1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зошто убавите и привлечни девојки се сингл?

Дискусија во 'Сингл' започната од teat, 30 јули 2012.

  1. Ph0enix

    Ph0enix Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    325
    Затоа што често дозволуваат убавината и привлечноста да им удри во глава и да им ги „изветрее“ мозоците.
    Имам една таква другарка, има 21 година, згодна ко уметничко дело, слатка ко бонбона, а и прилично интелигентна, и досега немала ниедна сериозна врска, ниту пак секс - само мувачи. Зошто? Затоа што барала дечко кој ќе и’ парирал и во убавина, и во интелект, а такви досега немало... Доооброууу! :^)
    Кога ќе и’ додели некој отстрана комплимент дека е убава, вели дека знае,
    Кога ќе и’ кажат дека се импресионирани од тоа што го кажала/знаела, вели дека знае.
    Кога некој нема да проба да и’ пристапи со зборови, туку ќе проба на дело, зошто пробувал на дело, со тоа ништо немало да постигне.
    Епа чекај девојко, што сакаш? :fubar: Mолчи, барем си признава дека е неверојатно тешка за придобивање, иако тоа го кажува како нешто со што се гордее... хммм...
     
    На Βικτωρία, sj *O* и rosebush им се допаѓа ова.
  2. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
     
    На Unicron1975 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Па што е тука чудно, си има женската критериуми до кои се држи, да сакала ќе била со некого ама не нашла, нема тука замерка, нејзин живот и она си ги става критериумите за партнер. Нормално дека сака да и е во најмала рака равноправен или за некои работи појак од неа но ете досега не нашла таков.

    Дали и се критериумите реални или нереални дали е искомплексирана или дигната тоа е веќе друга тема но тоа што е недостапна не е ништо ново, ако и се свиѓаш и на најнедостапната ќе најдеш начин да и пријдеш нормално под услов да не се прелажеш од неколкуте корпи што може за секој случај ќе ти ги даде :D
     
    На sj *O* и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  4. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    4.842
    Ахаха,леле арно кажа vitomir,кога ќе бара премногу нема ич да добие,затоа девојки,не се занесувајте многу,знајте си ја вредноста и ценете се,ама не се преценувајте,и што ако не е убав?значи дека не смее да му се даде шанса?Напротив,ако не е убав однадвор можеби е убав одвнатре,а тоа е поважно..И грдите девојки имаат убави момци,зошто?Затоа што се убави одвнатре..а тоа иако не се забележува на прв поглед,тоа влијае и е најважниот фактор во врската...
     
  5. Ph0enix

    Ph0enix Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    325
    Не реков дека е чудно другарче, туку ја посочив како конкретен пример, односно зошто таа девојка, како убава и привлечна, откако знам за себе е сингл. :)
    А сака да има дечко, колкупати го потенцирала тоа и кажувала што и’ фали... Особено зашто и ептен навива за Реал Мадрид, сакала да најде некој што исто навива за нив и заедно да гледале. А, да, и не сакала да има дечко навивач на Барса. :rofl:
     
  6. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Е добро, твојава има мал проблем со критериумите а и очигледно мала е, таа тек ќе расте и ќе менува мислења за мажите :D

    Пс. Да не се пали на Роналдо :D?
     
  7. HardSex

    HardSex Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    2.422
    Пол:
    Машки
    1.Одреден процент на убави девојки се дигнати што може да биде малце одбивно за машките.

    2.Не сите девојки кои се убави се сингл поради таа причина.

    3.Постојат огромен број на многу убави девојки кои имаат многу ниска самодоверба и се срамежливи,и
    слабо комуникативни.Дури и од оние кои се дигнати има солиден процент кои имаат ниска
    самодоверба.Дигнатиот однос во одредени случаеви е само фасада.

    4.Повеќето девојки трчаат по момци за кои самите девојки ќе констатираат дека не се за нив.Нормално по одреден период.Секоја девојка треба да си седне и да си одлучи каков тип сака за сериозна врска и што вистински сака.Само затоа што 1000 девојки трчаат по одреден момак не значи дека тој момак е за тебе.

    5.Јас лично сум имал помалце проблеми и нетегања со многу убави девојки споредено со не толку убави девојки.Тука мислам и на секс и на врски :D .

    6.Физичка убавина за една врска е потребна но се потребни и многу други работи.
    Ако сум заинтересиран за девојката веднаш започнувам со прашања.Што музика слуша,каква храна сака,дали знае и сака да готви,што сака да готви,дали има факултет и кој,дали е вработена,дали живее со нејзините или посебно,дали е филмоманка,дали пуши цигари и кој е нејзиниот однос кон пушење на joint за време на викенд?Што дека е убава,ако е наркоманка.Што дека е убава а не сака и не ужива да готви,и е ригорозна околу прашањето идење секој ден на ручек у ресторан,и нормално нејзините очекувања се дека мажот е тој што треба се да плати,а она си ја лади у слободно време гледајќи го Spiderman :D .Свршува на Аца Лукас, и не сака jazz? :D

    7.Наместо да бидат упрпани девојките,фино лепо ќе го започнат муабетот со едно здраво,и потоа следува interview-то :D .Ако може некој кретен да ве интервјуира у некоја фирма,зошто вие да не можете да го направите истото со некој згоден момак. :D Младинава денес мисли дека тоа не e cool,
    дека треба дипломатски и резервирано,да не речам мистично.Идеш со некоја 2-3 месеци и гледаш дека
    работите кои се на твоја црна листа се на нејзината зелена листа.Губење време.Нема потреба од такви
    работи.Го земаш questionnaire-от и следува канонада.На крај финализираш со фамозното,имаш ли ти некое прашање кое би сакала да ми го поставиш? :D Епа сега,ако е доволно паметна и загреана и и се допаѓаат прашањата тогаш она ќе го земе questionnaire-от.Интервју with the interviewer.Here we go again. :D Па нека кажува на другарици дека сретнала некој фрик кој се интересирал дали сакала да јаде белки од јајца и дали ги миела со вода :D .Question Number 16 :D .

