Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зрели мажи во врска со тинејџерки

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Srckata28, 29 јули 2020.

  1. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    И 19 годишен со 17 годишна не е легално.
    Всушност огромен процент од средношколците одат со некој од 4та година или студент.
    И ќерка ти многу веројатно е дека може да најде полнолетен дечко кога е малолетна и? Ќе ги пријавиш? Или ќе ја советуваш да е отворена со тебе и паметот в глава. И толку
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Легално е.
     
  3. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.280
    Допаѓања:
    9.105
    Пол:
    Женски
    Епа зошто да не е легално 17 годишна со 30 годишен?
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.126
    Допаѓања:
    5.415
    Пол:
    Женски
    Да, ама кај нас знаеме како функционираат законите, за жал, се уште постои мито...
     
  5. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.813
    Допаѓања:
    17.597
    Пол:
    Женски
    Легално е и 14 годишна со 60 годишен, во Македонија.

    Но дали е тоа во ред или не?
     
    На tinka-mace, Purplelilac, theowndemon и 7 други им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Легално е.

    Добро, читате што пишувам, или не?

    Возраст за согласност за сексуален чин во Македонија е 14 години.

    14 годишно дете, законски може да има секс со личност од било која возраст.

    Тоа е проблемот.
     
    На tinka-mace, Purplelilac, Pixi5 и 6 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    И за тоа се виновни сите.
    Ко на било која тема, ќе речам: Сигурно познавате луѓе кои работат во правен сектор... МВР, ЈО, судство.
    Оти не ги прашате, зошто не си ја работат работата за која се платени?
     
  8. flawless.

    flawless. Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2020
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Тинејџери се од 13-19 (ако нема некое поместување), така да насловот на темата не соодветствува баш со мислењата кои претежно се за малолетници. 18 со 28, 19 со 29 и така натаму, јас не го сметам за педофилија. Не знам какви примери имате вие во секојдневието, ама не сите во вакви врски се присилени на нешто. И не резултираат секогаш со несакана бременост или брак.
     
    На belchy, Frosty! и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  9. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.126
    Допаѓања:
    5.415
    Пол:
    Женски
    Ради алчност кон пари! Секој сака да зграби повеќе. Жално е, но тоа е реалноста.
     
  10. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.430
    Допаѓања:
    60.532
    Пол:
    Женски
    Леле човече што си пишала :|
    Прво и основно никаде нема осуди, грди зборови и слично. Ниту пак селското го тера некој или портретира овде дека таквите жени се заглавувале во кујна а мажот пие на кауч. Темата е прерано изгубено детство, а не дали некоја ќе биде измеќарка во куќата или не. Дали целиот товар на куќата паѓа на жената или не е сосема друга тема, односно дали постои делба на обврските или не. Никој не си прави селски филмови, напротив дебатираме за една тема која е огромен проблем а како што гледам многу луѓе уште го имаат тој закоравен статус по ова прашање.

    Ова што си го пишала е коренот на целата ситуација. Како што спомнав во мојот претходен пост, од вакво размислување, со психичко малтретирање, оптеретување и притискање на жените дека мора да се мажат млади пошто биолошкиот часовник им отчукува, дека мора да се мажат дури можат деца да раѓаат, дека мора да се исполнат како мајки пред да е доцна се прават катастрофални грешки.

    Во животот може да погрешиш. Може да одбереш партнер кој не ти одговара, може воопшто да не најдеш никој во рани и доцни 20ти. Ниту е срамно, ниту е страшно тоа. Секоја жена различно си ја наоѓа среќата и нема ништо погрешно во тоа да сака прво да се осигура во изборот на партнер. Баш напротив медицината што ја исхејта толку многу им помогнала на жените што стварно не знам како ви доаѓа да речете дека "туцање по клиники", "неуспешни инвитра" и слично се нешто што сами сме си го барале ко не сме му ја мислеле на време. Не можам да плукам по медиицната која толку жени ги усреќила, а не ги казнила пошто "задоцниле"

