Ова не е пример за ништо. Можеби е само обично тролче. А да кажеш дека 90% од девојките трчаат по пари е малку преостра класификација според мене.
ОК,се извинувам што така кажав,иако тоа го мислам. Еве јавно им се извинувам на сите девојки ако ве навредив Отсега нема да си го кажувам моето мислење,пошто гледам се дигна голема фама околу ова,него само ке ви потврдувам да така е.поздрав
Спојлер Не, јас не се навредив, не гледам причина да се навредам од нешто што знам дека не се однесува на мене. А реалноста ја гледаме сите, не можеме да кажеме дека не постојат женски кои што трчаат по парите. Познавам и јас една добра бројка такви, едноставно ми се гади од нив Се продаваат за една ситница, ама знаат како да си наплатат после убаво. Ти се закачуваат како крвопии и знаат што сакаат, а знаат и како да го постигнат тоа. Не реков дека се навредив, не реков ни дека не постојат такви девојки, само примерот не ти го бива.
Ми текна на конкретен пример, еве баш сега. Спојлер Другар на братучед ми. На времето имаше ужасен тандем на карактеристики шо му пружија малку среќа во љубовта. Тие две карактеристики се: апсурден пребирач и срамежлив додека да пријде на девојка. Секако тогаш коа ми се обрати за помош ја знаев само втората карактеристика за жал, пошо сме си играле надвор ко деца, знам требаше да го проценам прво карактерно пред да му помогнам, ама бидна шо бидна...и ја бев шо се вика помалку зрела подобро да размислам. У глава ми беше само да помогнам. И тука јас втасав во припомош. Во една година пробав 3 другарки да му наместам. Ај една другарка ќе му местам, ај друга. Ама шо да праам, тој ми бараше да е убава и шо не праи глупости да ја збори цел град. Пробав со некои мои убави но помирни другарки да го наместам. Една од нив дури ептен се заљуби во него после ми беше криво и илјада пати и' се извинив тогаш не знаев хормоните шо серко го напраиле. Не му биле интересни, скромно се облекувале, немале деколте, малку се шминкале, носеле ниски штикли ко на баба му. Е ај сеа де. Вика муабетот ни' оди ама како за другари, не можам да се замислам во град со таква. А девојкиве ни најмалку не беа грди, баш беа убави сите, нема на другар од детство ваљда грди да му местам. Средношколска психа вришти од тело на зрел млад човек. Брука. Баш ко за беља и баш ко на филм тоа девојчето шо се заљуби у него ми беше некако најубаво, можеби баш ради случката самата така сум си ја доживеала, штознам (баш ја видов сега пред некој месец коа го праев неделниот пазар...) И не, не се носеа бапски значи, или грдо да немаа стил или слично... онака скромно ама убаво и јас не сум носела ни носам високи штикли, да бе за да му потечат малку лигички на некој да се замарам со вени попуштени уште на 30 и кусур години...одма, само нека каже кога да земам стартна позиција. Пред да ме сфати некој погрешно, значи поштувам жени кои си сакаат високи штикли и кои знаат да ги носат (умешност е да се разбереме, не го бива секој), али само за да ме гледаат, ноу. Значи се' си беше надворешно во ред, девојчиња со убави и здрави навики. Не му чинеа. Му викам „Имам познанички и од таквите физички шо ќе ти одговараат, а за карактерни особини не можам да гарантирам. Ама тука мојата работа е завршена, не сакам уште некого да разочарам, ќе ти кажам кај излегуваат, па сам најди си ги.“ И не знам после шо бидна со него. Знам пред некое време се сретнавме кај снаа ми на повојница. Баш правев муабет со него. Ми се жалеше, веќе денес немало фини девојки, немало ова, немало она. Бaш ме праша како е девојчето шо најмногу го зезна. Му викам добра е, ја видов во град трудничка е малце со сестра и' си шетаа. И тој ми рече „Ее, такви девојки веќе амин.“ Јас му реков „едно е да викаш дека сите се крадци, а сосема друго е да чукаш само на нивната врата.“ Има такви девојки/жени и денес, ама мора прво да дефинираш што всушност сакаш од животот за да знаеш да го бараш истото. После се' искрено, си викам ако си го сфатил катастрофално грешното гледање на работите и подготвен е да се смени, искрено му посакувам да си најде девојка која ќе го усреќи. Затоа што откако тој се изгоре, мислам дека и те како ќе гледа да не ја разочара.
