Точно, секоја индивидуа е посебна и никој не може да биде ист како некој друг. Ама за избор, во врска со ова, секогаш има избор (освен силување), а дали ќе го направиме правиот избор или не, времето и последиците ќе го кажат тоа.
Сите што поддржувате врска возрасен маж со тинејџерка ве молам немојте да се згрозување тогаш од Џефри Епстин. Кога мањакот педофилски го привлекува тинејџерка деценија помлада од него ,се знае каков калибар се тие мажи возрасни што ги привлекуваат деца што туку излезени од средношколските клупи. Вие што го оправдување тоа ве молам бидете вака оправдувачки настроени кон педофилија кога вашата тинејџерка ќе ви донесе 30+ годишен чиче.
Темава е отидена во многу различни правци. Воведот е зошто се мажеле 18 годишни девојки со чичковци +30 - Оти така сакале. Никој не може да земе некоја на сила и да е бремена, не мора да се мажи со некој што таа не сака. Еве тргнувајќи од мене ич не одобрувам имам 24 па не се гледам спремна за брак и мајка, ама тоа не значи дека некоја на 18-19 не е. Разликата во години ми е секогаш чудна тема за дискусија, зашто има многу фактори што треба да се земат во обзир.
Темава вришти од нечија љубомора и завист Не мешајте баби и жаби. Педофилите сексуално се привлечени од мали деца, не тинејџер(к)и, особено не тинејџерки штотуку излезени од средношколски клупи (17-19год.). Башка чиче е некој 50+ а не 30+. А американецот што го спомна е за во друга тема - проституција. Што се однесува до самата тема: Не наседнувајте на „американски„ пуритански квазивредности и лажни термини (како на пр. предатор) кои понекогаш ги создаваат исфрустрирани верски фанатици, патолошки љубоморни бивши дечковци и девојки. Кој што сака нека си прави сè додека нема присила. Не е е во ред да се стваат сите парови со поголема разлика во годините во ист кош. Голем број машки созреваат подоцна, природно е дека ќе бараат помлада девојка. Девојките обично созреваат побргу, природно е дека ќе ги привлече зрел маж. Нема тука математики, чиста биологија е тоа. Мислам дека машките особено низ балканот, не би требало да се женат пред 30, во релативно голем број случаи пред тоа се прилично незрели. Голем број парови што ги познавам (додуша не се сите во брак, но се во врски што траат повеќе од 1 година) каде дечкото е 28-33 девојката 18-23 многу подобро функционираат за разлика од оние што се врсници (чест на исклучоците) или што се само 2-3 години разлика.
Аκо се сеќавате на сеρијата "Салон хаρмони", тогаш сфаќате што саκам да κажам. Да има меѓусебен сκлад и убава хемија...тоа е она што е потρебно за фунκциониρање на ваκов тип вρсκи.
Темава е зрел маж и тинејџерка, која е возрасната граница кога маж е зрел? Веројатно околу 25 години биолошки, меѓутоа прочитав примери спомнувате околу 30та година, јас би рекла околу 40 години (ова е субјективно и не генерално) без разлика, тинејџерка е ДЕТЕ до 18 година, а над 18години се смета за возрасна особа, тогаш не, законски не може “зрел маж” да е во врска со тинејџерка. А после 18години? И таму не може сите врски да се подведат дека се манипулација од повозрасниот во врската, или груминг, затоа и се збори на темиве, во ред е и да има некои социјално прифатени норми за тоа дека младите се дружат со нивни врсници, иако не сметам дека автоматски треба да се осуди ситуација кога нема да е така. Кога е дискутабилно дали се работи за манипулација, притисок, бегање од дома, јас би дала мислење, совет и би осудила, се друго е празен муабет
Девијантна сексуалност е да те привлекуваат малолетни. Како може да речеш: “Љубомора и завист“? Ќерка ми има 14 години. За да се омажи на 18, значи барем на 17 стапила во врска со тој-некој од 30. Е ќе ми извиниш, ама 17 е за 3 години, а ја гледам колку знае од животот. Секој може да ја смота... ако сака.
