1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зошто упорно запаѓаме на погрешни мажи?

Дискусија во 'Сингл' започната од MaceMacee, 27 ноември 2014.

  1. MaceMacee

    MaceMacee Активен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2014
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    6
    Очекувам размислувања на оваа тема зошто мора тоа да е така според вас?
     
    На missbotwin му/ѝ се допаѓа ова.
  2. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.681
    Допаѓања:
    97.907
    Пол:
    Женски
    Кога еднаш завршиш со погрешен маж е игра на случајноста,вторпат е навика а третпат е веќе проблем на психата.
    Се е тоа избор и како ги наредиме работата во својата глава.
     
    На Еlinas23, glosipgirl, missbotwin и 6 други им се допаѓа ова.
  3. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.998
    Се согласувам дека ако завршиш еднаш со погрешен маж е игра на случајност но доколку лошиот избор се повторува неколкупати тогаш веќе станува збор за нешто многу подлабоко.
    Знам девојки кои се чувствуваат живи само кога се со некој што не ги заслужува. Зависни се од тоа тој упорно да не им обрнува внимание или да се однесува лошо а тие упорно трчаат по него и да му се потчинуваат.
    Според мене овде голема улога играат околината, начинот на воспитување и комплексите на истата таа жена. Свесни сме дека доколку некој ме воспитува од дете дека јас треба да бидам жена која што ќе му слугинува на мажот и покорно ќе го слуша тогаш големи се шансите да направам погрешен избор и притоа таквиот однос да ми биде нормален.
    Е сега тука има и еден друг фактор а тоа е општеството. Живееме во време каде што материјалното е на пиедестал и е пред се останато така да другите морални вредности се занемаруваат со што сме подложни повторно да направиме погрешен избор.
    На крајот на краиштата ништо од ова немора да биде причина туку едноставно сите сме живи луѓе кои што е логично еднаш или повеќепати да згрешат и да бидат со некој кој што не ги заслужува, да не е така веројатно тогаш не би учеле на сопствените грешки, воопшто не би можеле да ја споредиме таа врска со некоја друга и да сфатиме дека сепак може да биде подобро, се додека свесно си одиме од тие погрешни мажи и застануваме на нозе, се до тогаш ситуацијата не е алармантна.
     
    На Emily Dora и Miss.M5 им се допаѓа ова.
  4. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.187
    Затоа што нив ѓи има многу повеќе од оние квалитетните, кои знаат да ценат и почитуваат девојка.
    Но вие жените имате и една вродена мана, секогаш повеќе ве привлекуваат оние кои си играат со вас и вашите чувства, отколку оние искрените.
    Но никогаш заради некој кретен не ставајте ги сите мажи во ист кош, како што ни сите жени не се ку*ви ако некој имал среќа баш да налета на таква.
     
    На Emily Dora, barbiegirl.24 и Annath им се допаѓа ова.
  5. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Па затоа што ќе го видите еј згоден е , сигурно е добар , еј лош бил , ај за мене ќе се смени , јас ќе го сменам , и така циклусот си врти и врти
     
    На Emily Dora, XMaN, whieeagle и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Одговор на прашањето:Оној што упорно запаѓа на погрешни личности не знае да процени карактер,не знае што сака и не знае што заслужува.
     
    На missbotwin, Miss.M5, Valerin и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Acisal

    Acisal Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    165
    Normalno e da zapagate na pogresni mazi. Poveketo od mazite se pogresni, i statisticki se podrazbira deka vo najgolem del dobrite devojki ke dobijat pogresni mazi. Dobrite mazi se retki, i se raboti za srekna okolnost ako nekoja devojka dobie dobar maz. Taka sto toa e zakonomernost i nemoze da se izbega od toa. Treba zenite da bidat poobuceni kako da se spravat so pogresnite mazi za da go izvlecat najdobroto od takvata tragedija.
     
    На MaceMacee и Anja98 им се допаѓа ова.
  8. MaceMacee

    MaceMacee Активен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2014
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    6
    и тие добри девојки стануваат лоши, не верувваат во машките затоа што некој ги изневерил или не се однесувал соодветно или едноставно ја искористил.. тоа е тоаа
     
  9. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.131
    Допаѓања:
    2.126
    Еднаш да згрешиш разбирам, секој греши, вториот пат е веќе сопствен избор. Но мислам и дека се е до очекувањата што ги има секој. Не треба да се лета во воздух, туку треба да се стои на земја. Колку помалку очекувања толку помали шансите да се разочараш :)
     
    На MaceMacee му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MaceMacee

    MaceMacee Активен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2014
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    6
    во право си! :)
     
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Не знам дали е разгледуван овој аспект од темава, ако сум меѓу првите што го начнува, супер. Ако не, пак супер де. :D

    Некои карактеристики остануваат, тоа е факт, но некои искуства знаат и те како да не` дообликуваат во некои не толку ситни и споредни аспекти.