    8.Машките, а и девојките не треба да се ограничуваат на личности со неверојатна физичка убавина.
    Ако малце прошараат наоколу мислам дека пријатно би биле изненадени :D .
     
    На Annath, female.3, baby-star и 3 други им се допаѓа ова.
  8. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.832
    Многу точно hardsex!!!
     
  9. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.893
    Пол:
    Женски
    Да бе, женскиот пол се дели на оние со дечко и убавици. Вајда лепотата е нешто со што Господ те казнил да немаш дечко. Сите лепотици се сингл затоа што никој не може да ги трпи нивните предавања по предметот, "да јас сум најубава, околку мене се врти светот, сите машки се кретени и мене никој не ме заслужува". За нажалост обично кога веќе ќе стигнат до кај 50тина години па надаље, единствената и најдобрата другарка во животот Лепота ги напушта и завршуваат во некоја фотеља пред ТВ и организираат родендени за своите мачки.
     
  10. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Ау колку гнев кон лепотициве.
    Зошто толку навредливо ја сфаќате темава? Не е работава дека сите што се сингл се лепотици а тие во врска сите се грозотии, едноставно, има девојки кои се убави и паметни а сепак се сингл,
    (еве јас на пример :lol: шала е, да не се залета некоја)
    и има девојки кои навистина нема што да „понудат“ а сепак имаат партнер.
    И едните и другите се прилично ретки примероци, најчесто во врска партнерите колку толку си одговараат и физички и психички, бар јас колку што сум приметила.
     
  11. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Зар е темава за сериозна дискусија :D?

    Наравоучение од темава (кој ја сфаќа озбилно) бидете грдичка и непривлечна, симнете критериуми и ќе си фатите дечко пред 50 години :D.
     
  12. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Симнете критериуми е моментот, наравоучението би било: без разлика колку си грда и глупава, ако ги симнеш критериумите секогаш ќе има некој погрд и поглуп што ќе те привлече.
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  13. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.154
    Допаѓања:
    89.089
    Пол:
    Женски
    А јас се чудам зошто сум сама и осамена :worried: Оно лепотица да сум била :rofl: :rofl:

    Шегата на страна, да има многу убави девојки за кои се чудам зошто се сами, но кога ќе размислам подобро сама него со некој кој не и доликува :wasntme:

    Но, познавам и премногу грди девојки па пребира не е тој убав, не е за мене. Некои кај немаат надворешна, па немаат ни внатрешна лепота.

    На крај се надевам сите ќе си го најдеме капачето.
     
    На Ella.313, srcekrsacka, tweety26 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.893
    Пол:
    Женски
    Да те разбирам, ама насловот ти звучи на некоја поговорка :D Еве на пример јас сум ем убава,ем привлечна, ем имам дечко :D
    Има некои девојки коишто се ПРЕМНОГУ, ама стварно премногу самоуверени дека се најубави на светот, дека сите околу нив се глупави и никој не ги заслужува. Од таквите бегаат не само машките туку и другарки, пријателки. Самодоворбата е убава работа, ама и малце скомност и реализам не е на одмет. . Инаку да има и случаеви каде што мажите едноставно не ги привлекуват таквите девојки зашто се преголем "залак". Ама најчесто тоа не е поврзано само со убавината, туку оди во комбинација со егоцентричноста.
     
  15. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    У стил подобро врапче во рака отколку гулаб на гранка па после (цел живот) си фантазираш дека го имаш гулабот а тоа ти останува врапчето :D.

    Е не функционира тоа така :D. Сопствениот физички изглед нема врска со вкусот за убавина кај другите, така да ретко кој ќе си рече јас не сум ништо посебно (просек) и затоа ќе си барам исто просек :D. Секој сака ако може да извлече лото а некои и успеваат :D.

    Од твоја уста во космички уши :D
     
  16. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.893
    Пол:
    Женски
    ^според проверени статистички пресметки поголема е веројатноста да те удри кола отколку да фатиш на лото :D
     
  17. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Епа затоа имаме толку многу феноменални бракови со лопата да ги риеш :D
     
  18. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.893
    Пол:
    Женски
    Абе лопати снема во Македонијава.
     
  19. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Со спуштени критериуми врапчето и како сокол може да ти се гледа, па имаме случај убавици со ѕверови и лепотани со ругоби.

    Во врска со просеците, имаше некаде статија дека не привлекуваат луѓе што физички личат на нас самите, така да според тоа, на просечната која си мисли дека е најубава просечниот ќе и биде најубав.
     
  20. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Нема секој таква моќ на сугестија да си замислува сокол, така да спуштен критериум е спуштен критерум без разлика како ќе се тешиш :D. Зашто има убавици со ѕверови и лепотани со ругоби можеби не е само до симнатиот критериум туку и други фактори влијаеле при изборот, како на пр. статусот, понашањето, финансиите, итн итн.

    Во принцип и онака никој не симнува критериум освен ако не мора па ако после одреден период години нема абер од лотото почнува полека да се смалува листата на очекувања и барања :)


    Има многу статии ама не значи дека се сите вистинити ;). Има што бараат сличен партнер (физички) па до сосема различен. Моите врска немаа еден со друг а мене девојки што и малку би личеле на мене воопшто не ми се привлечни и не би ни влегле во избор :)