Znam samo edno Site prebaruvaat samo...sto mislat maskite be??? Sto ako nekoja debela imat fraer i pol a ovie slabite doterani krsh??? Izvinite ama pojma si nemate sto barate...barajte nekoj da ve islusuva..da ve saka..da ve pravi srekni..i najvazno od se da ve pocituva..nema vrska koj kakov e Mozat i grdite da imaat ubav decko i obratno Ubavite maski baraat ubavi zenski - ubavite zenski baraat ubavi maski... Poentata = posle nekoe vreme ke se razdelat nema da mu odit muabetot sto ako se ubavi.... PC: ova e moe mislenje (ako ima neshto za navreda izvinete)
Никогаш не сум наоѓала ниту доза вистина во оваа реченица. Зависи од околности,емоционална состојба,труд од спротивната страна. Каков е тој принцип да си убава ,привлечна оп за тебе нема дечко.Синлг.Не. Сигурно нема да си сингл 10 -15 години.Период. Можеби ,креитериумите се високи.Можеби треба да се намали она (вљубена во себе). Сите газиме по исто тло. Како и да е ,убавината нема врска со врзувањето, и не (осаменоста).
Дефинирајте го поимот убава и привлечна? Рамен стомак, прслук полн со чорапи или 2 броја помал и 165цм+ висина и 55 макс тежина? А што е со манирите со однесувањето, со карактерот, со погледите на светот, со подавање рака на другите? Познавам многу физички привлечни 90-60-90 па освен оговарања и јадење гомна за другите и фалби за нивната гардероба и нокти и самовеличење на нивната „интелигенција“ и застарените мислења мора да е богат да има кола да е висок 180цм+ итн итн,ете тоа е проблемот. Во денешно време треба да сте среќни ако завршил факс, ако културен и љубезен и не живеел во семејство кај што имало смејно насилство и сл; ако има решено стамбено прашање па макар и да живее со неговите, важно не е избркан сам по кирија, можи нема BMW од најновите или воопшто нема кола, ама ако ви е само за забава не ви ни треба, ако ви е за посериозно гледајте дали ви помага во миење садови средувење низ куќа и е секогаш тука за вас ако ви се расипи нешто, и е тука да ве ислуша ,утеши ,прегрни, насмее и ви се најди и ви излези во пресрет секогаш кога ви треба помош,па макар морал да го научи цел испит заедно со вас на пример. И да не пие не пуши цигари и не се дрогира секако додава плус позитивни поени. Секако не смее да е насилен агресивен и груб. А какви треба да бидете вие за да добиете еден ваков? Да бидете свои и да си ги воочите мааните и да се обидете да си се одвикнете од нив имате 21 ден и ете ги избришани се.
unique.chick дефинитивно си во право.. *** и јас така постојано си мислев зошто поубавите немаат дечковци а погрдите имаат ама не е тоа тоа..не мисли воопшто..и јас така се замарав како тебе со истото па истото ама нема потреба само опушти се..
Море ако се изгори од млекото и на матеницата ќе дува,па што ако е убава и привлечна,ако претходно била многу повредена и изгубила доверба во машкиве и ако сака сериозна врска а само дечиња се врткаат околу неа а овие поголемиве се неозбилни и сакаат само мување бидејќи нели убава и привлечна па ја гледаат само како сексуален објект а не како личност и секако не би ризикувала повторно да биде повредена од некој повторно,и додај на тоа лоша средина и љубоморни другарки кои сакат да те зафркнат и ти се мешат во се и сакат светото околу нив да се врти,ок јас ова за себе го зборам,ама познавам некои кои се сингл поради однесувањето,глумат течки шмизли а незнаат колку очајно изгледат а машкиве не го поднесуваат тоа некој да им оговара пред нос и само за облека и нокти да збори и така,тоа е
Бидејќи се осеќаат ко принцези и никој не им е достоен , тој што ќе се приближи мора да биде богат и убав мора да биди совршен , ама штета не постои таков, и затоа се користи онај фазон подобро ќе бидам сама него со било кој
Убави и привлечни, а дали се и паметни? (Ако се и паметни, тоа е друг муабет)... Иначе познавам многу убави и привлечни девојки кои многу си ја креваат цената, мислат Мис се кога одат по пат, а уствари се никој и ништо. И никој не е достоен за нив. А, навечер со кој втасаат си одат.
