Ене види по темите... Да не ти кажам што се' сум чула и од возрасни, образовани, остварени луѓе... Со швалери/швалерки, не користат кондоми.
Ако не користи кондом, таа не мора да има секс со него. Значи ако некоја забремени ќе си превземе одговорност. Затоа што за некој да те забремени за да те задржи, а ти не сакаш, ко што се пишува на темава, тоа е веќе силување. Да не се правиме мутави со сила.
Неедуцирани се.Родителите не се замарале. Државата уво не ја боли.И ете,уште читаме глупи прашања во темине...
Па значи дека сами се криви ако забременат со непосакувана бременост. Така што муабетите во темава дека тие се манипулирани, а маживе требало да знаат за заштита се навредување на сопствената интелигенција на тој што го пише тоа. За жал
Ај сега колку пати рекол ќе го извадам на време не се секирај и не го извадил на време а она поим си нема.
Вие мислите дека сѐ знаете и во сѐ сте експерти па точно знаете секој случај на малолетни или едвај полнолетни со чичковци што оделе а и во глава сте им и знаете дека се манипулирани. Абе вие сѐ знаете што се дешава во некоја таква врска. Многу генерализирате, а и осудувате. Јас сум личен пример на "едвај" полнолетна во врска со 7 години постар. Врската ми е далеку поубава и поздрава за разлика од многу мои другарки и познанички со нивните дечковци, кои врсници кои мала разлика во години. Ама појма немате што се дешава во било која врска, врз база на претпоставки тука пишувате. Ај чил.
Така е, ама малолетна полесно ќе ја убедиш дека без кондом е поубаво, па и 30+ ќе и раскаже како е искусен и штом некоја не забременил до сега нема ни нејзе. Тука е разликата во искуството. Еве ќе тргнам од мене и јас на 18 ќе поверувам во ова, ама сега ич во ништо освен кондом па и јас со контрацептивни таблети посигурно нема мислам.
Проблем е и што никој не разговара за секс и се' поврзано со сексот со децата. Ни родителите, ни на школо учат... Единствен извор на информации им се меѓу себе што ќе си кажат и што прочитале/виделе на интернет. А на интернет... сигурно не гуглаат за сексуално преносливи болести, попрво би рекла дека порничи гледаат... Не е адекватен извор на информации порнич.
Па тоа нема врска со годините. Ако некој е тежок манипулатор девојка му/жена му ќе ја манипулира безразлика на години. Јас ни на 16, ни на 18 не би поверувала во ова, и пак ќе речам, сега од 15 год и машките стекнуваат искуства, многу девојки и жени го слушнале истово без разлика на возраста на партнерот.
Девојките се секојдневно манипулирани од дечковци и сопрузи, безразлика на годините. Знам многу многу примери за жал, лабилни жени манипулирани од сопрузите. Не е возраста тука во прашање. Паметот е.
Конкретно зборуваме за манипулација за забременување поради недостаток на едукција на една генерација жени. Денес мислам дека ми е непоимливо да не се знaе како може да се остане бремена и како да се спречи тоа. @LovelyGirl3 инаку ако сакаш да посочиш дека е до мојот памет каков ми бил на 18 години што би поверувала, не ти замерувам таков беше. Жално е што во денешно време такви се уште и мозоците на денешните 16/18 годишни. Па и преку исмевање на мојот некогашен памет ако научат нешто овие малолетнички и извлечат поука од тоа, јас не ти замерувам што мојот некогашен памет го стави за подбив и израмни со паметот на лабилни жени
Ако не сакате да забремените, нема што да ве убедува ни маж ни дечко, ќе си користите заштита. Нема кондом, нема секс.
Не знам зошто коментарот го сфати лично, не мислев на тебе. Извини доколку те навредив, зборував општо.
Ама во ред е еве и да е лично, најискрено не замерувам зошто ми е жал млади девојки во денешно време да се во заблуда по некои прашања кој се многу важни за женското репродуктивно здравје. Воопшто не ми се допаѓа ситуација кога млада девојка останала бремена еве пример непланирано и дома и велат ете мажи се. Сакам да им се разјасни еднаш засекогаш да внимаваат на своето тело, на своите избори и како можат да го постигнат тоа. Верба во мажот кој гледа да си го направи ќеифот не, со знаење и размена на точни информации се подигнува јавната свест. А и по непланирана бременост има опции, важно е таа самата да знае што сака и дали сака брак и со кого по секоја цена, дури и кога нема поддршка од дома.
Така е, ако не се пазиш сама, не може друг да пази за тебе. Само што кога станува збор за секс сите првин сакаат пракса, па после, кога ќе згрешат, учат теорија...