Зрели мажи во врска со тинејџерки

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Srckata28, 29 јули 2020.

  1. Srckata28

    Srckata28 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    2.192
    Допаѓања:
    8.309
    Пол:
    Женски
    Почнаа девојки од моја генерација да постираат како се вериле. Затоа што се трудни. Од нивните 30 годишни дечковци. Ми се плаче. Само што завршив средно. Не можам да замислам како им е. Цел живот уништен заради нечии предаторски тенденции и заради општество кое го нормализира тоа, а не го нормализира абортусот како валидна опција во ваква ситуација.

    Предатори. Манипулатори. Одвратни и гадни. А не можеш ништо да направиш за да помогнеш. Срцето ме боли некако.

    Модератор: Дискусија одделена од темата СДК
     
    На littleflower, Skylar, Aribeth и 21 други им се допаѓа ова.
  2. Star_dust

    Star_dust Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    5.313
    Пол:
    Женски
    Можеби девојките сакале да се мажат. Не можеш така да осудуваш.

    Да, постојат многу случаи каде
    што се приморани да се омажат ама исто така постојат доста случаи каде што желбата за брак е обострана.
     
    На elenaxbbg, Blackandwhite123, trajkoska23 и 30 други им се допаѓа ова.
  3. Принцезичка1

    Принцезичка1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2016
    Пораки:
    921
    Допаѓања:
    4.623
    Пол:
    Женски
    Малку се пронајдов во твоето мислење.
    Бев 3та година средно кога една другарка забремени и се омажи, имаше многу пари и голем потенцијал за учење, но не ги искористи.Тогаш кога дознав дека ќе се мажи и дека е бремена на 16години мислев дека си го уништила животот и ја осудував, неколку години подоцна гледам дека таа е среќна во нејзиниот избор и ужива во животот чекајќи го второто дете.
    Уште неколку мои 20годишни другарки се мажени или ќе се мажат за брзо(бремени), иако не ги подржувам, немам право да ги осудувам бидејќи не знам што точно мислат и сакаат.Секој си одлучува како му одговара.Некој е подготвен за брак на 18години, некој не е подготвен ни на 28години.

    Сакав само да ти кажам дека постојат големи разлики во приоритетите на луѓето и колку побрзо го сфатиш тоа подобро.Не е се како што изгледа.
     
    На Плавуша123, daylight, zuto и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    7.220
    Допаѓања:
    50.587
    Пол:
    Женски
    Цел живот уништен заради тоа што ќе родат бебе? Поим немаш што збориш. Гледај си раабота и не си го пикај носот кај што не ти е место.
    Какви предаторски тенденции бре, какви манипулатори, најнормални дечковци фатиле, какви монструми ги направи, леле што прочитав
     
    На Blackandwhite123, Naked Gun, daylight и 16 други им се допаѓа ова.
  5. GirlRose

    GirlRose Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    3.302
    Допаѓања:
    17.402
    Најдобрата ми другарка е бремена.
    Млада е многу, 19 години.
    Ќе бев покрај неа што и да одлучеше.
    Одлучи да го роди.
    Посреќна ја немам видено во животот.
     
    На Srnaa, cresa-jagoda, flawless. и 12 други им се допаѓа ова.
  6. Aqualina

    Aqualina Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2020
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    920
    Пол:
    Женски
    Јас имав познајничка која едвај чекаше да се омажи за дечко и и да роди, а девојкава во рани 20ти.
    Лани водов дека се омажи за тотален анонимус од странство, така да желбата да се омажи и роди од било кого била огромна. Разочарувачки е кога ова ти е единствена амбиција во животот, ама според мене, неа животот и се смени во насока за која мечтаела откако станала свесна за себе и својата женскост. Наравоучение нема што да им судиме, или прифаќаме дека тоа е нечиј личен избор и најголемо животно достигнување или не прифаќаме се чудиме, разочаруваме ама па што е битно како ние се чувствуваме во врска со тоа?
    Нивни живот, нивна среќа, како се задоволни така нека чинат.
     
    На glosipgirl, SummerGirl, edna_malecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    1.575
    Допаѓања:
    9.267
    Пол:
    Женски
    Ни мене не ми е во ред 30 годишни мажи да бркаат тинејџерки, средношколки. Очигледно ни една на нивна возраст не би им ги трпела глупостите.

    Нема никаков проблем млади да се венчаат и да остане бремена. И двајцата ако се на приближно истата возраст, заедно ќе созреваат.
    Овде станува збор на зрели (барем би требало да бидат) мажи со формирани ставови и искуство, кои одат со средношколки. Девојчиња кои допрва треба да се пронаоѓаат.

