Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зошто убавите и привлечни девојки се сингл?

Дискусија во 'Сингл' започната од teat, 30 јули 2012.

  1. bella96

    bella96 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.027
    Има девојки кои се убави ,згодни а немаат ни к од карактер,со еден збор немаат однесување,но битно вечерта си вртат шема ,благодарение на згодното си тело,кое пали кај машката популација зашто кога машко ќе види згодна убава на лик му доаѓаат безобразни фантазии и тука не го гледа карактерот.Си знае он што му е битно.И таквите како девојкиве згодни и убави немаат сериозна врска затоа што не се сериозни пред се.Но има навистина убави девојки кои зрачат значи убава згодна ,убави црти имаат карактер се однесуваат убаво ,но ете некоја може не сака врска ,некоја пак може сака некого а има невозвратена љубов а трети пак мака си мачат со фраери од горниот тип.МИслам дека тоа е, не сите убави и привлечни девојки се сингл ,и ретки се тие кои едно со друго си имаат,повеќе се опфатени убавина,без сексапил или карактер без убавина.Апсурдно е дека само убавите и привлечните девојки се сингл.Не има секакви,ние сингл си знаеме зошто сме си сингл,личен избор а тие во врска си знаат зошто се во врска ,пак личен избор.
     
  2. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    Убаво кажано Хипстер. Но, за жал реалноста е поинаква.
    Сум видела многу примери кога машките се вртат само по убавината. По девојки што ги познавам добро и гледам колку плитки се, но за машко око се убави.
    Не дека ние жените нешто подобри сме, да се разбереме. :D :D
    Ама ретко кое машко гледа прво да ја запознае девојката, па потоа да сфати дека има добар карактер и бла бла бла сите тие приказни потоа. :D
    Прво се гледа на изглед, јасно ни е тоа на сите. Па, после 2-3 месеци врска кога ќе излезе карактерот на површина, онај вистинскиот, или ќе ја бидне врската или не. :D

    Да одговорам на прашањево, убавите девојки се сингл бидејќи чекаат од небо да им падне принцот на бел коњ. Луѓе другарки што имам, па шамар ми иде да им врзам иако сум женско.
    Пребирање, пребирање абе ко принцези да се. Не им даваат ни шанса на дечкото барем малку да го запознаат, па потоа да решат.
    Затрескани се во некои дечки што не ги ни познаваат доволно, но си имаат некоја идеална слика во главата за кој треба да им биде дечко и упорно удираат во ѕид.
    Не дај боже некој да им пријде и да им каже здраво и да почне кежуал муабет. Ау, тоа е големата! Ќе се здрват или уште полошо ќе избегаат. Па, како побогу сакаш да се запознаеш со некого кога еден муабет не можеш да сврзиш.

    Ајде да не ги критикувам само девојките , ама машкиве во Македонијава ни се БЕТЕР!!! :D
    Добро бе среќа Фејсбук постои иначе како ќе им се додворувате на девојките?
    Ќутат сите како мумии и потоа тајно на фб оперираат! Запрепастена сум.. Не знам што ни се дешава со нацијата...
     
    На Lovy1, senza.parole и esperansa777 им се допаѓа ова.
  3. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Бидејќи има премногу убави девојки за разлика од убави момци. :)
    Не секоја сака со секого да заврши.
    Има девојки на кој многу му е битен изгледот и додека не го најдат совршениот и во изглед, нема со секого да одат.(покрај карактерот)
    А и немора да бидат во врска.
    Што му фали ако бидат сингл?
    Така си одлучиле.
    А и треба да се заљубат, не оди тоа така, не треба да одат со некого колку да одат и да не бидат сами.
    Има многу за пишување, али толку од мене за ова.
     
  4. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Темава е погрешна. Баш овие девојки нема шанси да бидат сами.
     