    Од тоа мажи се за да не мора после по клиники да се влечкаш еден куп жени погрешиле. Во најблиска фамилија го имам случајов, прекинала тетка ми долга врска, за потоа поради притисок од домашните да не остане немажена стапила во брак одма со наредниот дечко. Да, има деца, да ги сака најмногу на цел свет, ама не е среќна покрај човекот што го има. И тоа се пробуваме цело време да ви го објаснеме, дека во животот најубаво е кога правиш нешто заради тоа што тебе ти е убаво и го сакаш, а не ради тоа што некој те забременил, од дома те притискаат, те потат со биолошки часовник или старински муабети дека "стара мома немажена" не е добро.

    Огромен проблем е тоа што 30+ годишни мажи одат по малолетнички и ги подведуваат. И тоа не се само сингл кои си бараат невеста, туку има и еден куп женети што дома ги чека жена а ваму пуштаат пијачки по сепариња на женски друштва. Ова лично мене ми се случило, да присустувам на Пиволенд кога другар на мојот бивш дечко им затвори на скајп на жената и детето а после им се закачи на две 17 годишни девојчиња. Имаше 33 тогаш, свежопечено директорче влезено во Ден Билзаријан филм.

    За ова треба да се дига awareness и да се советуваат девојки да внимаваат пошто многу лесно потпаѓаат под влијание, затоа што се во тие години, a не да им се кажува да трчаат пошто инвитро ги чека.

    Да резимираме, се што е со љубов, со сопствена волја правено, без притисок е убаво. Се што не одговара на ова е погрешно и не треба никако оправдување или романтизирање на истото.
     
    На Annath, Mr. Scratch, Unicornus и 11 други им се допаѓа ова.
  11. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Значи
    Полнолетни девојки имаат прао да абортираат во случај да останат бремени без да добијат дозвола од некого.
    Полнолетни девојки имаат право да се мажат без дозвола од некого.
    Вие можете до утре да го тупите со солење памет
    Ама ако некоја сака да се омажи и роди дете не значи дека уништен и е животот или дека нема егзит.
    Ако сака утре ќе се разведе ко што се разведуваат и други.
    Јас кога почнавме имав19 маж ми 29. Завршив факултет, работа, пасе омажив, и тако даље, и никогаш не сум се почувствувала манипулирана и нема човек штоне рекол дека ние двајца совршено одговараме. Тоа што вас ви вријат хормони и мислите дека ќе го освоите светот после средно, феминизам, бла бла, а соученичките ваши загреота родиле дете, тоа е само една обична тинејџерска бунтовност и ништо повеќе. Ако мислите па дека законите не се ко што треба, што да ви кажам освен да направите еден протест на кој ќе им ги претставите најновите медицински откритија за фронталниот кортекс :rofl: па може ќе сменат закон :yawn:
     
    На flawless., Snowflake97, LovelyGirl3 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    Абе море имат лујџе си се саквет. Оти не ви се верват?
    маЧедонија е ова.
    се мојт да се десет.
     
  13. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.624
    Пол:
    Женски
    Знам многу вакви 'мажишта' од мојот град, мислам целиот град ги знае не дека јас некое откровение имам сторено и сите они имаат ист ментален спој.
    Игнорирани се од жените на своја возраст, неостварени лично и професионално, зелени тикви кои саглам муабет не можат да врзат, несигурни под таа навидум дон жуан маска.
    Созреан и психички стабилен човек никогаш нема да се возбуди на ДЕТЕ и тоа е факт !
     
    На Annath, Ugly Duckling, Amellie13 и 13 други им се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.113
    Допаѓања:
    67.094
    Пол:
    Женски
    Зошто упорно ова го зборуваш? Веќе неколку пати се повторува дека не е а тоа темата, не е темава за прерано станување мајка, има друга тема за тоа.
    Конкретно е за мажите кои се пуштаат на девојчиња.
    И ај да беа сите такви што одма одаваат крипи вајб, ама не се, има доста препредени. И не е само за тоа дека се омажиле, туку е за фактот што има такви да одат по помали девојчиња.
    Па мене коса на глава ми се крева да замислам околу ќерка ми некој таков да се врти. Треба да се зборува дека не е океј тоа и девојчињата да се посвесни за што вссушност станува збор.
     
