Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зрели мажи во врска со тинејџерки

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Srckata28, 29 јули 2020.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
    Секој е со мозок во развивање до средината на 20тите години, не само ќерка ми.
    Затоа и постои концептот на: Малолетници.
     
  2. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.114
    Допаѓања:
    27.003
    Може да реагира, се вика абортус.
     
    На teaiva и WildMk им се допаѓа ова.
  3. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.229
    Допаѓања:
    4.279
    Мозокот е како компјутер, можат да бидат складирани различни програми на размислување, перцепција, однесување.
     
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
    Постирав повеќе пати во темава: Фронталниот кортекс кој е задолжен за логика, разумно донесување одлуки, контролирање на инстинктите итн, се развива до средината на 20тите години.

    Гуглај.
     
  5. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.628
    Пол:
    Женски
    А добро,штом е природно,нема проблем.
    Или ќе ја 'созрее' по негов терк.
     
    На Bezimenka90 и Celltica им се допаѓа ова.
  6. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски
    Па добро сега можеби и тоа да се случи не знаеме ние и никој освен нив двајца нема да знае.
    Јас созреав покрај него а не по негов терк, и кажувам дека можеш да созрееш ако имаш вистинска здрава врска.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mimi333

    mimi333 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2016
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Женски
    Не, не е спремна на 18 години за брак и дете. Само што завршила средно и и завршиле "лудите години", што знае жити се.. тек животот и почнува.
     
  8. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски

    Ние можеме за нас да си кажеме дали сме спремни за брак и дете или не сме. За друг не можеме да кажеме. Еве пример нашите мајки се омажиле и одтанале бремени со нас релативно рано, 18-20 години, па не воспитале и знаеле да се снајдат иако биле млади, значи нема врска годините со мајчинството.
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mimi333

    mimi333 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2016
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Женски
    Други времиња биле тоа, подруго биле растени и воспитувани децата, никој не се замарал за факултет ко сега секој втор што има завршено. Немаш факултет се знае мажи се и раѓај деца. Пр тетка ми ,која сега има 60 год, ми кажувала срамота било да немаш маж и дете до 20 години така да не се споредува. Гледаш дека сите многу рано се земале и раѓале деца.
    И нормално и на 16-17 години да родиш ќе се снајдеш, више коа ти се родило што ќе му правиш, мора да го чуваш и мора да научиш како. Али за психички спремни не знам колку сме...
    И друго нешто, не сме спремни финансиски. Од твоите ли ќе земаш пари за детето? Или ќе си најдеш богат маж за да ве издржува? Кај нас се гледа колку вработуваат од 15 години, ретко е. И да сакаш нема да собереш пари за живот за сите 3ца, а не па уште едно дете да се роди. Од друга страна па глупо е си имаш своја фамилија ете на 18години и да бараш од твоите пари, више кога си се решила на таков чекор биди спремна од секој аспект.
     
  10. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Ова ми звучи на муабетот „Абе мене ми тегнеле уши моите како мала ама еве ништо не ми е, пак супер сум испаднала“.

    Не, не е супер таквиот начин на воспитување и воопшто не покажува подготвеност и зрелост на родителот за да биде во таа улога на градител на психологијата и карактерот на едно кревко суштество.
    Исто толку и тоа „снаоѓање“ не е индикатор за тоа дека нашите родители биле подготвени за предизвикот кој им претстоел. За снаоѓање, нормално дека кога ќе го имаш тоа дете ќе мора да го растеш.
    Но кога станува збор за правилен раст и развој на поле на психологија, тука во најголем дел постарите генерации и тоа како фејлнале и тажно е што и во сегашните генерации се сретнуваат такви родители.
    Од друга страна пак секоја чест за тие кои читаат, се информираат, се консултираат со стручни лица и се трудат максимално да не ги рефлектираат своите стравови, фрустрации и неисполнети цели врз децата.

    Одлуката секако е индивидуална и ние тука само може да си искажеме мислење, но моето видување е дека ниту една млада особа од 18, 20 години не е подготвена за да се најде во толку одговорна улога.
     
    Последна измена: 16 август 2020
    На Elf, Angie1432, f.girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Ова е според мене генерализација. Мајка ми не се омажила на 18 ни 20, без разлика на стеротипите и притисоците во нејзино време.
    Не можам да зборувам за другите, но прилично сигурна сум дека моите да се земеле на 18 немало да успеат да обезбедат ни приближно комотен живот за нас и веројатно ќе живеевме три фамилии во исти три соби.
    ОК е секој да си прави како што сака и се осеќа спремен, ама не можеме да замижиме пред фактот дека на 18 години во Македонија е тешко да се снаоѓаш, зошто најголем дел од луѓето на 18-20 не се ни финансиски независни.
     
