За прв впечаток секако дека влијае надворешната убавина на дечко или девојка. За да бидам со некој нормално дека треба прво надворешно да ме привлекува. А понатака си играат улога и карактерот и понашањето за ти да одлучиш дали таа личност ти одговара или не. Проблемот што има слободни а убави девојки (али јас некако обратно гледам, дека баш убавите се секогаш зафатени) е до нив самите, си се прецениле повеке од што треба, па чекаат на некој совршен, ама во секоја смисла на зборот, убав, богат и незнам уште какви критериуми си ставиле, или пак едноставно така им е убаво, слободни, па сами си бираат денес, утре, задутре со кого ке биде. Или па машкиве се многу срамежливи и повлечени кога се работи за згодна девојка, или пак премногу нападни се покажале, па не преостанувало ништо освен да го одбие ...
Значи грдите и непривлечни девојки се во врска? Има случаеви каде убава девојка е сингл, ама не се сите такви сингл. Темава некако генерализира! И која девојка е убава и привлечна. За мене можеби таа ќе биде најубава, ама за друг најгрда. Така да, преглупаво ми е прашањето. Ај за мене да си кажам, зошто си се сметам за многу убава и привлечна Сингл сум долго време, прво не сакав врска, зошто излегов од претходна долгогодишна и нова врска, нов човек не ми паѓаше на памет, а и сеуште не ми паѓа. Потоа, машките се плашат да им пријдат на убави жени, се плашат дека ќе бидат откачени. Толку.
Оти кога ќе отидеш у диско и прашаш да играте ти вика Магла дечки ... Па остани си сама со 72 мачки БЕ!
Не си го запознала правиот што карактерно ќе ти одговара затоа така зборуваш.И мене долго време ми зборуваат што чекаш ова она но не е само да рипнеш во тавче за после неколку месеци да се разведеш. Во денешно време кога сите се оптеретени само со материјалното додека духовното целосно го запоставиле е бинго да запознаеш некој сличен за да оформиш семејство.Да се појави вистинската што мене ке ми одговара уште утре ја носам на матичар и пред поп за после кулминицијата да ја доживее на некое патување да речеме Рим,Париз,Верона или слично.Сите што ги знам додека биле сами и кои од страна ги притискале на мажачка и женачка а кои упорно се спротивставувале на таквиот чин ми имаат кажано дека човек е целосно е зашеметен кога ке дојде вистинскиот односно вистинската.Дај боже да ти дојде права среќа макар била и подоцна но максимум до 40 година ке зборуваш поинаку.
Темата малку смешна е ама ај да искоментирам оти долго ме боцка во очи. Не се согласувам дека убавите и привлечни девојки се сингл напротив насловот на темата испаѓа дека ние кои имаме момчиња сме грди и непривлечни така?хахахахаха морам слатко да се изнасмејам па како тоа грдите и непривлечните успеале да имаат некој до нив а овие од другата категорија(кога веќе вака ги поделивте девојките)не успеваат а? уклучетего мозокот бидејќи и самите вие кој ја подржавате темата знаете дека ова не е точно излезете надвор и соочетесе со реалноста има преубави парови и брачни двојки зато да се прават вакви смешни прашалници е отповеќе...
извини ама убавината не е воопшто важна, се си доаѓа од внатре поточно карактерот било каква да си дебела грда било што не е важно убавината доаѓа од внатре, друг пат не се кревај толку дека си убава и слаба и незз др што и дебели и грди па успеваат мн во животот и тоа не му се допаѓа на машките...позз а и и да си згодна и убава ама ако ти е карактерот хммм хмм....џабе ! ама за се си има време !
ха темава е стварно смешна Ми текна една анегдота во врска со ова. Си биле двајца пријатели кои заедно ја поминале младоста и си ги знаеле сите тајни. Едниот отсекогаш бил со различни девојки, нашол сродна душа и се оженил, а другиот барал совршена жена. Бил образован,ситуиран, привлечен маж кој секоја жена би сакала да го има. Кога се сретнале после долго време едниот рекол: -Да те прашам нешто стар пријателе. После толку години шетање по светот и барање, дали најде барем една совршена жена за тебе? -Да, ја најдов - рекол другиот. -И што се случи? Зошто не се остана со неа? -И таа го бараше совршениот маж.
Интересни сте ми дел од вас што тврдите дека темата е смешна, и дека демек посочувала на тоа дека тие што не се сингл се грди. Значи јасно е дека со насловот се генерализира, а дека во секоја генерализација има (многу) исклучоци. Истовремено е факт дека девојките што се убави и привлечни често се преценуваат, исто како што е факт дека тие што „не се убави и привлечни“ често се потценуваат - на крајот, и едните и другите имаат еднакви шанси да завршат сингл, или со дечко. На крај краева, и девојките за (речиси) секој дечко со добра кола, ситуираност, физички изглед и стил однапред велат дека е ј*бач, зарем не? Како што реков, златната доба на генерализирањето.
Зошто убавите и привлечните девојки се сингл? Девојките што се сингл мислат дека се убави и привлечни!
