Добар наслов на темава односно добро прашање. Еве го и моето мислење: Убавите девојки не се сами,тие можат да бираат малку повеќе за разлика од помалку привлечните. Свесни се за својата убавина и вредност и не дозволуваат тек така некој да ги шета за рака само како украс,а повеќето мажи го прават тоа.Ретко кој маж може да се НОСИ со убавината на својата девојка.Кај сакаат тие и другите да ја меркаат,мини сукна никако и низа други глупи расправии. Ете затоа јас мислам дека убавите девојки си се сингл.
Не знам како да го прокоментирам тоа болдираното. Може така се тешат оние што се убави и сингл, а одвај чекаат некој да ги шета за рака... Убавината е малку релативна работа, тоа што е убаво за некој, може да не биде убаво за некој друг, а некогаш внатрешната убавина значи многу повеќе од надворешната. Свесни за нивната убавина, ти се молам... Јас тоа би го превела - се мислат дека се мисс на светот. Скромноста е голема доблест.
За то болдираното,да ти појаснам гледам не ти е јасно.Факт е дека секоја грда девојка сака да го има оној третман што го има убавата,а тоа е пред се посакуваноста од страна на поголем број машки што грдите никогаш нема да ја доживејат,па затоа си фаќаат некој на нивни ранг и си се шетаат под рака уште од пелени да не речам и се сметаат за повеќе среќни од синл девојките ? Ма немој!
Еве јас да повторам зошто ме бришат Мислам дека Сајмони е во право донекаде со првиот коментар зошто и од машко сум слушнала слично нешто. љубоморни се и се плашат таа убавата да не ги шутне за некој друг додворувач и затоа се плашат да почнат нешто со убавите девојки. Значи се работи за возрасни, не зборувам за овие децава на моја возраст. А тоа вреѓање грди вакви такви, не ми се допаѓа што го читам на темава и немојте се толку лично да сфаќате, и за едните и другите важи.
Па може некој се пронашол во болдиранава реченица и се нашол засегнат па сега коментира без врска муабети!
Факт е дека 'помалку' убавите повеќе се трудат , можеби поради стравот да не останат сами, поради тоа што имале помалку додворувачи во минатото или биле момалку забележителни, а некои па се водат по правилото: само со упорност до резултат. Па додека овие поубавите девојки дремат и чекаат некое машко да им се пушти (а денес се поретко ги има таквите), овие другите ги лапнале поубавите и позгодни дечки и на крајот од денот 'убавициве' ќе кажат: "а бе ова машкиве или се зафатени или се геј"
Се сложувам со мислењево,но само овој болдиран дел некако не ми штима.Не се работи за тоа дека убавите "дремат",a "грдите" роварат,едноставно категоријата на мажи за која би се бореле поубавите не е воопшто достапна за тие помалку убави да кажам,и ако фатиле некој посимпатичен од самите нив,тоа го сметаат за трофеј затоа што всушност и претставува некој успех за нив.
Девојче олабави душо малце.. Викаш дека си осамена, што не е исто со сама... Да бидеш осамена, значи да ти е празно во тебе... Ти бараш љубов ли? Тешка потрага, но не и невозможна.... Сепак тоа нема голема врска со твојот физички изглед или карактер, проблемот е во другите, што на денешно време секој површно пристапува на работите и не завлегува многу многу, па така ако ти пред машките оставаш впечаток на сериозна девојка со принципи, нив боље им е да си стојат на страна од тебе затоа што неможат да одговорат на твоите барања, кога во спротивно на пазарот е понудена евтина женска популација за да ги задоволат своите потреби.. Затоа треба да си олабавиш и додека да го доживејш она што го бараш, УЖИВАЈ во сингле животот, и не барај никаков проблем во себе! Остави работите спонтано да си се случуваат, не ги форсирај... затоа што ако форсираш може да ја изгубиш реалната слика, и да се занесиш во некоја илузија... едноставно немај преголеми очекувања од секој што ќе ти падне на ум или ти запни за око...
