Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зрели мажи во врска со тинејџерки

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Srckata28, 29 јули 2020.

  1. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    А, каква врска има проживеаност со тоа кога ќе стапите во брак? Еве, моја пријателка на 23 години се омажи. Со 9.3 просек на факултет. Среќна врска и решија да си ја надоградат со брак. И, сега им е топ. Шетаат, се зезаат, посериозни се.

    Мажење на 30 или 35 години не е гаранција за нечија среќа и успех.
     
    На ku4ence, IRBBB, tinka-mace и 3 други им се допаѓа ова.
  2. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Илјада примери 30 годшен со 18 годишна а ниеден пример 30 годишна со 18 годишен, незнам кој е повеке глуп мажите или жените кои прават таков чин
     
  3. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    30 годишни бркаат 38 годишни :D
     
  4. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.591
    Допаѓања:
    40.020
    Пол:
    Женски
    Јас знам таков пример. Иако, не траеше долго, дечково за жал сакаше само пари. Женава еве 2 години не може да се ошраи
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.865
    Пол:
    Женски
    Јас 23 тој 31, од дома ми викаат педофил бил, барал млада само да се жени и да му раѓа деца срамота било толку разлика во години :D
     
    На elimkd, jacqueline.s и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  6. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Бракот не треба да те промени многу.
    За нас бракот беше само прослава.
    Ниту сум прекинала да бидам таква каква што сум била, ниту сум се изменала, кратко носам, штикли носам, со другарки излегувам, за шетање се изнашетавме и воопшто не ни наликува бракот на повеќето пошо имавме преотворена комуникација и сеуште имаме :D домашни обврски (пошо тоа се смета дека треба да го примениш во брак) ги делиме, затоа што и јас сама си чистев и готвев и пред да го запознаам, и тој исто, двајцата работевме и имаме свои пари па врската ни беше чист избор, значи избирам да сум со него свесно, а не сум со него затоа што некоја потреба не ми е исполнета како на пример тој мене ми носи пари, а јас него му правам ручек ко што се огромен дел од браковите. Прво треба да си независен и самостоен сам па потоа во брак :)

    Да се надополнам
    Тоа изживеана што го споменуваат повеќе - шетај, излегувај морам да кажам дека шетам и излегувам многу и тоа што мислите дека бракот е затвор не е до самиот брак туку до тоа каков е македонскиот брак и што се очекува од жена кога ќе влезе во улога на сопруга. Фала богу јас таков не барав, ниту најдов, маж ми е слободоумен и такви простачки поделби му се смешни. Затоа не само што не се осеќам неизживеана туку со елан си го живеам животов. Попрекрасно нешто од шетање со човек кој го сакаш нема. Ама сето тоа е можно доколку човекот со кој сте не ви ја ограничува слободата. Се што можам да правам надвор од брак можам и во брак ( освен да одам со други мажи, е тоа не го можам :D ). Значи не ги мешајте поимите, ако сте нашле маж што очекува од вас да се смените 360 степени, па затоа ајде испукајте се пред брак пошо после нема - сте нашле идиот маж и тоа не значи дека бракот на другите им е исто така несреќен како вашиот :)
     
    Последна измена: 31 јули 2020
    На mssuniquee, Unicornus, ku4ence и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Точно е ова што го зборуваш, дека секој мора да е самостоен. Ама мислам дека и ова што го пиша е во контекст на тоа што дел го дискутираа, а тоа е дека ти си се осамостоила пред воопшто да се впушташ во брак каде би зависела од партнерот или тој од тебе. Јас во тоа ја гледам суштинската разлика меѓу твојот случај и случајот од воведниот пост.
    Инаку, нормално и на 18 години ќе постојат и помалку и повеќе зрели личности, не постои апсолутна зрелост и мерило со која може да ги споредуваме луѓето, но сепак мислам дека поретки се девојките и момчињата кои како тебе би размислиле со ладна глава, отколку оние кои можеби и не искусиле многу во животот. Не мислам на излегување, пијанење, шетање и слично, туку на прилики и неприлики во животот кои ти го градат карактерот и вредностите.
     
