Добро тоа е твое мислење, јас имам свое конкретно кое не дели две столици. Ако типот има изглед, интелегенција никоја не би го одбила, а сепак има такви кои се сингл. Одбиен би бил само ако нешто не ми се допаѓа, карактерно да речеме од моја страна. Не го гледам тоа како причината но сепак како што кажав тоа е твое мислење и се почитува.
Од каде тоа дека само убавите девојки се сингл?По кој критериум е ова не ми е јасно?Дали убавината е поврзана со тоа дали некоја е сингл или не е?
Точно, секој си е убав на свој начин. Ако на некого му е убава на друг нема да му е. Убавината е релативна карактеристика.
Така е, секој има мислење. Ако вака размислуваш тогаш драго ми е што е така. Ама реалноста изгледа сосем друга. Зборувам за други луѓе.
Затоа што или се преценуваат, или не се толку убави и привлечни како што си мислат, иако тоа (убавината) баш и не игра некоја голема улога во тоа што некои се сингл а други во врска.
Сликата си вреди повеќе од кажаното. Убавината како убавина е релативна, треба да е нешто друго убаво. Односно внатрешноста само тоа е веќе друга тема на разговор. Кога се зборува зошто убавите девојки се сингал или сами, според мене е дека тие се повеќе си се преценуваат затоа што се што е убаво се бара со убаво слично на нејзе. После тие многу пребираат што и до некаде се во право а до некаде не се во право. Во право се затоа што мислам дека убавината со убавина оди тоа е теоретски а практично е поинаку. После малце социолошки гледајте на ситуацијата, како на пример дружењето на факултет гледајте само како убави и згодни девојки се дружат претежно со исти на нив или слични,тие што се побогати со побогати и така некој социолошки ланец на дружење. Исто е и кога станува збор за љубов во подобар случај таквиот тип на девојки бараат дечко кој ќе биди згоден кој ќе биди добро ситуиран (не секогаш е вака) бидеќи во многу од случаевите пред се домашното воспитување игра голема улога(како ги воспитуваат нивните мајки). Знаете повеќето од девојките кои се вистина убави се и убави од надвор и од внатре. Според мене убавината се гледа во деталите ! Пред се секоја е убава на свој начин. Некоја има убави очи, некоја убави усни, некоја убава насмевка, убаво носе,убав глас. Во денешниов случај ама мислам дека и наназад години убавите девојки се повеќе се осамени (така размислувам, можеби грешам). Тоа е поради што тие бараат совршенство до максимум кај нив самите ама и кај партнерот што тие ќе го изберат да стои покрај нив, секогаш си се преценуваат, нарцисоидни се во најголем број од случаевите (како не со онај ќе излегувам нема шанси),тие секогаш се над се останато имаат поголемо его од тие што се околу нив и скро секогаш го гледаат светот од повисоко (доста убава особина). Убавите девојки се секогаш сами поради тоа што: премногу бараат совршенство секогаш се стремат кон тоа. Така треба да се стремиме сите не само девојки, но таа преголема совршеност или ќе најдат вистина некој кој вистина ќе е вреден според нејзините карактеристики по кој таа ги отценува, но претежно не најдуват таков каков што тие го замислуваат и ништо од планираното и затоа секогаш се сингл. Кога би се прашувал јас нигош не гледам да имам убавица покрај мене (надворешно). Убавите девојки се како елен со големи рогови секој би сакал како трофеј да ги има во нивната колекција. Секогаш сум гледал да имам слатка и мила девојка покрај мене.
За тоа шо, спротивно од стандардното мислење, убавината не одлучува за љубавната хемија да трае Ама ваљда на темава треба машко мислење, пошто за девојки е муабетот .... Пријател скоро ми кажа дека најтапа секс во живот му бил со најубавата и најзгодната девојка која ја имал. Еден друг раскина веридба со висока згодна плавуша, за да биде со ниска пуна жена, која имаше дух, карактер, смисла за хумор, и го разбуди на некој начин.
Да не заборавиме дека во ова време повеќето од мажите сакаат забава за една ноќ, а можеби и лабава врска. Но, паметните и убави девојки не секогаш се расположени за врски без обврски. Да, има и такви со високи критериуми, не и се допаѓал овој, не и се допаѓал оној. Но девојка што се цени доволно себе си, сигурно нема да паѓа на старите финти на нафурани фаци. Кога сме веќе кај убавината, понекогаш и не толку привлечните момци се упикуваат (најчесто на многу лош и нападен нсчин) на привлечни девојки, знаејќи си ги нивните можности и после девојката била дигната.
Некогаш, трагедијата е во тоа што баш кога ги намалиш критериумите и си спремна на компромис, наоѓаш некој кој баш заради тој факт ќе почне да те потценува или во најлош случај ќе си дигне его и помисли дека е тој нешто многу посебно штом добил таква девојка. Проблемот тука во мкд е мајндсетот и кај жени, ама посебно кај мажи. Од она што го имам забележано, ретко сакаат нешто озбилно, туку си бараат пријателка со бенефиции. И сеа ако се најде некоја понаивна, која ќе си помисли дека ќе го смени, настануваат проблеми.