    На Purplelilac и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  12. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски
    Па и да го имаш факултетот ништо не правиш. Факултетот ни човек те прави ни па финансиски појак, има исклучоци не викам не ама ретко. Еве пример дм нема факултет ама зима повеќе плата и од тие шо работат медицина. Јас знам јазици, па неможам работа асална да си најдам.

    Ако сакаш дете тогаш мора прво колку толку да се обезбедиш финансиски, не треба луксуз ама основните потреби за детето, за домот итн. За да бараш пари од дома кога веќе ди решила да се мажиш и да раѓаш деца не се согладувам, ама... некогаш може да дојде тешко време(да се изгуби работата и ред други работи) родителите се тука за тебе да ти помогнат, секако ако имаат.
    Мојте немале многу луксуз да ми овозможат ама се секаќам на среќно детство, денешните деца сакаме уште одма од раѓање станови и бизниси да имаат, реално е така да не се лажеме.
     
    На tinka-mace му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mimi333

    mimi333 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2016
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Женски
    Па учиш, со тоа се занимаваш, на тоа мислев. Порано не можел секој на факултет, сега секој втор оди и завршува. Мислев се троши времето на тоа едно 5-6 години сигурно , сакав да кажам порано после средно се знаело или факултет или мажење и раѓање, а почесто било второво.А тоа што нема работа кај нас, тоа друго е.
    И добро нормално ќе ти помогнат у такво времиња, али друго зборев јас.
    Епа така не научиле :smirk:
     
  14. Laufinam

    Laufinam Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2020
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    295
    Пол:
    Женски
    За врска се потребни двајца (минимум).
    Самите тинејџерки одбираат со кого сакаат да се, а ако се полнолетни или скоро полнолетни во возраст за согласност за полово општење, законски нема проблеми.
    Е сега, зошто се решаваат...
    Обично женските уште од старт бараат постар од нив во години машко.
    Нивните врсници машки тинејџери не ни знаат што сакаат и каде се во животот а камоли да имаат озбилен памет.
    И економскиот фактор игра улога... тинејџери се или мрзеливи или не ни помислуваат на работа и независен живот и автоматски економска безбедност... тинејџерот треба да чека да му дадат да има пари а зрелиот маж кој работи си има сопствен приход.
    И секако голема улога игра и искусноста... тинејџерката сака искусен маж а не некој колку неа за да се вежба на неа.
    Но, мислам пред се е минливоста на убавината и привлечноста... жена веќе над 25-30 год. почнува да опаѓа и бројот на заинтересирани исто драстично опаѓа.

    Така да, во врска со врски на зрели мажи со тинејџерки, најмногу улога игра тинејџерката која свесно влегува во таква состојба.
    Јас лично немам ништо против, ако се разликите во години не преголеми, не повеќе од 10-12 години плус.
    Повеќе од тоа, не дека е невкусно, туку нема да имаат разбирање еден со друг, генерацискиот јаз е преголем и комуникацијата а и сфаќањето би биле скоро невозможни.
     
  15. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.963
    Допаѓања:
    5.822
    Пол:
    Машки
    Извини што ќе те прекинам, ама првата реченица не ми е јасна.
    "За врска се потребни двајца (минимум)"...
    Како тоа минимум двајца? :|
    Зар има случаеви со 5 души во врска?:?:
     
  16. Laufinam

    Laufinam Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2020
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    295
    Пол:
    Женски
    минимум двајца бидејќи, знаеш, модерно време... има триаголници врски со тројца и сл., а и една членка во форумов во тема љубовни совети нешто се жалеше дека има дечко кој има девојка и по ставовите како да сакаше да биде во врска тројка - и со него и со неа.
    за петорки немам чуено, ама се е можно...
     
  17. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.963
    Допаѓања:
    5.822
    Пол:
    Машки
    Ок, за мене е тоа малку чуден обичај.
    Сериозни проблеми може да настанат кога се само двајца, а не пак тројца.
    Во странство знам дека си експериментираат со вакви врски, но браковите помеѓу тројца, не се легализирани.

    Многу чудно и дискутабилно...
     
  18. Laufinam

    Laufinam Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2020
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    295
    Пол:
    Женски
    да, јас мислам претежно за врски, а полигамни бракови се обично забранети, не знам како е кај тие шеиците кои имаат 2-50 жени додуша...
    а знам имаше и случаи во јапонија млади си имаа кружоци за меѓусебен секс, една девојка со неколку мажи, мажите со уште по некоја и уште велеле не се плашат од заразни болести, сите сме здрави.

    како да е, со модернава денешница и врски во тројка не би ме зачудиле... обично 2 жени и 1 маж, за тројка со 2 мажи не би се трпеле еден со друг...
     
    На Компир Манџа му/ѝ се допаѓа ова.
  19. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.180
    Допаѓања:
    73.908
    Пол:
    Женски
    Арапите легално можат да си се оженат со 4 жени. Нормално сите живеат во посебна куќа.
     
  20. Laufinam

    Laufinam Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2020
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    295
    Пол:
    Женски
    во исто соседство или...?