Зошто 20 годишен пред 3 години бил средно, оти 17 е уште средно. 30 годишен бил пред 13 години средно. Се вика груминг и има дисбаланс на моќ каде поголемата разлика во години се случва каде детето е малолетно или "barely legal" каде уште нема искусено живот и стекнато искуство за да можи да се снајди, додека рчпало е во друга фаза од животот. А и да. Фази на живот. Многу јасно се гледат кога разликата е во рани години, а границите се многу поблендирани кога разликите се во покасни години. И од таму иди можност за контрола и манипулација од повозрасната страна, која често има поголема моќ ради возраст, искуство и финансии. Не е муабетот океј е на 18 ама не на 17. На двете не е океј кога имаме дете шо уште не е излезено од средно или сега излегва од средно, најдалеку можи ојде на факултет во Скопје (и то са свежо, не е ко да е таму поќе време) и некој со 10+ години вистинско искуство над неа. Имам и наназад пишано. На 17 да излегвав со некој 27 ќе беше груминг. Сега на 27 ако излезам со некој 37 е нормално. Зошто? Оти и јас веќе имам мој сет искуства, финансиски сум стабилна и никој не можи да држи некаква моќ над мене зошто сум растела со врсници, сум стекнала искуства и добри и лоши шо ме напрајле во одредена возрасна личност; и генерално просторите каде се движам се 24-5+ годишни луѓе до кај 45-6 и искуствата се доста блендирани пошто кога стигаш до средина на 20ти веќе влегуваш во "поинаква" група на возрасни искуства каде помладите и не припаѓаат баш. Башка шо како 27 годишна ко ќе видам некој помал, на фаца ми личи по "детски". То е нахнаден чекор шо не го разбирам кај ете врсници мои нека е, шо излегват со средношколки. Нели личи на "фетус"? Морничаво е и симптоматично. "Квази вредностите" - излегвање со средношколци. Please. Ок овде грумнатите пишат, ама баш сакам некогаш некој грумер да пиши, сем фактот дека детето е "крцкалче", шо муабет прај со 16-17-18-19 годишна. За тестот по математика? Матурската? Порано сигурно и за екстерното тестирање. 17 и трета завршват поќето - сигурно зборат за екскурзијата и каде во Италија м о р а да оди оти он веќе бил три пати, а вториот пат бил на момачка со другарите. If she's lucky, можда и писмените по македонски ѝ има пишано.
Ај замисли сценарио-имаш 16 годишна ќерка. И повтори го ова као океј е бе, шо има везе, 30 годишен ќе си праи муабет со ќерка ми 16 годишна, за секс...
Добро, ај нека праат муабет за матурската тогај... Затоа треба претходно сексуално образование, соодветно знаење за биолошките ризици и облици на секс, но и да биде свесна за своите асертивни права - да каже не ако не сака и тн. Оти таа ако сака ќе прае муабети какви сака и со кого сака, а за секс може и со некој од нејзината возраст да прави мубает па да направат белја затоа што се и двајцата неискусни и незрели, нели?
Не. Никаква врска нема со сексуално образование. Не станува збор за беља, станува збор за ниво на подложност на манипулација. Инаку ,,не,, треба да знае да каже и на 16 и на 26, ама на 26 малку потешко дека ќе ја купи со шарене лажи и кинеска краљица трип. Замисли дека имаш 16 годишна ќерка? Боже господе @daylight , ќе паднам во искушение да почнам со лекции ко од баба ми -мажите сакаат само едно, бегај од нив. Пошто нивово на дискусија е ко од 1923. Као, кој прв стигне, негова е- или како?
Точно. Не е наша работа. Наша работа е да крениме свесност за груминг за ова да е работа на родителите да заштитат децата од предатори. Као лабаво го кажа секс. КвАзИ вРеДнОсТи. Ич неќам "нормални" вредности ако се предаторски.
Педофилија е тоа, не е нормално дете од 15-18 години да има сексуални односи со возрасен човек од 30 години. Не сакам да ме цитирате за тоа дека 18 години е полнолетство! Сеуште е дете на тие години по размислувањето! Малце манијачки и застрашувачки ми е што ги браните и оправдувате овие врски.
Нема што да им се мешам на полнолетни личности, тинејџерки над 18 години слободно нека постапуваат како мислат. Јас на 12, 14, 15 бев свесна за светот и животот околу себе и не дозволував да ме прелажат рандом будали, белки 18,19-годишни треба да знаат подобро од едно дете, или годините се сепак само бројка.
