1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зрели мажи во врска со тинејџерки

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Srckata28, 29 јули 2020.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.243
    Допаѓања:
    166.016
    Како ќе ја смени одлуката? Ќе го од-роди детето? Веројатноста дека ќе и текне порано или подоцна е голема, ама некои работи не се поправаат.
    Би сакала да беше така. Ама како што гледам на форумов, не е баш така. И не само на форумов, сите знаеме барем некој таков случај по роднини и пријатели.
     
    На Doozy, mkdvesna, Annath и 12 други им се допаѓа ова.
  2. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    а според тебе навистина е така?
    првиот нејзин пост.
    а за другото..ја не знам мајка шо се развела и се покајала зашо родила...
     
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    На 18 ако се мажат, значи и пред 18 биле во врска и имале секс со полнолетни мажи.
    До 25 години расте фронталниот кортекс.

    Од друга страна, секс меѓу полнолетни и малолетни луѓе, во Македонија е законски дозволено од 14 годишна возраст на малолетникот.
     
    На candy.cane и DojaCat им се допаѓа ова.
  4. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.180
    Допаѓања:
    57.670
    Пол:
    Женски
    Ме потсетивте на еден мој пост од 2018

    И не е само овој случај, знам уште неколку други вакви девојчиња. Иако сум поборник на правилото секој да си го живее животот како што сака, сепак мислам дека за круцијални, животни прашања мора човекот да има +20 и веќе колку толку животно искуство. Не зборам само за брак, open minded сум и за најконтроверзни теми како менување пол на пример, ама сепак мислам дека и кај тие и кај тие луѓе мора да се помине тој период на адолесценција, на невиност и наивност и еден дијапазон од лоши одлуки кои ги правиме во тоа животно доба.

    Тинеџерството и адолесценцијата ги карактеризира 'се што лета се јаде' мајндсет и мислам дека дури сме млади уште немаме способност правилно да расудуваме што е океј а што не.

    Немам ништо апсолутно против девојчиња што сакаат "порано" да се омажат и да станат мајки. Немам ништо против и голем зјап меѓу години, ама кога веќе партнерите се и двајцата зрели, возрасни луѓе. Ама и те како имам против експлоатација на жени, подведување, уништување на детство и осудување на еден живот за кои ни самите не се свесни дали го сакаат.

    Имам друга школска, тргна со доста постар, ја забремени типот, доаѓа од конзервативно семејство, насилно ја омажија за него и до ден денес плука крв ради таа една грешка. Од вакви приказни цревата ми се превртуваат, најискрено си кажувам. А многу ги има вакви, само сетете се на форум колку пати девојчиња пишуваат дека намерно свршуваат во нив со цел да забременат и да прифатат одма брак. Отворете ја темана за "апче за ден потоа" денот ќе ви се стужи, хорор на платно е цела тема. Стотици вакви случаи ќе се изначитате.

    Секој за себеси луѓе, ама јас секогаш стојам на тоа дека да се омажиш можеш секогаш, ама детството да си го вратиш не можеш. И мислам дека огромен дел од девојчињата што влегуваат во брак едвај полнолетни подоцна го сфаќаат тоа. Како и да е, нивно право и нивен живот. Ако се среќни, од мене амин. Ама мислам дека голем дел не се.
     
    На Harper, MacenceEna, Priroden и 49 други им се допаѓа ова.
  5. Aqualina

    Aqualina Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2020
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    921
    Пол:
    Женски
    После ова со познајничкава се подразмислував многу во иднина за моја ќерка еве, ете и син нека е.
    Мене лично најголем неуспех во родителството би ми било детето мое, независно од пол да има единствена амбиција на 18 години да ми се ожени/омажи. Нема да го/ја спречам, ама би си го доживеала како шамар, болен шамар.
    Муабетот ми е дека многу влијае домашната атмосфера, воспитувањето, гледиштата на родителите во оформувањето на желбите за брак на млади години кај децата, желби кои колку и да се од најчисти и најискрени намери колку си помлад така гледаш/доживуваш толку може да е огромно разочарување, дека замисли и реаланост често имаат еден (не)премостлив јаз.
     
    На mimi333, trajkoska23, Peperutce1115 и 8 други им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Не само на која возраст стапиле во брак, што секако го рачунам за прерано... иако автоматски не значи дека би имале лош живот...
    Повеќе гледам проблем во тоа, возрасен човек, да има секс со малолетник, па уште тоа да е 'благословено' од родителите на малолетникот, па и целата околина.

    Не е во ред.
    Кај нас нема закон за statutory rape, и според мене, е загрижувачко.

    Ќерка ми има 14 години.
    Практично, може и 50 годишен маж да биде сексуално активен со нејзе, и законот вели дека 'тоа е во ред'.

    Ужасна ми е помислата.
     
