Хемија не ни може да се создаде доколку личноста која ја гледаш пред тебе не ја познаваш ниту пак знаеш каков карактер е, тоа во ептен ретки случаи. Така да првин запознавање па после самото по себе си доаѓа тоа.
Може да ви се допадне некој на прв поглед затоа што веднаш се лачат хормони во мозокот кои создаваат задоволство и делуваат на него како дрога. Конкретно окситоцин, допамин,вазопресин и адреналин.
/\ Песнава е толку релевантна колку што е релевантно тоа дека синот на Амди Бајрам правел свадба со хеликоптер. Инаку има и други песни, не е само оваа ама песните во друга тема.
Затоа што се што е убаво однадвор не значи дека е убаво одвнатре. Оние кои се свесни за својата убавина најчесто си ги креваат критериумите до небо и го бараат "господин совршен" или сакаат својата убавина скапо да ја продадат. И тоа буквално да ја продадат. Е овие вториве не се сами ама нивниот дечко не е за пред јавност, if u know what I mean... Е сеа има и девојчиња што се убави ама се срамежливи повлечени, па ни лепотата ни карактерот не им доаѓаат до израз и ретко кој им пријдува. Мада убавината е релативна. Не значи дека ако некоја мене ми е убава и на другите им е.
@+++ Сепак за некого постои таа искра на прв поглед, можеби за тебе не и не веруваш во тоа, но некој ја искусил. Така да, ќе речам индивидуално е, секој гледа со свои очи.
Ти побара прееска мислење, јас ти дадов само одговор на твоето прашање. Не можеш на две столици да седиш, или искрата или пак создавање на искра со тоа што некој ќе го запознаеш подобро и душевно и карактерно...
Комбинацијата убава и паметна да се најде-ретко.Доколку зборуваме за девојка со убави црти,интелегнтна,образована и е сингл.Секако дека ќе е сингл.Зошто?Гледам пишувате имале високи критериуми.Ве молам.Па,реално сите си имаме критериуми.А за убавината не се дискутира.Може на некој ќе му е најубава,а на друг просечна.Како што реков,паметна и симпатична ќе сака некој сличен на неа.Секако има исклучоци.Иако,ја не познавам такви исклучоци.
Ете,сигурно знаеш една девојка што не ја сметаш за привлечна.Мислеш таа има ниски критериуми за "принцот на белиот коњ"?
Искрено не ме познаваш и не ни знаеш до каде сум отишол кога станува збор за критериуми. Можам само лично за мене да ти кажам дека сум многу скромен и сум бил инаку во врска со девојка која била покрупна од мене. Сум ја прифатил поради други работи кои ми се допаднале. Така да, ако зборувам за мене лично знам јас кој сум и што сум. Што се однесува до тоа дали таа некоја си X личност имала високи критериуми или не, секој е различит. Затоа и пишав дека сите ние имаме критериуми, само некои имаат нормални критериуми а некои имаат високи критериуми.
Очигледно,грешка се разбравме.Јас не посочив конкретно на тебе,ама сеедно.Мислам,дека темава е отворена за дискусија,а не за тоа дали се знаеме.Точно,ни те знам ни ме знаеш.Коментирав за тоа што се вели дека убавите девојки имаат високи критериуми.Можеби,не негирам.Сепак,тоа се инвидуални мислења.Имало и случаеви кога е убава па занесе се дека има се.Биди ми поздравен.
Во ред е, не ми беше намерата да направам да се чувствуваш лошо, па ако те повреди реакцијава моја тогаш ти се извинувам. Што се однесува до ова, веќе погоре една членка напиша нешто во врска со ова и јас се согласувам со неа. Мажи има кои им се додворувале на овој тип на жени, ама овој тип на жени најчесто имаат една бариера поставено околу нив против сè и сешто. Најчесто таа бариера кај нив се создава како резултат на тоа што им се посветува внимание од секого па мислат дека се премногу моќни што можат да го имаат секого, кого и да посакаат. Тоа е мое мислење.