Не сите убави девојки се сингл. Убавина ќе те привлече на почетокот меѓутоа за да одржиш правилна и добра врска треба карактер. И секако тука се лепотиците кои што се преценуваат и секако тие се најубавиии, најпаметниии, најмодерниии, најубаваа косаа, се најубавоо, и на таква "лепота" никој не им одговара, овој грд, оној лигле, оној женкарр, овој сељак и после зашто сум сингл??!!
Одговорот на прашањево „Зошто убавите и привлечни девојки се сингл?“ зависи од тоа што вие подразбирате под убава и привлечна девојка. Ако таква девојка личи на турбофолк пејачка, со претерано испеглана (изгорена) и залижана права коса, вештачко наполнети усни, вештачки трепки, и напрчен задник, тогаш таквите се сингл затоа што се премногу умислени и празноглави, кај машките бараат исто така убава (и богата) амбалажа, а празна внатрешност. За мене убава девојка значи скромна, паметна, со цврст и оформен карактер. Девојка што е убава на свој начин, со свој стил кој не е премногу нападен, стил кој го искажува нејзиниот карактер, а не да го разголи нејзиното тело. Девојка што знае да ги цени вистинските човечки вредности, а не само материјалната страна и тоа дали ќе биде сместена во сепарето во некоја полна дискотека со празни луѓе. Таквите девојки најчесто не се сингл, има машки кои што знаат да ги препознаат и да ги ценат овие вредности.
Штом некоја мисли дека не заслужува да биде сингл бидејќи е убава и привлечна, можеби и заслужува да биде сингл. А плус тоа и високите стандарди, им ја отежнуваат работата во наоѓањето на принцот на белиот коњ.
Ако зброуваме за навистина убави девојки со добар карактер тогаш според мене би било дека се разочарани и повредени од претходната љубов и се плашат повторно да не им се случи истото. Секоја од нас сака идеална врска, поддршка, љубов...но во денешно време повеќе е од корист (зборувам од аспект на тинејџерка), а никоја од нас не сака да биде искористена и оставена најмалку од некој што го сака. Можеби ќе кажете дека за мои години премногу зборувам и дека не го ни знам значењето на зборот љубов ама чуството да си искористена многу добро го знам и ден денеска сите што ми се пуштат ги одбивам, само за пак да не бидам повредена.
Има навистина убави и паметни девојки кои се сингл не по нивна вина. Баш од причината наведена погоре. А и машките кога ќе видат убава, паметна, вредна девојка сакаат да си ја “ќарат“ и тоа не е искрено, туку е од интерес. Прилика нели, така ја гледаат како добра прилика, ама да сакаш некого и да е прилика не е исто. Убавите и добри девојки заслужуваат и такви дечковци. Не мислам дека се преценуваат. Еве пример од мои другарки кои се навистина убави, добри, културни, образовани, баш немаат мана идеа со дечковци кои не се за нив (значи немаа високи критериуми) и завршија повредени и со куп проблеми од нив.
Ако некоја атрактивна девојка е сингл не значи и дека е самобендисана. Е сега можни причини ги има многу и важат за сите девојки 1. Може типката е затрескана во некој па не им дава шанса на другите 2. Може во минатото била повредена па тешко дава шанса и премногу се штити да не и се повтори истото 3. Критериумите - обично сите имаме некој наш тип на луѓе кои ни се допаѓаат но многу од девојките одбиваат и да се запознаат со некое момче 4. Постојат многу убави девојки кои сепак имаат малку додворувачи бидејќи сакале да признаат или не мажиштава наши се плашат од одбивање За ова последново зборувам од искуство бидејќи имам другарка што е права бомба а ретко кога сме излезени и се додворува некој.
За коментарите “џабе убавина кога нема грам мозок“, не држи вода. Зар треба факултетска диплома или надпросечна интелигенција за да се фати дечко?Има грди девојки кои не се паметни, а имаат добри дечковци, а има и убави девојки кои се мили, фини, а налетуват на луѓе кои ги сметаат за добро парче и само сакаат да ги искористат и изрекламираат пред другите. Еве јас имам роднина која ниту е убава, ниту е фина, ниту знае да се среди, ниту е културна, ниту е образована па има маж бомба. Ако ги видите заедно, ако муабет направите со двајцата ќе си кажете кај му беа очите на овој?Ама ете, некој едноставно има среќа.
Сите сме убави на свој начин. Убав човек секаде ке најде убавина. Сите имаме различни критериуми за тоа како сакаме некое машко да се однесува кон нас. Можеби патиме од поранешни врски, проблеми со недоверба. Не ни се допаѓат момчињата во нашата околина. И немојте такви наслови, некоја ке раскине со дечко и за да се мисли убава. се шалам
Најубавите јаболки растат на врвот од јаболкницата. Секој сака да ги има, но малкумина се оние кои сакаат да се искачуваат на толку високо и недостапно место. Необерените јаболка први стареат, скапуваат и паѓаат под јаболкницата. Тогаш ни свињите не ги јадат....
Една од битните причини е и стравот кај маживе да пристапат на такви девојки. Затоа што од старт се со претпоставка дека ќе бидат одбиени, потценети и сл. И егото ќе биде повредено. Инаку никој скоро не е имун на убава и привлечна девојка, да признаеме.
убавите и привлечните слободнни?? не е точно. само убавите кои премногу се уфилмани и прибираат или глумат нешто што не се е тие се слободни.џабе убавина ако е уфилмана или незнае два реда муабет да сврзе
Do nekade se soglasuvam so devojceto. Znaci nikoj za zal ne gi svakja seriozno ubavite devojki ili pak im se pustaat dosta postari i dobro stituirani mazi dodeka ovie sto im se generacia se plasat da im prijdat.