Зошто 30+ годишни одат со средношколки? Како прво македонскиот менталитет да си најде невина, да и е прв, да нема цурата многу партнери пред него евентуално. Второ оти многу е полесно да ја оформи по негов терк и сфаќања како и да ја контролира да и се наметнува, демек тој постар, поискусен. Обично се недозреани дечки со големо его а уствари ниска самодоверба, его манијаци ( види ја бе брат, крцкалче, прв сум и ,филм) мажи што сакат домаќинка од 60тите по дома да не ги замара многу додека се со другарите/швалерката, а кога ќе си дојдат дома да дигнат нозе у дневна а женичката да донесе ракија, мезе.
Секој има право на избор. Штом си наполнал 18 години, имаш право што сакаш да правиш со сопствениот живот. Дали некој тоа го смета за исправно или не тоа е друг муабет. Не може да осудуваме зошто некоја девојка се омажила за некој многу постар од неа. Ако таа така сакала, нема што да си го пикаме носот во туѓи работи. А кога некоја 18 годишна не по своја желба стапила во брак со некој постар е тоа е веќе за осудување. И тоа не треба да се случува. А најважно, кога не ја знаеш причината за бракот, односно дали е по сопствена желба или не е тогаш најпаметно е да не кажуваш ништо и да не осудуваш се додека не дознаеш како стојат работите.
Понекогаш се прашувам како е можно да си контрадикторен со самиот себе. Заради ментална гимнастика е ова? Пошто токму твое мислење од брачни совети цитирав, во мислења што треба да бидат запаметени. Девојката со средно, мажот и не ја пушта на работа, и таа таква е господар на сопствениот живот? Не е тоа рецепт за марионета уствари?
Ти мои мислења не ги читаш. Ти веќе во главата имаш извезено што имаш да кажеш и го тераш муабетот во таа насока затоа што немаш што друго да кажеш. Веќе ми е видена оваа дискусија милион пати на форумов а сигурна сум дека ти имаш и видено и учествувано. Ти сакаш овие работи да ги мислам и си претпоставуваш, ама јас немам што да ти кажам пошто не сум обврзана со ни една работа горе. Само ме напаѓаш со некои агресивни реченици со кои се ставаш над мене. Ама добро. Имај убав ден.
Девојката никаде не опиша ситуација дека се омажила, родила дете и мажот не ја пуштал на работа. Пиша дека родила дете и автоматски и е уништен животот. Редење додатни детали кои не постоеле во првичната приказна само за да се издраматизира - не, фала.
Точно е дека сите сме го минале истиот тек, ама и не значи дека сме легнале на брашно да сме само домаќинки ние, туку и ние и домаќините си подзасукуваме ракавче кој повеќе кој помалце А за тоа дека 18 годишна девојка која родила бебе е далеку позрела од некоја која осудува нешто што е сосем неетично, не е точно. Знаеш колку поим си немаат во што влегуваат па кога ќе ги здрма постпородилната депресија вени сечат, глава чукаат за назад да се вратат, за дома, ама нема толку лесно егзит опција со дете како што пишаа погоре. После кога таа ќе стигне пример 25 а тој 37-40, таа има сосем други желби и амбиции, а и енергија богами и бебо е веќе прваче и таа има повеќе време да биде таа која сака и е во ред да е на 25 години. Ама пак нема егзит опција дека е сопруга на 40 годишен кој тера само работа-дома и обратно. Секоја почит за исклучоците од мажи и жени со успешни брачни приказни со ваква разлика во години.
Пост породилна депресија може да те мавне и на 40 години, каква веза има ова со возраста? Не реков да си легнеш на брашното. Реков дека работите што ко тинејџер ги нарекуваш "статус на домаќинка" и тука спаѓа готвење, чистење и тако даље, кога ќе созрееш ќе ги гледаш ко грижа за себе си, ко самостојност. Можеш да одиш на работа, да се образоваш, ама кога ќе дојдеш дома пак мораш да си зготвиш и исчистиш тинејџери скокаат на статус на домаќинка, а дома мама им пере, чисти, готви.
