Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зрели мажи во врска со тинејџерки

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Srckata28, 29 јули 2020.

  1. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.231
    Допаѓања:
    40.042
    Пол:
    Машки
    Ова е грумингот. Ако ти со твои 27 години имаш секс со 18 годишен, затоа што е сеуште тинејџер, а ти си веќе жена. И не е морално и етички да го врбуваш со секс, иако е легално.

    Е ако е 20+ веќе е океј, затоа што по сите норми, тоа е адолесцент, а не дете.
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    8.924
    Пол:
    Машки
    Не сфаќам зашто лично ја доживувате темата.
    Темата не е разлика во години.
    Ниту пак педофилија.
    Темата е возрасни мажи и млади девојки.

    Се согласувам со @Ketchup дека магично ништо не се менува ноќта кога ќе се смени датата и ќе стане некој полнолетен.
    30 годишен со 17 годишна е педофил и не е во ред.
    30 годишен во 18 годишна е во ред значи.
    Нека е и лична преференца.
    Ама 30 годишен маж да преферира 18 годишни девојки...јас би си ставил прст на чело за дечково.
    Ендрју Тејт вајбс.

    Премногу убаво е објаснето и на почетокот што е груминг.
    За тоа е темата.
    Не е за нормална врска меѓу две изградени личности без разлика на разликата во години.

    Што се однесува на тикток и се остало, не, не претставувам цели генерации со тоа.
    Сите користиме социјални мрежи до некаде.
    И дедо ми игра мини на компјутер.
    Ама муабетот најмногу му иде со другите пензионери.
     
    На Angie1432, Ketchup и theowndemon им се допаѓа ова.
  3. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.258
    Пол:
    Женски
    Јас не пишувам чисто од страна како некого, па да не ми се јасни тактиките за намамување девојки, туку ми се случувале и ми се случуваат приоѓања од непожелни крипи ликови кои одговараат на тукашниве описи, само што јас од мала знаев дека мрсул не фрлам на нив и ги заобиколувам во широк лак.
    Овде вие дискутирате примери каде привлечноста/интересот се обострани.
    За целото општество би било подобро девојките да не им билдаат ега на језиви кретени, ама трет човек не може да убеди возрасна личност да се преориентира кон нормален избор на партнери.
    Нема начин да се сузбие појавата, а да не е преку здраво, нормално воспитување на вашите синови и ќерки дури се деца. На 18 е дете само разговорно кажано. Мислам дека кога една девојка не изградила здрав однос кон себеси, ако не падне во канџите на постар партнер идиот, ќе падне кај ист таков, само врсник или тука некаде. Што и многу почесто се случува, се изнагледав ситуации редовно, ама ај да не бегам од темата. Уште да беше сета опасност во постарите, а не како се поставени машко-женските релации во целост.

    А лично мене не ми се допаѓаат сериозни врски на млада возраст ни меѓу генерациски блиски партнери, времето треба да се искористи за забава, ама тоа е само мое субјективно мислење. Секој за себе си знае како се осеќа подобро, не ми е ОК да им се мешам на луѓето како да го живеат интимниот живот.
     
    На lovestoneddd и Космонаут им се допаѓа ова.
  4. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.231
    Допаѓања:
    40.042
    Пол:
    Машки
    Сите се согласуваат со тебе за 18 годишни, и 19. Тоа е и насловот на темата: "Зрели мажи со тинејџерки".

    Не се согласуваат со тебе за тие над 20 години. Пошто нема ништо лошо 30 годишен да е со 22 годишна.
    Ниту е тинејџерка, ниту е дете, ниту пак е во развој за да биде манипулирана како некоја на 18.

    Ниту пак некој од 30 ако оди со 22 е љубител на култот на Ендру Тејт или како и да се вика.

    Ниту пак може да имаат проблем за муабет и да се осеќа генерациски гап пошто и тие на 30 имаат/запознаени се со инстаграм, тикток и праќаат мемиња. Сите користат мемиња. Освен може дедо ти. :D
     
    На Космонаут и Mrs. right им се допаѓа ова.
  5. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    8.924
    Пол:
    Машки
    Ова разлика помеѓу 18 и 19 годишни девојки од една страна, и 20 и 21 годишни на друга страна - ја темелиш според англискиот?
    Дека на teen завршуваат броевите?
    Или?
     