    На Autumn_, cresa-jagoda, Peperutce1115 и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Aqualina

    Aqualina Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2020
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    921
    Пол:
    Женски
    Мене ми е фрапантно што самата девојка пристапува своеволно кон таков брак со партнер со голема разлика во години. Знам за неколку примери на 16 годишни девојки кои немале благослов од дома, ама своеволно заминале во домот на повозрасен избраник. Ако не се лажам законот дозволува и од 16 години брак, само дали требаше согласност пред законот од родителите не се сеќавам.
    Само знам дека и без дозвола заминале кај повозрасните партнери. Едната отпосле под влијание на родителите ја омажија во странство и таа по години таму се разведе од мажот и си го повлече првиот таму. А другава исто партнерот ја однел во странство каде го фатила во неверство и се врати тука, сега е самохрана мајка.
    Животов испишува романи, често и се прашувам колку родителот (не) може да повлијае и какво би било тоа влијание и исходот од него.
    Ама ај имам време назад ми е зимата.
     
    На SummerGirl и WildMk им се допаѓа ова.
  8. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.551
    Допаѓања:
    21.645
    Пол:
    Женски
    Мене искрено многу ме гајле дали девојката сака рано да се жени, дали сака 2 факултета да заврши, тоа е најмалку битно. Проблемот се 30 годишни мажи кои се заинтересирани да одат со средношколки кои се едвај легални. Средношколки на кои им е желба и интересно да се со постари мажи сигурно ќе постојат, дали со тоа си ја зголемуваат самодовербата, дали се чуствуваат позрело - секогаш има такви. Проблемот се мажите кои 1. маваат девојки на таква возраст, 2. прифаќаат врска со девојка на таква возраст и сите до еден се ѓубриња затоа што е нивна одговорност едноставно... да не се мешаат со девојки кои само што излегле од средно. Ненормално е во секој случај, замислете се вие од таква перспектива, мене би ми било гадно да приоѓам, да правам било што со 18 годишна личност ако имам 30 години.

    Знам девојче што се омажи на 17 години за 26 годишен (ова не е ни легално). Поттикната бев за постот од случај каде што се земаа 18 годишно девојче и 33 години маж. Јас сум сигурна дека ќе го обожаваат и сакаат нивното дете и можеби ќе ги комплетно исполни мајчинството, па и успешен брак ќе имаат. Ама не смеат вакви работи да се случуваат.

    Ве молам одговорете ми:
    -Зошто еден маж околу 30 години има потреба да брка средношколки, а не девојки барем малку поблиску до негова возраст? Самиот чин е крипи.
    -Зошто еден маж околу 30 години не знае правилна заштита за време на секс и се случува случајна бременост?

    Морате да сфатите дека има pattern, да беше нормално ова немаше 90% од случаи да бидат забременети млади девојки од постари мажи. Поретко гледам дека се два тинејџера и од страст и неедуцираност забремениле.

    И доста ми го испревртувате муабетот, ветувам дека никој не го напаѓа вашето домаќинство како што мислите, ама и желбата на жената да сака да биде домаќинка не е толку честа како што мислите.

    Само се надевам дека вие кои сте мајки и идни мајки на ќерки ќе си ја заштитите вашата ќерка од вакви предатори, затоа што не е нормално. Мислам дека за погрешна страна се борите. :)
     
    На Harper, Spicy Senorita, Priroden и 28 други им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Мене не ми е.
    Адолесценцијата е карактеризирана со 'бунтовништво'.
    Телата им се на возрасни, хормоните 'им вријат', а мозокот сеуште им расте.
    Изгледаат, се чувствуваат како возрасни, а сепак, медицински, не се доволно зрели да носат разумни одлуки.

    Како на суд малолетник има еден третман за грабеж (пример), и има малолетнички затвори, а за сексуален чин на малолетник 14-18 со полонолетена, потполно развиена личност не важи? Мене воопшто не ми е јасно...

    Ептен ни се 'назад' законите, и не ги следат откритијата во медицината.
     
    На Fluffy^-^, *Amethyst*, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  10. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Грешка си,до Македончето е,од секогаш оваа нација ја интересирало туѓиот Живот,него ли сопствениот.Луѓето надвор од Балкан,ги заболе комшијата што и како правел,и каков живот терал.
     
    На *Amethyst* и Alisa22 им се допаѓа ова.
  11. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.737
    Допаѓања:
    15.252
    Пол:
    Машки
    Абе ој изгубете се трачарки едни, особено таа што ја почна темава, нема шо да прават со животот свој че го пикаат носот кај што не се повикани или побарани да им дадат совет како помош. Што се замислувате бе, многу паметни или?
     
    На ЕденЧлен му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Aqualina

    Aqualina Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2020
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    921
    Пол:
    Женски
    Ќе чепнеме една тема која ми е толку згрозувачка, а ја заговараат во елитните општествени кругови, особено од страна на мажите. Легализација на полов контакт со малолетнички/ малолетници од 10 години понатаму со возрасни лица или народски кажано легализација на педофилија која се покрена во Франција ако не се лажам. Одбранате е дека децата имаат право на изразување на сексуални желби и потреби и нивно остварување од најрана возраст кога првично се пројавуваат. Во уметноста има ставање на пиедестал на Лолита девојките, Алиса е инспирација од една таква ''љубов'' на авторот кон главниот лик во книгата. И многу други примери и случаи се кријат и там-тук појавуваат во далечната античка историја што отвара сосем ново поглавје во сексуалната човечка историја и како таа ќе продолжи да е развива и во кои граници и со кои закони ќе се регулира што е етички прифатливо, а што не.
    Ги изгубивме ли границите и се е сведено на тоа кај бургија не буши, пара буши и се се купува и тоа што е морално, етички, пред се човечки недозволиво/неприфатливо?
     