Според мене, машките можеби ги гледаат нив и сакат да им пријдат.. Ама имаат страв дека не се достојни за неа, и тие демек се убави и можат да ги одбијат. Машките се плашат да ги одбие и сл. Сепак тоа е мое мислење
Прво, убавината е релативна работа. Она што на некој ќе му се чини убаво, привлечно и секси на некој може да му биде одбивно. Ама еве да не навлегувам во тоа, да кажам јас зашто сметам дека тие девојки се сингл. Пример од моето секојдневие, имам другарка што е стварно убава, ама не толку убава колку што е средена, налицкана, убаво облечена и нашминкана, сепак сметам дека и тоа удел има во изгледот. Сум ја видела и без пудра (не дека се шлака де она сто тона да става, ама сепак друго е без шминка) ,несредени веѓи и стара маичка и обични фармерки и не изгледала баш најсјајно. Ама ете, зашто е убава и привлечна, самата си поставила некои критериуми кое демек машкото треба да ги поседува за да ја има неа, а реално не е она Анџелина Џоли па да ми се занесува толку, јасно е дека не сака ни она, ни јас, а ни никоја друга девојка да ја шета некој женскарош, момак без понашање или грд дечко за рака ама сепак, треба да се приземји малку. Тоа за мене претставува како таа себе си да се возвишува, само она е единствена, нема ниедно девојче како неа, она е најубава, премногу е суетна. А за пуштање и се пуштале убави момци стварно, со коректно понашање, ама тие нели, не ги исполнуваат нејзините услови за совршен дечко. А некогаш кога ќе ми спомне кој и се свиѓа.. незнам. Ама битно дечкото има скап саат на рака, кошуља од најновата колекција на незнам кој ти бренд, јак е зашто искача по најелитните клубови по градот, се дружел со јаките фаци.. И тие фини и коректни момци по некое време удварање и молење само да излезат на кафе со неа, нормално ќе се откажат. Па после, е зошто бе јас не можам да си најдам дечко? Како онаа грдана спроти мене може?! Е ајде де, ти доаѓа со лопата да ја мавнеш! А најмногу ме иритира тоа понашање кога умира по некој, става негови слики на позадина на мобилен, седи после школо за да го види, сака да го запознае ама она нема шанси да го адне на фејсбук, нема шанси да го запознае сама, он мора да ја адне, прв да и пише, да ја викне на кафе па после ќе размислела. Молам? Има многу добри и убави момчиња, ама во најголем дел од времето, не е вината во нив туку во баш овие девојки. Они дур налицкани чекаат со крената глава да го фатат совршениот дечко, баш тие дечки ќе си фатат некоја можеби не толку убава, ама пристојна, фина и добра девојка, што знае дека не е убаво до толку да се крева во облаци и при тоа си знае дека не е Бијонсе или незнам ти која фејмс певачица или глумица.
Како можите да тврдите вакво нешто?? Прво е крајно глупаво..нема врска, убавите и привлечните биле сингл?А тие другите грдите се во врска,а? Јас мислам дека оној кој темата ја отворил и оние кои ја подджуваат се преценале.Точно убавината е релативна работа,и не може да се тврди вакво нешто, си кажав многу убаво јас,малце да ја спуштат цената(пошто сигурно повисока си клале од колку што вредат) и ете одма ке се најде некој и за нив и нема да бидат повеке сингл. Ај пробајте. И БЕЗ навреди, молам
Јас се сметам дека припаѓам во категоријата на девојки кои се овде тема на разговор. Не се преценувам, цел живот сум напаѓана од мажи. Млади, стари, убави, ружни, колеги, пријатели па дури и сум се изненадила и од другари за кои сум имала чувства како кон брат (големо разочарување). Но, убавината кај мене нема везе со тоа што сум сега сингл. За тоа вина наоѓам во животот. Едноставно тоа е тоа - живот, се носи. Значи јас не сум покондирена кучка заради тоа што сум убава и згодна и која бара незнам што и која лета во облаци. Многу сум комуникативна, весела и дружељубива. Со секој сакам да зборам, на секој срдечно му возвраќам муабет, ама проблемот е што многу мажи тоа погрешно го толкуваат. Плус што еве и се ближам на триеската и САКАМ да сум во здрава нормална врска. Ми проаѓа времето, знам. Ама неможам да се нафатам да ја прифатам секоја можност која ми се нуди на „пазарот“. Бев многу повредена од исходот на една долга врска