Затоа што мислат дека светот го освоиле ако се убави. Затоа што поминуваат многу време со огледалцето. Добро тие се "совршени" но дали имаат други манири.Јас искрено ретко сум запознала комбинација на убавина и памет,добрина... Убавите луѓе се сурови и никој не е достоен за нив па затоа и најчесто се сами.Го бараат принцот на бел коњ но кога ќе видат дека тој не е толку совршен како што мислеле се разочаруваат имаат најлоши мислења за машките кои не одбиваат да ги споделат на фејзбук. Изгледа мама ги научила дека нивниот совршен ќе се појави еден ден со букет рози на врата..леле колку романтично. И после се жалат како другите им ги земаат убавите дечковци..хмм сигурно другите имаат многу повеќе да понудат отколку тие. Секоја чест за исклучоците
Просто прашање и прост одговор. Прво зависи што е убаво и привлечно за вас. Ако си нападна некоја не зауздана-ништо чудно што си сама. Тие се третираат како секс играчка. Мажите сакаат прибрани, скромни девојки. Ако треба тоа да го искажам по изглед еве вака. ПО девојки у миничи со 2 кг шминка се вртат за да ја свртат у кревет и толку. А по девојки во фармерки маичка и патичиња, со коњски реп на глава се вртат за да ја свртат И ЗАДРЖАТ до себе. Никој не сака пачаври да шета, да сме јасни. Тој кичерај што се случува во град -само будала ке го шета за рака.
Тие се најгорди. Не би биле со било кој, а кај нив мора малку да се потрудите. Изгледа никој не се труди доволно добро па затоа таквите остануваат сингл. А исто така има страв кај машките да им се пуштаат на некои поубави и привлечни девојки бидејќи се плашат од корпа.
Имаат премногу самодоверба и мислат дека ниедно машко не вреди доволно за да се трудат тие..... а машкиве денес како што се научени да добиваат се на послужавник, то је то.
Најмногу заради тоа што машките се плашат да им пријдат, бидејќи очекуваат дека ќе ги одбијат. А, секако тие што им пријдуваат најчесто се некои пијани сељаци кои мислат дека се можат да имаат и нив нормално дека ќе ги одбијат. За таквите лепотици ако сакаат да си најдат дечко ќе треба малце да си го спуштат носот.
Убавите девојки се сингл бидејќи момците се плашат да им пријдат,или пак околината ги згазила и имаат мала самодоверба па мислат дека иако е убава не е за мене бидејќи ми изглед некако наивно или така неш.
Ама на денешницава овој вториов тип девојки е редок исто колку и машките кои не се ...сељаци (Знаете оние кои ќе ви се бесат цела вечер и кои се спремни за кавга со секој еден што ќе ги погледне "настрана") И да... јас кога ќе видам некоја што е убава одма мислам дека ја немам шанса кај нејзе... јбг комплекси...
Како што гледам дел од ‘убавите‘ девојки се можеби убави, ама многу прости, па затоа и не можат да си најдат дечко, па се плескаат со кој стигнат, зошто сакаат да видат дека се посакувани. ** Дел од девојките немаат ни У од убавина, ама тие си мислат дека се најубави, па дека заслужуваат многу добар, паметен, богат дечко со куќа, џип и сопствен бизнис. Другите не ги ни погледнуваат. А, освен што не се нешто посебно убави, многу се и прости. ** Е, сега, има и навистина убави и паметни девојки, кои тешко можат да си најдат сродна душа, ама овие се преретки, не е секоја втора, како што се прават по пат.
Имаше баба Тина една многу убава песничка што може да одговара тука... http://www.youtube.com/watch?v=oGpFcHTxjZs&feature=kp Kaква врска има убавината со љубовта и врските? Башка што убавината е дискутабилно варијабилна работа па... Кога некои луѓе ќе сфатат дека убавината всушност е спореддна во процесот на заљубување и креирање на врска, и ќе решат да се градат себе си како личности и да ја градат таа врска двострано, тогаш ќе сфатат зашто се сингл. Башка сингл не е новата сида побогу, ништо страшно де, не значи дека ако некој е физички попривлечен дека по секоја цел мора да е во врска а тој што е рецимо понеактрактивен дека не смее да има. Мене убавината не ми значи ништо, она што го прави човекот атрактивен е шармот, самодовербата и духот на каракерот кои ги носи со себе. Ама и ти особи некогаш знаат да останат сами, зашто врската како врска не значи ништо ако не се осеќаш убаво во неа и не те прави среќен.