Екстремно ретки се таквите појави. Ама не заборавај дека тука лани имавме ситуација каде дете од 11 години било злоставено од 22 годишна и првиот одговор беше - чим ти се дигнал, си сакал. Од жена ова напишано. 18 годишни девојки ете нека се незрели, ама 11 годишно момче треба да знае ерекција да контролира.... Иако беше трол најверојатно, одговорите си го кажаа своето. На темава против сум за врски на тие години во кои разликата е преголема.
Со само тоа што си 18 год, веќе си полнолетна, имаш право на глас и можеш да правиш што сакаш, притоа последиците ќе си ги сносиш сама доколку правиш нелегални работи , а дали си зрела или не, тоа е друга ствар. Има и 40+ па уште не се зрели
Јас нигде не спомнав дека поддржувам педофилија. Јас колку што те читав зборуваш за веќе полнолетни девојки коишто имаат полни 18 години и што влегуваат во врска или брак со 30 годишен маж, и тука не гледам ништо лошо и страшно. Да не одиме во крајности како што поназад @WildMk има спомнато за 14 годишни, тогаш не сум луда да го поддржувам тоа.
Според моите субјективни лични ставови, брак на 18 години е погрешна одлука без разлика дали се работи за женско, машко или нешто измеѓу. За раѓање деца па да не правам муабет. Сметам дека му должиш на детето да имаш живот пред него за после да не пробуваш да го живееш преку него. Како и да, конкретно на темава, секако крипи ми е. Најстариот што ми се има пуштено беше 25 години, а јас 16, ми се згади животот. А не па некои 30 години или повеќе, едноставно ги гледам како чичиња и ништо не би ме натерало да стапам во врска со некој толку постар. Таа динамика не е за мене. Сепак, тоа не значи дека не постојат девојки што баш тоа го сакаат и би биле среќни да се во брак уште на 18. Законот вика дека на 18 си доволно зрел да знаеш дали сакаш или не сакаш да стапиш во брак, а за разлика во години закон нема. Тоа значи дека сме оставени на милост и немилост на нашето сопствено расудување. Дека сите девојки во ситуацијава се жртви, не се согласувам. Некои сакаат да се астронаути, некои сакаат шугар дедис, не е на нас да доделуваме етикети или пак да ги ограничуваме со закони. Ама да, во најголем дел, барем тука кај нас, шаблонот е тој, одат со чичиња додека се малолетни, на 18 се мажат со истите чичиња и раѓаат дете, и викаат дека се среќни. Можеби се, можеби и не се. Битно брак и дете не е одлука што се прави преку ноќ, и не треба да дозволиме да нè изманипулира некој до тој степен. Знам, гаден е фактот што на 18 од нас се очекува да анализираме, размислуваме и внимаваме петнаесет пати повеќе од *посилниот* пол, ама светов е спремен да ни ги зарие канџите во буквално секој момент. Затоа, ако се фатите како почнувате да имате чувства за некој што ви кажува работи од типот ,,зрела си за твои години", ,,посебна личност си", и ако изгледа too good to be true, бегајте подалеку и не се вртете назад.
Има разлика меѓу педофилија и култура поткрепена од педофилија, а јас се изјаснив дека сметам дека за темава педофилија не е најсоодветен израз, ама не е ни далеку.
Спомнав помали од 18, затоа што законски не се заштитени од 14 до 18, а за да некој/а стапи во брак на 18, многу е веројатно дека врската почнала пред да наполни 18.
Прво, закон за педофилија во Македонија не е можен. Од многу аспекти. Ќе ти објаснам. Кој тоа ќе оди во ромска, албанска или турска фамилија да ги осуди за педофилија ако ќерката ја омажат на 16 години со договорен 25 годишен ерген? Знаеш колку такви бракови постојат по Македонија? Многу. Посебно по селата. Никој нема да се дрзне на таков чекор. Според закон тој брак, покрај тоа што е принуден, е педофилски. Без разлика дали се вљубени, се сакаат или не знам што, но дека некој ќе ги осуди, казни, тоа мало морген.
Да прави грешки ама секоја грешка си има последици ,така функционира светот . Јас за блиска личност би ми било криво и би пробала да ја вразумам а за другиве нивен проблем не ме интересира нормално. На 18 години веќе е полнолетна и сама одлучува свесно така да никој не им е крив,никој не ги присилува сами си сакале , познавам една личност што на матура беше со стомак до заби и беше као јас не ве разбирам вас како можете да бидете со врсници као нејзиниот чиче бил многу создреан она не би можела да е со помал и ги ругаше другите машки несозреано будали Амаа затоа кога ја видов последниот пат изгледаше ко ходајуча мизерија . Сама си го одбрала тоа а последиците на неа и се одбија од глава така да никој не и е крив јебига.
Зборувате како сите да се присилени на брак на 18 години. Едноставно некои тоа го сакаат, и не треба одма да им се суди. Темава отиде скроз на друга фреквенција.
Никој не ги осудува девојчињата! Предаторите се тие против кои се вергла цело време. Возрасните мажи кои се плеткаат со средношколки, нив ги осудуваме.
Епа затоа ќе биде законот де, за да се казнуваат тие што не го почитуваат. Тоа е поентата на имање закон за нешто.