Е добро де секакви примери има ама да се тешат дека таа била прекрасна, посветена и никако да се најде за нејзе маж пошо сите мажи се идиоти, тоа веќе не е смешно, тоа е веќе жал да ти падне
Темава е опширна многу. Има такви како @Mantub што на млади години била во врска со 9 години постар и тоа завршило супер. Ама знаеме многу добро сите дека поголем број се такви што мажите едноставно се лепат на младо месо, ко примерот на @DAngel . Сосема е друго ако се работи за спојување, за компатибилност помеѓу двата партнери. Ама првиот пример што го спомнав, женското прво се изградило себеси, се осамостоила па стапила во брак. Голем број од девојчињата што стапуваат во брак со доста повозрасни мажи, се недозреани и несвесни за животот. Наоѓаат "сигурност" (финансиска, емоционална...), додека мажот наоѓа млада девојка, неретко лесна за манипулирање.
Никој не е совршен, се е спрелт и на околности, има да луѓе што пребират многу а има многу што самите околности ги навеле да немаат никој во животот. Како што кажав тоа е карактер , не со секого ти одговара муабет да направиш и за жена и маж, сакаш но зборовите не ти излегуваат од уста немаш тема... Но факт е дека мажите и помалку сакаат да станат сериозни и затоа трчат по млади девојчиња и овде кругот се намалува. Незнам дали можеби сум имала многу прилики да ги видам овие работи затоа така мислам. Има и девојки кои сакаат океј човек до нив а неможат да го сретнат. се дружам со многу мажи и гледам. Имаат некои и жени и излегуваат во град одат по малолетни а со бебиња по дома а другариве самци што им се на 30 години го сметаат тоа за нормално. Овде малку навлегов и го друга тема ама поентата ми беше дека не сите тие, според мене 80% од жените на тие години што се сами не се криви,ако е добро изградена сигурно нема да сака маж што нема да може да го прибере од диско и од неговите швалерации.. Секогаш има исклучоци, за се (да кажеме љубов) , но бројот на вакви врски се зголемува и не е здраво и тоа е факт!
Па и возрасен маж не ми изгледа на толку возрасен ако уште му се интересни тинејџерки. Пред се сакам да се изјаснам дека имам поделено мислење во врска со оваа тема. Знам парови со исто голема разлика во годините кој си функционираат сосем нормално. Има и девојчиња шо се спремни за брак на 18. Така се воспитани, можеме да кажеме на еден начин. Да основаат фамилија на млади години им е главната цел во животот. Ама такви парови шо ги знам имаат среќа. Нормален маж им се погодил. Ни со пресилување, ни со перење на мозок од машка страна, ништо, сосем нормално како шо би требало еден брак да функционира. Од друга страна знам мажи шо се пуштаат на помали девојчиња за да постигнат некои нејзини подли цели. Често таквите мажи се стари ергени и излегуваат со цел да најдат некое мало девојче шо многу јасно нема некое голмо искуство во љубовта и општо во животот. Шо ќе може да го лажат, да си играат со нејзините чуства за да се почуствуваат доминантно. Не можат да си најдат жени на нејзини години, па еве ќе лажат мали девојчиња. Оваа е жално!
Секако дека ако е изградена, паметна жена нема да го прибира од диско. Ама ти збориш ко сите жени да се изградени и паметни, а сите мажи недозреани. А реалноста е, колку што има жени изградени и паметни, толку има и мажи. Тука некаде се во процент. Немој да си ласкате толку дека жените се перфекција, а маж не се наоѓа пошо мажите едноставно не можат да се носат со таа перфекција. И за жени може до утре да се зборува за нивните негативни карактеристики што им прават да не можат да влезат во сериозна врска. Еднаш ќе промашиш, два пати ќе промашиш, ама дека цел живот ќе останеш сама пошо ти си прекрасна, паметна, изградена, самостојна и сите мажи се под тебе, тоа е само неможност да се соочиш со реалноста дека уствари ти си некаква па ги одбиваш мажите. Пошо за секое тенџерче се наоѓа поклопче. Ова не е за тебе кажано, општо зборам пошо често го слушам овој муабет.