Помладиве, 18-20-22 годишни луѓе се пораснати со социјални медиуми, тикток, снапчат и тн. Мажите во триесетти години се пораснати во сосема друг свет, непознат за 20 годишна девојка. Имаат сосема различни искуства. Како би можеле умствено да се поврзат? Како би развиле интелектуална интимност? Какви заеднички работи имаат? Ќе си праќаат мемиња? Според мене, било кој од двајцата не бара никаква емоционална или интелектуална конекција од другиот, туку мотивите им се други работи. На кој начин ќе се поврзат? Не е поентата дека некоја девојка е прелажана од повозрасен. Никој не збори за прелажување со лижавче. Grooming е многу подлабока работа. Грумерот може и несвесно да ги искористува слабостите на жртвата само затоа што има поголемо животно искуство, а камоли кога е намерно (најчесто). И да, 18 годишен може да е позрел за своја возраст. Ама тоа не го прави искусно лицето. Некој на 30 и да е незрел, има многу повеќе животно искуство и полесно може да мота помлад, колку и да е зрел. Поентата е шо нема едукација. Нема превентива. Не сте свесни како млади девојки паѓаат на "јаки" мажи со некакво криминално досие - барајќи некаква си заштита. Доволно е да се прошетате во некој пофенси клуб или кафич во Скопје за да видите како банкарчиња и директорчиња частат цели групи на тинејџерки кои се пуштени на врата само поради возраста, додека нивните врсници од машки пол немаат влез. Све зависи во какви групи се движите и што гледате. Да имате увид малку повеќе, ќе ви се згади. Не е проблем шо некоја зрела девојка нашла повозрасен дечко или маж, и се во сериозна врска, се сакаат, се почитуваат, успешни се и тн. Проблем е шо тоа се 2%. Со среќа нека им е на тие, и све најубаво. Проблем е шо замижуваме очи пред предатори кои ја користат својата повисока животна положба за да таргетираат тинејџерки кои се "легални" само затоа што на хартија имаат 18. Буквално секоја година во јануари излегуваат зезанции дека од сега "2005 is unlocked". Следна година "2006 is unlocked" и така натаму. И тогаш тоа ви е глупо и одвратно. А на темава ви е океј. Епа добро...
Кажа членот кој сите го памтиме по тостер мемињата Во ред е Ајроне. Ептен во различен свет живеат тие на 22 години, и тие на 30. Вториве немаат појма што е меме, тикток, снапчат, заглавени се во времето на мирц и МСН. Треба да се стави јасна дистинкција овде што е груминг, а што не. Не може личност која има 22 години да се смета за неизградена особа која лоши чичковци ја лажат со пијачка во кафич. Некој на 22 години е зрел, дури и со факултетска диплома позади себе, може веќе работи и се оствара во животот. Може е веќе остварен и има фамилија. Не сите имаат исти интереси и цели во животот, ниту се наоѓаат на иста патека. Не ги правете возрасните луѓе деца! Или ај да ставиме лимит на 25 години, до кога се развива мозокот и се под тоа да е малолетно? Груминг може да биде кога некоја што сеуште е средна школа, а наполнила 18 год, или сеуште не наполнила, пошто кај нас е легално 17 годишна да оди со полнолетен, оди со далеку постар човек. Ставив една формула на другата тема, одамна, за што би било морално и етичко кога е во прашање разликата во години. Своите години ги делиш со 2 и додаваш 7. Пр. 36 / 2 = 18 + 7 = 25 30 / 2 = 15 + 7 = 22 28 / 2 = 14 + 7 = 21 24 / 2 = 12 + 7 = 19 Значи до 23/4 години ако си, можеш да ги дејташ тие од 18/9.
Хахаха си сакам јас мемиња Инаку според коментариве, не знам зошто е хејтот кон Ендру Тејт на други теми. Буквално цела идеологија му се заснова на тоа дека треба мажите треба да се со помлади, 20-22 годишни девојки бидејќи тие се попослушни и имаат помал број на сексуални партнери. На темава да дојде Ендру Тејт ќе ви даде рака. Факултетот не е зрелост. Воедно, прашање е што е воопшто зрелост и дали може да се мери! Затоа и велам луѓе со поголемо и помало животно искуство. Бидејќи за мене не е зрелост да барам 12 години помала девојка од мене. И како што реков, лажењето не е со лижавче или со пијачка во кафич. Подлабоко е и подолгорочно. Јас не ја барам вината во тие млади девојки, вината е кај мажите шо ги искористуваат. Само, на крај краеви џабе шо збориме. Бидејќи чим има луѓе што зборат за тој тренд - значи постои и е успешен. Штом има многу мажи што пробуваат, значи има и многу што успеваат. Тоа не ги прави тие девојки глупи. Туку ги прави искористени. Нема потреба да се докажуваме. Можеш сам да отидеш на добро познати ликации низ Скопје и да најдеш НЗС за тоа што го гледаш. Имам прашање, според твојата формула, како би објаснил зошто сметаш дека сѐ друго е неетичко?
