Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зрели мажи во врска со тинејџерки

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Srckata28, 29 јули 2020.

  1. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Значи никој не може да ти рипа на глава, на форум си, не ти дојде никој дома
    Ама на што личи тоа на трудница да и викаш мала мама, стварно не е на место воопшто
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.912
    Пол:
    Женски
    Мислев млада мама а не мала.. Ќе го корегирам тоа. Инаку не знам зошто сите сте погодени од темава ако сите сте омажени од љубов и сте родиле со намера.
     
    На candy.cane, Amellie13, raww и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    За ова се согласувам, постот ми е многу драматичен, поттикнат од моментална емоција и не очекував да поттикне дискусија, ама ако поттикна пошто се откри еден неубав менталитет што некои од вас го имате и стојам зад тоа што кажав.

    Остало што вие испревртевте си е до вас, размислете зошто имате потреба до овој степен да го браните младото мажење на жената и нивните "доброволни" одлуки. Не ги осудувам моите врснички, ги осудувам мажите секогаш.
     
    На candy.cane, Ugly Duckling, Someonespecial и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Јас се што сакам да ти кажам е да не мислиш дека толку се девојките на 18 години смотани манипулирани и појма немааат што се дешава околу нив секој може да ги врти. Во тоа што им се случило поеднакво се и двајцата одговорни. И на 18 год е срамота да не знаеш за заштита. Имаш секс а чекаш мажот да знае за заштита пошо он има 30 год? Ко второ и на луѓе со години во брак им се случуваат несакани бремености. И ко трето ако го родиле сигурно сакале. Има абортус опција и сигурно има и такви кои забременале и абортирале ама не знаеме пошо абортирале. Што мислиш ти толку се мутави девојките секој може да ги лаже. Реков, паметот им лета, ама грото можат да препознаат манијачка намера и да се тргнат. Ако не се тргнале веројатно добиваат нешто од таа врска што ти не го гледаш. Ако некоја е во насилна врска, знаеш дека е присилена, ти побара помош, помогни и. Се друго е мешање во приватност
     
    На Bitter-Sweet, raww, Snowflake97 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Јас ниту родив млада ниту се омажив млада така што не можам да ти одговорам на прашањево :D
     
    На S.W.A.G му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Јас единствено што сфатив од коментариве е дека бракот, возраста и децата не гарантираат дека ќе знаеш да водиш нормална дискусија на вака поозбилна тема без хехенце смешки кои само тебе ти се интересни и без да вмешуваш 3000 други теми кои врска си немаат со оваа.
    За „аргументите“ и да не зборувам.
    Штета што дискусијава не може да се развива попродуктивно.
     
    На spingstart13, thequeen95, candy.cane и 10 други им се допаѓа ова.
  7. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.362
    Допаѓања:
    126.255
    Пол:
    Женски
    Првиот пост ти звучи осудувачки.
    Мажите не се секогаш тие кои први трчаат по помлади девојки.
    Осудувај врска/брак на малолетна со полнолетен,осудувај силување,осудувај принудно мажење,осудувај договорен брак склопен поради финансиски причини...
    Но,не смееш да осудуваш врска/брак меѓу 2 полнолетни лица што не спаѓа под наведените категории.
     
    На Autumn_, candy.cane, Snowflake97 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. flawless.

    flawless. Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2020
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Од кај знаеш ти што виделе тие?
    Која си ти да ги мериш нивната среќа и успех или да кажуваш за нивниот живот?
    Незрела си во секој случај, какви луѓе и да ти се мотаат.

    1. Безброј случаи може да има само во твојата глава, од инает. Ти не си таа што треба да се грижи за нив.
    2. Не можам да смислам поглупав одговор од прашањето
    3. Пар кој си имал планови и претходно или решил дека сака да се официјализира врската. И тоа не е твоја работа :)
     
    На Принцезичка1, Mami3, Snowflake97 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.778
    Допаѓања:
    53.169
    Пол:
    Женски
    Прво неможете да кажете дека тие што ќе се омажат на 22/23 им завршува животот :D Мојот дури тогаш почна. Маж ми е постар година дена само. Деца нели?:D
    Сами секаде си шетаме, сами приватно си работиме, сами дете растеме. Се заедно стекнавме. Никогаш не сум била посреќна. Уште како девојка знам ни на фб не сум прифаќала постари. До 5 год ми е ок, после не. Секогаш сакав врсник, да имаме исти интереси, исти размислувања додека пак за поголема разлика во годините тоа е потешко.
    Мм иако е доста млад е премногу зрел, тоа што највеќе ме привлече кон него.
    И ќерка да имам строго ќе пазам со кој се има контакт.
     
    Последна измена: 1 август 2020
    На Mami3, Alisa22, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ви е многу чудна таа поделба дека 17 годишна девојка е мала, дете а моментот кога ќе наполни 18 години е способна за се и е одеднаш во ред да се гледа сексуално од возрасни мажи.

