Бидејќи сеуште не сретнале личности кои навистина им се допаѓаат и поради тоа што постојат многу машки кои се плашат да пријдат од страв дека ќе бидат одбиени. Уживајте! Да се биде сингл не е некој хендикеп...
Па баш и не е така.И убавите девојки си имат дечко а и сметам дека некои така и сакат тоа е нивна желба да немат дечко.Инаку не се гледа само убавината и привлечноста , се се гледа паметот, карактерот , хуморот и нз што друго.
Тоа е до девојчето. Некои од тие привлечни девојки се некаде во облаците па машките неможат ни да им пријдат. Кога ќе се симнат доле и ќе видат дека идеме на иста земја тогаш ке си најдат дечко.
Мое мислење е дека не се базира среќата на девојката на физичкиот изглед,пред се ,нели треба таа да биде забавна,да има харизма,да знае како да привлече внимание.Се е до ставот,начинот на кој се гледаат работите,ништо не е ни ептен розево,ниту пак скроз црно како во животот,така и во љубовта
Не знам дали сте читале, ама имаше едно истражување дека сите си се гледаме 4-5 пати поубави од што стварно сме, така да... Башка џабе ти е среќо таа мека руса коса и тие зелени очи ко жад ако седиш со напрчена муцка во диско и ги гледаш околу сите ко да се 35 скали испод тебе.
Некако и јас приметувам вакви ситуации, кога е во прашање нормално по убавина девојче (да не навредувам и да не делам ама морам вака попросто за да не филозофирам многу), машкиве се поопуштени, сами им приогаат се завркаваат и сл. а кога е некоја средена и убава ја гледаат и се тоа, ама некако не се осудуиваат да прозборат. Зборам за секојдневни ситуации во животов, не само кога си во дискотека.
Ако си комуникативна,насмеана,опуштена,енергична и без срам им приоѓаш на машките нема шанса да бидеш сингл,освен ако ти така сакаш,се разбира.
Не е се во опуштеноста, девојката убаво си напиша дека е опуштена и комуникативна, но дека ете, никој не и приоѓа. И, убаво го пишала тоа за дебелите, се извинувам, не сакам да навредувам ама како што пишала бејби19, машките повеќе им приоѓаат на просечните по изглед девојки, отколку на оние кои се скоцкани-тип-топ. А, тоа е од, претпоставувам, проста причина да не бидат одбиени. И на момците им треба поголема храброст за да и пријдат на вистински убава девојка, значи не само физички, туку во секоја смисла на зборот. Сите се плашат дека нема да бидат доволно добри за некоја. Осудувајте ме ако сакате, ама јас верувам во она дека облеката го прави човекот, особено во оваа наша денешница. И да, можеби критериумите и стандардите имаат огромна улога во изборот и прифаќањето на нечија понуда за пијачка или кафе, ама каде ќе бевме ако прифаќавме понуди од секое второ машко? Сепак треба малце и да се одбира. Облеката, сепак, го прави човекот. Што подобро облечен - тоа пообразован. Не ме сфаќајте погрешно: добро, во овој случај, значи софистицирано, а НЕ скапо!
Машките едноставно се плашат од убави, атрактивни, а згора и девојки со самодоверба и троа памет. Се е тоа за да не бидат одбиени, а со тоа и автоматски да не им биде повредено егото. Сепак они се нели се уште ловци, а ние пленот. Има исклучоци од нив ама се ретки.
Jule ne deka se plasime,koga ke vidam ubava devojka koja izgleda kako kukla barbika,a deluva nadmeno ni na zivo se smee,ni na mrtvo place,a zgora na toa i ne te primetuva,kazi sto jas da baram od takva devojka? Samiot nejzin govor na telo ti vika odjebi! Izvinete na izraz.
Еее јас баш мислам обратно убавите жени баш се во врска барем јас тие шо ги знам.. амм витомир е во право епа зато треба малце да ризикуваш, ии на момент да заборавиш на машкото его
Од мене мажите се плашат. У буквална смисла на кажаново. Некои мислат премногу сум им, а некои не се доволно добри. У секој случај се плашат и затоа сум вечити сингл (за жал).