Многу нормално дека би сакале таков дечко што би не зимал со кола, да не трчаме по автобуси и тако даље.. Но од друга страна јас сум едно гордо суштество кое не би дозволило цело време да се шлепа на грбот на дечкото само затоа што има кола ( колава ја земав како пример) Е сега имам сестра како веќе што имам нагласено, има 25 години значи би требало веќе да е зрела и да знае што сака во животот. Фати еден дечко и цело време се мењаа. Денес он ќе ме носи, утре ја него со моја кола. Или ќе одиме со негова ама ќе му дадам пари за бензин. И покрај тоа што не и беше важно што дечко имаше ретка кола во градов ( да нагласам он ја купи колата, откако се фатија и не би да кажувам каква е, ама ајде да речеме некој мерцедес ) она дочека од дечко страшни зборови. На сестра ми и се расипа колата и додека татко ми трчаше низ механичари, она му се јави на дечкото демек, земи го мерцедесот и дојди јас ќе ставам бензин оти мојава кола се расипа. И он со сиот памет, кој очигледно го немал во големи количини, ја прашал „Добро мора со мерцедесот да дојдам?Толку ти е важно? “ Значи такви шупаци кои демек се вардат од спонзоруши секогаш имало. Среќа што е паметна и си расчисти со него на време. Значи ем компензираше, ем он колата ја купи откако се фатија ( пред тоа југо имаше ) , ем кога еднаш неможела да ја земе колата одма ја удри по уста Ова е само пример, демек маживе ау нешто се фураат со кола и ај сеа секоја една по неговиот мерцедес ќе се лепи. Друга работа, имам еден другар луѓе, па три женски спонзоруши не му се рамни. Ја лаже женската демек нема кредит, само од нејзиниот телефон да збори, се гребе за цираги, секоја вечер и вика неможам да излезам немам пари, па она го зима со кола му плаќа се. А кога искача со другари има пари . ЗНачи не е битно, кој е „спонзорушата “ или материјалистот еве, пошто се фативте за спонзоруша како лош збор. Битно е дека не е во ред да се трча по туѓи пари, а уште по не е во ред да дозловите некој да ве прави будала во здрав памет. Како заклучок на се сакав да кажам, дека знам многу девојки на кои не би им било важно дали дечко им вози, не вози или вози мерцедес или југо. И јас имам дечко, па уште нема возачка. Ај сеа да му раскинам. Значи што сакам да кажам. Сакам да кажам дека не се согласувам со процентот на чесни девојки. Не се согласувам и точка. А ако единствено место за бркање женски ви се дискотеките , таму секакви ќе најдете. И верувајте 50 % од материјалистките се познаваат по излгедот. Се гледа дека пукаат виското и дека дошле за да најдат некое богато мевце.
Па учат од најдобрите а тоа сте вие девојките,така да не ве чуди што се повеќе има машки спонзоруши,и ние машките учиме од вашето однесување према нас,без навреда ама морав да го кажам ова.
Ја не би да се препуцавам на форум. Сепак океј дечко тоа е твој избор и мислење. Незнам кој од кој учи, и не коментирав таков став, туку дека како слеп за стап се држам зад моето мислење дека има многу паметни, скромни, а изгледно убави девојки , кои би те сакале за она што си ти, а не она што те прават парите. Кога дечко ми прв пат го видов во пижами на кои имаше дупка под мишката бидејќи не сакајќи ја направил кога се соблекувал, сфатив дека и дури и да беше во луи витон или ла коста-моста облечен, тоа ќе беше маска пред мене колку да го сакам. Ама јас не ги сакам ни неговите, алишта, ни негоавата кола, ни неговата куќа. Утре нема ни со колата да легнам, ни со неговите блузи. До мене ќе лежи он. А јас го сакам онаков каков што е, реален, скромен, паметен.