    Првиот и секој пост после него Е осудувачки. Ама размислете спрема кого. Можеби случајно сум спомнала некаде. Можеби. :inlove:

    Нормално дека помалку среќавате вакви случаи, ама генерациски муабети ко корона се шират, главна тема е за оговарање, очигледно појма немате како е било да си тинејџер. Тогаш да видите подли македонски муабети, понижување на девојката на кое секогаш враќам, или и на тоа треба да ќутам? :|
     
    На candy.cane, Bezimenka90, DAngel и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Ја читам темава и едно не можам да сфатам, како оправдувате ама било каква врска, а камо ли брак меѓу 18 годишна и некој над 30? Прво таа скоро ни средно не дозавршила или еве завршила и оп одма со чичко си има работа, наместо вистинска работа. Па и вие што по 18 год. сте се вработиле и рано сте се мажеле, ама сте биле независни, за која држава тоа муабетите? Ако за тука зборувате, како сте биле независни кога со средно прво мора да си претставен или со книшка за да влезеш некаде и да ти ги дадат реално тие 14 500, а не да ти одбиваат на секое за ова-она. Или сте влегле државно да работите каде што повеќето не сме наивни јасно ни е како се влегува и колку противуслуги треба да правите до крај на кариерата за таа услуга влез во државно. Еве и не мора да е 18 години, ислушала 3-4 години на факултет, уште влече испити од 1ва или 2ра таму и ја гледаш на 21-22 се омажила и планира одма да раѓа со некој 30+, мислам очигледни се намерите и побудите. Не сме наивни и глупи сите, дај Боже да е вистинска љубов во прашање, ама не е и тоа е во ред секој со своето право на избор. Ама да оправдувате и се восхитувате како таа е бремена на 18+ со некој 30+ и нималку да не се подзагрижите е тогаш проблемот е лично во Вас, не до толку во овие кои од нивни познати причини и побуди се решиле на ваков чекор.
     
    Последна измена: 1 август 2020
    На Noemi, Alisa22 и Srckata28 им се допаѓа ова.
  12. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.362
    Допаѓања:
    126.255
    Пол:
    Женски
    Не генерализирајте.Не им ги знаете околностите на сите кои се во такви врски/бракови,па затоа и осудувањето е погрешно.
    И не секој пост во кој има разбирање за дел од таквиот избор значи и оправдување на и поддршка за истиот.
     
    На Mantub и flawless. им се допаѓа ова.
  13. flawless.

    flawless. Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2020
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Проблемот е што го пикате носот кај што не му е место. Јасно е дека има различни примери. Кој на колку сака ќе раѓа и тоа не е ваша работа. Ако некој сака деца на 20, 22 исто така не е ваша работа и не го прави помалку зрел.
    Ги жалеле, си го упропастиле животот, сите машки кои се со полнолетни со поголема разлика се ѓубриња :rofl::rofl:
    Толку многу да се грижевте за вашиот живот ќе бевте многу посреќни.
     
    На Mantub и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  14. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Ако убаво прочита пишав дај Боже да е вистинска љубов и дека не ме засега од кои причини и побуди се решиле да раѓаат и да се мажат, туку зачудувачки е да го гледаме тоа и ни малку да не се загрижиме за истото.
    А за пикање нос, пример е токму твоево забодување нос во моето лично гледиште и став, при тоа никаде не си или беше прозвана од моја страна, така да на друг раскажувај му што е што:D
     
    Последна измена: 1 август 2020
  15. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.536
    Пол:
    Женски
    Никој не е емоционално изграден на 18 години. Без животно искуство е, и да, не видел скоро ништо на тие години.

    Со тоа кажано, ако некој сака нешто, ќе најде начин да го оствари тоа. Па макар и да стапи во брак.

    Животот со бракот не завршува, и сепак има многу работи што единката треба сама да ги проба и да ги изживее. Да екпериментира, да проба од се' што може.

    Да не се лажеме, огромна разлика има кога си сам, и кога си обврзан со партнер фамилијарно. Самата перспектива на мислење е поразлична, и ако некој не ја искусил, нема да знае.
    Барем денешницата ни овозможува многу повеќе.

    Средношколци кои стапуваат во брак имало и секогаш ќе има. Нивен избор, правилен или не, тие знаат. Никогаш не сум ни помислисла да се замешам во нечии односи.

    Само би сакала повеќето со причини несакана бременост, или притисок од најблиските, и слични за мене тривијални проблеми, да се свесни колку повеќе опции и решенија имаат за иднината, место брак.
    И да ги одберат и побараат.
     
    На Annath, Celltica, Noemi и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.373
    Допаѓања:
    20.959
    Пол:
    Женски
    Против сум за врска меѓу малолетник и "чиче" 25+.
    Ама коа ќе кажете нешто у стил: "18 годишна само што искочила од клупа ја шета некој чиче после часови", ми иде слика у глава ко дедо и внуче да се шеткаат, а нема врска. Девојките на 18 години дел се незрели и може нема ни да бидат уште дооолго време, ама ги има и такви што знаат што сакаат да прават во животот на таква возраст па дури и тоа да е да се во врска со некој што тера накај 30ка. Се додека дечкото е нормален, неженет, и без пороци јас не гледам што има да се мешате и да ги правите за грев тие девојки што одлучиле на тој начин да го тераат животот. Јас и сега на 22 не можам да се замислам со постар, сакам да терам со врсници ама тоа не значи дека други девојки и тоа помали од мене нема да тераат со 10 години постар.
     
    На Snowflake97, GirlRose и Billy Idol им се допаѓа ова.
  17. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.006
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    начин на маж да задржи/ожени девојка - непланирана бременост.
     
  18. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.105
    Допаѓања:
    26.969
    Затоа, кондом. Барем за тоа има решение :)
     
    На marchi-cool, Biljarkata и nextredstyle им се допаѓа ова.
  19. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Леле Боже. Како ќе те забремени ако ти не дозволиш?
    Кутри жени бе, невини сме, смотани сме, секој може да не манипулира :rofl:
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Не користат контрацепција.... еден куп.