julie77,има многу девојки кои ги поседуваат сите особини кои ги наброја и плус имаат дечковци. Според мене физичкиот изглед нема баш некоја голема врска со тоа дали една девојка е сингл или не. Велат изгледот привлекува карактерот задржува.Да бидеме реални,колку убави и девојки со голема самодоверба се сингл,исто толку и не баш привлечни девојки имаат дечковци или се сингл.Секој се вреднува себе си,и се доживува како нешто посебно,а следствено на тоа и муабетот е-убава сум,згодна,образована а немам дечко.Нема девојка,или е многу ретка која ќе каже не сум убава ни привлечна па затоа немам дечко. Да се вратам на она што велат дека карактерот задржува.Се е индивидуално,никој не сака девојка само за на слика или само да биде убава за излегување.Секој сака и добра пријателка која ќе го разбира,и едноставно ќе се пронајде себеси покрај неа.И тоа нема врска со изгледот. До пред две години и јас го мислев истото-како може толку не привлечни девојки да имаат дечковци а јас да сум сама.Ама работата била и до времето.Секој ќе си ја најде својата посилна половина порано или подоцна,кога ќе биде вистинско време за тоа.Се најде и некој за мене,која имав доста високи критериуми за тоа каков треба да биде тој некој што ќе ме држи за рака,ќе ме сака,ќе исполнува ред други работи кои сакав да ги поседува дечко ми.Не бев скромна во моите посакувања,па можеби затоа и три-четири години после подолга врска бев и сама. Но сепак,секоја девојка мора и да се потруди.Може има некој дел од карактерот со кој не успева да ги задржи мажите,што и не мора да значи.Пак ќе кажам,се е индивидуално. Секој ќе го најде тоа што го бара,не може едноставно да се порасне и дечкото од соништата да не чека на дипломирањето од средно или факултет.
Очигледно затоа што девојките што не се привлечни и се грозни се во врска, па затоа убавите се сингл....
Тогаш,таа што е убава и моментално сингл,ако за два-три месеца си фати дечко,тогаш преминува во грдите?
^ Единствено со што не би се согласила е тоа дека не баш сите имаат убаво и високо мислење за себе. За жал, многу голем број на девојки имаат искривена слика за себеси, иако можеби изгледаат прекрасно. А, знаете како велат, за да не сака некој друг, најпрво треба да се сакаме себеси. Еден предлог: секогаш кога ми треба ego boost си ја цитирам една реченица на Бијонсе од една нејзина песна, па зошто да не си ја цитирате сите останати? "Some women were made But me, myself? I like to think that I was created For a special purpose."
Епа зашто судиш одма по изглед, изгледа како кукла барбика ама не значи дека ке те одје*е како што викаш, ако и пријдеш со најдобри намери, културно и стокмено, а не вулгарно како што многу знаат да прават, верувај дека нема да те одбие. А машкиве стварно не ги разбирам, не им е срам да кршат вратови а им било срам едно ''здраво, дали може да се запознаеме'' да кажат. Се на се испаѓа дека човек треба сосила да се огрди малце, за да биде од сите подобро прифатена, да не биде мета на оговарања поготово од љубоморните женски кои се први на убава девојка да и најдат мана, а и од машките на кои првиот коментар или впечаток е к*рва, спонзоруша, дигната... кога ќе направиш 2-3 пати муабет ќе ја запознаеш личноста колку толку па осудувај тогаш.
Пффффффффффффффффффффффффф. А што сега,убавите треба да бидат во врска,а грдите не? Ете,и јас се сметам за убава и сум сингл,што сега? Љубовта нема никаква голема врска ни со изгледот ни со карактерот. Едноставно сакаш некого,и не ти се важни ни изгледот,го прифаќаш неговиот карактер,дека таа личност не би била таа без своите мани,тие се дел од личноста. Никој не е совршен,додека не се вљубиш во него. Срцето не гледа ни изглед,ни карактер
ОК. Има јас си кажав мислење или став од она што сум го забележала и мајку му од долгото лично искуство, а плус и од муабети со машки. Зборувам значи за девојки кои цел пакет на физички изглед и ментален склоп. Значи поголем процент маживе пред таква девојка се губат, се плашат да не бидат одбиени ... но и оној кој ќе успее да ја освои може после некое време од глумење лудило, пак значи од губење храброст, несигурност и сл. да ја изгуби. Значи и од себе поаѓам, ми се случувало и ми се случува. Факт е машките се во суштина кукавици и тоа се поради нивното его. А нормално ваквите девојки имаат право на избор и можат да го прават истиот. Инаку ова е во глобала и за секого има по некој само треба да се пронајдат. Според мене не не би требало да се задоволуваме со она што ни се нуди (да се прават некои компримиси кои не ги сакаме ) туку за да барате она што би ве задоволило и исполнило и сметате дека ви одговара. Има една реченица ја кажа една убава жена која била модел, дека подобро е да била среќна жена отколку убава. Витомир па ти ризикувај убаво ти кажаа погоре, пробај едноставно не знаеш каде ќе запали. Не секоја убава и паметна девојка е и тврд орев. Едит последен И најважно, немојте да се преценувате.
Кратко и јасно, не е се во убавината. Треба да имаш и памет,карактер,особини,...харизма со која ќе го освоиш партнерот.