Па учат од најдобрите а тоа сте вие девојките,така да не ве чуди што се повеќе има машки спонзоруши,и ние машките учиме од вашето однесување према нас,без навреда ама морав да го кажам ова.[/quote] Ја не би да се препуцавам на форум. Сепак океј дечко тоа е твој избор и мислење. Незнам кој од кој учи, и не коментирав таков став, туку дека како слеп за стап се држам зад моето мислење дека има многу паметни, скромни, а изгледно убави девојки , кои би те сакале за она што си ти, а не она што те прават парите. Кога дечко ми прв пат го видов во пижами на кои имаше дупка под мишката бидејќи не сакајќи ја направил кога се соблекувал, сфатив дека и дури и да беше во луи витон или ла коста-моста облечен, тоа ќе беше маска пред мене колку да го сакам. Ама јас не ги сакам ни неговите, алишта, ни негоавата кола, ни неговата куќа. Утре нема ни со колата да легнам, ни со неговите блузи. До мене ќе лежи он. А јас го сакам онаков каков што е, реален, скромен, паметен.[/quote] Не те спомнав тебе тука ,само ти кажувам јас што мислам за тоа што го напиша,ниту некоја феминка ја спомнав по име,и незнам зашто све лично сфаќате,ни јас немам намера да се расправам,но јас сугурно не живеам на Марс па да незнам што се случува тука во Скопје,и многу добро ми се познати работиве,можебе не требаше да кажам во проценти,тука згрешив,но ке кажам во поголем број.
Колега каде тоа ти најчесто излегуваш (ако не е тајна) што налетуваш на толку материјалистки/спонзоруши? Не си прв со муабетов ама кога ќе ги потпрашам каде излегуваат се ми станува јасно . Главно се движам по спортски клубови (качување на карпа, борбени вештини, стреличарство итн) или по културни настани (изложби, театар) или кафич со пробрано друштво и женски од тој тип што ги спомнуваш ги бројам едвај на прсти на една рака. И на лаик му е јасно дека да сретнам спонзоруша на пола карпа или на аикидо ми е многу мала шанса . Од друга страна да ја сретнам шампионката во џудо или аикидо (за која јас би имал интерес) во биртија „Рандом нејм“ каде се врти турбо фолк од сабајле до вечер и пеат Синан Сакич и Шабан Шаулич и искачаат типки минич до пич ми е исто така слаба варијанта . Затоа и ми се чини или имате погрешен пристап и погрешна „радијација“ за одреден тип жени или ги барате на погрешни места. Не фрлај клуч на маса, не се фали со работно место, не и врти „скапи“ муабети на прв состанок и за неколку искачања ќе знаеш со кој тип на жена си имаш работа. Спонзорушите се познаваат (со малку искуство) и прилично е лесно да ги избегнеш ако не ти треба нивното друштво а дека се мнозинството девојки такви апсолутно не е вистина .
Кривицата што убавите девојќи се привлечни се наоѓа кај мажите и само мажите. Бидејќи , тие добрите во карактер мажи , ќе искочат еднаш месечно во диско или некое место кај што ќе има некоја девојка што е убава и цела ноќ ќе ја буљат , ќе кажат на другарите леле колку сакам јас да имам ваква убавица , леле ова , леле она , и ќе го тераат да и се пушти , а овој ќе си вика , кај можам ја со нејзе , само за џабе ќе го губам нејзиното и моето време кога ќе ми мавне корпа и така и вака... Тука доаѓа друг дечко кој не е толку добар во карактер и сака само една ствар , и тој самоуверен ќе отиде и лесно ќе ја заведе, што ќе резултира подоцна до разочарување на девојката во машкиот род , бидејќи после 2-3 такви кога ќе начека кој не би се разочарал, што после толку разочарувања доаѓа до поделба : 1. Ќе стане bitch или материјалистка (кога веќе ќе се падне со некој сељак , барем да биде со пари) 2. Ќе се омажи со тој и ќе имаат несреќен брак (што ги има многу деновиве , сигурно сте сведок на барем еден таков) 3. Ќе се откаже од машките и ќе се затвори што кога тој некој дечко коначно ќе собере храброст , ќе го откачи на брутален начин. И така натака , за 20 години 70% популацијата ќе се расипе..... И така се разбравме , сингл девојќи се сингл оти тие машки што вредат не им приоѓаат а тие што невредат ги фаќаат. итн итн итн.... решение , да срамежливоста кај тие машки некако се искорени, што искрено појма неам како би го направиле тоа ... А витомир , има голем број на машки кој доаѓаат овде да прочитаат што сакаат жените , и кога ќе почнат да ги читаат твоите постови како има многу материјалистки или ова или расипани или она , ќе почнат со тоа да се фалат како имаат пари или пак ако немаат да викаат што ќе и пријдам на оваа сигурно само сака некој со пари итн итн итн.... Нема спас нити пак решение за ситуацииве , нити пак ќе има , милион луѓе се тамо , а особено сега со тоа што сега модерната технологија и глупана Америка со глупине филмови за совршенство и уште поголема сиромаштија во Македонија уште толку ќе ја комплицира работата Тоа е тоа .....