На колку години според тебе се зрели и не се искористени? Пошто викаш на 22 се незрели, и се искористени ако одат со некој 8 год постар? Одите од една крајност, во друга крајност на темава. Формулата не е моја, туку е формула општо прифатена за што е социјално прифатливо. Повели: https://en.m.wikipedia.org/wiki/Age_disparity_in_sexual_relationships
Жена или маж на било која возраст може да биде искористена, со емотивна манипулација, дали мотивот е пари, дали да се улови помлада девојка, дали нешто друго. Може и 30 годишна жена да биде изманипулирана од 35 годишен маж и да ја искористува само за фалење дека има помлада, ваква или таква или нешто друго. И според вас и тоа е груминг. И да тука пак е виновен тој што искористува без разлика дали е маж или жена. Девојка од 18-25 исто може да е изманипулирана како таа под 18, ама разликата е што тоа е дете, што само што почнале да се развиваат хормоните, сѐ уште не знае да се справува со тоа како повозрасна девојка, уште е тинејџерка и е ранлива не само поради неискуството туку и поради хормонлниот развој во тој период. Тоа е педофилија. Сега за границата од 18 до 25. Сѐ уште не можеме да кажеме дека луѓето се сосема зрели, ама па се веќе возрасни луѓе, носат одговорност за себе. Дали треба да ги обвиниме што биле изманипулирани од 15 години повозрасни мажи? Дефинитивно не, пошто секој човек може да биде жртва на манипулација, на емотивно насилство, уцена итн. Ама за да не е пречеста појавата на ова треба од корен да се сменат моралните вредности. Проблемот не е само што мажите ги наоѓаат овие девојки за свои жртви туку и тие самите одат во такви ситуации, пошто денес е „во мода“ да имаш богат дечко, дома ги учат не се мачи како нас најди некој со пари, се става на пиедестал само убавината како вредност на девојките. Ова е една цела социјална, општествена конструкција. И заборавив да кажам, ние со помалку од 25 години исто сме способни да комуницираме како повозрасните луѓе, без мемиња или било што што мислите дека инстаграм и снапчат ни прават како генерација. Не ни е цел карактер тоа.
На темава имам story time, не мое искуство за среќа ама сепак можи и поучно да биди, можи и не. Само пред да напишам, вака во вовед, не се препознавајте во туѓи коментари, не е хејт, не е љубомора, мислење е. Не сум расположена за кавги тука. Океј, пред неколку години на првото работно место запознав колешка. Јас бев ако не се лажам веќе втора година дипломирана, таа немаше сеуште завршено факс. Искрено, многу фино чупе и за неа немам никаков лош збор. На една пауза, не знам како оти сите бевме од понежен пол, почна за дејтинг да се прави муабет. Не знам зошто, можи оти чувствуваше дека оди во погрешна насока, буквално се ни кажа. Не била ниту во година врска, а дечкото веќе ја запросил. Бил постар од неа 9 години (чекај ова да го болдирам), и имаше некои sketchy things, како почнал да и пишува и како од старт ја убедувал да ја носи на патувања во странство. Врскава ептен брзо се развила и кратко после “патувањава“ (if you catch my drift) ја поканил да живее кај него во стан. Е арно ама, после тоа почнале кавгите, оти буквално како домачица ја чувствувал, а таа не можела да стаса се сама. Не знам бе, некоја тага и се отцртуваше на лицето, како да беше ем тажна, ем зависна од него, ама неспособна да замини. Јас од тоа работно место си заминав, така да контактот се изгуби. Ја видов пред извесно време, овој речиси декада постар од неа, изгледа помладо од неа сега. Има и други работи, ама нема потреба. Кога ни ја кажуваше приказнава, нешто знаев дека не е во ред. Посебно почетокот, ептен беше too good to be true. Сега знам дека била грумирана на 21, ама тогаш немавме материјали и не знаевме за ова како што знаеме сега. И ова не е за трач муабет, во друга тема, тазе невестулка, која за љубов се преселила во Германија, кажуваше како сопругот не и дава доволно пари за курсот, облека и храна. Дека била при крај со сопствената заштеда и бараше совет како понатаму. Замисли, ја жениш, ја убедуваш да се пресели во странство со тебе, за таа да биди домаќинка, а ти да си шеташ секоја вечер со колеги по пиво слеш забави. На англиски bang maiden се нарекува ситацијава. И нејзиното е груминг, софистициран, ќе те женам, а потоа ќе се заебавам со тебе. Затоа, како жена, препознај ја силата во себе, не ти треба од маж да дознаеш како се живее живот, како треба да изгледа врска/брак. Ако осеќаш дека не е во ред, не е. Тоа преиспитување на здрава интуиција, не прави да заглавиме во грешки.