Да се надополнам. Пред да продолжам, уште одма да кажам дека апсолутно немам ништо против брак, против мајчинство и "домаќинлук". Ама мислам оти живееме во едно многу погрешно општество каде уште од мали децата се учат на тоа дека мораат да се омажат, да изродат деца и да формираат семејство. Со самото тоа уште од деца им се прави притисок дека кога ќе "пораснат" ги чека тоа и тоа е апсолутно и неопходно да се направи. Со самото тоа децата се поподложни на грешки правење, а самиот конзерватизам дополнително игра улога на антагонист кога ако децата навистина направат грешка немаат кому да се обратат, затоа што тие што ги стимулирале на таа грешка, најчесто се со став дека "тој си си го одбрала, тој ќе си го трпиш". Многу, многу малку жени имаат поддршка од своите ако сакаат да се вратат назад. Плус да го додадеме фактот дека државичкава е утепана во максимална смисла и едвај се сврзува крај со крај кога цело семејство работат, а камоли жена сама да плаќа кирија и да гледа деца. Еден цел исповрзан комплексен проблем е ова и нажалост многу малку се зборува за истиот. Малолетнички бракови се тема на дискусија на многу панели и од тоа што имам слушано навистина има зошто според мене не треба да се случуваат. Да повторам, тоа не значи дека не сакам да стапат луѓето во брак, ама сметам дека треба да се прави во поодмината возраст, кога човекот е веќе зрел и оформен. Никому не сакам да му се мешам, ама статистички гледано во огромен дел на такви бракови владее семејно насилство, фемициди, ужасни услови за самата жена, трпење на секаква тортура кога и се затворени и вратите кај своите и апсолутна голгота од страната на мажот. Ако еден ден имам дете, никако, ама никако нема да му правам психичка тортура како што ми се прави мене со ајде мажи се, со ајде деца треба да раѓаш, ајде време ти е и слично. Ќе го оставам да биде среќно, односно да прави онака за да е среќно. Многу од девојките кои стапиле во брак на млади години се заради тој конзервативен став од дома и подоцна сфатиле што направиле. На тие години ниту го знаеш човекот со кој ќе се омажиш, ниту пак знаеш за животот нешто, туку си една ball of energy која баш така - мисли дека се што лета се јаде. Од друга страна навистина не можам и јас да сфатам што прават 30+ годишни мажи кога сталкаат малолетнички, апсолутно одвратно, грозно и неприфатливо ми е. Ако девојката е +20 годините немаат толку улога, ама адолесцент и веќе оформен, зрел човек ми е крајно дегутантно.
Нема везе со возраста туку со искуството да го пребродиш се тоа и со самостојноста и способноста кои ги имаат во поголема мерка 40 годишните во однос на 18 годишните кои не застанле сами на свои нозе па отпосле им се здесило тоа. Искуството што го стекнуваме доаѓа со годините. Еве јас лично ќе си кажам за мене и мојава депресивна состојба во 20тите многу потешко сум ја препознала и пребродила отколку сега по многу години, искуство, знаење, начини на справување и нормално мои финансии и сознанија каде да побарам и си приуштам одлична здравствена нега која мене лично ми покажува добар ефект. А се ова со бебе и 18 години и без свои средства во свој џеб не би можела за мене лично да си го замислам и посакам или да го замислувам за моја ќерка. Друго домаќинлукот е грижа за себе и секој треба да ја чини и маж и жена и нема омаловажување на оваа тема, баш напротив за почит е и треба од мали нозе да се втемелат и стекнат домаќински вештини и кај машки и кај женски.
Значи постпородилната депресија нема врска со искуството, самостојноста и способноста. Мајки со 3 деца, искусни, вработени, самостојни, пак се мачат со постпородилна депресија. Некои немаат ни искуство, ни се самостојни па не ги мава постпородилната. Обична статија да отвориш никаде нема да го сретнеш ова што ти го збориш. Тотално навредливо е да и кажеш на жена дека е депресивна затоа што е неспособна. Твојата депресија не била постпородилна и немаат врска двата типа на депресија еден со друг. Голема тема е постпородилната депресија
Какви ти се тие „вистински жени“ и како воопшто можеш да зборуваш за феминизам после оваа поделба? Лол.
Слажем се. Плус Фата дека ја спомна, која жена лавица и осица и вредница. Многу ми е симпа. Јас се прашувам каде се родителите на тие девојки, дали згрешиле во воспитување, дали немаат отворен муабет со сопствените деца, дали стварно им е повеќе гајле што ќе речат комшиите отколку иднината на девојката што им е ќерка. Сите знаеме вакви- онакви примери. И никој не знае што ќе го снајде него и неговото дете. Најбитна е поддршка во вистинско време, и учење на животни лекции со помош на туѓи примери, ама некогаш мора и со свој пример.
Пример давам случајот со Бака Прасе. Човекот е познат, има пари, спиел со малолетнички што лажеле за возраста. И сега медиумите пишуваат најразнии работи за случајот, мене не ми е јасно зошто ова доби толку многу внимание? Како е оваа случка поразлична од останатите? А сигурно има други поснати фаци во регионот што го направиле истото.
