Зошто убавите и привлечни девојки се сингл?

Дискусија во 'Сингл' започната од teat, 30 јули 2012.

  1. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Како да не, јас сум привлечна, згодна па сум во долга врска! :P
    Шала на страна, не е некое правило дека баш убавите девојки се сингл. Кому како му одговара. Ако е некоја што сака да си шара, а притоа е убава, нормално дека ќе и се пуштаат сите а она ќе сака да си игра и да доминира во таа игра, бидејќи нели и се може и се чувствува исполнето кога и паѓаат на колена(не во буквална смисла на зборот), и додека шета со скршено срце, ќе си е сингл и ќе крши срца.
    А некогаш е па, зошто да има озбилна врска кога може да има повеќе не озбилни врски? (сум слушала од мои сингл другарки доста често).
    Значи релативно е. Кој како си сака, така си прави, а не дека не можела дечко да најде.
    Обично лепотиците се пребирливи, нели бараат некој кој ќе ги исполнува нејзините стандарди. (има и исклучоци, значи не ги ставам сите девојки во еден кош! :!: )
     
    На Emma89 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426
    Мислам дека убаво се изјаснив не правам никого глуп, а и тоа што го пишав беше поврзано и со насловот на темата. И токму поради таквото однесување на машките ќе има сингл девојки, а машкиот род уште ќе пати од тоа да се напие и да оди дома отколу да се "замара" со некоја женска.

    Убаво пишав, од двете гледни точки (машка и женска) треба прво да се преиспиташ себе па после да збориш за други и да тргнеш по тоа што вистински ти треба. Во случајот мислам на девојка или дечко.

    Лајковите (или допаѓањата) ми паднаа во очи кај твојот пост. Затоа искоментирав. Него ај да не се повторувам, нема ни простор ни потреба за дискусија, нели? Инаку колку за информација лично не сум желна за лајк ниту пак обрнувам внимание дал некој добил 50 или 500 лајкови. Форумов го сметам како поле на индивидуални мислења. Во кое спаѓаат и твоето и моето. ;)
     
  3. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Воопшто не се изјасни убаво туку се изјасни погрешно и постави теза со сосема несодветен пример колку жени на форум колку лајка ставиле за да извадиш теза дека жените ги ценат мислењата на мажите повеќе, пример лудило :D. Сега јас ќе ја поништам твојата теза со тврдење дека жените си се ценат себеси повеќе а мажите не ги фермаат зашто на СДК добивате повеќе лајкови од машките (значи се прави родова дискриминација :D ) и плус кога некоја ќе превари феминките најчесто и советуваат да сокрие и сега ќе извадам теза дека сме ние мажите сироти со такви караконџули од жени а тезата ќе ја поткрепам со колку лајкови добиле феминките кои изварале, примеров е како на дете од трето одделение ама е сосема соодветен на твојот :D.

    Едно е што мислиш а сосема друго дали твоето мислење има врска со реалноста а има многу малку. На жена освен ако не си и дечко или многу близок најпаметно е да не го коментираш нејзиниот физички изглед (или некој недостаток) посебно ако е негативна критика зашто секако нема да добиеш позитивна реакција и секако нема да потрча да се прешминка туку ќе те смета за сељак. Толку за тоа тврдење дека од машко се примала секаква критика а од женско не, не е точно тоа.

    Болдот и покрај најдобра намера не го разбирам, заради каквото однесување на машките ќе имало сингл девојки и каква врска има тоа со пиењето?

    Инаку дека машко женскиот поларитет во односите си има своја тежина (и во муабет и во перцепција на работите) не е ништо ново ниту чудно и тука не се открива топла вода и секако критика од некој што воопшто не ти е битен (било машко или женско) нема да го земеш за нешто важно а уште помалку да се припотресеш заради тоа.
     
    На Yipman2 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.077
    А не помислувате дека кај нив постојат емоции, скршено срце, разочарување ... лоши искуства па се држат резервирано?? Или само ако е девојкава убава значи автоматски си дигнала нос и бара невозможно. Грда или убава, ние девојките сме комплицирани и емотивно гладни ... Јас ќе ви кажам дека по убавите девојки во однос на др помалку убави или просечни или како сакате немаат баш толкава среќа да се искрено сакани и секој да ги посакува како материјал за врска, повеќето мажи ги посакуваат само како материјал за секс.

    И немојте да глобализирате.
     