@Ajronmen бе чоек, ти изглеа си имаш лошо искуство со некоја помлада, незрела, што не знаела што сака, може и не знаела како да се понаша со тебе и имаш фобија и никако не се гледаш со значително помлади да идеш. Или нема врска тоа? Во ред е и тоа. Сите треба да си бараме тоа што сакаме, ти можеби сакаш врснички, можеби и постари, твое право секако, кој смее да ти наложува и да ти суди? Кој ти вика дека маж мора да зима само помлади? Која будала, кога тоа си е личен избор? И кога викаме помлада, не збориме само за огромни разлики од 12+ години, затоа не се потресувајте до толку. И не мешајте упорно тоа груминг и искористување на млади и незрели според вас девојки со нормална стабилна врска и дејтање помеѓу нормални изградени возрасни особи. Убаво рече, сите од помладите не се незрели па почитувај го тоа и немај предрасуди зашто некој идел со нив. Спојлер Јак си со таа опсесијата со мемињата. Ете видиш и ти, а верувај и постари доста од тебе користат мемиња, и комуницираат преку нив. Има и помлади што не користат, не е чудно ништо. Или тикток генерациите што викаш, да, повеќето се завини од тикток лудилото но ги има од сите возрасти.Како збориш ко ни ни нет да не користиш, пораки преку гулаб писмоносец испраќаш изглеа. Границите малку треба да ги прилагодите и олабавите за тоа од кога, што и во кои околности се смета за груминг, а кога не. Кога вака ќе пише некој одма си праите филмови како возрасни магариња од 30+ ги лажат и манипулураат со "деца" од 15-19. Ова се разбира дека никако не е во ред и е ненормално т.е. тука веќе се работи за сериозна патологија која си бара соодветни мерки да се преземат. А тоа деца го стаив во наводници дека реално не се деца веќе ни на тие години, се знае деца што се и до кога се. На тие години се тинејџери кои се на пола пат да станат возрасни личности. Но не треба ни да се споредуваат ваквите работи зашто не гледам барем на темава луѓево да нормализираат ненормални и пореметени работи како педофилија, барем неам прочитано. И темава вика "Зрели мажи во врска со тинејџерки" , тие преку 20 се тинејџерки? А најјако ми е коа девојки па и млади жени ова го гледаат како најстрашно нешто и се гадат од самата помисла, а истите идат со постари, која иронија. Бар биди си на својот став и испочитувај си го своето, си кажал, не го погазувај зборот ама не, коа ќе се појави некоја добра прилика и коа ќе се согледа дека не е се така црно и бело одма се мењаваат и критериуми и принципи и цел мајндсет. Тогаш ќе биде "Еее како така бе, кај сум го кажал/а ова, не е точно. Сеа размислувам подруго" и почнуваат сосема во спротивна насока да се движат и да прават работи за кои порано викале дека никад нема да ги праат. Не знаев за оваа формула, има логика на овој начин да се пресметува минималната возраст за дејтање. Ама важи и за двата пола? Треба да се прилагоди според полот ама ај за преференци се работи јебига. Да се замислам со "дете" од 19..
Се работи за мајндсетот, 30г личност неможе да има исти замисли, очекувања, ју нејм ит, како 18 или 19годишни. Затоа кога 30годишен оди по 18годишни и 19годишни( или помали) го нарекуваме груминг или искористување. Оти освен за секс, не гледам друго за шо би сакал. Тоа е како сега јас 27годишна да зеам дечко од 18години. Шо побогу ќе праам со него освен секс? За шо ќе разговараме? За диско, за школо? Шо друго може тој да ми понуди? Стабилност сигурно не. Ама јас да сум 37 а он да е 27 е друга песна пошо и двајцата веќе ќе имаме животно искуство и ќе знаеме шо сакаме. И не почнувајте со причи како 18 и 19годишните знаат шо сакат. Ништо не знаат. Јас на 23г поинаку размислував од на 18години , и сега на 27 поинаку размислувам од 23.
А што знае човек на 19, што не знае на 17? Баш тие крајни тинејџерски години, почеток на 20ти се доста лабилен период во животот кога човек за првпат е оставен да донесува самостојно одлуки. Не е ко на 18ти роденден паметот магично да доаѓа. И да, на 19 можеш да бидеш зрел, за 19 години, не за 30.
Знаев дека за ова ќе се фатиш. Лични преференци, како ти што ете бараш колку тебе или постари или 2-3 години само помлади. А и да не забораваме битна ствар, женските побрзо созреваат од машките, се разбира има и исклучоци но генерално така е. За жал така е, сакале или не. Ова можеби е една од побитните причини зашто голем дел од женските сакаат постар партнер и не екстремно постар, туку со релативно прифатлива разлика.