Друг Шешељ каже: Велики нос велики понос. Инаку ова е негова интерна шега да не се разбереме погрешно.
Ете гледаш тоа го зборувам јас. Треба да ја видиш за да кажиш. За тебе може ќе е грда но за друг ќе е убава. Симетријата на лицето можеби нема да ги исполнува тие твои универзални критериуми за убавина, но може за некој друг нема да е така. Грди нема, перцепција има, вкус има и лични преференции.
Убавината е релативна работа, за некого си преубав, за некого грд. За привлечноста се согласувам со @WildMk ... така да, не можеме да генерализираме дека "убавите и привлечни" девојки увек се сами...
Првото нешто што ти паѓа во очи е изгледот, потоа одлучуваш дали ќе направиш потег. Има вкусови, жени со мали или големи колкови, но ако ако видиме привлечна жена може да се согласиме дека е убава. Затоа има и супермодели на Victoria's Secrets затоа што се одбираат според одредени критериуми, да не беше така ќе имаше и џуџиња модели (без навреда кон нив, сигурен сум дека има и убави џуџиња).
Пак мешаш појмови. Не може да се согласиме ако имаме различна перцепција за убаво. Од човек до човек да идеш, секој ќе ти даде своја дефиниција за убавина. Еве мене, не сите модели на ВС ми се убави, ама тоа не ги прави грди. Крај краева, има луѓе на кои факинг Мелита им е лепотица и привлечна и тоа кажува се.
Убав сум. Иначе како мал мајка ми постојано ми викаше дека сум убав, затоа сега морав да ги тргнам сите огледала од дома. Премногу време посветував на самовосхит.
Мислам дека ти ги измеша, мешаш убавина со карактер. Јас чисто зборувам за убавина како изглед. Мислам дека има истражувања што покажуваат дека некој што ти се допаѓа карактерно го сметаш за попривлечен.
Првин онаа членката редеше епитети. После се натегавме да објасниме дека не може да се користи поимот грд за човек со лош карактер. За да се појават двајца од ендемскиот вид и повторно да се вртиме во круг. Рокну чу се мајке ми.
Не сите убави девојки се сами. Некои се сами затоа што биле само физички атрактивни и толку...нема што друго да понудат. Некои се убави, паметни, а сами затоа што немале среќа да наидат на вистинскиот кој би можел да парира на нивниот интелект, туку наидувале на мажи кои се чувствувале инфериорно покрај нив. А некои убави девојки и не се сами.
Моментот кога некој моделите на Victoria Secret ќе ги поистоветува со портрет на "идеална женска убавина", а потоа општеството се прашува зошто имаме мегаломански екстремности обезитни/анорексични жени. Која логика бате, еј. Морализациска говоранција за бјути стандард, и после вадење у фазон ,,нисам одавде" ја само објективизирам и иронизирам, и само лучајно ги наведувам како референца, а уствари нема везе, мене друго ми е поентата. Yeah, right.. Треба да се отвори нова тема, за лечење душевни комплeкси. Не физички, у нив више имаме увид. Тема, специјално наменета за веселите прокс шилд елфови со спржени мозоци да можат мирно да читаат и маркираат ,,слаби тачки" со пуканки и тврдо варени јајца.
Гледам дека форумот е преполн со психолози и бели витези. Без разлика колку и да исповетуваш дека бјути стандардот а различен за секого сепак тоа не е точно. Секогаш постои идеал на женска убавина и секој суди на исглед без разлика дали го негираш тоа или не. Единствената разлика е што јас сум поискрен од останатите.