Исто како колите, не? Колку поскапа кола сакаш, толку повеќе ќе те чинат деловите и одржувањето. Јас знам. Ама на денешните машки тоа веќе не им е битно. Многу работи не ги ценат кај девојките. Гледаат само секс во тебе за жал. (Повеќето мислам..)
Убава женска скапа за одржување, да, ама битно ке си имаш убава женска покрај тебе, пуни очи пуни раце
^ А, празна ако е црпката? Да е убавината релативен поим - е. Дека само убавите се сингл - не. Сингл се оние пребирливите и затворените, без разлика дали исполнуваат некаков си критериум за убавина или грдотија, whatever that criteria is. Ќе се повторувам со некои, ама, де кажете ми кој би пришол на дигната женска што се смета себе за лавица и/или тигрица, или пак на некоја што од срам го закопала главчето во земја ко ној, и не ти прави 2 реда муабет? Мислим, колку сака нека се убави на изглед, од кај ќе дознаеш ти што кријаат истите зад тој изглед, ако немаш шанса да им се доближиш? Од друга страна, постојат и убави, паметни, слободни и друштвени девојки кои ја имаат среќата да налетуваат на мажиња што се плашат од таквите, а оние другине се веќе зафатени. Марфи. Да се земам себе за пример, глупо ќе изгледа, кутра јас Џоли или Бијонсе сум, а сингл, ама ај. Да речеме просек, висината и убавата коса нека ме вадат еве, ама ми имаат кажано дека имам некој став, начин на изразување што влевал страв и несигурност да ми пријдат. Што можеби е и вистина, со оглед на сушниве периоди. А, може и сум им едноставно грда, па ме тешат. Така да, баталете го изговорот со убавината, не игра тоа улога, туку пристапот. Не можеш секому да си грд или убав. Секогаш ќе си најдеш соодветно капаче. Ах, да. Не знам колку е точно, ама да ве депримирам малку со рандом факт: секој се гледал себеси во огледало 5 пати поубав одошто навистина е. Додајте дигнатост и нарцисоидност на тоа, и ете ви одговор зошто се сингл. Секој со своја среќа и памет, формула за убавина и љубов нема.
Епа не може да возиш ферари а да плаќаш делови за тико, не иде таа работа . Тој што се смета за лав или тигар секако ќе и пријде а дигнати се 99% од згодните така да не е тоа некој отежнителен критериум, кај нас е нормала . Ако ти се свиѓа и си нејзино ниво ќе најдеш начин да и се доближиш (што не значи и дека ќе ја фатиш ама барем ќе пробаш)
Да ми е знати од каде го извлековте ова... Само изведувате заклучоци и докажувате непотребни теореми Убава и привлечна девојка никогаш не е сингл.Ако сте виделе некоја таква можеби е само период. Верувајте ,ако е така тоа е нејзин личен избор. Во секој момент таа има некого кој ќе ја прошета за рака ,или ќе и го стопли креветот. Многу поважно е прашањето колку се среќни ? Дали некој сака да ги шета како трофеј,или ги сака вистински?
А луничка , некаде пишува дефиниција за убава и привлечна женска како треба да изгледа, при наши услови ??
Зошто убавите и привлечни девојки се сингл? Одговорот е толку едноставен...Бидејќи не е се во убавината...сепак кога излегуваш со некого (без разлика момче, девојка) нема да го носиш на избор за убавина туку бараш некој кој е наблиску до тебе карактерно далеку од тоа дека и физичкиот изглед не е важен, но не е пресуден. Исто мислам дека треба веќе да го напуштаме тоа верување дека машкото треба секогаш да пристапи прво...сепак сме 21 век. Ако мислиш дека тој се плаши да ти пристапи бидејќи мисли дека си "дигната" докажи му го спротивното со тоа што ти ќе го направиш првиот чекор.
Tantica Во право си,не е се во убавината,значи ако сум гледала јас така на почеток некои луѓе мис е толку одвратни,а ако ми се свиѓаат карактерно можат да ми станат најблиски и да ги засакам безразлика што претходно сум милела за нив..
