Има и женски кои си сакаат да бидат сингл. Имам другарка доста постара од мене. Има 35 год, изгледа како да има 27 год, убава, згодна, ама не сака да биде во врска или во брак. Или ако фати дечко, тоа е онака време да помине, не да се врзува па да се омажи за него. Фина си е, образована, ама ете така сака. И год не ги кажува на секој, мене еднаш ми кажа која генерација е, а на другите им смалува по 3-4 год.
Јас воопшто не се согласувам со ова дека баш убавите и привлечни девојки се сингл! Зошто се сингл? Зошто се најубави и сите ги сакаат нив ама они незнаат со кој попрво да бидат? Глупости. Според мене сингл девојчињата најчесто премногу бираат. И секако си имаат превисоко мислење за себе. Имам вакви две другарки и ми се иде шамар да им залепам коа ќе ми кажат дека неможат дечко да си фатат! Има и такви што нејќат да се замараат со дечковци бре. Што сакаат да искачаат, пијат, лумпуваат, флертуваат без грижа на совест после. Е така сингл женски што сакате дечко, ќе се погледнете уште еднаш во огледало и ќе ги намалите критериумите за принцот на белиот коњ што го чекате на врата да ви затропа. Спојлер Всушност јас мислам дека умешноста на жената не се гледа во тоа дали ќе фати дечко и кој ќе го фати, туку во тоа дали ќе го задржи истиот ~ И да, ништо поише не ме нервира од муабетот "Леле онаа си фати дечко, јас уште НЕ" ! :roll: и бокс!
Донегдека се согласувам со ова,но за да ти пријде некој мора прво да му се засвиѓаш на изглед.Ако си му грда нема ни да сака да седне да направи муабет со тебе,па како ќе знае каков карактер имаш?Што значи..Убавината привлекува,а карактерот задржува.И што е најважно треба да бидеш опуштена со машките,да си правиш најнормален муабет,а не да се срамиш.Ако си убава,а с цела здрвена и ќутиш кога ќе дојде,џабе ти е убавината.
Не ми се верyва дека постои ваква тема. Па ова не е логично? И што подразбирате под "yбава"? Верyвајте, ние имаме повисоки критериyми за yбавина од машките, тие се онака повизyелно ориентирани према "атрибyтите", да имаат да се Фатат за нешто. Сингл Девојко, не очекyвај воопшто дека некој некогаш ќе ти пријде. И тоа не зашто си yбава, тyкy заради промената на арената-ова е век на онлајн состаноЦи. Точно, можеш да Флертyваш и лично со некој Фраер, ама yште сега знам што он ќе си мисли за тебе: "еј, топ женска, тyкy ај ја може ќе се избрyкам шо ќе се мачам за џабе си имам 300 ФБ 'дрyгарки' за лајкање." И ќе дреме Цела вечер пред компјyтер. Како и ти. Како и сите ние сега. Времињата се сменија и ние се сменија. Јас мојот дечко го запознав на ФБ. Јас мy пријдов прва, ако приоѓањето е Чет. Јас прва мy ставив лајк. Зар да чекам он да ми пријде прв?! Ова е нова ера, и ние девојките треба да преземаме иниЦијатива. Без гајле нема да мисли дека си лесна ако прва мy пријдеш. Така можат да мислат само оние неизживеаните а такви верyвам не ти требаат. Е сега, не ти викам 24/7 онлајн, тyкy искочи некад напрај Фотки закачи ги на wаll. И обавезно користи го Fоursquаrе кога твиташ/постираш бар дyри си сингл. Така ако имаш некој таргет ќе знае кај си и ќе те замислyва тамy, ќе мy биде криво што не е тамy и ќе направи се' за прва прилика да се сретнете. Вака правев јас кога бев сингл, онака оld fаshiоn ми одеше побавно, кај и да тргнев во поxод се осеќав ко да сyм во геј бар; на една маса само женски, на дрyга само машки... И така, иде викенд, се надевам дека моиве совети ќе помогнат... *За сите сингл девојки кои не сакаат да се тоа.))
Ленни ме потсети на сестра ми!! Таа викаше "Еххх времињата ќе се променат, ќе дојде време кога девојчињата ќе им се пуштаат на машките, ќе дојде време кога машките ќе ги нарекуваме курви и ќе ни бидат одбивни ако биле со повеќе женски" Се извинувам за офф топик
Паа најверојатно 1) Сакаат да се сингл 2) или нешто не е во ред со нивкиот карактер 3) или не се толку убави 5) или на машките им се попривлечни оние секоја вечер со различни што се муват и што се шетат сo пола ци*ки разголени и пола гс откриен Спојлер јас се извинувааам [ извинетее ) btw јас сингл сум а причина немам
Оти многу голема важност и придаваат на убавината, си мислат дека го заслужуваат најубавиот и си мислат дека није могуче да су сингл и упорно пукаат мнооогу високо(најјачи фрајер у град) а овој па не може на сите да им погоди и потоа почнуваат да кукаат.. како јас таква убава паметна сама да бидам?? Па следува очајот, кој смрди на километри и на крај.. не се интересни и убавината паѓа у вода.
можеби затоа што се презаситени од врски, авантури и сл и сакаат малку да се посветат на себе и на својот живот
Е како бе одма нешто и фали во мозокот? Па и ти си сингл, во мозокот ли ти фали? Еве, јас иако се мував долго со еден, можам сепак да речам за себе дека сум сингл две години, ( не го рачунам мувањето). Не сум нарцис, но свесна сум дека сум привлечна. Можеби не сум сретнала некој што ми се допаѓа толку за да не бидам повеќе сингл. Сплет на околности е, не е еден фактор , па да го издвоиме. И среќа, среќата е потребна за се во животот, па и за да сретнеш некој кој ќе те привлече со изглед и карактерно ќе ти се погоди.
sweet25 незнам дали добро ме свати,зборам за девојки што се сами само затоа што мислат дека нема за нив дечко во Мк, е таквите ме нервираат,нормално дека секој си бара партнер како што им одговара,тоа е комплекс на вискока вредност од типот јас вредам,а другите не ми се ни до колена,за таквите мислам дека им фали нешто во мозокот.поздрав
Затоа што машките се плашат да им пријдат и мислат дека такви девојки се недостапни и имаат на секој прст по еден иако е обратно,секогаш понепривлечните се склони повеке кон превари затоа што повеке се наметнуваат и дури подкожа им се пикаат на машките,а маж како маж не издржува јуначко машко срце,подлегнува на тоа затоа што полесно му е така отколку да се помачи кај некоја згодна и привлечна жена
Ај да е ПЕРИОД кај мене не е. Веќе скоро 2 години е вака. Несакам никој, нити планирам да се заљубам додека сум жива. Некако воопшто не ми е до врска. Понекогаш кога ќе ја видам другарка ми со дечко и заљубенки си велам зошто не и јас кога можам, ама после кратко време се предомислувам. Се случувало понекогаш од досада да излезам со некој неколку пати и тоа е. Колку да помине меракот.