во која многу вложив (цел живот) и се надевав дека ќе заврши со брак. Дечкото ниту беше убав у фаца, ниту беше нешто згоден, ниту богат. Ама беше онака ептен паметен и интелигентен и со него имав разбирање, невидена комуникација, прекрасен муабет, зафрканции. Се си беше на место. Зашто заврши? Зашто му бев прва (а и он мене) и шизикот сакал да види како е да го пикне во нечија друга. Пошто ништо не се крие, јас дознав и тоа беше крај. Џабе беше молење, извинување, најразни гестови и незнам какви изненадувања. Мене се што после тоа правеше ми беше ОД-ВРАТ-НО! Требаше да му биде јасно дека ако јас сум решена да ми биде прв и последен, тоа значи дека истото го барам и од него (а не дека му немав кажано, ама требаше да знае дека сум озбилна). И сега, во секој дечко ги барам тие работи кои ги имав со него. Ама тешко се наоѓа, јас бев вуквално издресирана по негово, по негов крој. И сега треба да пројде период за јас да си се ресетирам и да можам да одам понатаму. Затоа сум сингл.
Има повеќе фактори. Јас мислам дека вината е кај мажите. Некако мажите не се како порано. Попрво се залетуваат по девојка која ќе им служи за секс. Ако видат дека е убава, успешна, некако имаат страв. Дури имам чуено од машко „ако отворам фирма ќе ми требаат паметни девојки, а вака не ги сакам“. Какво размислување... Има многу убави девојки што се сами за разлика од некои дебели, грди кои си фатиле еден дечко и прават се за да не им избега и тој.
pa tuka im nekolku teorii-ima devojki sto mnogu prebiraat"ne znaat sto sakaat";ima devojki sto se lezbejki pa zatoa postojano se singl;na maskite im e strav da im prijdat na devokite od strav da ne bidat odbijani(maskoto mislenje za ova"devojkata e tolku ubava,zgodna,sexy i ...... moze da go ima sekoe masko sto ke go posaka,pa zosto bi bila so mene?ima devojki sto se razocarale od prethodnata vrska no najtocno e prvoto deka se smizli i ne znaat so sakaat i mnogu prebiraat da bidi vakov,da ima ova,da ima ona
затоа што сами се преценуваат,и мислат никој не е достоен да ги има,затоа што се многу зафатени од дремење пред огледало и си се восхитуваат сами на себе и немаат мозок да размислат дека не е важна само надворешната убавина,фала Богу има и ретки исклучоци,ама претежно 90 % се нарциси,за ЖАЛ
Сите се фативте со тоа дека пребирале,дека биле самобендисани,дека не се тргале од пред огледало бидејки се восхитувале на самите себе си.Па зарем останатите без разлика да станува збор за убави/неубави,привлечни/непривлечни,ќори или сакати не пребираат.Зарем сите што се во било каква врска со било каков човек ,со првиот што им улетал ли се споиле .Факт е дека сите пребираат и дека бараат нешто што ке им одговара на нивните барања и замисли.Факт е дека сите имаат критериуми и замисли за тоа со каков човек сакаат да го поминуваат своето време. Пак ке кажам зарем некој треба да биде во врска со трула личност само за да не биде сама. Па боље да си квалитетно сам отколку во неквалитетна врска.Во ова извртено и извитоперено општество подеднакво има добри момци/девојки,но исто така поеднакво има кварни и неизживеани момци/девојки кои не знаат што со себе или тоа што го сакаат се состои од задоволување на примарни ниски страсти.Во овој нов тренд на отворени врски и фак бадис стварно се ретки и срекни оние личности кои нашле некој кој ке стои покрај нив. И да, секој има право да биде нарцис, да има високо мислење за себе, да се сака и да се почитува без притоа да бара извинување од некој друг за тоа. Сите сме луѓе,сите го бараме најдоброто за нас па макар и да е тоа погрешно.Нема никој право да суди и да кажува пичките вакви пичките онакви а подалеку од носот не гледа.И како што и најнепривлечната девојка/дечко сака да биде со некој убав,симпатичен момак ,така и убавите ке бираат и нема да го земат првиот Квазимодо што ке им улета.Некој има срека да го најде тоа што го бара после 2ца 3ца неуспешчни дечковци/девојки некој после 20. Секој има право на избор.Али пак ке кажам,не е толку проблемот во карактеристиките на лугето колку што е проблемот во современиот начин на живот.Барем ние мислиме дека сме современи...