Можеби ќе запознаеш некого на среќа, ама дека врска и брак ќе одржиш на среќа тоа мало морген на врската и бракот се работи секојдневно, труд внесуваш секојдневно. После кога раскинале викаат не ми се погоди, што е во ред, неможе секој да се погоди, ама многу раскинуваат од што ги мрзело да мрднат со прст да поработат на себе и на врската и мислат дека треба некој 100 проценти да се поклопи со нивниот карактер, па гледаш дека и следниот не се поклопува, па и следниот и така
Мажи на 30+ е погрешно и грозно да се лепат на тинејџерки, без разлика како гледате на ситуацијата. Во сосема различни светови се. И да, предатори се таквите мажи, манипулатори. Полесно им е да „уловат“ 15 годишно девојче отколку изградена 25 годишна девојка. Па и еве 18 годишна да е, што искуство таа има штотуку излезена од школските клупи? Законот вели дека е легално да, но не значи дека се' што е легално е 100% исправно, или морално исправно. Исто како и што погоре се спомна дека дете на 14 години можело свесно да има секс со кого било. Моментално ми текнуваат најмалку 3 примери што се омажија и родија на 18, ама немаше да е толку проблем ако нивните сопатници не беа 10 години постари од нив кога девојчињава беа 15/16. Не е темава за рано станување родител. Не ги осудувам таквите иако лично многу не се согласувам со таква одлука и сметам дека прво треба да стекниш некакво искуство и да проживееш некои работи пред да донесиш друго суштество на светов. Разликата во години сама по себе не е проблем. Еве јас сум со 9 години постар. Почнавме ко имав јас 20 а тој 29, сега јас имам 23 а тој 32. Да ми се пушташе истиот ко имав 15, па грозно ќе ми беше нормално. Многу различна е зрелоста на една личност од 14-18 и од 18-22 пример. Супер ни е врската и согласни сме за се', ниту некогаш ме притискал за брак туку напротив. Млади сме двајцата и животот е пред нас, не чувствуваме потреба да се брзаме воопшто. Со други зборви, на иста бранова должина сме. Кога ќе се сетам, сосема различна личност бев кога бев тинејџерка за разлика од сега. Иако тогаш се мислев за позрела од врсниците, за некои размислувања што ги имав ми иди шамар да си влепам. И многу сум благодарна што не сум направила никакви избрзани одлуки за кои од денешен аспект сигурно ќе се каев. Така да, никој не можи да ме убеди дека тинејџерки се на исто ниво по искуство и зрелост со 30+ годишни, бидејќи не се.
Паметен и изграден не мислев да има звање доктор на науки по некоја категорија. Изграден во смисла на разговор и имање свој став. Да има такви мажи, сум имала и лични примери да доста океј луѓе но повеќето и пак ке кажам се неизградени или потешко се отвараат емотивно и затоа завршуваат да бидат со помали поради тоа што е им е помал стравот за врзување.Или сака да се забавуваат само. Има да врски што со голема разлика успеале еве прочитав дека ти си дел од таа група, но верувај поголемиот се сведуваат на моите горно наведени примери.Што е жално !
Тинејџери. Возрасни личности во врска со тинејџери е темава. Прецизна возрасна рамка за тинејџерство нема. Најбитен дел во оваа тема е развојот на делот од мозокот кој е задолжен за резонирање, контрола на импулси, носење одлуки итн. Медицински е докажано дека тој развој се одвива до средината на 20тите години (25-како заокружена бројка се зема најчесто) Што значи, од една страна имате целосно развиен мозок, а од друга мозок кој сеуште се развива. Не е ич far-fetched возрасниот да се гледа како човек со поголема 'моќ', и воедно адолесцентот како 'плодна почва за моделирање'. Тоа е проблемот, не самата разлика во години.