    На rosalka, Tanjamm, fallenangel и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426
    ^^ Ајде Chill out! ;)

    Не сакам да се расправам :) со офф топици и да мешаме баби и жаби, само ќе кажам дека во право е julie77 влијаат бројни фактори, кажав само еден прост и едноставен пример, секој може да сфати како што сака.

    Инаку, има разни случаи и може да се дискутира до утре сабајле. Сепак, од човек до човек има разлика, јас пак знам пример каде преубава девојка си има супер врска, а најдобра пријателка не толку привлечна, скромно девојче, ете ја сингл.
     
  6. DebbieLegg

    DebbieLegg Популарен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    362
    Бах од тоа што го имам видено со мој очи и разговарано со такви девојки: овој не е доволно убав,оној не е доволно богат,третиот и е испод ниво, четвртиот е убав но не е доволно образуван, па ке се залета по некое “ фраериште“ и кога ке види со кого си има работа како да ја изгореле со врело железо, па ајде пак повторно истата постапка од погоре.
    А да исто присутен е и феноменот леле колку сум убава , леле колку сум згодна а од тоа нема ништо :)
     
  7. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    724
    Мое машко видување е дека убавите и привлечните девојки знаат дека можат да го имат кого сакаат, па затоа машките не им се предизвик хаха. :P On the serious side, има повеќе фактори, меѓу кои и bitchiness level кај таквите женски. Сметаат дека ако се убави и атрактивни, го поседуваат светот. Или дека се премногу вредни за да ги има некој. Едноставно никој не е достоен за нив. Или пак можеби уживаат во вниманието кое го добиваат од многу машки и не сакаат да се врзуваат за никого за да не го повредат со “безопасниот“ флерт. Повеќе параметри се во игра. На таквите замислени пи*иња би им препорачал: Chill out bitches. Pu**y ain't guarantee for wonderful life. It ain't a free ticket to everything you want. :D Убавината е пролазна, ама карактерот, душата, добротата и сл. остануваат хехе. Само кул и човечки пристап и се' ќе биде во ред. Има надеж за таквите девојки. :lol: Како и да е, самиот факт дека се барани, прави да се чувствуваат спокојно и да не се замараат многу со љубов затоа што знаат кога и да посакаат можат да имаат дечко. Тоа би бил мојот краток елаборат. :)
     
  8. Poolina

    Poolina Активен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    пред се зашто се пребирливи,тие се убави девојки кои се забележани од другите момци,мегутоа си имаат свој став за тоа како би требало да изгледа нивниот иден дечко.Cпоред мене се сингле затоа што си бараат некој убав и привлечен како нив.Tие девојки сакаат да го имаат најубавиот дечко,го сакаат најдоброто за себе,бидејки знаат дека вредат,пребирливи се,можеби и затоа се подолг временски период сингле .. значи да биде убав,згоден ,да има карактер да биде фин,да ја почитува и да ја сака,да ја цени неа и она што го има покрај себе,зашто тие убави и привлечни девојки вредат..типичен кавалер,паметен,да има кеш,добро воспитан,образован,мангупски настроен шмекер,светски човек...Eдноставо си бараат тоа што им треба,значи зависи што бараат и што сака секоја сингле девојка.Iсто така многу е важен ставот,карактерот и тоа како ке се постави девојката.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Не е баш соодветен насловот на темата.Би требало да гласи барем зошто убави и привлечни девојки се сингл.Баш тоа убавиТЕ прави само девојките што се сингл да се чувствуваат убави :D

    Не може бре на први септември јас да сум убава,привлечна и сингл,а веќе од втори кога сум влегла во врска да преминам во грдите :D

    Не е се до убавината.До среќата е,до харизмата,паметот во глава итн.Само што во голем број на случаи убавината потпомага да си најдеш поубав и позгоден дечко :P
     
  10. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    891
    Пол:
    Женски
    Кога ги читам одговорите на темава добивам впечаток како убава и привлечна девојка е една од сто девојки.
    Од тоа што го гледам околу мене секојдневно, можам да кажам дека секоја трета девојка е убава и привлечна, незнам зошто толку психолошки анализи се прави на Убавите и привлечни девојки и се “мозга“ како што, кога нема никаква филозофија овде. Дали е некој е сингл или не, е ствар на личен избор.
     