Некои работи, ситуации, доживувања можат да те сменат и да созрееш многу брзо. И јас на 14 години појма немав од ништо ама 4 години подоцна, поточно на 18 созреав и размислував како 25 26 годишна созреана девојка за разлика од моите врснички што мислеа само за забава, пијанчење, пушење и ред други работи. Можеби со тој што ќе биде ќе допринесе за нејзино созревање.
За да созрееш така нагло, преку ноќ што се вели треба прво сама да сакаш или да ти се здесило нешто што толку наеднаш те променило. Созревањето не е до толку поврзано со годините колку со искуството и гледано од тој аспект 17-18 годишна ретко кога е спремна за брак и бебе, комплетно, не како желба ај ќе си се земиме и ќе си имаме бебе.
Да созревањето нема врска со годините. Сакав да кажам дека можеш да созрееш за 3 4 години многу. За мене кажав дека многу созреав и мислењата тогаш и сега ми се небо и земја. Нема да наведам причина зошто и како сум созреала ама се тоа што се случило било со причина и делувало за да созреам. Има и 25 годишни што уште сами не знаат да се чуваат а не пак бебе. Имам школска што имаше бебе на 18 па супер се снајде во улога на мајка.
Точно има секакви примери, ама во најголем процент на 18 години многу потешко е да влезеш во улогата на мајка. Фактички не е толку тешко, ќе влезе она, знаеш бебенце леле слатко мало. Ама кога таа ќе има 28, а детето 10, а мажот над 40ка, други се погледите и желбите од животот. Таа сака да ужива во тоа што го пропуштила во раните 20ти, и наеднаш ги удира таа криза, колку бракови така пропаднале.
Затоа сте ти и мт тука, да и посочите примери и совети, да ја заштитите колку што можете од несакани последици. А верувам дека е така, според твоите искуства, сигурно си многу отворена со нејзе и имате баш добра врска.
И јас не размислував исто на 18, како на 14, ама пак на 25 уште поинаку, на 30 поинаку итн... Колку можеш да знаеш од животот, кога до пред 5 минути со мајка ти си била и друг ти водел евиденција за се', башка прв-втор дечко? Да, ако мора, ќе созрее, ама зошто да брза? Башка, ако си бремена пред 18, по дифолт се рачуна за критична бременост. Сето ова ни е зборувано. Не велам дека сум 100% сигурна дека ќе ме послуша... и ќе и' помагам, што и да се случи, ама не треба да си рациоанилизираме и романтизираме проблеми и да викаме: Ај, шо има врска.
како што една моја школска што уште не заврши 4та средно и остана бремена па на полагање матура одеше бремена така и уште многу други. Тоа одкако внатре ќе си влезе веќе е касно да реагираш. Како така дали ќе дозволиш или не? Од кај да знам на пр. дека тој мисли внатре да сврши? Ај не дозволи да те видам. тоа да. Тоа е веќе нешто друго. па да тоа и е проблемот.
Па затоа постојат кондоми де. Не мораш да размислуваш дали тој планира надвор или внатре, едноставно немаш секс ако не користи кондом. Пошо ако забремениш не може само тој да е крив ко ти да не си присуствувала на забременувањето
Ако се случило такво нешто може да се напие апче, а потоа ќе знае дека не треба веќе да има однос без кондом.
Но не секоја девојка има менталитет, животни околности и воспитување како ќерка ти. Затоа што некои луѓе она што потајно го посакуваат а од икс причини не можат да го имаат (понекогаш е и подобро што го нема, но не го разбира тоа) го омаловажуваат или прогласуваат за погрешно, се фаќаат за несреќни примери и генерализираат. Да му цркне козата на комшијата феноменот. Прости, можеби јас не те разбирам, но некако си во расчекор со ова што го пишуваш тука, и она што го пишуваш на другите теми поврзано со не мешање во туѓи животи, врски, секс и сл.