    На teaiva и raww им се допаѓа ова.
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.153
    Допаѓања:
    88.464
    Пол:
    Женски
    Искуството e тоа што е разлика меѓу 18 год.девојка и 30 год.маж.
     
    На candy.cane, teaiva и Fluffy^-^ им се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.139
    Допаѓања:
    180.959
    Па мислам дека македонски брак се дискутира овде, да беше шведски друг ќе беше муабетот;).

    А изживеаноста што јас ја спомнав, не мора да значи исто нешто за секого. За некого може да е шетање, за некого може да е пијанчење и мување, за некого може да е качување по планини, од кај знам. Ако тебе ти било ,,дозволено,, да се градиш и да се бараш себеси, на многу повеќе не им е. И страшно и смешно е она ,,дозволено,, ама стварно, во општеството треба некој да ти дозволи. Колку пати имам овде прочитано, родителот не ми дозволува, мажот ми не ми дозволува, свекрвата не ми дозволува(facepalm) Додека некој друг те прехранува, му следува и правото да ти дозволува. Не значи дека е правило, ама веројатноста е голема. Затоа независни и самостојни женски не се таргет на онакви ,,зрели,, мажи.
     
    Последна измена: 31 јули 2020
    На candy.cane, noteforself, Bezimenka90 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Ако почнала една секунда пред да наполни 18, треба ли да му се лепат?

    Ми текна на еден кретен што трчаше по мене кога имав 15тина години. Толку беше, колку мене, година постар.
    5 години подоцна трчаше по сестра ми, кога имаше таа 15 години. Келнер беше во еден кафич, кога дознав му отидовме во гужва, навечер, и му нарачав: „може по една вотка за мене и за сестра ми“. Пребледе.
    2 години подоцна подоцна по братучеда ми трчаше, таа 15, тој сега веќе 21.
    Сите остареа само неговата желба за младо не се промени :D
     
    На WildMk, candy.cane, Bezimenka90 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.139
    Допаѓања:
    180.959
    ДиКаприо ви беше келнер?:o :D
     
    На Autumn_ и elimkd им се допаѓа ова.
  12. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Го осудувам ова предаторско однесување. Ама не е само кај мажите застапено има модел на вакво однесување и кај жените. Кариерно реализирана можеби со еден брак зад себе или повеќе бракови, а и не мора да имало претходни бракови и оди се упатува во помалку развиени земји и зема партнер многу помлад од неа. Особено ова е застапено во поразвиените земји. Го има и кај нас, или се доселува во поголем град и зема партнер од местото каде е, а тој е значително помлад или веќе живее во поголемо место и зема партнер од друго место многу помлад. Ништо ново, ништо чудно. Разликата е што жената не може во момент на слабост, илузија не знам што таму да го затрудне мажот.
    Моментот во кој младата девојка е бремена е ставена пред свршен чин, во вакво конзервативно општество каде ако таа е финансиски зависна и побара средства за абортус во најголем број случаи ќе наиде на одбивање и осуда од дома, таа нема избор и прифаќа брак. Да за секс треба согласност и за правење дете двајца, ама помеѓу мозок на 18 годишна и мозок на 30 годишен логично и јасно е кој треба да е посериозен и постабилен во одлуките што ќе се преземе. Ух толку ми е гнасна самата идеја да имам 18 години и да сум сексуално привлечена првенствено од некој 30 годишен, а кој знае како е во мозокот на тој 30 годишниот што покажува сексуален интерес кон тинејџерката. Многу очаен и гнасен потег.
     