  5. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Погрешна? Колку примери имам. :D

    Имам коментирано во ова тема и предходно и ќе се задржам на кажаното. Повеќето од машките се плашат од корпа, а корпа добиваат од убавите и привлечни девојки најчесто.
    Тоа е тоа.
    Машко ми го има тоа кажано, од таму и знам. :lol:
     
  6. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Погрешна? Колку примери имам. :D
    Ова те вклучува и тебе? 8)
    А знаеш зошто убавите и привлечни цури даваат корпа?
     
  7. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Машки
    "Официјано сингл" или сингл сингл? :?:
    "Абе не ми е овој за покажување" е одговорот кога ќе ја испрепадаш на нестандардна локација.

    Никоја не е баш онака hard core сингл. Бар куче ќе чува ;) за да има да каже на другарките дека некој и посветува внимание.
     
  8. famous-girl

    famous-girl Активен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    28
    Зашо грдите се леки и имаат по двајца :D
     
  9. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    Ние си мислеме дека се сингл :D
     
  10. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Кој рече дека само убавите девојки се сингл?
    И кој се уствари тие другите?! Зарем сеуште ќе се класифицираат женските според убавина?
     
  11. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Луѓе не постојат убави и грди девојки!
    Сите девојки си се убави на свој начин.Секој маж си има различен тин на девојки.На вас можеби ќе ви биде грда,но нему најубава. :fubar:
    Затоа ве молам без нарцисоидни испади.Насловов на темава колку иритира немате појма и очигледно таа што ја отворила темава сака да докаже колку е убава и привлечна. |(
    Ах бе девојко,на никого не му е гајле колку си ти убава и привлечна.Не велам дека не е убаво да имаш самодоверба,биди си ти убава,но дозволи другите да го приметат тоа и некој сам да ти каже,а не ти тука воочливо е дека сакаш да привлечеш внимание.
    Не си била дебела,секогаш си била средена бла бла бла...па сите ние девојки тука сме средени,чисти,нашминкани и сл.па не се фалиме по форумов колку сме убави! :swear:
    И зошто мислиш дека ако ти си сингл,дека сите други се?
    Јас реков дека сите девојки се убави на свој начин,погледни наоколу и ќе видиш дека светот не се врти само околку тебе.Ќе видиш дека секоја девојка има нешто убаво на себе. ;)
    Не летај многу високо,зошто можеш да паднеш многу ниско. ;)
     
    На Madam-A и ADOKI им се допаѓа ова.
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.044
    Допаѓања:
    134.503
    Темава прочитана обратно, би звучела вака - Зошто грдите и непривлечни девојки имаат дечко?
    Мислам, аман. Си можат. Не е точна генерализацијата во никој случај.
    Има убави девојки, беспрекорни, скоро совршени, во долги и убави врски.
    Има девојки кои не се многу убави, и никоогаш немале дечко. Не е причината убавината или грдотијата.
    Однесувањето, критериумите, очекувањата, културата, можнсотите... Се влијае на тоа дали ке си сингл или не. Има диви девојки, кои не знаат муабет да набават. За во шкаф ќе ја чува некој?! Врската е пред се другарство, па ако некоја е неспособна за да биде другар, колку сака нека е убава или грда, нема да биде во врска. Физичкиот изглед нема врска за една врска. Освен, кога си 15 години и кога ке те прашаат за дечко ти, не викаш дека е супер фин со тебе, туку викаш, леле колку е убав. Бљак.
     
    На WildMk, De-lovely и Glasna им се допаѓа ова.
  13. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
    Мислам дека убавината нема никаква врска за- ВРСКА- како што има убави девојки и убави момци така има и помалку убави девојки и момци , така да секој ќе си најде според својот изглед мада да тоа не значи јас мислам им амногу бави девојки кои имааат помалку убави момци или обратно многуубави момци имаат помалку убави девојки од нив и тоа не е услов ....Не би сакал да го употребувам зборот г_ди затоа што секој си е убав на свој начин .Убавината доаѓа од внатре од душата на човекот , а тоа што мислиме дека оние „убавите“ демек се сингл се прават дека се сингал а имаат по кој знае колку е_ ачи во секоја наредна вечер и демек јас сум сингл а она другото си го терам само за Ќеф хахха тоа е тоа подздрав.
     
