Не гледам проблем. Зошто судите според годините? Зошто сметаш дека е во ред да има дечко од 20 години, а од 30 не?
Се додека акцентот го ставате на жените/девојките, тоест секогаш жените се криви, никогаш нема да не биде. Незнам како здрав и ЗРЕЛ маж би сакал малолетна девојка кога имат скроз различни перспективи во животот. Едит: годините не се проблем? Tell that to my knees and ankles.
За што реков дека се жените криви? Крива е ако се заљуби во 30, а не во 20 годишен? Второ, кај женските на 17,18 годишна возраст, пубертетот е поминат и таа се смета за зрела!
А ако е незрел, што да прави? И зошто имплицирате жените или мажите дека се криви? Дали сте помислиле дека се можеби среќни? Вакви работи не треба и неможат да се генерализираат.
Ама не те прашувам за девојката, те прашувам за мажот! Шо мислиш за таков маж шо има до себе малолетна девојка?????
Можеби ќе бидат среќни. Ок. Не го негирам тоа. Ама фактот дека возрасни мажи се вртат по малолетни ми е одвратен. Немам веќе шо да коментирам со тебе. Очигледно ти исто би го мислила и за 25 годишен со 13 годишна. Која љубов нели?
Значи ако има 17 години не може да се заедно, а ако има 18 може. Пошто нели малолетна е. Па ти одговорив за ова погоре, во недостаток на аргументи пак истото го повторуваш.
Абе нам може да ни биде одвратно или ччудно, нив не им е и тоа е најбитно. Ама треба веќе еднаш да се ослободиме од тоа да се бавиме со туѓите животи и да престанеме да превземаме американски квази-вредности и измислени термини. Различни народи, различни менталитети и општества.
Какви измислени термини? Ти во Авганистан ли живееш? Свесна ли си дека подржуваш педофилија? Само во арапските земји го има тоа да ги венчават на 12 , 13 годишна возраст. За тебе нормално е тоа?
Не е точно. Зборевме за некој 26-30 годишен со некоја 17-18 годишна на доброволна, а не присилна врска или брак, силуваа и сл. Е добро ете и да не е зрел, нашол нешто што ќе му соодветствува на незрелоста.
Таа се смета за зрела самата, или како? Инаку 18 е далеку од зрелост, независно од пол. Што значи да се биде зрел?
и јас тоа се прашувам, со оглед на тоа дека членката наведе дека зрелоста се поимува со годините. Секако дека се смета за зрелост, и во образованието се полага тест за матура = mature.
Не е до разликата во годините колку што е до периодот во кој се наоѓаат. Не е исто 15 годишна со 25 годишен или 18 годишна со 28 годишен како 25 годишна со 35 годишен. Во првиот пример овие се уште деца, со 0 животно искуство, школо и излегување ги интересира најмногу, додека маживе се веќе повозрасни. Во вториот пример и двајцата се повозрасни и имаат нешто видено во животот. И не, не е поентата „зрелоста нема врска со годините“. Ама животното искуство и периодот во кој се наоѓаш и те како има. Обично овие зрели мажи се затрчуваат во помали бидејќи можат подобро да ги манипулираат и обликуваат во девојки какви сакаат, продавајќи им филм како тие се позрели за своите години. Деца се подложни на манипулација многу повеќе, и затоа одговорноста секогаш оди кај повозрасниот кој треба да е свесен дека треба да стои подалеку од деца дури и ако тие го прават првиот чекор.