  13. dankee

    dankee Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    772
    Немав време да ги прочитам коментарите да видам во која насока тера дискусијата. Но би сакала да изразам став. Пред некое време прочитав една многу интерсена,што и замене де доста точна : Затоа што 18 годишни се либерални и одат со 30 годиши, затоа дадичките од 25-27 седат дома сами. Видете вака после 23-24 години и одењето со некој кој има еве да речеме 30-33 не е толку страшо. Зошто, бидејчи после тие години обично се завршува факултет или еве да речеме и да нема факултет но почнуваат обвски кои доликуваат на возрасен човек, влегуваш во возрасен свет. Ама на 18 таа девојка незнае кај тера млада е треба да ужива да прошета да се изгради како човек. Јас незнам на 30 годишен маж како му е интересно со толку млада за што зборуваа за школо збораат или што. Повеќе мислам дека се залетуваат од самиот факт што на 18 годишна не и е толку битно да се врзи во живото колку што на некоја која почала да работи да мисли за иднина, парите каде ги става, изморена е од работа неможе секогаш да биде достапна, седена и слично. Еве и јас знам луѓе што се верија дечкото 32 таја 18, пред факултет и сега што мислите ке се случи со тој брак. Не е ова време од пред 20 години. Девојката што ја знам ќе иде на факултет .. и сега нов народ нови предизвици и слично, сигурно во тие 4-6 години факултет нема да сака да помисли за дете, ќе мисли на како да излезе со пријатели ... има ретки исклучоци но како што кажав после 23 година човек влегува во светот на возрасните. Тотално сум против. А знам и случај на маж од 30 и кусур години што демек од љубов зеде помлада 21 годишна и сега очите му шараат по друѓи девојки.Еве дома зи земал младо пиле и пак да ти шараат очите абе ајдее.. забега светот.
     
  14. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Тоа што го набројуваш може да се случи и на 40 години. И на 40 години некоја може да е прехранувана од мажот и уценувана.
    Значи не е до самиот брак или врска туку до тоа со каков си во бракот или врската.
     
    На LivingGlam, Snowflake97 и nextredstyle им се допаѓа ова.
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.780
    Допаѓања:
    169.541
    Пол:
    Женски
    Поентата на цела тема шо се збора е тинејџерки со постари оти не припаѓат на „ист свет“. Вие припаѓате на „ист свет“ ... не е проблемот шо се збора разликата во години, колку сакате бидете разлика, само моментот е да не се манипулираат деца. То е се. Не разликата во години колку шо припадноста на „ист свет“ ...
     
    На Purplelilac, Bezimenka90 и Nausicaa им се допаѓа ова.
  16. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Е ако де, нека се тешат дека им ги украле дечковците. Со нив е се во ред, тие се прекрасни ама не останаа мажи за нив на планетава сите се заузети :rofl:
     
    На Autumn_ и ku4ence им се допаѓа ова.
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Макрон и жена му. Кога се запознале тој имал 15 год таа 40 и му била учителка мажена со 3 деца :D
    претседател и прва дама на франција :)
     
  18. dankee

    dankee Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    772
    Никој не е совршен, тоа се карактерни особини, а создреаност е друго. Во никој слуачај муабетот не е ист со 18 годишна и со некоја на 25. Незнам колку години имаш што го напиша овој коментар ,ама маж на 30 треба веќе да биде изграден и а не секоја вечер да излегува по дискотеки (не дека не е океј да излегува ама се знае градинцата ) и оди со малолетни. Штом барем малку нема озбилост во него на 30 знај дека ист ќе остане и на 50.
     
  19. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Не ме разбра. Јас зборам за девојките што плачат дека немале дечко бидејќи сите дечковци им биле зафатени од помали девојки. Очај. Сите мажи не може да се зафатени. Ако на 27 години мислиш дека неможеш да најдеш дечко затоа што некој друг ти го зел, тогаш можеби заради тоа што мислиш така не можеш да најдеш дечко :)
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. dankee

    dankee Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    772
    Јас зборам конкретно за темава. И има донекаде врска за да се мисли така. Знаеш зошто? Затоа што на мажите се им е понудено на тацна. Не велам дека нема од луѓе но повеќето што ги знам поради тоа што можат да бираат ќе ја остават некоја постара за помлада заради што не сакат обврска или воопшто не сакат да почнат сонејзе .Еве еден другар ги начукал 33 и збореше цело време со едно девојче и викам шо не пробаш нешто со нејзе, девојчето 28. Ми вели аа таа сигруно ќе сака прстен и дете ,не сум спремен.Не пробал а веќе има тапија ставено . Типичен друг пример за Иван -Либеро бенд и Антонија. Тој имаше долга врска со некоја која му доликува на годините и туп наеднаш ја откачи за помлада.. и сега се однесува на ниво на малолетник според мене.
     
    На tinka-mace, deskarada и Роберт 7 им се допаѓа ова.