Мене ми е... интересно што ја викам језиво ми е да ми приоѓа мене некој од 30 години, а тие ме убедуваат не, не сосема е океј.
Се осудува, 30 годишната. Обратно, не се осудува 30 годишниот. Пак се осудува тинејџерката. Таа пак што мајка барала со 30 годишен.
@WildMk Тука требаше да заврши нашата дискусија, не да тупиме за на крај ти истото да го кажеш, демек така си мислела од старт.
Ама ако тебе ти е језиво, на некој не му е. Повеќето девојки сами сакаат повозрасни мажи, што не ти е јасно не разбирам?
Ја не сум девојка прво и второто дете касно го раѓам. Тотално небитно за темава. Треба да добијат извинување и оние млади кои се упорно ругани ради тоа што решиле да раѓат деца на млади години, ама никогаш не добиваат, него постојано се раѓаат нови и нови теми со осуда кон нив. Затоа што истите тие луѓе кои се полни со обзири со жените кои решиле подоцна да раѓаат, се груби и без обзири за оние кои родиле деца порано. Како бе така?
Грешка си за ова. За жал. Се додека најголемиот дел од машката популација аплаудира кога ќе се објави дека професорка силувала ученик, ништо ама баш ништо нема да се смени. Да нема недоразбирање, не аплаудираат што е уапсен предатор, туку се гордеат со дечкото што ја плеснал учителката. А тоа што дечкото (дете конкретно) е жртва на силување и манипулации, тоа не е важно. Тоа што цел живот ќе го помине во терапија и можеби никогаш нема да може да заснова здрава (и емотивна и сексуална) врска, и тоа не е важно. Според батињата од светот, треба да слави и да се весели што ебнал нешто. И вечно присутното прашање -каде биле секси учителките кога тие биле во школо? Ми се гади, искрено.
Имаме испишано доста страни, ако ти се уште цврсто браниш ова, стварно не знам што да ти кажам. Да живее педо култура, а?
@Nausicaa да, ама тоа за секс. Што би се случило кога 18 годишниот би им соопштил дека ќе се венча со 30 годишна? Особено па ако им соопшти дека чекаат дете и он решил да не оди на факултет, да се посвети на семејството.
Ај не тропајте многу јас кога се фатив со дм имав 18 години он имаше 25 и тој не ме "подучувал" и не ме манипулирал за ништо, напротив дечицата на моја возраст нешто само се филмаа и мислеа дека сѐ што лета се јаде и до тогаш максимум врските ми траеле по 2 месеци. Додека сега, 2 години сум со овој "предаторов" мој кој е еден од најдобрите луѓе што ги знам и иако сега има 27 ништо не ми спомнал за брак и за дете, се што знам и сме зборувале е дека еден ден ќе сакаме да станеме родители. И јас бев осудувана од другите и не знам што си помислина за мене и него, ама ова е најубава врска што сме и ја имале двајцата до сега, и вооошто не ни беше гајле. А, и за сексот, ми рекол кога ќе бидеме двајцата спремни, тогаш ќе биде. Беше после 9 месеци од врската. 2 years going strong многу осудувате
Ќе го носат на психијатар. Озбилен одговор ми е ова, ќе мислат дека очигледно тотално се мрднал и споулавел! Или егзорцист ќе викнат Ок, Македонија е ова, по бајачки ќе тргнат.
Епа во секој случај нема да одобрат. Сигурно нема да речат, твој избор сине, ако си ти среќен те поддржуваме.