Затоа што мажите ни се искомплесирани. Ако има убава девојка - прво на што помислува е дека таа ќе си најде поубав и ќе го остави. Ако има барем малку памет за да примети дека девојката му е интелигентна - веднаш ќе помисли дека ќе го остави за попаметен. Ако девојката заработува повеќе - прво што му паѓа на памет е дека ќе го остави или за некој побогат или затоа што не може да ја "издржава". Ископлексирани мажи резултираат со напорни врски. Никој не сака напорна врска.
Се сложувам со се што пиша. Во ова време сите сакаат врска без обврски, а на некоја девојка која е убава, згодна, вложила во себе, зошто и е таква врска освен ако не е некоја многу очајна?И точно дека девојка со карактер нема да падне на финти.
Затоа што машките денес се полни со комплекси и наместо да поработат на себе, на едукацијата, манирите, тие попрво ќе купат нова кола и гардероба па мислат дека тоа е клучот до срцето на девојката. Колку е тажна оваа вистина и како што заприметувам се повеќе и повеќе зема замав.. Но не сите убави девојки ги палат тие работи иако на прв поглед според изгледот ги етикетираат како спонзоруши. И нормално дека ќе имаат високи критериуми, никогаш нема да се помирам со тоа кога некој ќе рече намали со критериумите. Зошто бе? За кого? Зарем јас да се жртвувам за општото мислење да не бидам сама па да му дадам шанса на првиот што ќе ми се појави со кој немаме ништо заедничко само да не сум сама и народот да не ме сожалува.. Ма малку е, повиши уште таму до плафон тоа критериумите
Или затоа што претходно ги спуштиле критериумите на страшно низок левел нели фор д сејк оф лов и им било откорнато срцето од некој 5пари што не вреди. Па знаеш им дошол грам ум на крај и конечно сфатиле колку вредат и како не треба на секое ѓубре да му се дава шанса само за да не бидат сами. Тоа е така очајно. И башка си бараат некој што нуди онолку колку што добива. Спојлер Напомена: во ниеден дел од текстот не се зборува од финансиски аспект.
Уште еден мал додаток. Тука, во Македонија, има култура на обвинување на жените, за прилично секој проблем. Ако е убава, вработена и сингл, значи дека е дигната или има спонзор. Ако направила компромис да биди со некој помлаку привлечен, глупава, не се цени доволно. Или можеби е со него само заради парите. Ако девојката му раскини на некој, ахааа, злобна, сигурно и го варала. Ако имала некоја кратка авантура, па да, таква е таа, лесна. Немате забележано дека живееме во општество каде буквално многу хејт има насочено кон жени или девојки? Јас бев од оние наивните, кои правеа компромиси, мислејќи дека така се наоѓа љубовта. Така ме повреди, што не ми требаа месеци, туку години да се опоравам. И од тогаш се ценам, многу! И сугурно сум перцепирана во некоја од категорииве опишани погоре.
Со оглед на фактот што претходно наведените причини во темава во најчест случај ја оправдуваат состојба на ваквите девојки, сепак мислам дека мора да постои и нешто друго. Многу добро знам како психолошки функционира ова модерно општество, како и поединците во него но не е во ред и да се исклучува волјата на девојките како причина. Имено, дали некој воопшто размислил дека една од причините поради која убавите и привлечни (и паметните) девојки се сингл е бидејќи едноставно сакаат да бидат? Сосема сум свесна дека постои и такво нешто и способна сум да го кажам тоа бидејќи таков е случајот и со мене. И покрај тоа што е ова често несфатливо за повеќето луѓе кои се навикнати на модерниот начин на живеење во општеството или се следбеници на одредени (закоравени) верувања, сепак можно е одредена девојка која има пријатна симетрија на лицето и интерес кон знаењето, општо зборувано, да не изрази посебен интерес да биде во врска со некого. Тоа е поради фактот што девојката има поголеми цели во животот што сака да ги постигне. И во овој случај некои девојки се убедени во нивната способност дека можат истовремено да го имаат и двете, но кај другите девојки тоа не е случајот. Од мое лично искуство, поради фактот што сум веќе навикната да бидам сама, без другарки или партнер, сметам дека врска воопшто нема да ми биде од корист. Имам зацртано свои високи цели во животот и секој ден се трудам околу тоа истите да ги остварам. Освен интелигенцијата која ја поседувам, сметам дека и убавината дополнително ќе ми користи за во иднина бидејќи најчесто луѓето имаат тенденција да го перципираат надворешниот изглед, а потоа и интелектуалните способности. Исто така сум навикната постојано за мене слушам разни коментари, лажни приказни и претпоставки и глупави прашања но тоа не го ни сметам за проблем бидејќи туѓото мислење воопшто не ме интерсира, а уште помалку да дозволам истото да ми влијае на начинот на кој сакам да го живеам мојот живот. Жал ми е што и денес постои стереотипот дека девојката која е убава и паметна, истовремено се претпоставува дека е во или барем е заинтересирана за љубовна врска. Но од друга страна, претпоставувам дека тоа произлегува од мислењето дека за да бидеш целосен во животот, мора да бидеш во врска, мислење со кое потполно не се согласувам.