Факт е дека физикусот е пресуден при избор. Тоа што ти го пиша сите веќе го знаат, не е измислување топла вода, али дека секоја жена може и треба да изгледа како модел за да биде сметана како убава е вон разумски. Паралелата не е во ред од етички причини, али океј. Уатевр рокс јор боут.
Ти сигурно во животот никогаш не си рекла или помислила за некој дека е грд или грда. Добро еве признавам дека не постојат грди луѓе, од сега ќе им се обратаќам како Aesthetically Challenged.
Многу си креативен. Околу ова горе. Да, сум помислила дека некој не е доволно убав, ама не сум останала со таа мисла по цена да исмејувам ставајќи ги во хајлајт неговите физички недостатоци, и маркирам внатрешни квалитети врз основа на критериумите за пропорционална убавина, што не е и случај за тебе, нели. Размисли добро зошто го пишувам ова. Сети се на 2015. Мене не можеш да ме навредиш сега, но сигурно можеш други девојки кои читаат и стекнуваат погрешна слика за себе. Поентата е да менуваме шаблони а не да се покоруваме на ордерот.. Смислата за иронија не ти е supreme Бон, ако јас се прашувам порано ти беше по изострена. Си излегол од форма некако. Си заборавил да кликнеш upgrade button.
Еве јас реално како што созревам, целосно го исфрлам тој епитет од мојот речник во врска со физички изглед, посебно во веќе изговорена и пишана форма. Мене не ми требаат пародични комплицирања и еуфемизми - едноставно има привлечни и непривлечни за мое око, што не мора да значи за секого. Жално е што постојат луѓе на кои човечноста и љубезноста им се како премногу политичка коректност и предмет на исмевање. За жалење ти е понашањево.
Ама ти не сфаќаш. ,,Он е барем искрен" додека ние тука сме у заблуда, па вртиме глава секој пат кога поред нас ќе помине некој налик Бред Пит, несвесни за неговите пропорционални предности. Акцентот паѓа онаму каде е фокусот, и тоа не е некоја хард логика, али за кого како.
„Зошто убавите и привлечни девојки се сингл?" Затоа што многу се преценуваат и мислат дека не заслужуваат да одат без „тој" да има се што и е потребно во животот, т.е. фирма, пари, станче, бемве, викендичка на страна, секој ден доручек,ручек и вечера во град, шетање по егзотични места и што ли уште не, епа баш тие го чекаат правиот момент и после цел живот уживанција ќе им биде.. Шта речи, а не заплакати..
Sto e ubavo i privlecno za site? Mozda mene nekoja mi e ubava a drugarka mi ne misli deka e taka. Koj saka da e vo vrska ke napravi da bide.
Сите запнавте за убавина, но има многу луѓе во денешно време кои си бараат забава, а не убавина, памет, и не знам што. Критериум стана материјалното и телесното задоволство, па поретко се влегува во некоја длабинска анализа кој е, што е, каков е, дали некој некому одговара или не. Луѓето многу често одат на варијанта дај што ќе дадеш, сум сретнала такви и мажи и жени, кои просто немаат критериум, бараат само забава, секс, да им помине времето.
Па да де, а не тука се вергла де изглед, де внатрешна убавина. Која внатрешна убавина, ако нема гради, задник, нема убава облека на себе, ако нема за излегување пари? Плус ако сите овие атрибути девојката ги има ќе биде добар „плен“ за искористување, во секоја смисла, телесно и финансиски поради ресурсите. Карактер задржувал, како не. Треба од се по нешто, да се вклопат во интересите луѓето. Ако во мои очи е град, нека има душа од памук џабе, ако е мрза нека има добар карактер, што ќе ми е.
Или кога веќе ќе сфатат дека немаат со кого, не можат да го добијат тоа што го сакаат, се нафаќаат на тоа што им се нуди. Се пресметуваат колку можат, што можат, и кога немаат опција го прифаќаат она што им се нуди.
Нормално дека твојот карактер нема да задржи било кого, ниту пак ти можеш со било каков карактер. За двајца да останат заедно, треба и те како да си одговараат по карактер. Може и без тоа, ама таква врска/брак, е осудена на пропаст... а ако се одржи, е пеколна.