Малку површни се понекогаш проценките за тоа која девојка е заинтересирана многу за финансиската состојба на потенцијалниот партнер...Не значи дека ако не се со виски во раце и деколте до папок ќе те сакаат само заради карактер или образование...Лесно е да ги препознаеме апла спонзорушите ама има многу кои се на иста фрекфенција со нив само се затскриени со понекое копче плус на облеката и малку пофини манири... Сите си имаме критериуми и не знам колку е правилно да судиме што на некој му е важна финансиската удобност исто толку колку образование и карактер пример, сепак тие ќе си се носат со одлуките свои, ние со нашите...Но дека секој може да си најде партнер по свои мерки-може, и ако јас имам одбивност кон одредени типови на луѓе едноставно ги одбегнувам, ќе си барам она што сакам и очекувам од партнер, а тоа што ќе наидувам на секакви не значи дека мојот вид изумрел... А и насловот на темата ми е малку глупав, ко демек ете убава сум и привлечна, зар уште нешто друго треба за да некој ме сака?? И те како мацо... :up:
витормир те читам некое време и ќе ти кажам едно, не се лути, ама бетер си од жена! Абре само да се жалело, не чинат жените, или ти се лесни, или ти се спонзоруши, или ти се незнам што.. Убаво ти рече иск мен, дај смени малку место на искачање, мрдни на друга локација. И каква ви е таа перцепција, бре незнам колку години имате ама уште ли не се научи да ги процеунуваш таквите што не чинат. Има не викам не, и јас сум запрепастена од тоа какви женски има, али и самите мажи си се криви зашто константно паѓаат на таквите како што викате вие лесни, ама ви одговара кога ќе ве брка она, ви дава без да ја молиш, а после кога ќе дојде да те влече за нос, не иде, епа се си има цена драги мои. Ко во случајот на теси, од таквите мажи ми се повраќа, незнае што сака, битно сака он женска Секој треба да си го знае својот тип на женска/дечко и да бара тоа што го сака, приближно до својата замисла. Секогаш мораш да напраиш компромис од таа твоја замисла, ама не и барање леб преку погача. Другарче имам едно, вечито неизживеан, женкариште му викам јас стално, се лути ама тоа е. Сака да е ептен јака пичка, да е секси да се облака секси, да има пари, ама му смета кога и се пуштаа, сите ја гледале, многу диколте носела, многу искачала, сакала да не биде спонзоруша пошто она нема пари секој ден да ја шета и парадира, дрн дрн. Дома ака сака да му седи како елка само накитена, тоа нема братче ни на марс. Да не должам многу ќе кажам дека имам 2 такви другарки како на темава, убави згодни, паметни и СИНГЛ, ама потерсене жени у мојот живот немам сретнато, жими се. Абре се некој им смета, се нешто му фали, или е пренафуран, или е прескромен, или е прост или е бубалица, абре господ ќе ги свати нив. А такви се од мали, секогаш на се наоѓаа мани, па за муживе шта да ви причам. А се лутат после кога мажите прибирале, а ние кога у јајце влакно бараат океј е. И кога ќе почна да ми се жалат дека нема машки у скопјево, ми се повраќа, НА еднава како и се пушташе еден нејзин добар другар, знаете зашто го одби- абре он е срце, карактерно се ептен слични си одвараат во секој случај, али ако не им идело немала да можела после да го гледам, глупо ќе и било. А од авион сегледа дека не го гледа како другар само, туку има и те како нешто поише, али не ни шанса не му дае, одма мисли дека немало да им иде. Устава пена ми фати од советување, и се откажав, зашто им нема помош. И како заклучок на целава ситуација, пребирајте ама со усул, зашто запоменете никој не е совршен почнувајќи од вас самите.
