиме две работи.

    Прво, констатацијата на Vitomir оди малку накај екстрема но и тоа сигурно е базирано на некакво лично искуство и тука нема осуда. :!:
    Второ, женски форум и не е идеалниот терен да зборуваме за се поголемото вреднување на финансиската ситуација кај машките од страна на женскиот род. Неизбежно е некои девојки да се пецнат, да сватат и лично бидејќи не се пронаоѓаат во описот.
    Некој може тоа да го нарече плиткост, спонзорирање, нашминкана проституција и ред други работи, но факт е дека е се поголем на жените на кои, благо речено, и нема да им падне лошо ако дечкото е добро ситуиран, чисто за некој основен комфор во врската. Тука не зборувам за одмори во Хрватска, ама ич да не е па мрзнење во парк или броење до последен денар за дали да се оди на пијалак или неш сл.

    Се сваќаме? Се ова зависи од возраста на девојката и секако нејзините лични ставови но добро ситуиран тип, сега вие замислете си го тоа со кола и стан или како сакате, може да добие дополнителни позитивни поени ако веќе го има понашањето е физичкиот изглед. Ова се едноставно факти! Факти.

    Нема да ви биде удобно да си лежите во кревет ВО НЕГОВ СТАН? Или наместо бркање автобуси, тој да може да ве зема со кола?
    Пак ќе повторам, не се работи секогаш за спонзорирање, ама тоа се удобности на кои ниедна жена нема да се намршти. :!:

    Пак ќе цитирам еден аввтор на сајтот AskMen.com кој рече дека парите може да не се клучниот фактор во освојување на девојка но секако ќе те направат да изгледаш по згоден.

    Кој ме разбра, ме разбра.
     
    На Decibel, mila89, baby-star и 8 други им се допаѓа ова.
  18. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Така е колега сaмo никој не негира дека парите се битен фактор и дека ако двајца исто или слично и се свиѓаат чисто разумски ќе го одбере тој што е подобро ситуиран или тој што и личи долгорочно поперспективен, нема тука ништо чудно, секој сака да ја најде/одбере најдобрата можна опција.

    И ние да имаме две за избор со ист карактер ама едната бомбастична со облини, 9 од 10 ќе ја одберат неа и сега треба женскиве да се жалат дека облините не се клучниот фактор ама ќе ја направат едната попривлечна, епа многу јасно :)

    Воопшто не е проблем ако девојка се интересира за пари (и треба да се интересира) но е проблем ако се интересира исклучиво за пари а дечкото е доволно неинтелигентен (или наивен) тоа да не го примети на време.

    Во секој случај фини (во секој поглед) девојки има и ако знаеш каде и како да ги бараш ќе ги најдеш :) .
     
    На Micheleljubov, EleMental, DAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    ^ Образован дечко = добро сутуиран = паметен + сето тоа што погоре го наброја EleMental.
    (Секако овие три не секогаш одат едно со друго, но може да се сретнат ваму и таму и од-време-на-време, ако внимателно забележуваме).
    Мои стандарди. :)
     
  20. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Девојката која преку писмо одлучила да бара богат сопруг неодамна добила одговор и тоа од генералниот директор на финансиската корпорација Ј.П. Морган. „Млада и убава девојка“ како себе си се опишала на форум, поставила прашање што треба да направи за да се омажи со богат човек.
    Писмото гласи вака:
    „Ќе бидам искрена во ова што ќе го напишам. Имам 25 години и многу сум убава. Имам стил и добар вкус. Желба ми е да се омажам за човек кој заработува најмалку 500 илјади долари годишно. Можеби сметате дека не сум скромна, но според мене заработувачка од милион долари годишно во Њујорк припаѓа на средна класа. Мојата желба е разумна. Има некој на овој форум кој има годишна плата од 500 илјади долари годишно а не е оженет? Ако има некој таков, за него имам едно прашање? Што треба да направам за да се омажам за тебе? Оние кои досега сум ги запознала најмногу заработуваат 250 илјади годишно, и тоа изгледа е мојата горна граница, но не е доволно.
    Поради тоа овде ќе поставам неколку прашања?
    1. Каде најчесто се дружат богатите и неженети мажи? (наведи адреса на бар во кој излегувате)
    2. Зашто поголем дел од сопругите на богаташите имаат просечен изглед?
    3. Како одлучувате која ќе биде ваша сопруга?
    Госпоѓица Pretty.

    Ова е само еден од милионите примери што ги има за жените матријалиски.