  11. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    Господ не казнил нас убавите. :makeup:
     
    На Name, MerlinMonro8 и marama им се допаѓа ова.
  12. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Така е, неможе сеа и лепота и дечко и се :!:
     
    На WildMk, tessie, CharmedGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  13. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Ajde nemoj da se zalite zatoa sto ste ubavi,kako moze da e bozja kazna,ubavinata e privilegija nemoze sekoj da ja poseduva,zatoa uzivajte lepotici nasi Makedonski
     
    На female.3 и bejbi19 им се допаѓа ова.
  14. CurlyD

    CurlyD Активен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    4
    Сите сме си убави на свој начин! Тоа дали сме грди, или убави, тоа е релативно. Секој со свое мислење. И што кога сме сингл? И тоа си има свои предности. Дека ние, женските, сме емотивно гладни, да, точно е, но мислам дека нема потреба да се вознемируваме толку заради тоа. Нели како велат, шо е наше, ќе си дојде :sun:
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  15. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Да пишам на нашки, да ме разбере цел свет.. нели ... Затоа што „таквите„ девојки си го дигаат носето наголемо. Најпаметни, најинтелигентни, убави, витко тело, совршена комбинација! ]:)

    Девојче, секој е убав на свој на свој начин, нема “грд“ човек на земјата, сите сме убави на свој начин, сите имаме и мани и доблести. Не си ја сретнала личноста, затоа така размислуваш. Нормално, за некои машки нпр. ја сум грда а на некој можеби сум најубава. И спротивно. Не е се во надворешниот изглед, туку и она моралната убавина е многу поважна од физичкиот изглед кој што го гледаме во огледало. Незначи дека некоја има некој кг + и е грда, дебела, свиња.. ( не сакам да навредам никој, не ми е таква намерата) оваа делба, не доваѓа од спротивниот пол, него од нас самите, од женските, па после плачење, лелекање... :?:

    И мене ме прашуваа зошто немам дечко, измислуваа муабети. :?: Некои за “проблем„ се факаа за тие некои плус кг. :?: ма дај! И баш, видиш ме прашува некоја млада девојка со “витка„ става која до вчера била очајна за љубов, а денес да, навидум и цветаат рози, ме прашува зошто немам дечко за да ја прашам јас после неа па да почни да данка, да се убедува самата себеси колку е добро да си во нејзина кожа.. ах леле... :|
     
    На Bibko му/ѝ се допаѓа ова.
  16. rrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrr Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    178
    Со ова воопшто не се согласувам :!:
    Не е точно дека убавите девојки се сингл, како пример и доказ за тоа се илјадници девојки кои се преубави и имаат момчиња.

    Според мене сингл се две категории на девојки. 1. оние девојки кои сакаат да бидат сингл и така им е убаво, што незначи дека тие девојки се грди или не им се привлечни на момчињата, статусот сингл е нивни избор. 2. во втората категорија се оние девојки кои се вообразени а немаат причина за тоа. Па таа вообразеност ги заслепува и нереално мислат дека тие се најубави што всушност не е точно.

    Според мене нема убави и грди девојки. Има девојки кои се сигурни, самоуверени, шармантни и харизматични, а од друга страна се оние вообразените :envy: .

    Неможеме убавината да ја поврзуваме со статусот на една девојка :emo: . А и од каде го извлековте тој заклучок дека убавите девојки се сингл или некој така се теши ;)
     
    На Winterborn77 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. BBojana

    BBojana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    5
    Да, има убави девојки, ПРЕУБАВИ, и служат за тоа да си го направат секој кејф, да ти го превземат дечко ти и кога ке наидат на нешто подобро ке ти го шутнат назад! сингл се затоа што така повеке им одговара...
     
  18. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Леле да лепотиците ти се криви што твојот неможе да си го задржи во гаќи |( Поглупо мислење амин :x
     
    На WildMk, Sanniii, La.Reina.Del.Sur и 4 други им се допаѓа ова.
  19. awayfromyou

    awayfromyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    299
    Пол:
    Женски
    не сум сингл,ама кога бев си викав "за убавите и привлечните девојки/жени ГОСПОД чува некој посебен" хихихихихи :$
     
  20. DebbieLegg

    DebbieLegg Популарен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    362
    [​IMG]
    Нема ништо посмешно од девојка која што за себе има мислење дека е “ лепотица “ :D
     
    На EleMental, Bibko, Rose96 и 2 други им се допаѓа ова.