    На *Amethyst* и WildMk им се допаѓа ова.
  13. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.551
    Допаѓања:
    21.645
    Пол:
    Женски
    Ова не е трачарење, ова е социјален проблем (да не речам проблем со кој се занимава феминизам, ќе ме уптепате), а најмалку што му треба на муабетов се мислења од мажи кои ја игнорираат темата затоа што потајно не гледаат ништо лошо со пишаното и го индиректно (или директно, којзнае) подржуваат. :)
     
    На Harper, christinnn, Regina.Phalange и 18 други им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Гледај го документарецов Jeffrey Epstein: Filthy Rich
     
    На Doozy, Callie, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Aqualina

    Aqualina Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2020
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    921
    Пол:
    Женски
    Нажалост гледано;(
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Феминизам се бори за право на избор.
    Ако е некоја полнолетна нема ти што да коментираш за нејзините одлуки.
    Не ги прави девојките ретардирани дека нив некој ги легнал, а тие не биле свесни.
    Ако девојката е полнолетна, а ти коментираш тоа не кажува за девојката туку за тебе. Ко оние теткине застанати на прозор што гледаат кој кога поминал.
    Ако некоја затрудни а не сака да го роди може да абортира.
    Ако го родила значи сакала.
    Да речеш дека уништен им бил животот заради тоа што родиле дете е безобразно.
    Остави ги вистинските жени да се борат за феминизам, ти имаш уште многу да учиш
     
    На Blackandwhite123, IRBBB, Принцезичка1 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.551
    Допаѓања:
    21.645
    Пол:
    Женски
    Океј. :D Еве јас секојдневно се обидувам да учам за феминизам и имам сменето многу мислења, па кога ќе се едуцирам доволно да го бранам статус домаќинка во секој можен муабет и да се борам за правото на предатори да ебат 18 годишни ќе ти се јавам. :inlove:
     
    На Regina.Phalange, Peperutce1115, starstar и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.243
    Допаѓања:
    166.016
    Јас се согласувам дека се што лета се се јаде на 18.
    И јас не знам некоја што после развод се покајала што родила, ама знам барем една што не се развела затоа што родила. И ќе живеат после таков живот, што вика @KateKane со крв плукање, оти немаат егзит опција. Не се сите Фатиме Фетаи, со деца, студии, кариера и отворен пат кон звездите:shake:
     
    На Harper, Плавуша123, Yowannty и 19 други им се допаѓа ова.
  19. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.267
    Допаѓања:
    37.088
    Пол:
    Женски
    Не мислам дека сите девојки што идат со мноогу постари се наивни и излажани, напротив некои намерно сакаат врски со постари мажи и трчаат по нив а сакаат и побрзо да стапат во брак со истите.
    И стварно немам против вакви врски и бракови, затоа е што е избор и нели сме демократско општество.

    Ама дека сето тоа ми е сосема прифатливо, не знам.

    Тоа што е проблемот е зошто има мажи од 30+ кои би иделе со средношколки.Едноставно, не ми иде, а знам и дека на повеќето им е во најмала рака чудно.Еве замислете имате 28 години и ви се пушта некој 17 годишен.Јас би се осеќала како педофил со него.Или, не верувам дека има родители на кои сеедно им е детето кое има 17-18 години да биде во врска со човек кој е 10 години постар.

    Брак на 18 години со врсник е поразлично ама јас како што сфатив @Srckata28 не зборуваше за овие случаи и затоа не ги извртувајте работите толку далеку од главната поента.

    И никој никому не се меша, познавам вакви примери околу мене и сигурно не сум им рекла јас не се согласувам со вашиот брак, не смеете да се земете. :D
     
    Последна измена: 30 јули 2020
    На Peperutce1115, Annath, SummerGirl и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Нема ништо лошо во статусот на домаќинка.
    Мајка ти никогаш не ти испрала алишта, не смукала, не готвела?
    Ако да, и таа била домаќинка, и со ова ја навредуваш и нејзе.
    Пак ќе ти речам, никој на никого не го ебел без дозвола. Така да не знам зошто упорно ги навредуваш девојките дека немале никаква свест.
    За мене 18 годишна девојка која родила бебе е далеку позрела од тебе која мисли дека да си домаќинка е уништување на животот. Ама ај дури си млад летаат хормони, револуција креваш, после созреваш полека, сите сме го минале истиот тек
     
    На Bitter-Sweet, IRBBB, Snowflake97 и 4 други им се допаѓа ова.