Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зрели мажи во врска со тинејџерки

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Srckata28, 29 јули 2020.

  1. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.036
    Допаѓања:
    5.913
    Има и на 30, има и на 40. Членката спомна за 18годишни затоа и беше вратено дека има и 18годишни што се глупави и не резонираат.
     
    На burthdaykake му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Има и на 18 години што прават нуклеарни ракети или софтверски програми, а други, пак, на 30 години само кладилница играат секој ден. Олабавете со генерализација.
     
    На mimiiiii, Cherry333, jacqueline.s и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.804
    Допаѓања:
    33.748
    Пол:
    Женски
    Затоа ја прашав како се гледа за 10 години.На 18 мислиме најпаметни сме , а толку сме неискусни:(Прво мислев дека е против за тие што се мажат млади па си реков зошто да не.Ама после самата кажа дека против голема разлика.Ако маж од 30 не може да излаже некоја од 18 . Фали само да е сладкореч;)
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Јас со маж ми ( добро ниту затруднев ептен млада, ниту се омажив ептен млада, тоа го направив во "нормална возраст" само што одевме дечко и девојка ), ми беше со него поубаво одколку со мој врсник пошо со него можев да направам озбилен муабет, буквално не се осеќав со никого поразбрана и толку лесно да ни одел муабетот како со никој друг. Врсниците мои не ми одговарале тогаш, нив повеќе ги интересирале работи во кои јас не се пронаоѓав, не излегував по дискотеки, не се пијанев, не дека ми беше забрането, едноставно не уживав во такви активности најпросто кажано. Нашата врска беше сосема обична, немаше ниту притисоци, премногу отворена, со премногу комуникација, и баш тоа што тој имаше повеќе животно искуство ми годеше пошо ми ги разбираше сите "женски" емоции, застануваше и ме слушаше со трпение ко терапевт. И ден денес е таков, нешто што никогаш не сум во сретнала тогаш кај 19 годишен врсник. Што е и нормално, на 19 год си бунтовен, не се замараш многу многу :) Јас сакав сериозна врска, тој сакаше сериозна врска. Ние ко дечко и девојка, излегувавме на кафе, на некоја вечеринка, дома ќе дојдевме ќе си направевме вечера и ќе гледавме филм :) никакви манијакални сценарија што вие си ги замислувате, најобична врска
    мајка ми исто се противеше на толку разлика, ама кога го запозна рече вие сте неверојатен пар и тој е неверојатен човек
    не велам дека нема секакви случаи, ама пак ќе кажам, девојки на 18 години не се толку смотани, знаат да препознаат и да се тргнат, барем грото знаат
    не дека нема бремени, има, и во моја генерација имало, ама реално многу многу често, еден момент што го заборавате е дека многу затруднеле од врсници
    исто е многу глупав момент, девојките не си го уништиле животот ама чичковците им го уништиле
    а бе девојките не се ретардирани кога ќе сфатите :) може ќе им го уништеа животот ако ги силуваа, а вака под чиста согласност ако се случи несакана бременост на пример, двајцата се еднакво одговорни :)
    ко што пишав, на 18 години одат во други држави живеат и таму има шанса да сретнат све и свашта и вие не сте тука да ги заштитите моментално
    значи мора да се има доверба во детето малку
    зрелоста не е иста на 18 и постар, ни јас не сум била иста, ама не се ни 18 годишните толку мутави да не можат да резонираат какви намери има некој
     
    На Frosty!, M.B., jacqueline.s и 4 други им се допаѓа ова.
  5. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.036
    Допаѓања:
    5.913
    Темата е за девојчиња кои се манипулирани од страна на повозрасни мажиња. Имам лични примери каде што тие постари мажиња ги манипулираат и несвесно ги моделираат да изгледаат според нив. Дури некогаш жртвата е и свесна за тоа но со ставот ќе се промени или ме сака не го прекинува тој циклус на манипулирање. Личноста потсвесно толку многу ќе и влезе затоа што ретко кој со 18 години има изградено свое јас и затоа ќе ги прими неговите ставиви. Тек после 18тата година започнува вистинското градење на карактер. Затоа не е пожелно на 18години да стапуваш во брак и деца да раѓаш. Во темава се разговара за овој тип на луѓе, многу испомешавте. Имам другарки што одат со вакви дечковци. И да многу ми смета кога ќе видам од каква во каква личност е доведена и што веќе не можам да помогнам.
     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.430
    Допаѓања:
    60.527
    Пол:
    Женски
    Јас само да си кажам дека на 18 глупа ко кур бев :D
     
    На Принцезичка1, Frosty!, ElenaOfRivendell и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Немој да ги мислиш дека се толку беспомошни. Ако сакаат ќе го прекинат тој циклус. Ако не го прекинат одма, со тек на време ќе се свестат. Ако не го прекинуваат врло веома веројатно дека и тие добиваат нешто повратно од таа врска. Зборот ми е, да не ги жалиш премногу дека некој ги малтретира, а тие не можат да излезат. Секој ако сака, може
     
    На raww му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Мене воопшто не ми се допаѓа врска на 30 годишен со 18 годишна девојка, но тоа е мое субјективно мислење. Уставот и законите дозволуваат такви врски. Крај на приказната. Што нам ни се допаѓа е ирелевантно во случајов. На следните избори гласајте за политичка партија која ќе воведе нови законски мерки. До тогаш ќе си молчите, т.е. ќе си молчам.
     
