Па изгледа има нешто. Што дека е убава и привлечна кога е глупа како "тракторска сајла" сигурно и фали нешто на таа девојка па што е сингл. Не е со до убавината треба да имаш шарм и харизма за да привлечеш некого ова она бла бла... Имам другарка премногу е убава, презгодна е и се само никој не ја сака за девојка, сите ја сакаат само за една ноќ никој несака да биде во врска со неа а има причина изгледа за тоа. Џабе и е убавината и се, и таа поминува не е вечна.
Најважен е начинот на кој и приоѓаш ... нормално ако ми пријде онака убаво, културно и секој збор му е на место, ке му се обратам, ама има случаеви каде понашањето и намерата му се гледаат уште од километар пред да дојде да ти се обрати, па уште и кога ке ти прозбори безобразно и недолично како да не го одје*еш.
Имам другарка премногу е убава, презгодна е и се само никој не ја сака за девојка, сите ја сакаат само за една ноќ никој несака да биде во врска со неа а има причина изгледа за тоа. Џабе и е убавината и се, и таа поминува не е вечна.[/quote] Ако ти е другарка веројатно и го знаеш карактерот, нејзините особини, дали навистина е таква убава а лесна девојка. Некогаш и вие машките погрешно проценувате девојка, не мора да значи ако е убава и привлечна дека лесно паѓа на сите.
Нема многу да навлегувам во темава, само сакам да искоментирам за повеќето девојки со сингл статус што се жалат како во градот нема веќе асални дечковци и како не може да си фатат нормален дечко; пошто има веќе неколку слични теми и горе-долу истиот муабет се врти. За Скопје конкретно, девојките се преценуваат и имаат, навистина, високи критериуми. Најголемиот дел од нив барем, вклучувајќи и многу мои познанички и пријателки. Глумат ладни, со носовите во воздух и секогаш, ама секогаш кога приоѓа некој дечко културно да размени некој збор, го имаат овој поглед Разбирам да дојде некој што физички тотално ве одбива па да избегате, ама понекогаш треба да се даде шанса и на оние дечки што по вас се “просечни“. Никогаш не се знае како ќе се развие муабетот, симпатиите итн. И како сакате да најдете дечко, ако никаде немате никаква интеракција и бегате од било каква комуникација со машки?! Исто така, мислам дека тотално е смешна темава.
Затоа што : 1.Можеби не налетале на дечко кој прави да се чувствуваат посебни. 2.Не секој може да се носи со тоа убавата девојка сите да му ја гледаат кога ја шета на улица. 3.Постои голема трема и комплекс кај машките да пријдат на убава девојка-ова е од вујко ми кажано. ......има многу причини,може и самата девојка да има грешка во однесувањето,да има проблем со карактерот..може многу да се пишува на оваа тема,само едно е најважно-КАРАКТЕРОТ,без него може да си убава до небото и назад-џабе ти е.
Еве јас ќе ви одговорам,како убава,привлечна и најпопрекрасна девојка у Скопје. Со убава става,коса од свила,дијамантски очи,убаво и нежно лице,а сепак ...овај,да,знаете де каква сум. Идеал! Зашто,зашто?! Да му ебеш матер зашто!!! Што имаш?! Два пара! Кента,јачи! Ете зашто!!! http://www.youtube.com/watch?v=Mj-7L3ZK04E Какво прашање човече...
Еден дечко еднаш ми рече: Убавите девојки имаат иста шанса да фатат дечко како најгрдите..Оние просечните се тие кои имаат дечковци.
А грдите и непривлечни се во pair? Абе ајде, глупости. Ако сама се декларираш за убава и привлечна и све то нај нај, не е ни чудно што си сингл. Ако нешто те гризе од внатре, а самодовербата ти е на нивоу дека си убава, толку поише паѓаш у недоверба дека има за тебе никој. Скини маску да те боље видим. Пробај искажи се у боље издање, тек тогаш можда ќе фатиш дечко.
Луѓе да не претеравте малку со овоа оцрнување на сингл девојките (не убави , привлечни или грди и глупи туку девојки со статус сингл)?Сами биле оти биле убави а глупи,нафурани шмизлички ,лесни можно е да има девојки кои се прецениле себе си не велам не ,има и такви кои незнаат што сакаат,незнаат ниту како треба да изгледа нивниот партнер ниту кои карактерни особини треба да ги поседува,други знаат каков тип на дечко ги привлекува и што сакаат и затоа чекаат да го пронајдат тоа што го бараат и не се впуштаат од една во друга врска чисто колку да не бидат сами и не се задоволуваат со тоа подобро врапче во дланка отколку гулаб на гранка. И јас сум била подолго време сингл и тоа со добра причина ме повредиле некогаш и ми беше тешко повторно да верувам и да завлегувам во врска ,ми требаше време да го преболам бившиот ,не излегував,не се дружев и не бев заинтересирана за друг или да започнам врска . Другата страна на медалот е таа што на таквите девојки можеби им приоѓаат момци кои сакаат само мување ,врски без обврски а има девојки кои не сакаат површни работи и не се впуштаат во авантури. Според мене се е до среќата и сега знам сите ќе речете среќата е за кукавици да се тешат но ќе ви наведам примери дека не е така познавам неколку девојки кои ете имаат убавина,паметни се ,интелегентни,амбициозни,свои се,во врска биле самостојни девојки ,друштвени и имаат пријатели со еден збор девојки кои секој маж би ги посакал но ете истите тие се сингл и секоја од нив е повредена односно оставена од дечко со кој биле па најмалку две години врска зошто ???што им фали ??? а не зборуваме за лесни девојки затоа што искрено овие девојки си имаат поставено добри принципи и јасни цели пред себе одат на тоа се или ништо .Второ а колку од тие таквите грди,глупи и лесни девојки што ги кажавте успеале на вакви девојки и жени да им расипат врски или бракови ???И после велиме до карактер е ,до убавина е,памет е или машкиве незнаат да направат разлика помеѓу нормална девојка и лесна девојка! ај да не ги кажам лесниве со погрден збор!
сингл девојките премногу се оптеретуваат со тоа дека никој не ги забележува, што им фали, зошто и тие немаат партнер-имам другарка која размислува на овој начин машките се откажуваат при првата примена корпа-или воопшто не се ни обидуваат не за џабе се рекло, што е мое, ке си дојде-секое тенџерче има и свое капаче а тоа дека една девојка треба да има карактер за да привлече машко треба, не за џабе се вели-убавината привлекува, карактерот задржува
А да се смени насловот? Ич не е соодветен. Испаѓа дека сите што се во врска автоматски се грди и непривлечни а тие што се сингл убави и привлечни Ама логикаа
ехх да во право си,навистина и јас сум сингл па што?Не сум грда,а не сум лепотица,па пак сум сингл?И што сеа?
Што поубава, тоа поскапа ти е за одржување. Така оди тоа. И да, напиша некој погоре, зошто се филмаат како никој не е достоен за нив, сите им се клошари.
Не значи дека сите сингл девојки така размислуваат. Сум била долги периоди сингл, и далеку било од тоа дека никој не ми се пушта, па да се мислам што ми фали, туку не ми се допаднал некој доволно за да бидам со него, и не сум сакала кога ќе го сретнам тој што ќе ми се допадне да ме види во прегратките на друг. Едноставно, си се ценам доволно, не се преценувам, но нема по секоја цена да бидам во врска, посреќна сум сама отколку со било кого. И среќата има голема улога тука.
Затоа што не умеат да плетат и еклаат. Поносот не им дава да прашаат некој како се заплетува. Ако не прашаш неможеш да знаеш и така ќе си останеш мома по дома