    Зарем немате слушнато приказни за тоа како некој маж со едната бил еден (ја нервирал, и` праел сцени, ја зафркавал) , а со другата бил како сосема друг човек (ја гледал како капка вода на дланка) ? Па трачот продолжува со чудење како тоа било возможно. Па да. Не остануваме сосема исти по една врска, тоа е факт. Kaко ниту по кое и да е друго емотивно посилно искуство.

    Ниту пак може да останеме. Партнерот не` учи, без разлика дали сме мажи или жени. Ова немојте да си го сфатите во стил „ќе затруднам од него/ќе ја затруднам, ќе се регистрираме и он/а ќе се смени.“ Не. Тој процес на дообликување на една личност е многу поспонтан и поподмолен процес.

    А има многу влијание и како партнерот ќе се постави. Како некој ќе знае да те почитува ако не се поставиш како личност којашто заслужува почит? Зошто постојат закони воопшто? Затоа што, колку повеќе работи му се дозволени на човек, толку пострашен станува. Така функционираме. Ретки се оние неверојатно доблесни луѓе (и мажи и жени) на коишто не им е дадено до знаење дека треба да се однесуваат со почит кон партнерот и сепак го прават тоа. Намерно правам муабет за почит и грижа, затоа што, кога правиме муабет на темава, кога ги нема овие две и љубовта е речиси залудна.
     
    Последна измена: 29 ноември 2014
    На NoellePage, Daydream, XMaN и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Темава е дискутабилна, а впрочем и многу фактори зависат од изборот. Нема да должам многу, само ќе кажам дека за воља на вистината, сакате лутетете се` сакате не, мое мислење е дека има многу незрели луѓе кои не знаат што е тоа вистинска љубов. Во потрага се само по авантура, забава, и ете ќе се најде некој партнер/партнерка која ќе им се допадне малку повеќе и мислат дека е тоа љубов, а истата е еднаква на добар секс провод на одмор или во диско неколку дена и толку. Да, факт е дека моментите си го прават своето, јас тоа него одрекувам тоа, меѓутоа за една личност да знаеш дали ти е компатибилна потребно е многу повеќе од добар помин. Мислам до некаде дека и заедничките интереси се во прашање, начинот на размислување и изнаоѓањето компромиси. Но, со оглед на динамичното темпо на живот кое го водиме се` помалку е возможно да се дојде до еднакво задоволување на потребите на двајцата партнери.
    Како и да е, жените на тоа поле ми се чини се малку позрели од мажите па затоа на крај и остануваат незадоволени. Ретко кој маж може да ги исполнува основните критериуми на вистински џентлмен, кој својата девојка ќе ја третира како што заслужува без притоа да очекува некаков орден за возврат во вид на трампа. Башка, се повеќе ќе сретнете и онакви ,,фраери'' кои само глумат, додека нивните манири се сведуваат на отварање врата од автомобил, собелкување на палтото на девојката, потргнување на столчето за да седне и толку. Тоа секако останува само за пред народ, и се случува само во почетокот на врската, дур по извесно време не си го покажат вистинското лице, па се во стање столот од глава да и го акнат на партнерката што се вели. Секако, секоја чест на исклучоците кои за жал ги има во се помал број (иако јас не сум чула за ниту еден), бидејќи сите мои пријателки се жалат.

    И да, заборавив да одговорам на прашањето на темата..Причината поради која се почесто жените налетуваат на ,,погрешни'' мажи е еднакво пропорционална со нивното постоење.
     
    На Bitter-Sweet, BabyyBoo и Bubamaricka им се допаѓа ова.
  13. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    И мене ме занима зашто толку многу жени западнале со погрешни мажи. Не сакам да мислам дека се мазохисти, па ајде да речеме дека има некој друг одговор.
    Јас не запаѓам на такви, може се десило некогаш случајно ама затоа коа ќе видиш со каков суртук си имаш работа, фаќаш патот под нозе и што подалеку. Ова жениве камикази малку чудни ми се...
     