    За да стигне до венчавка, да претпоставиме оделе барем една година. Средно завршуваат на 18 години. 29 годишни мажи кои одат со 17 годишни, малолетни девојчиња, мене никако не ми е нормално.
     
    Последна измена: 30 јули 2020
    На lolitaspurgatory, VictoriaSan, Aribeth и 34 други им се допаѓа ова.
  8. Srckata28

    Srckata28 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    2.192
    Допаѓања:
    8.309
    Пол:
    Женски
    Поентата не ми беше за младо мажење, поентата ми беше за мажите кои трчаат по тинејџерки и ги манипулираат за да тие дојдат до ваква ситуација.

    Ако на вас ви е мило да браните такви ненормални предатори слободно, јас веќе кажав колку е нормализирано ова. :puke:
     
    На lolitaspurgatory, Trxmx, PaLaVa и 17 други им се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    10.085
    Допаѓања:
    128.132
    Пол:
    Женски
    30 годишни мажи не прат ништо сем grooming на тинејџерки. Нема тука слобода да се изрази како сака девојчето, мажјакот како сака ја "учи" користејќи ја младоста и формирањето на карактерот. Место сама да се бара, некој друг ја моделира. Гнасно. Има парови со големи age gaps ама кога то е тинејџерка и некој 25-6+ годишен е загрижувачки оти се во башка "светови".


    5:16 тука го збора то ама ептен е слеано со следната точка за точно да дефинирам до кога.

    Видеото е за мажи шо намерно прат груминг на млади девојчиња, не мислам дека толку свесно го прат кај нас.
     
    На littleflower, crimson, Lolipop23 и 23 други им се допаѓа ова.
  10. Srckata28

    Srckata28 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    2.192
    Допаѓања:
    8.309
    Пол:
    Женски
    Само на овој ЖЕНСКИ форум како млада девојка можам да кажам нешто за заштитување на други млади девојки кои се манипулирани од постари мажи, а дружина домаќинки! ни 3 секунди не почекаа да одбранат како секој има различни амбиции што никогаш не ми беше ни поентата. (facepalm)
     
    На Yowannty, christinnn, crimson и 23 други им се допаѓа ова.
  11. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    12.043
    Допаѓања:
    159.392
    Пол:
    Женски
    ти не звучиш ко да ги заштитуваш туку како "кутрите мали душички некој ги лаже, а јас најпаметна, никој не ме излажа".
    уживај, секој за себе си носи одлуки. и да не и одговара на некоја фала богу може да ја смени таа одлука.
    позанимавај се со себе, у животот ќе носиш и добри и лоши одлуки. исто и тие.
     
    На Blackandwhite123, daylight, flawless. и 14 други им се допаѓа ова.
  12. Angie1432

    Angie1432 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    2.632
    Допаѓања:
    13.476
    Пол:
    Женски
    Не е дека на 18 години сите се глупи и наивни, колку паметни и манипулаторки знаат да бидат и млади девојки.
    Се согласувам, некои се излажани, заљубени и не се свесни во што влегуваат, ама има и такви кои сами си ги местат работите и не би рекла дека се жртви на предатори.
     
    На sierra, glosipgirl, daylight и 10 други им се допаѓа ова.
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    20.005
    Допаѓања:
    130.242
    Пол:
    Женски
    Моја врсничка на 18 години беше условувана од нејзините или факс или брак.
    Се знае што избра,со врсник се разбира.
    Што беше понатака не знам.
     
    На SummerGirl, marlonbrando69 и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  14. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    12.913
    Допаѓања:
    162.075
    Пол:
    Женски
    А да читавте до крај пред да напаѓате? Никој не ви го чепка пресветиот статус на мајки и домаќинки, чил. Девојката спомна значително постари дечковци, околу 30 годишни. Сериозно ви е сосема океј едвај полнолетни девојки само што излезени од клупи у задолжително образование, да затруднуваат и да се мажат со толку постари мажи? Сериозно не го гледате проблемот и ви е исто empowering избор како учење и надоградување? :|
    Па јас барем не можам да се препознаам од крај на средно до сега, којзнае како би можел тогаш да ме измоделира по негова мерка и затупи толку постар човек што трча по тинејџерки, скраја да е.
    Озбилно почнувам да го преиспитувам тој мејнстрим концепт на изедначување на секакви „избори“ кај жената без ни да се погледне подлабоко во тоа колку се навистина добри за неа...
     