    На Anne15 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Ќе се задржам на насловот на темата и нема да ги читам претходните коментари, само овие кои се на мојава страна ги прочитав, фала богу нема нарцисоидни испади и можам да кажам дека тотално се согласувам со 3те претходни мислења.

    Зошто убавите и привлечни девојки се сингл? - Работава испадна сите убави и привлечни се сингл :D Патем малку е контрадикторно привлечна, а сингл :^) - нели треба да привлече некој за да е привлечна? :lol: Еве да речеме привлекла некој, ама го одбива..при тоа се жали зошто е сингл, епа цуро: до тебе е, очигледно - да не си го одбила немаше да си сингл.
    Ај тоа на страна, а кој ја констатирал лепотата? Мајка ви? :!: Тоа не се брои.
    Уосталом многу убаво пишала Ане:
    Е сега никој не ви е крив што тој што вас ви се свиѓа има различен вкус и не му се допаѓате.
    Не е до лепотата, туку до тоа што како слеп за стап сте се фатиле за дотичниот. Се додека не ги проширите хоризонтите и да разгледате околу себе, ќе останете сингл - макар биле најубави ;)
    Друга опција може да е токму тоа што ги делите луѓето на убави и неубави, занемарувајќи ги другите карактеристики, па кој сака да е во врска со некоја што мисли дека е главна и единствена (не викам дека не е битна, да се разбереме, но не е единствена) предиспозиција за врска убавината |( Премногу плитко, премногу.
     
    На ADOKI и Anne15 им се допаѓа ова.
  15. ParadisoGirl

    ParadisoGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Секоја девојка е убава на свој начин, без разлика дали нејзината убавина е изразена преку телото,карактерот, интелигентноста...Според мене главната причина за непроменетиот статус Сингл кај *убавите(оние што се самобендисани) девојки не е тоа дека никој не ги сака или симпатизира, туку тоа што си вметнале во глава дека секогаш има таму некаде некој подобар,поубав од оној кој ги моли, дека заслужуваат секогаш подобро и накрајта остануваат со празни раце.Го чекаат принцот , но секогаш доаѓа некој коњ. Епа девојки за да го чекате Принцот и Вие треба да бидете принцези. ;)
     
    На DELFIN-15 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Emilia.Attias

    Emilia.Attias Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    575
    Пол:
    Женски
    Не би рекла баш дека се сингл. :)
     
    На LadyInTheDark му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ANGEL1

    ANGEL1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Машките се плашат да им пристапат на поубавите девојки, ( велам поубави во смисла на она што во нашево поднебје и по нашиве балкански стандарди го сметаме поубаво, инаку убавината е индивидуална работа) , затоа што девојките често пати глумат недостижни па знаат да бидат многу крути кога некој ќе им пристапи. Значи ако некој ви пријде без оглед дали ви се допаѓа или не, ништо нема да ви се случи ако се насмевнете и размените по некој збор, тоа е барем култура во најмала рака.
     
    На cinderella.red, fighter и LadyInTheDark им се допаѓа ова.
  18. LadyInTheDark

    LadyInTheDark Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2013
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    2.754
    И јас не би рекла дека се сингл,всушност тие сите машки ги имаат на дланка и можат одма да се ослободат од статусот сингл,секој би посакал убава девојка,но проблемот е што убавите девојки секогаш се недопирливи,ретко кој може да им се приближи.А и поубаво така што ќе ти е секаков лигушко :D (или грдосија би рекла).Секоја девојка си има само еден во срцето па затоа не им успева на другите момци. :)
     
    На Miss.M5 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    Од што се многу убави. 8)
     
    На alexa_dimoska му/ѝ се допаѓа ова.
  20. differentmkd

    differentmkd Активен член

    Се зачлени на:
    27 април 2014
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    35
    Се согласуваме за причините поради кои не им пристапуваат но не и со терминот дека се плашат... едноставно прават реална проценка на можностите, желбите, потребите vs особата што ја гледаат спроти себе.