  6. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.231
    Допаѓања:
    40.042
    Пол:
    Машки
    Според психологијата.

    Adolescence is the phase of life between childhood and adulthood, from ages 10 to 19

    Над 20 веќе ти се adulthood, до 24 се young adulthood, а над 25 се дефинира како later adulthood.
     
    На eliesaab и Mrs. right им се допаѓа ова.
  7. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.314
    Допаѓања:
    13.247
    Пол:
    Женски
    Не ја доживувам лично темата, си дискутираме само. :)

    Е како не зборуваме за разлика во години кога кон тоа се цели?
    Во што е разликата тогаш?
    И не може, а да не се спомне и за педофилија кога самото по себе се начнува, кога станува збор за патолошка, екстремна и неприфатлива разлика во години. Праиме паралела, па мораш да се надоврзеш.

    Годините се главниот проблем за која е отворена темава, и секако интелектуалната па и социјалната зрелост на тие личности кои сакаат да идат со тинејџери.

    И ја се согласувам дека не си одма возрасен кога ќе наполниш 18, возрасен стануваш постепено, созреваш чекор по чекор низ сите искуства кои ги доживуваш низ животот ама дете у никој случај не си.
    Млад човек си веќе кој би требало нешто од нешто да знае веќе, барем се очекува да е така.

    Ако не е темата за врска меѓу изградени личности тогаш да не мешаме со груминг, дека груминг е само зашто постар бил 7-8 години, а таа кутрата невина и наивна во секој поглед, врска нема од животот, а начукала 20 години.
     
  8. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Мислам дека после 22ра година полека почнува личноста да се доближува до вистинскиот свет на возрасни и веќе почнуваат врски со Х години разлика да се во ред - има различни ситуации, луѓето се запознаваат и наоѓаат на различни начини, океј е, yknow?

    Но, тоа не значи дека во светов не владее таа некоја одвратна култура на груминг, или не знам како да ја наречам, скоро педофилска, тоа што на постари мажи им е мерак да легнат некоја помлада, понеискусна итн. Буквално тоа е тоа што нив ги пали, тоа е најчесто нивната перспектива, доволно доказ се социјални мрежи кога ќе почнат стари мажи не 30 годишни, не 40, дури и постари да коментираат за „младо п*че“ и безброј одвратни коментари за девојки кои штотуку наполниле 18 години.

    Затоа проблемот и акцентот ќе е секогаш на мажот. Пошто, да го земеме за пример Леонардо ди Каприо синдоромот, мене ми е рецимо океј 25 годишна девојка да дејта кого сака ако и е мерак, веќе е доволно возрасна, ама тоа не го менува фактот дека конкретно во случајот со Леонардо ди Каприо, он е creep што не дејта девојки постари од 25 години, дури последната девојка му беше 19 години. И не е дека он ги форсира тие девојки со кои иде, ама дека го искористува неговиот статус на позната личност, еден од најпознатите актери кој порано се сметал за еден од најпривлачните, да, го искористува. И тоа го осудувам.

    И таков сличен дизбаланс многу често постои во врските со разлика во години и затоа сеедно ми е што една девојка го експлицитно посакува вниманието на возрасен маж, тоа што он го дава е проблемот. Особено кај девојки 3та, 4та година средно и први години на факс (за кои е и отворена темава)... ноуп.

    А инаку 80% од мажите во Македонија кои ги знам, зборувам за мажи дури и во 50ти години, се дечишта невидени и незрели ама не се незрели ко за 18 годишни... и би било језиво во најмала рака ако се водиме според тоа за да оправдаме некоја врска.
     
    На Angie1432, Ketchup, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    23.027
    Пол:
    Женски
    Па тоа е тоа. Треба да си нетаман во глава да се палиш на помали и да се вика дека годините се само бројка.
    Зборам за 18 19 годишни и помали.
     
    Последна измена: 30 септември 2023
    На Космонаут му/ѝ се допаѓа ова.