Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зрели мажи во врска со тинејџерки

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Srckata28, 29 јули 2020.

  1. Wallker

    Wallker Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2018
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Машки
    Во последно време сум сведок на доста жени коисе 30+ па влегуваат во брак со дечки кои се околу 20-26г ии сега овие жени предатори се манипулатори, гнасни....???? Не бидете смешни секој си има право да си оди по патот кој мисли дека ќе му најповеќе годи а тоа дали ќе го згреши никој неможе да знае, впрочем сите грешиме, тоа ако партнерите се со разлика од 10 +,- години незначи дека е грешка. Е сега според мене најубави години за брак се околу 30г, искрено и мене не ми се допага кога се мажат, женат на 20 но сепак и тоа си е нивно право...
     
    На edna_malecka и elimkd им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Тоа за злоупотреба на авторитет.
     
    На raww и Nausicaa им се допаѓа ова.
  3. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    Живо ме интересира темава да ја начнеше мажена мајка дали дискусијава ќе забегаше во сите можни насоки. Вреѓајте се колку сакате ама а на форумов се спомне брак, бременост или деца од страна на немајка одма следи тригерирање.

    9 страни дали е во ред малолетничка да оди со дечко постар 10+ години. Не, не е во ред, предаторство е, grooming е, па и педофилија и статутарно силување ако дошло до сексуални односи. Дел од мислењава на темава се страшни ама во исто време даваат кристално јасна слика за менталитетот на народот и се одлично објаснување зошто толку многу млади си заминуваат од тука (hint-не се парите причината)
     
    На Плавуша123, neno0o, mssuniquee и 17 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Ако имале врска со нив, кога овие биле малолетни, тогаш се предатори.
     
    На edna_malecka, S.W.A.G, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Тек тогаш кога ќе отидеш во западна Европа или USA, па ќе видиш што значи педофилска култура и колку е таа распространета на сите страни, а и законите колку ги штитат.
     
    На edna_malecka, Srckata28 и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Мислам дека не. Освен ако се работи за присила.
     
  7. wings12

    wings12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2020
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    195
    Ако има некоја на форумов што на млади години стапила во брак со постар човек нека сподели искуство. Баш ме интересира како тие го доживеале тоа.
     
    На edna_malecka и LadyLollypop им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Не бе, исто важи за од 14 нагоре: злоупотреба на службена моќ.
    https://www.wipo.int/edocs/lexdocs/laws/mk/mk/mk018mk.pdf
     
  9. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.869
    Допаѓања:
    18.032
    Пол:
    Женски
    Мислам дека голем дел од вас не ја сватија поентата на темата.
    Врска на 30 годишен зрел маж со девојче од 17-18 години никогаш нема да биде во ред, за мене а верувам и за поголем дел од вас. Никој не вели дека си педофил ако девојката има 16-17 години ти 20-21.

    И не никогаш нема да ги поддржам тие, и сметам дека девојка која се омажила на 18 со 30годишен човек си го уништила животот, лутете се колку сакате. За мене тоа значи дека таа не го видела животот, јас на 18 годинии јас сега на 22 сме тотално различни личности. И дечко ми знае да рече колку сум променета од тогаш до сега, ама и тој е, сме созревале заедно, е ова е сосем нешто друго, од тоа што се дискутира на темава.

    Еве вака замислете:
    Утре здравје боже сите ке имаме деца, имате ќерка која е тинејџерка има 16-18 год. ви кажува дека има дечко и дечкото има 28-30 години. Како би постапиле? Или да ви рече ке се мажи за истиот тој човек и дека чека дете?
    Зарем јас не сум успеала да ја научам во животов ништо важно? Таков шамар би си добила на неуспех.

    А за господата што се влечат и лепат по малолетнички таква казна би им дала да не би ја преживеале. Таа е дете а тој маж, тој треба да знае да размислува ако таа не знае. За неа е оправдано живот е пред неа, треба уште многу да учи, ама тој го поминал се тоа што таа треба да го помине, за да стигне до неговото искуство и години. Не велам дека нема опасни девојчиња кој намерно бркаат постари за да се омажат, има и такви. Ама дека тоа е нешто нормално, НЕ Е.
     
    На Плавуша123, neno0o, mssuniquee и 12 други им се допаѓа ова.
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Сериозно мислиш дека ќе читам се? Кажи во кој член пишува дека врска помеѓу две полнолетни лица е кривично дело ако едниот од нив е професор или надреден?
     
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Можеше да пребараш.
    Член 188 и Член 189
     
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    И?
    Каде прочита такво нешто?
     