Ubavinata e relativna rabota,toa e vkus,ako na mene mi se dopagja Monika Belluci na nekoj drug ne mu se dopagja,ima devojki sto mislat deka se ubavi a spagjaat vo prosek kako i drugite 90posto e takvite se dignati i se sponzorusi i mislat deka nema momce za niv i ostanuvaat single.
Добро не е само и нејзина кривица , ехе колку јас и било кое машко сме изгубиле убави девојки оти пред да им се ставиме си викаме нешто како ова на пример: -" Кај ќе се ставам и така нема ништо да направам , дај да не си го губам нејзиното и моето време иди напи се и после домче" Ах таа самодоверба .......
^ Ваквиот пример, како што го кажа ти е типичен пример за момциве кај нас. Значи дали се работи за друштвото, за народ од страна што ќе каже, или пак што ако те одбие, сеедно. Ако е за друштво тогаш немам коментар!, ако е за народ што ќе каже иди утепај се, а ако те одбие - па што? И тоа е дел од секојдневието, не е ни прва ни последна. А и што знаеш, можда некад ќе се усреќиш. Битно е да знаеш што бараш од женско. За да на крајот, можда вистинската и не е толку привлечна (со кусо фустанче и штикли 20-ка) туку девојка со соодветна гардероба на себе и памет у главата.
Имам другарка, ем убава, ем добра, згодна, образована , ситуирана колку толку и нон стоп налетува на шутраци од тоа што не е дигната . Комуницира со некој другарски и после кога таа типот ќе го одбие затоа што не е за нејзе, ем грд, ем карактер нула, верувате ли дека и пушта секакви муабети и ја навредува, а девојкава е златна. Еден таков бидала дур не го пријави во полиција не можеше да се откачи. Добрите и убави девојки завршуваат со машки кои не се за нив. Кога еднаш ќе направат грешка, ќе се верат и ќе видат дека не е за нив, после мали се шансите да изберат правилен партнер од страв, од околината...
Кај нас непристојноста, некултурата и сељачизмот се толку станати нормални што секое фино понашање се смета за пуштање и одма сите земаат одбранбен став, у стил чим ми прави муабет и ме вика на кафе мора да му се свиѓам или чим се слага за кафе и ми прај муабет мора да и се свиѓам. Жените се често дигнати, машките коркачи и фалбаџии и заедно се комбинација снова . Цела нација ни е искомплексирана до максимум
Тоа сакав да кажам, ако е жената фина, одма сакаат да ја искористат, а ако е непристапна или не и приоѓаат или ќе чекаат да се опушти, па да ја искористат и сто навреди за неа да кажат.
Еве еден пример, без навреда женски, гледам мислења од девојкиве погоре ниту еден лајк, подолу од XMaN 5 девојки ставиле лајк на мислењето. Треба да се запрашаме, зошто кога едно машко ќе каже мислење тоа е во ред, потполно се согласувам, а ние од женска перспектива-еј па и не е толку важно. Не е само општеството, другарките за женски и другарите за машки, меѓу себе не можеме да се трпиме. Едно е кога другарка ќе ти рече еј па не ти стои ова добро, не ти одговара или си ставила премногу шминка, а друго е кога машко ќе ти рече нешто такво слично. Ако ти рече другарка одма ја гледаш со поинакви очи, ако ти рече машко значи тоа го мисли стварно и ајде сеа ќе му се покажувам нареден пат-можам јас подобро. Единствено ние треба да се преиспитаме како личности, а потоа да збориме за други или конкретно да даваме мислења. Јас ценам ако некој ми каже нешто корисно, дава свој став, без разлика дали е машко или женско, а не ја перцепирам личноста дали е машки или женски пол, убава или грда (не верувам дека постои грда личност, али онака фигуративно се изразувам) и слободна или зафатена.
Ни Јипман2 ни Витомир не добиле ниту еден лајк а се машки што значи примерот ти е промашен. Ајде сега да љубоморам што во СДК некои добиваат по 50 лајкови а некој ниеден, смешно и жално што воопшто се оптеретуваш кој колку лајка добил и дали бил машко или женско. Лајкови се добиваат и ако ти се допадне мислењето без разлика на полова припадност, ако не си знаела Со таков став ги направи жените глупи во стил се што ќе им каже машко го зимаат здраво за готово што со реалноста нема баш многу врска