Секој за себе мисли дека е убав и привлечен. Не верувам дека ќе најдеш девојка која се смета за грда а ако постојат такви имаат сериозен проблем со самодовербата... Е сега има и такви кои премногу се преценуваат...
Зошто убавите и привлечни девојки се сингл? 1. Зашто мислат дека само затоа што се убави, светот го имаат на дланка и можат да газат по луѓето. Неретко се суетни, неподносливи, површни, опседнати сами со себе и совети за убавина и забораваат на фини манири, топлина, човечност. 2. Машките викаат дека премногу убавите девојки - не се трудат доволно во кревет. Демек, што има јас да те задоволувам, нели гледаш каква лепотица е со тебе во кревет, ти ќе работиш на случајот, јас ќе одмарам. Он треба да е благодарен што дели кревет со ултра Љепотица. Епа никој не сака неагилност и неажурност во кревет. 3. Поголем дел од машките се срамат да им пријдат на убавите девојки, од страв да не бидат одбиени и посрамотени, а девојката може да е сосем ок. Ќе си речат - she's out of my league и ќе се повлечат. 4. Освен убавината, мора да се поседуваат и мал милион други квалитети. Цело е кога има се'.
Затоа што мажите се плашат да им пријдат, па за тоа ги обвинуваат нив дека се дигнати, препотентни... А, фсушност причината лежи во самите нив. Секако убавите девојќи се отешки за освојување бидејќи имаат поголем избор, н затоа тоа треба да биде допонителен предизвик за машките за да ги освојат а не да се задоволат на лесни девојки кои на 2 слатки бора шиат нозе.
Воопшто не е проблемот во тоа машкото да треба да каже не 2, туку 2000 збора за да „шијат нозе“, проблемот е што често те сечат уште на прв недокажан збор или недовршен пристап, зборуваме за нивната недостапност - непристапност..
^^Чекај сеа јас како што те разбрав ти Фсушност ги делиш девојките на убави VS лесни???Као демек убавите не шират нозе а лесните ги шират или лесните ги шират со 2 а убавите со 2000 збора? У секој случај да си убава не значи дека си тешка за освојување. Спојлер Оф мори мајко
Nikoj ne se plasi da i prijde na ubava i privlecna devojka ne e toa problemot,ili pak ako me odbie golemo cudo ne e ni prva ni posledna,tuku poveketo od maskite mislat deka se sponzorusi baraat skapa kola,tip so mnogu pari,da ja seta,da ja nosi po restoranti itn. Zatoa poveketo gi izbegavaat,a ne deka se plasime,gluposti pa nejadat lugje.
Можам да сфатам и тоа некој да си има одредени критериуми кои ги бара кај потенцијалниот партнер, ама како може да постои критериум лепота кога секој ја перцепира различно? Ако на некој некоја девојка му е убава и привлечна не значи дека на целиот машки пол му е убава и привлечна и обратно. Следно, грди и дебели девојки??? Озбилно? - Епа пукнете од мука што полничките си имаат среќни врски, а вие „лепотиците„ сте сингл! Девојките кои имаат ваков „проблем„ нека поработат малку на својот карактер и однесување наместо 24/7 да дремат пред огледало восхитувајќи се на својата лепота. Самокритичност малку нема да е на одмет, напротив може многу да значи и да придонесе кон подобрување на својот карактер. Машките се плашеле од убави, средени и амбициозни жени??? Ахх тие дебилни истражувања тотално ви ги пореметија мислењата. Зошто побогу некој би се плашел од таква жена? Па треба да се тепаат за неа, и верувајте дека го прават тоа и се обидуваат да освојат таква женска, додека вие ги читате тие глупави изговори и си се тешите дека сте нешто невидено, никој нема храброст да ви пријде и затоа сте сингл,ахм... Нека се навреди и нека се пронајде кој сака, не ме интересира, можеби и ова ќе допре до некого па ќе подразмисли малку што треба да направи со себе. Факт е дека ако бевте толку неодоливи ќе чекаа редици за вас, а не никој да не ве приметува и да „нема храброст„ да ви пријде. Тип што не одговара на вашата лепота??? И мене ми одговара Бред Пит по лепота да ме држи за рака, ама од кај знам шо карактер е, и плус не го сакам, џабе му е. Во ред е и треба секој да си е самоуверен ама па толку преценување не чини. Не зборувам за спуштање на вашите критериуми или па да се биде со било кого само за да не сте сингл, ама погледнете подобро и поработете на себе, опуштеност и насмевки, и шанса треба да дадете кога некој сака да се запознае со вас иако според критериумот лепота не го исполнува баш, ама кој знае што се крие зад тој Квазимодо ...
Па сега ако некој ги дави со штосови на пуштање уште од минатиот век, тогаш е нормално дека ќе те прекинат, нема да си го губат времето со тебе непотребо. Но, доколку им се пријде со интелигентен пристап верувам дека секоја девоја е пристапна и може да се освои. Битен е начинот на кој се приога на убава девојка сепак треба малку и интелигенција бидејчи убавите жени се и образовани и виделе многу работи за разлика од просечно убавите, и не паѓаат на сеључки финти.