slusaj ili mnogu prebiras ili si nekoja smizla,bez navreda,sigurno ima nekoj sto ti se dopaga i tebe,pa ako ima daj malku ohrabrigo i ti prezemigo prviot cekor
Ако не се сакаш ти себеси,не очекувај љубов од другите.Впрочем треба да знаеш и да се критикуваш себеси и да знаеш кои ти се мааните бидејќи нели сите ги имаме.Работите се одвиваат во зависност од тоа како им приоѓаме.Ако ти тргнеш со помислата дека не си убава или сл и дека не би можел никој да те сака таква каква што си,тогаш така и ќе биде.Но,од друга страна ако ти мислиш дека лепотица и си над сите и си ја дигаш цената и мислиш дека можеш да го имаш секој,тогаш повторно можеш да згрешиш.Затоа треба да си ги знаеш границите да се цениш,но и да знаеш да се критикуваш кога е потребно.Најважно:САМОДОВЕРБАТА СЕКОГАШ ВО РАКА,КАДЕ И ДА ОДИШ!
Можам да си речам за себе дека сум убава. Ама не и дека сум привлечна. Барем јас така мислам. Не знам зошто уверена сум дека не се истакнувам од групата, немам некој посебен шарм или харизма. И имам уште многу за да работам на самодовербата, но добро ми оди. Додека, за некои девојки може оддалеку да се рече дека имаат самодоверба и се забележува нивната харизма, без разлика дали тие имаат некое килце вишок, несовршен нос или крив заб. Не пробувам да се истакнувам, се помирив, а и таква сум не сакам да бидам во центарот на вниманието. И ете, има машки што ме забележуваат и дури ми паѓа чудно си велам од каде тој знае дека јас постојам? Имав другарки кои беа далеку покомуникативни од мене и претпоставувам тоа е што на некој начин привлекува. Јас и ден денес не можам одеднаш да се опуштам во ново друштво. Но, далеку повеќе можам отколку од пред една година. Многу пати сум посакала и јас да бидам како другите, да си имам некој. И имав понуди. Ама не беше тоа - тоа. Неможе да се биде со некој само тукутака. Не, не сум шмизла што цел ден го троши пред огледало. Не сум најубава, не сум најпаметна, не сум најдобра и свесна сум дека тоа е така. Дека никој не е ништо од овие нешта. Откога почнав да не се замарам, да не сматрам кој ќе ме гледа, да не се грижам да привлечам некој ми е многу поарно. Кога сум своја, кога се почитувам себеси, се повеќе има надеж за мене. Не очекувам многу, ама мора да се имаат некои критериуми. Неможам бре со некој што слуша турбо фолк и ми се понаша како последен селјак и мачомен да одам. За некои девојчиња тоа е јако, ама за мене не е. И да, за жал, има некои кои и најобичниот муабет што им го правам од култура, да не испаднам арогантна го сметаат за флерт. Едит: Но, понекогаш може да се даде шанса. Не на тој спрема нас, треба на нас самите да си дадеме шанса.
Морав да те цитирам пошто гледам ептен се пронајде и повреди во постовите погоре... значи прочитај и сама велиш дека другите грди,ќори,сакати не прибираат.. ПА НЕ бираат, бидејки немат мислење за себе ПОВИСОКО одколку што треба. ДАЛЕКУ од тоа дека се грди и сакати ке ми извиниш И секој има право да е нарцис, ама се има ГРАНИЦА.