  14. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Мене па ме интересира кои се погрешни мажи? Која е дефиницијата за погрешен маж?

    Може грешам, ама по моите дефиниции нема погрешен маж или погрешна жена, има само ваков или таков карактер кој е или не е компатибилен со мојот или твојот.

    Оној маж кој за една жена ќе биде погрешен (како што јас сум бил за некои девојки), за друга ќе биде совршен и една жена која за мене била (погрешна), за некој мој другар ќе биде совршена.

    Чувството дека константно налетувате на погрешни мажи го имате зашто само еден од стотина различни карактери ќе одговара со вашиот. Кога на тоа ќе додадете колку мажи во соодветна возрасна граница имате, соодветен социјален статус со вас е, изгледа доволно привлечно да го погледнете, соодветен етникум и религија е и уште неколку други без врска критериуми кои си ги поставувате... излегува дека математички гледано, само еден во 10 илјади може биде добар партнер. Затоа и толку многу се погрешни. :@
     
    На glosipgirl, missbotwin, galapce и 13 други им се допаѓа ова.
  15. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    3.936
    Допаѓања:
    30.769
    Пол:
    Женски
    Така ни било пишано во книгата на Бог. :D
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    2.092
    Пол:
    Женски
    Веројатно се мисли на мажи кои не соодветни/компатибилни со нашиот карактер како што кажа ти.
    Дека постојат жени што постојано наоѓаат мажи што се крајност од нивната крајност постојат, меѓутоа одговорот лежи во психологијата дека тоа што ние го сметаме како непродуктивно и разочарувачки во нашите особини НЕ го бараме во друга индивидуа од спротивниот пол.

    Јас би препорачала само да се бараат истите мизерни и лоши особини што ги поседувате кај друга личност. Дозволете да излезат на виделина наместо да се потиснуваат затоа што изреката „слично со слично се радува“ не е наменета само за вашите добри карактеристики и предности. Само така ќе можете да остварите среќа и баланс на долг временски период. Секое надополнување како што се прикажува во книгите и филмовите е чиста фикција, односно фантазии кај поединечно други лица на глобално ниво.
     
  17. LadyVamp

    LadyVamp Активен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2014
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    79
    Ја колку идиоти у животот и да сум имала никад не сум го ни викала ни помислувала ова ептен глупо ми е. Не е работа еден да најдеш и цел живот да тераш со него,тоа скоро никад не се дешава,ако се деси супер,али сакаме или нејќеме пак ќе налетаме на личност со која не се совпаѓаме. Па боже мој живот иде даље. И ќе сретнеме различни морони,и ќе испаднеме морон ние,па пак све си иде понатака.... Нормално си е тоа у животот.
     
    На missbotwin му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    1.988
    Мислам дека не е проблемот во жените туку во мажите, денес не остана маж кој е добар, грижлив, и стабилен... Сите се направени женкаришта кои гледаат само да ги искористат девојките а другио ден ги заболе :) за нив.. Таков е менталитетот денес, мажите размислуваат само како да си ја направат секоја вечер по забавна, како да имаат повеќе девојки на листата и тоа е тоа.. тие ќе бидат најјаки, најголеми фраери во друштвото.. мислат дека постигнале се а уствари не постигнале ништо.
    Не е до девојките. Девојка како девојка, колку брзо се заљубува толку брзо и се одљубува, ќе и го привлечи некој вниманието.. ќе се прави внимателен ќе и симнува ѕвезди и доволно е таа да се залета, после што испаднал гојдо не е нејзина вина.. Не можеш денес да препознаеш кој е лажго а кој ја кажува вистината, се е испомешано.. За жал не останаа добри мажи, но добри девојки има и тоа многу, а тие малкуте добри мажи или се заглавени со некоја лоша девојка, или пак им е страв да пријдат па си седат во комфорт зоун со надеж дека ќе им падни добра девојка од небо.. :|
     
    На black-angel и MaceMacee им се допаѓа ова.
  19. MaceMacee

    MaceMacee Активен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2014
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    6
    ТОЧНО! :*
     
  20. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    Секој маж ќе биде погрешен, се додека не го најдеш оној вистинскиот за тебе.
    Твојот погрешен маж, ќе биде вистинскиот маж за некоја друга....
     
    Последна измена: 1 декември 2014
    На glosipgirl и LadyVamp им се допаѓа ова.