На крај краишта причините зошто една убава и привлечна девојка е сингл се исти како и кај секоја друга девојка. За некој многу да пребарува од својот иден партнер не мора да е топ модел, доволно е само да си се мисли дека е таков. Или па едноставно да не го сретнале вистинскиот, погрешна личност, погрешен тајминг... И не гледам ништо лошо ако човек си има свои критериуми, се додека се однесува со потребен респект кон оние кои не ги исполнуваат. Јас не можам да се замислам со некој кој не е подобар од мене барем во некои сфери. Ако нема соодветно образование и работа, изглед и широки сваќања за животот кои се соодветни на моите, не гледам зошто да бидам со него. Секое од овие не мора да биде најуспешно и во голем степен застапено, но да постои баланс. Порадо би била сингл отколку да трпам некој кој ниту интелектуално ниту културно е способен да ме стимулира. Не е за парите, целиот пакет е во питање.
Убави и привлечни а сами. Зошто? Само они знаат зошто. Еве нешто на што се смеев синоќа, Какви се скопјанки во дискотека: http://x.vukajlija.com/var/uploads/reac ... /Xi3G8.gif
"]витормир те читам некое време и ќе ти кажам едно, не се лути, ама бетер си од жена! Абре само да се жалело, не чинат жените, или ти се лесни, или ти се спонзоруши, или ти се незнам што.. Убаво ти рече иск мен, дај смени малку место на искачање, мрдни на друга локација. И каква ви е таа перцепција, бре незнам колку години имате ама уште ли не се научи да ги процеунуваш таквите што не чин Па да беше работава за фалање ке се фалев,добро зашто сега оваа недоверба сега кон мене и моите размислувања кон оваа тема,можеби јас сум површен па незнам да направам проценка која каква е како што кажа една феминка,но 100проценти сум сигурен во ова што го кажувам,а и немора да ми верувате тоа е ваш проблем,за жал живееме во такво време каде што парите се сега на прво место,особено на девојките,и има и момци ај да не кажете дека само девојките ги напаѓам,ова што го пишувам секојднево го доживувам на своја кожа,а и другарите мои исто,значи не пишувам тука за вас да ве нервирам и да ви докажувам,ова е само мое мислење,во кое и повеќето што имам правено муабет од пријателите мои се согласуваат со мене.поздрав
ако носи минич и има деколте значи е спонзоруша? не би рекла, јас порано обожавав да носам кратки стегнати фустанчиња и деколте ама поради то шо некој ке си мислеше дека сум лесен -плен ме нервираше а уствари недоволноме знат - уствари јас сум таа шо можи да ги купи и продај. Дечкоми има југо и нема толку финанси за разлика од мене. ко почнавме другарки ке ми речеја ИИИ ЈУГО БЕ ЧОВЕЧЕ? Да ЈУГО и е 100% поарен од тие ваши со мерцедесии бмw-ња.. Се на се.. ОБЛЕКАТА незначи ништо - има чупиња шо ке си речиш се најголемите светици и дознаваш батка одат се шврљат со грци - а гледаш некоја по минич ама неможи некој мочко да ја купи и сака само да си лечи комплекси со то шо ќе откачва машки. Дечко ми и Пешки да иди да ме зема за мене ќе биди најдобар најпаметен најубав - парите денес ги имаш утре ги немаш. така да карактерот е мајката. Југо југо - мене моментите во то југо неможи никој да ми ги избриши ни НАЈСКАПАТА кола, НИ НАјјакиот МАж.
Девојко ако немаше дечко ќе те побарав за жена .......од мене имаш една 100-ка за коментаров и капа ти симнувам за ова погоре пишаното стварно блазе си му на твојот дечко што има таква девојка како тебе, бадијала не рекле дека не е важно она што го носиш на тебе туку она што го носиш во себе.
^^ _________________________________________________________________________________ Он топик, така сакаат Спојлер или едноставно немале доволно среќа да си ги исполнат критериумите А што се замарате вие на 30 страни која како се однесува, какви критериуми има и останато? И цела дискусија сте ја свртеле на спонзоруши, невкусно облечени....Сфаќате дека нема врска со темава?