    Последна измена: 30 јули 2020
    На mimi333, Priroden, GoodGirl45 и 53 други им се допаѓа ова.
  15. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    10.085
    Допаѓања:
    128.132
    Пол:
    Женски
    Е ова. Ова е то клучното.

    И во темата за разлика во години пишав, сосем океј е да се има голема разлика во години. Ама зошто сакаме да ти заштитиме најмладите, нашата иднина, тинејџери со многу постари е red flag пошто баш тој адолесцентен период најмногу менуваат и се бараат и оформуваат. Многу поприродно е оформувањето ако е со врсници. Многу по крипи и оди накај grooming ако е од некој значително постар чичко. Дете и ... Чичко. Не знам како не гледате проблем во ова. Видеото шо кладов е од секта како предлагаат wife grooming и е многу екстремно али гледајте го. Ако со то гледате проблем, а не гледате со ова членката @Srckata28 шо пиша еве не знам шо да ви речам ... Оти јас истото го гледам само шо разликата можи да е свесен груминг или несвесен.
     
    На type-c, PaLaVa, Elf и 22 други им се допаѓа ова.
  16. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    7.220
    Допаѓања:
    50.587
    Пол:
    Женски
    Никој не е ретардиран за некој да го манипулира туку едноставно може си го сакале тоа и заедно си ја донеле одлуката. Не знам дали ќе дојде ден кога ќе прекинете да се мешате таму кај што не ви е место
     
    На Blackandwhite123, elimkd, gjoker4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    6.904
    Допаѓања:
    103.624
    18 години имаат, доколку не се присилени на брак и деца -ок е. Изманипулирани или понесени од моментална желба и идеја? Врло веројатно. Ама нема да е прва претстава за живот која се изјаловила некаде попат, впрочем како и со многу желби и планови, често не излегуваат по замисла. Со тек на време, растеш, созреваш, можеш да смениш насока ако не ти одговара, не значи дека нечиј живот завршил со мажачка и раѓање. До 35 детето ќе и порасне а таа има време за нов почеток, нов маж, нова работа, усовршување, образование, место на живеење...нов живот. Ако сака.
     
    На Lovelynne, SummerGirl, IRBBB и 9 други им се допаѓа ова.
  18. Aqualina

    Aqualina Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2020
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    920
    Пол:
    Женски
    Еве јас ке ти кажам од примеров на познајничкава. Од 16 години беше во врска со 4 години постар дечко и планот и беше кога ќе дипломира на 22 да се омажи со него и да роди одма, а он и викал дека сака да се жени по 28-30 години, значи она 22 тој 26 и таа би требала да го чека едно 2-4 години за брак.
    Неа и беше сон и најголема амбиција да е млада мајка. Со дечкото ништо не бидна и се омажи со тотален анонимус од странство едно 12-13 години минимум постар од неа.
    Така да во ситуацијава колку и да не ги оправдувам тие предатори мора да истакнам дека поред категоријата предатори имаш и категорија жени со амбиција рано од дома да излезат и влезат во ''своја дома'' и родат на млади години.
    Ај сега што со таквите кои намерно не сакаат да се потрудат да створат нешто свое и се пробаат на пазарот на трудот да видат како оди сама да заработуваш за себе, се прахрануваш и плаќаш сметки?:?:
     
    На Iva9612, DraganFem, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. wings12

    wings12 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2020
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    195
    Факт е дека има група на мажи што начукале по 30 години и бараат жена. Ги има и по Пазар3 како бараат невести, и да стварно да ви се верува има такви, ништо лошо со тоа. Ама, ти свесно да изманипулираш 17 годишно девојче, да спие со тебе, да ја забремениш и да и уништиш живот е нешто друго!

    Од друга страна имаш такви девојки што бегаат од нивните домашни проблеми и си создаваат свои семејства. Тие си имаат своја желба да станат мајки на млади години, едноставно мерак им е!
     
    На lolitaspurgatory, candy.cane, edna_malecka и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Star_dust

    Star_dust Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    5.313
    Пол:
    Женски
    @Srckata28 главен проблем во твојот првичен пост е тоа што сите ги сведуваш на исто рамниште. Не можеш за сите истото да го мислиш. Едноставно реалноста е таа, постојат девојчиња кои се приморани на брак, НО постојат и доста девојчиња кои сами го избрале тоа.

    Јас не спомнав дека ги поддржувам тие 30 годишните кои средношколките ги прават робинки. Ти употреби доста погрдни зборови за сите нив, ги стави во исто ќоше, но главната поента е дека постојат исклучоци. Не сите бракови се такви какви што ти ги опиша.
     
    На Blackandwhite123, daylight и Aqualina им се допаѓа ова.