    Последна измена: 31 јули 2020
    На ElenaOfRivendell и edna_malecka им се допаѓа ова.
  9. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.153
    Допаѓања:
    88.464
    Пол:
    Женски
    Разликата кога имаш 18 и 30 год. е огромна.
    Кога имаш 30 и 40 и 40-50 не е .
     
    На Mishela, ElenaOfRivendell, Biljarkata и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Повеќето мислења на темата успеав да ги прочитам, но не сите. Видов дека повеќе теми сте успеале да начнете, па врз основа на тоа и моите ставови се некако поделени. Но, на самиот почеток, она што ми смета е насловот на темата. "Зрели мажи во врска со тинејџерка", самиот факт, што тој маж е во врска со тинејџерка е доволно голем за да зборува за незрелоста на тој маж! Значи, уште еден доказ плус дека возраста не е мерило за зрелоста на личноста.

    Второ, никако не ми е јасно за што би разговарале овие двајца? Што е тоа што би му било заедничко и би ги држело заедно? Маж, на 30 години, веќе оформена личност, со работа, свои примања, свој стан, свој живот, а од друга страна девојче на 18 години, штотуку завршило средно образование, сеуште бара пари од мама и тато. И сега зошто овие 30 годишни мажи бркаат 18 годишни девојчиња? Прво што ми паѓа на памет е дека немаат свој став и имаат проблем да си најдат жена приближно на нивна возраст. Разликата е евидентна. Тоа се два различни светови.

    Е сега, од друга страна, ваквата разлика во години и не би ми била толку невкусна, доколку станува збор за жена над +25 години. Зрела жена/девојка знае што сака, бара и очекува многу, за разлика од млади, незрели, неискусни девојчиња кои штотуку треба да ги почувствуваат убавите и оние помалку убави, горки моменти на животот. Не очекуваат ништо, не планираат иднина, живеат само за моментот и сакаат малку внимание.
    Поентата ми е, разликата во годините воопшто не е битна, туку она што вистински е важно е како двете личности гледаат на животот и какви ставови, интереси и желби имаат.
     
    На Annath, ElenaOfRivendell, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.129
    Пол:
    Женски
    Топ штом си среќна со чичето уживајте. Ипак мене не ми е во ред деценија постар човек на 30 години да трча по едвај полнолетни девојчиња . Да го палат едвај полнолетни ејјј бљак , сите знаеме каков калибар на чичиња си фаќаат тинејџерки , а тинејџерката у облаци у филм као он не е како другите он е посозреан ,со него можам да зборам за се , крипи ми е мажот да е поблиску до годините од татко ти отколку до тебе ама јебига секој со свој избор.
     
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Ама битно е тебе да ти е во ред, за тебе ја отворивме темава :rofl:
     
  13. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.129
    Пол:
    Женски
    Леле еј колку е смешно... Ако дискутираш дискутирај ко возрасна личност а не ко некое зелено дете што кога не знае што да каже се смее ко одбранбен механизам.
     
  14. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.280
    Допаѓања:
    9.105
    Пол:
    Женски
    Еве и јас и мм сме 10 години разлика, не се запознавме кога имав 18, туку на 23, и пак е крипи или ова е нормално зошто не сум била тинејџерка?
     
  15. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Аман сега и ти ли! Ептен ќе се растревожи девојчето, осет немаме :rofl:
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека на 18 години има зрели луѓе, да имаат мозок да размислуваат за семени проблеми, сввекрви, деца или да направат ручек, Јас на 18 години гледав само во 2 нокеска како да се прикрадам од дома да одам со друштво и да пијам
     
  17. flawless.

    flawless. Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2020
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Со овој памет што го имаш, и мене ми е многу жал за тебе.

    Смешно ми е што сите ги ставате во ист кош, ги нарекувате "чичиња" а овие кутрите девојчиња сите можат да ги излажат :D
    Во кој свет живеете?
     
    На elimkd, Mantub и burthdaykake им се допаѓа ова.
  18. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Па не мора да се мажат одма и да имаат деца ако не се спремни за тоа. Може само во врска сакаат да се, да си излегуваат заедно :)
    А ручек на 18+ треба секој да знае да прави за себе, мене па тоа ми чудно, на 18 год ништо да не знаеш да правиш, и уште мама да готви 7 дена од неделата, тоа е друга крајност
    Со свекрва никогаш нема да можеш да се занимаваш без разлика на години :D
     
    На jacqueline.s и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  19. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.362
    Допаѓања:
    126.262
    Пол:
    Женски
    Не е во ред врска меѓу малолетно и полнолетно лице.
    Но...
    Ако врската започнала по 18-от роденден на девојката,тогаш не треба некои називи да му се лепат на дечкото.Законот дозволува 18-годишна да е со постар.
    Врската меѓу малолетно и полнолетно лице е за осуда,но не и врската меѓу две полнолетни лица.
    Понекогаш девојките се оние кои први трчале по постари дечковци.
    А,за зрелост...Не е секогаш до годините.Има и 18-годишни кои се однесуваат позрело од 20+,30+годишни.
    И не значи дека на некоја ќе ѝ пропадне животот.Некои на млади години се венчале и семејство основале,и факултети завршиле.
     
    Последна измена: 31 јули 2020
    На M.B., Snowflake97 и Mantub им се допаѓа ова.
  20. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Како пример ја што бев со какви луѓе сум си имала работа на тие години и партнерските и пријателските врски се нај минливи ама сепак најосетливи години... И јас имам излавано со 10 години постар ама за брак не сме размислуваме скраја да е.