    На ElenaOfRivendell, DiCaprio, Amellie13 и 14 други им се допаѓа ова.
  15. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Па на секого ќе му се крене коса на помислата дека некој таков може околу детето да му се врти, не само тебе. Само поентата е дека не се сите такви, и поентата е дека не се на 18 години девојчињата толку многу смотани за да не можат проценка да направат со каков си имаат работа.
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.129
    Пол:
    Женски
    Гледам дека се осеќаш засегната од темава ама немој те молам да пробуваш да нормализираш нешто што не е нормално .
     
  17. flawless.

    flawless. Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2020
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Што не е нормално ако можеш да ми објасниш? Бидејќи многу теми се измешаа.
     
    На Snowflake97 и Mantub им се допаѓа ова.
  18. burthdaykake

    burthdaykake Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    Иако јас не би одбрала да се мажам на 18 години, не мислам дека доколку некој стапи во брак, на истата возраст, му се уништува животот. Зависи, во каква фамилија ќе влезеш, каков е партнерот и секако, околностите.
    За разликата во години би рекла дека е избор. Луѓе си бираат постари партнери и тоа не е педофилија.
     
    На Snowflake97 и flawless. им се допаѓа ова.
  19. Frosty!

    Frosty! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Не знеаев дека се' уште се форсираат млади луѓе на брак, и дека биолошки часовник откуцава итн. Мислев дека тоа е заборавено во времето. Не сум нешто редовна на форумов, ама редовно ве читам и тие што го пишавте ова сте помлади чинам од мене. Јас низ "растењето" не сум добила впечаток ни за себе ни за моја околина дека некој притиска некого на брак и деца, напротив, повеќе ни се зборувало за образование, нејсе.

    Ги читам коментарите и некако се направи селекција, дека мажите од 30 што одат со 18ки се предатори, а девојкиве се бајчиња. Лично не ги доживувам мажите како многу префригани битија, и баш спротивно, жените отсекогаш ми биле за восхит со нивната снаодливост, итрина. На крајот сите се водиме од лични примери, а мажите во мојот живот, зборувам за маж, брат, пријатели, колеги..се секогаш "посмотаната" страна. И знам и други кај што има во брак, врска, голем генерациски јаз, и откако девојката/жената ќе се "испили" малце истите завршуваат. Отидов оф топик, муабетот ми е дека не е се црно и бело, не се ни лева и десна рака исти, не се сите луѓе исти. А, предатори, манијаци има од сите генерации, и 2 години да е повозразен, па макар и помлад од девојката, ако е таков човек, ќе успее во што сака, и ми се грози од таквите.
     
    На Priroden, flawless., jacqueline.s и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Аха ти мислиш јас толку лесно се вознемирувам од рандом луѓе по интернет за моите животни избори :rofl:
    "Не е нормално" не е аргумент
    Кога ќе образложиш зошто полнолетна девојка не е нормално да биде во врска со 10,12 години постар, напиши ќе те читам. Пошо се досега што прочитав беше - мене ми е одвратно.
    И мене ми е језиво 14 годишна со 30 годишен. Ама на 18 години децата не се толку многу глупави колку што многумина ги направија во темава. Ако некој има предаторски манипулации, поверојатно е дека на 14 годишен ќе го изманипулира, а не на 18. Не дека нема, се има, секакви исклучоци. Ама апсолутно не е точно дека на 18 години девојките немаат појма, се заљубуваат и во несвест паѓаат. На 18 години деца во други држави одат да студираат. Па сигурно не си ги сметате децата за толку неспособни да не можат да направат проценка. Треба да се има доверба. Да, летаат со паметот на 18 години. Ама не дека се толку многу незрели да не можат да препознаат лажење. Барем повеќето
     
    На flawless., elimkd, edna_malecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.