Да, над 18 девојче е полнолетно. Исто така адолесцент и краен стадиум на (по) трајно оформување на личност. Официјално тука нема проблем. Неофицијално многу е полесно за манипулација пошто сите учиме од околината. И ова многу мажјаци го злоупотребуваат. Пошто ќе земат девојче и ќе влијаат да им е по мерка. Имаат секси женска, помлада. Често не можат и поинаква да фатат. И не, не и не. Ова не значи дека девојчињата се глупави. Џизс. Значи само дека се адолесценти и уште примаат како сунѓер од околината. И ова можи да е злоупотребено. 30 годишна со 45 годишен се во ист свет. 18 годишна и 25 годишен, а не па погоре, не се во ист свет. И то влијае на развојните фази. Природно е деца во овие возрасти да се опкружени со врсници зошто возрасниот можи да насочи кон неприроден развоен тек. Ако некоја цел живот сонувала за ран брак океј е. Ако се реши во момент за ран брак пак, океј е. Ако се реши против брак, пак е океј. Проблемот е кога ова се злоупотребува од партнер кој не припаѓа на адолесцентниот период и е почесто од шо мислиме. И некогаш прекасно е за назад. Нема развод. Нема поддршка. И ова е тажно и поразително. @Mantub ништо не е црно и бело. Ништо. Само зошто нешто е официјално така не значи дека е исправно. Па после збораш вистинските жени да се бореле за феминизам дур ти занемаруваш целосно реален проблем во која жртва е жената. Само зошто е полнолетна не значи дека развојните фази се поминати. Само зошто е полнолетна не значи дека е спремна за груминг. Само зошто можи да е изманипулирана од дедо-- ова постар чичко, не значи дека е глупава. Само значи дека е млада. Ништо поќе. И зато треба да е заштитена и да има поддршка од блиските. За одлуката која ќе ја донеси да биди искрена - да разграничи дали таа го сака ова и дали партнерот е добро влијание врз неа или е само уште едно чиче, дел од многуте, кои по свое манипулираат девојчиња и им прават груминг да им одговараат за идни сопруги.
На медиумите им е за кликови гајле. Попознат сторител или попозната жртва- повеќе кликови. А непознат нема да им зголеми читаност и гледаност. Медиуми се лешинари и врв се оние гадни фарми, фирми, велики браќа каде малолетни кажувале дека си проституција се бавеле или бебиња се држат со месеци во соба со дадилки и неурамнотежени луге, па никому ништо. Наногица им е нешто као накит ваљда,вообичаено е.
СДК копирано talking about women's empowerment, empowerment means accepting and allowing people (women) who are on the outside of the decision-making process, into it. Не ми е јасно за каков емпаурмент зборуваме (не ми текнува македонски збор) наводно демократски давајќи им право да избираат. Сето право го имаат, што се однесува до мене, ама баш затоа ги нашле тие 30годишни мажи, на 18 години, за да можат да донесуваат свои одлуки со своја глава. Трудни, секако, за послободно да ги носат одлуките . Не е ова тема за разлика во години, за нешто друго е тема. Ај @theowndemon ти тргна со интересни теми., напрај му соодветен вовед на ова
Многупати спомнаа погоре демек младите се лепат за постарите, интересно им е и.... нели е токму тоа поентата? Тие се отвараат кон манипулација, искористување (ама не во смисла дека „тие си го барале“) затоа што им е убаво во моментот, се чуствуваат возрасно, секси затоа што повозрасен маж ги посакува и тоа е нормално. Тие чичковци се оние што не треба да го искористуваат тоа.
Хм, ова се шо збораме мислам дека е засебна тема. Не е само разлика во години туку склоност на манипулација од постарите кон помладите адолесценти баш ради тој адолесцентен период кај шо сакат да се пораснати и да се оттргнат од "детското" во нив. Баш како шо кажа @Srckata28 тука: Јас са ќе дремнувам еден сат, после свежната ќе мислам пошто сега ни мене не ми текнува empowering како би се превело. Али во моја одбрана преѓе ни лосос на нашки како е не ми идеше. Факинг лосос. Byelingual сум. Ама ќе разгледам и по книги подетално за ова шо го зборам и оти адолесцентниот период е критичен и турбулентен.
Eдно е да мислите дека се манипулирани и во неволја па да сакате да им помогнете. Тоа не знам како поинаку би го направиле, едноставно бидете тука за нив и не ги заборавајте, што и да одлучат. Зашто обично таквите жртви се брзо заборавени од другарките. Уствари, не се заборавени кога ги оговараат со другите другарки. Пробајте поддршка без притисок. Шејминг и оговарање е скроз друга работа. А да не се лажеме дека не сме го правеле, секоја една од нас за другарка/познаничка што млада се омажила и родила. И не е ограничен на млади девојки што одат со постари, туку на сите што одлучуваат поинаку од нас. Демек види ние колку сме јаки, животот е пред нас и сега ќе го зграпчиме, а таа кутрата се упропасти со дете во рани 20ти. Па константно е тема на муабет меѓу познаници. Ако им изгледа среќна, мора да е глума. Мислам, да правевте нешто спектакуларно од својот живот ќе сфатев. Знаат дека абортусот им е опција. Нема што да е скандалозно ако одбере да роди млада. Од баби на чешма што оговараат стари моми немажени, општествово натежна кон друго - млада да роди е срам за фамилијата. Ептен им се олеснува на жените, во секое време. Од едни притисоци во други.
Не е проблемот да сакаш да се омажиш на 18 и да родиш дете, апсолутно. Проблемот е што од мали нозе ти кажуваат дека тоа треба да е најголемото достигнување во твојот живот. Проблемот е што секојдневно гледаш случаи каде мажи кои што имаат по триесет и кусур години на кои омилена категорија на порно им е teen едвај чекаат да се омажат за твоја другарка, братучедка или комшивка која штотуку завршила средно за да ја затворат дома и цел живот да ја контролираат и манипулираат.