Можете да филозофирате до сабајле, ама никој нема да ме убеди дека еден ден здравје,дека драго ќе ви е да си ја гледате ќерката тек излезена од училишните клупи, да ја мандрса тип од 30+ и по месец, два да остане трудна, секако " по заеднички донесена одлука". Абе лепота.
Ја оладив малце па да пишам. Прво на оваа да одговорам затоа што е крајно безобразно и ја доби посакуваната реакција од мене. Испиша цела тема како секој си избира она што го сака во животот, а според напишаново ти не ги почитуваш моите тврдења дека 1. Не ме засега кој кога се венча, 2. Моите цели во животот не се да се земам на 18 години (што е толку ирелевантно). Според тоа, како успеа толку да изманипулираш тоа што го имам пишувано да ме направиш демек отварам дискусија од љубомора? Кажи ми кој успех е случајно да останеш трудна -- не во деградирачка смисла, него буквално е само тоа, случајност? Ти убаво кажа моите врснички, имам 18 години, што мислиш дека направиле за ова време, виделе успешен брак? На што точно сум љубоморна? Колку хипокристичен можеш да бидеш за мојата среќа и успех да ги мериш по тоа дали јас имам некој до себе и зошто мислиш дека немам? На крај јас излегов незрела што не сакам да ми се мотаат 30 годишни мажи. Сега за темава, пак ќе поставам прашања, и тоа истите пошто никој не ги регистрира: 1. Ако се во прашање доброволни одлуки, зошто истата ситуација се постојано повторува: (обично) матурантки остануваат бремени специфично од постари мажи? Точно дека не сите завршуваат така, ама постои тој циклус за кој доказ ни се безброј случај што ги секојдневно гледаме. 2. Зошто еден возрасен маж не знае за правилна заштита за време на секс? 3. Кога веќе дискусијата почна од случај што ми е горе-доле блиску, кој пар одлучува да се допрва вери и што побрзо да се земат на сред пандемија од доброволна одлука и од што се сакаат?
Заклучокот за вакво мислење го добив од твоите постови претходно, демек ја отвораш темата против 30 годишни што бркаат тинејџерки, а постовите ти се полни со фрустрација кон другарките твој или врсничките твој, полни со осуда и предрасуди, дури и омаловажување зошто го направиле тоа и што виделе од животот за на толку мала возраст да се решат на тоа. И се додека го пикаш носот во нивните животи, и се грижиш како ќе им биде нив, или на некој начин сожалувајќи ги демек се уништиле, мене ќе ми изгледаш очајно, од каде тоа ти знаеш дали случајно останала трудна или намерно. А сигурна сум дека они имаат многу побитни работи сега отколку да седат и да мислат што ти правиш во животот твој, дали се упропастуваш и слично, за разлика од тебе што ти се замараш со нивниот живот, секој што се замара со нечиј туѓ живот за мене е љубоморен на истиот.
Како толку не можеш да читаш, јас буквално цело време зборам дека не ги осудувам нив. Веќе не ме цитирај, глупаво звучиш затоа што упорно не читаш што се пишува.
Сите вам ви љубоморат, трудни и со партнер, исполнети леле леле... Ептен ви завидуваме.. Сите си ја гледате работата ахахахха важи. "Ајде кога ќе се земете? Дете кога?" пошо сте прееемногу среќни и исполнети. Сликите со цитати на фб покажуваат колку сте исполнети секојдневно колку е голема среќата да бидеш млада мама јухууу
Ај не драматизирај. Реалноста е дека најчесто матурантките забременуваат од врсници. Кои се тие БЕЗБРОЈ случаи? Безброј Просто и едноставно е. Уживај си во својот живот и не се мешај во одлуките на твои соученички и да паѓаш у несвест како не можеш да им помогнеш ко тие баш тебе да ти побараа помош. Треба да се измени првичниот пост на темава.
Вие омаловажувате, вие сте тие што цело време ни се качувате на главата со тие бедни прашања како да немате ништо попаметно у животот да правите. Имам омажени и другарки со деца и немам збор кажано ниту пак пред некој оговарано зошто родиле или се омажиле АМА за разлика од мене тие ми рипаат врз глава.