Ај не измислувај и ти, не сум мајка ти па да ми кажуваш дека ќе идеш на одмор со другарки а случајно и дечко ти ќе биде таму. И немаше ништо помеѓу вас ...
Па ти викаш во здрава и сериозна врска а си едвај полнолетна. Ти знаеш што е сериозна врска? Сигурно не е дај да те бупнам во обравчето.
Па и неможе да се декларира како сериозна уште од одма, ама кој разбира. Не се фаќаш со некој и викаш од утре сме во сериозна врска, тоа доаѓа со тек на времето.
Епа додека стане сериозна може ќе почекаат за односи и ќе биде полнолетна Од кога тоа што имаат односи означува сериозна врска?
Дали уште за мене се зборува? Зошто врската ми трае 2 години и е сериозна, а односи кога сме имале не дека е ваша работа, ама по 9 месеци од врската. И сега, завршивте со измислици за врската моја?
Тоа е таа зрелост на едвај полнолетна што ја бранеше девојката. Во однос на односите, секако дека тие не ја прават врската сериозна, но се дел во развојот на една врска.
Не е дека прво сакаат пракса, а после теорија. Немаат избор повеќето. Ако никој не те посоветува, а хормоните ти го стартуваат либидото, грешките се неизбежни.
Секој со свои желби, туку проблемот настанува кога тинејџерка се впушта во врска со постар маж кој решил дека му е време за брак, а таа не е спремна за тој чекор. Па принудена е да се мажи, изманипулирана или бремена. А во воведов на темава стои тоа, прво трудни, па верени, па свадба. Измешани брзини. Се' е во ред, додека тоа, за што и да станува збор, е желба на двајцата партнери. Не се мешам и немам што да коментирам за туѓи избори. Она што мене ми е жално во овие случаи е тоа што има девојки кои дозволуваат да бидат марионета во нечии раце. Девојчињата треба уште од рано да се учат да се ценат себеси и да не го дозволуваат тоа.
Според мене, немаат избор само доколку дојде до силување. Барем на денешницава секој има пристап до интернет и може да прочита се во врска со сексот. А и би било многу подобро кој би се вовела сексологијата како предмет во училиштата, барем ќе се намалат прашањата од типот "Mи сврши над гаќи, дали сум трудна?".
Може секој, точно е. Ама заради стигмата, како што реков, само скришно гледаат порно. Мора отворено да се зборува за секс со децата. Постојано гледам како деца за прашања во врска со сексот, биваат посрамувани од сите околу нив... и тоа на возраст кога е можно да добијат менструација(девојчиња), и да мастурбираат. Дете на 10-11-12 години, ни на крај памет не може да му текне да пребара нешто, за што нема ни чуено претходно. И со годините продолжува таквото функционирање. Родителите молчат, децава гледаат порно, па почнуваат да посакуваат да бидат интимни со некого... и ете ти проблеми. Како за било што друго ги учиме ние возрасните, а за сексот не?
Точно дека и родителите се виновни што не разговараат за оваа тема со своите деца, но еве мојот пример ќе го кажам: Никогаш не сум била блиска со моите родители, брат, сестра. Со никого немам разговарано на оваа тема, ама па, и покрај хормоните и желбата за секс, не се впуштив во тие води не спремна. Се распрашував по другарки, читав од нет, книги сл. И покрај желбата, пак не бев подготвена за тој чекор ради тоа што не бев доволно информирана.
Не го разбирам тој срам за отворено разменување на инфоормации помеѓу пример мајката и ќерката за сексот и можни последици од незаштитен секс и дрскоста исто на мајката на синот која го подучува ако им одговара девојката( имотна е или убава е или спремни се да им доведе синот снаа дома) да ја забремени и задржи со брак. Две многу контрадикторни ситуации.