  13. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.813
    Допаѓања:
    17.597
    Пол:
    Женски
    Законите не ги знам секаде и да, секаде се распространети овие мажи што бркаат тинејџерки. Ама разликата е што не, таму не ги оправдуваат вака. Таму ова се смета за Grooming. Самиот факт што цел термин измислиле за ваквиве мажи, укажува дека не е игнориран општествено овој проблем како кај нас.
     
    На Purplelilac и theowndemon им се допаѓа ова.
  14. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.314
    Допаѓања:
    170.666
    Пол:
    Женски
    И мене не ми се чита цел закон.
    А имам слушнато дека кривично дело било и врска меѓу пациент и доктор?
    @WildMk точно е ова ?
     
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Па злоупотреба на моќ, која ти ја посочи, важи исто за сите, без разлика на возраст.
    Член 189
    Мислам дека спаѓа во злоупотреба на службена должност, ама не во сите случаи.
    Ако навистина е злоупотреба, односно, ако е со уцена: Ќе те лечам, ако имаме секс (карикирам)
     
    На mal.ecka, Biljarkata и Bubce38 им се допаѓа ова.
  16. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Разговарај со некој кој живее многу време на Запад, за да ти објасни убаво колку педофилијата е заштитена таму. Индиректно.

    Не сум сретнал нормален човек во Мкд, а јавно да не ја осудува педофилијата. Јас би смртна казна за педофилите, али јас не ги пишувам законите.
     
    На Carolin. и edna_malecka им се допаѓа ова.
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Зошто ми губиш време?

    (1)Тој што со злоупотреба на својата положба ќе наведе на обљуба или друго полово дејствие лице кое спрема него се наоѓа во однос на подреденост или зависност или со иста намера го малтретира, застрашува или спрема него постапува на начин со кој се понижува човековото достоинство и човековата личност, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.
    (2)Наставник, воспитувач, посвоител, старател, очув, лекар или друго лице кое со злоупотреба на својата положба ќе изврши обљуба или друго полово дејствие со малолетно лице постаро од 14 години кое му е доверено заради учење, воспитување, чување или нега, ќе се казни со затвор од една до пет години.


    Под 1 пишува за уцени, присила и злоупотреба и затоа @Bubce38 се смета за неетички и докторите избегнуваат врски затоа што може законот да го употреби за да го тужи докторот дека ја искористил довербата на пациентот и го изманипулирал. Инаку не е нелегално.
    Под 2 убаво си пишува -малолетно лице постаро од 14 год. Не полнолетно.
     
    На Biljarkata и Bubce38 им се допаѓа ова.
  18. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.813
    Допаѓања:
    17.597
    Пол:
    Женски
    Изгледа не си ги прочитал страниве наназад. Ментални гимнастики да се оправда врска на средношколки со возрасни мажи.

    Законите секаде се тиња по ова прашање, за тоа се согласувам. Се додека не станува збор за 30 годишни жени што одат со 16 годишни момчиња како честа појава. Тогаш ќе видиш како брзо и ефективно се менуваат закони.

    Станува збор за општествено прифатена или неприфатена појава. Тоа е разликата.

    А за закон за педофили, сепак не ме смеј. Овде немаме ни регистар ни ништо. Си шетаат слободно и гајле немаат.
     
    На Carolin., Biljarkata, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Па истото е.
    Не е само по себе казниво сексуален акт помеѓу полнолетен и малолетен, туку само во одредени случаи, односно, злоупотреба на моќ.

    Ако нема злоупотреба на моќ, односно, не е старател, родител, доктор, наставник, и тоа лично на тоа дете, тогаш не е кривично дело.

    Што значи, рендом лик од 40 години, може да има секс со редном малолетник од 14 и тоа законот вели дека е во ред.
     
  20. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.126
    Допаѓања:
    5.415
    Пол:
    Женски
    Ради тој Запад, денешната младина мисли дека се што лета, се јаде. Стапуваат во сексуални односи прерано (под 18 год), неинформирани за преносливи болести, несакана бременост и сл.

    Грозна е помислата 30+ годишен со 14-18 годишна да имаат сексуални односи, тоа е педофилија. Дури и 19+ со 14-18 годишна исто е педофилија доколку имаат односи.
    Не е педофилија случајот од @Dream-Girl каде што дечкото 20+ не ја терал на секс и и кажал дека нема да имаат додека не стане возрасна личност, што според мене тоа е зрела личност.
    А оние 18+ девојки со 30+ и покрај тоа што не изгледа вкусно, ако навистина има љубов, разбирање и неманипулирање од ниедна страна, според мене е ок. Ретки се случаите, но сепак ги има. А грумингот не верувам дека има некој што би го подржал...
    Ама да не го занемариме и фактот дека има многу малолетни, (поради тој Запад) кои единствена желба им е да најдат некој постар, зрел маж со пари (шугар деди), што не е во ред.
     
    На edna_malecka и Abracadaver им се допаѓа ова.