Извини ама не е само за женските ова. И на машките тоа им го прават и им полнат главите, колку пати ко че седниме на ручек ми викаат мораш да се жениш, последниот вагон го фаќаш (а јас 26 години имам моментално, а ми го зборуваат од пред 3 години).
Што се однесува до мажењето. По 18та година тоа е веќе избор. Но, големо влијание имаат родителите. Не велам дека е апсолутно, во секој случај така, но игра улога. Ако јас ќерка ми од мала ја учам дека прво треба образование, кариера па брак, можеби ете ќе има резултат. Кај мене имало. Мене од дете ми сугерирале дека не треба да се брзам со мажење, дека би требало прво да се оформам како личност. Не велам дека на 18 години ако се омажиш тогаш прекинуваш да се оформуваш и "растеш", само е потешко. Знам девојки кои се омажиле така мкади, но успеале да завршат потоа и факултети и мастер и се вработиле. Знам и девојки кои се посветиле само на мажот и децата. Не велам дека е погрешно, секој има право да си го води животот како сака. Мене ми е жал само за оние што се "прелажани". Што им се ветува многу, а не се остварува ни минимум. На 18-19 години уште се гледа светот низ розови наочари, па реалноста нив најсилно ги удира, а особено кога одма ќе родат дете. Детето е 24 часовна обврска и баш тогаш кога најмногу им се шета и сакаат да доживеат авантури, тие се обврзани да гледаат семејство.
Машко од 30+ години, можи да е заинтересеран за женски под 20 години ако и само ако е крајно несериозна личност. И луѓе мои, ова е пречест пример. Достигнување во животот: да земат крцкалче од 18. Младо месо било подруго, (јас на 26 не сум била). Друг фактор се денешниве деца. Денес чупе на 17 години нема допирна точка од она што бевме ние на таа возраст. Прерано созреани да ги речам. Дали е до воспитување, или едноставно такво време дојде, еве не знам. И во право беше членката погоре што рече дека маж на 30 години треба да е доволно едуциран и искусен да знајт како да спречи несакана бременост. Побогу. Не сме камено доба, доволно е да прогугла ако веќе нема толку искуство. Моја многу блиска пријателка се омажи на 17. И еве една позитивна приказна, осум години подоцна е сеуште среќна и заљубена. Не беше бремена, се омажи оти си сакаше. Се е то многу индивидуално. Не можиме да знајме. Пошто многу теми начнавте, да продолжам со поддршката од дома кај малолетни чупиња што останале бремени, односно за недостатокот на истата. Во 21 век, срам ми е да кажам ама во средината во која што живеам, то е неприфатливо и ќе ја присилат од дома да се мажи. За развод пак, не станува ни збор. Само се тешам со помислата дека ние како родители ќе бидиме многу поинакви спрема нашите деца и од корен ќе го смениме ова труло општество.
Дали девојките ти се пожалиле и ти кажале дека ради тоа што се бремени се мажат за 30 годишни, а не сакаат??? Ако е одговорот ДА, тогаш што мајка барале да имаат незаштитен однос со толку повозрасен??? Не е океј, ама сигурно никој не ги натерал да влезат во врска со толку постари. На денешнава младина само секс и пари им се вртат во глава и тоа се најчестите причини зошто се впуштаат во такви врски. Не ги бранам тие 30 годишни што трчаат по малолетни затоа што се педофили, ама и денешните девојки не се цвеќиња за мирисање, со исклучоци .
Зошто тој повозрасен кој како повозрасен и како оној што всушност има способност да забременува некого не користи заштита?
Затоа што нашол будали како другарките твои и му е гајле, битно тој ќе се испразни. Другарките твои се самите криви што од старт дозволиле да дојде до тоа, ако не сакале да се мажат и да раѓаат на 30 годишни, можеле од старт да ги стават на игнор, а не да им се пикнат во гаќи побрзо, па сега да си ја чукаат главата во зид.
Точно дека никој не ги натерал, ама ако дискутираме за одговорноста, еве според тебе кој треба да носи поголема одговорност? Девојка што само наполнила 18 години и само што започнала да осознава некои нешта или дечко околу 30 или 30+ кој во страт има 12-13 години искуство предност пред неа? Јас повеќе одговорност барам од тој кој би требало и би се очекувало да е созреан за годините.
Крцкалче е младо, го фаќаш, го крцкаш и нема гајле, старо го крцкаш и крцнато останува го прочитав првиот коментар од темата, жал треба да ти е и срце да те боли ако не можеш да помогнеш на некој кој е тешко болен и нема спас, ама да те боли срце за некоја тинејџерка која има односи со 30годишник.... Впрочем јас не гледам ништо лошо во такви врски се дури не е присилно, со уцени, годините не се мерило за зрелост.
Јас тоа го пишав за горе-доле близок случај затоа и мислењето ми е полно со емоции, не очекував дека ќе бидам нападната што велам дека не е нормално 30 годишен да оди со 18 годишна, а најмалку дека тема ќе се отвори. Да знаев поубаво да се изразам да не ги налутам домаќинките. Инаку има многу лошо во таквите врски, девојче уште во тинејџерски години никогаш не е спремно да биде во врска со некој во тотално различно ниво од животот. Ама форумов не е спремен за тој муабет.
И двајцата треба да имаат иста одговорност. И двајцата учествуваат во чинот подеднакво, освен во случај на силување. Во право си, ама доколку си свесна, никој не може да те натера да влезеш во таква врска, освен ако сама не сакаш. Сити овие "преблеми" настануваат ради таа неинформираност за сексот. Наместо теорија па пракса, сите прво одат на пракса, па после, кога ќе настане некој проблем учат теорија.
И јас мислам исто како таа што ја отворила темава и се согласувам со нејзиното мислење комплетно. Мислам дека мажење пред 30 години е непромислено, а деца раѓање пред 35 е грешка. Не би сакала да бидам во таква ситуација да се мажам и да чувам деца на 20 години или 18, непоимливо ми е и не би можела да се замислам така. Со неколку дечковци имам така раскинато кога ќе ми спомне ќе се женел за 2-3 години, деца ќе имал за 2-3 години уште одма кога ќе ми го кажеше тоа мојата љубов кон него ја снемуваше.
Ако некој пар е среќен без разлика на нивната разлика во години што е битно? Што е битно на колку години се земале доколку тоа е легално и е без присила? Абе не сите одлучуваат да бидат професионалци, научници и доктори како вас, некој сака да биде родител на 18.
Имам 27 год и имам 2 деца и никогаш не сум зажалила за оваа моја одлука. Нема одредено точно време за мажење/женење и за раѓање деца. Секој со здрав разум си знае за себе когај и што треба да прави. Тоа е твое мислење, на некој па касно му е после 30 за се
Знам пример каде разликата е скоро 20 години. Не поддржувам. Честопати и "другарките" им даваат ваков ум, откако ќе се разочараат некои. Многу ми е криво што младите не знаат да препознаат ваков профил на другарки и не се свесни како може да им се уништи животот.
Предатори се и тоа како. Зборувам баш за ситуација над триесет години мажи со едвај наполнети 18 годишни. Тогаш, на осумнаесет, не се размислува толку за иднината, се живее повеќе во моментот. Мажите се сосема виновни, како "позрели" би требало да знаат и прават подобро.
Потенцирај сакање. Како ја сака? Не ми е логичен зборов за некој манијак што се обесил на некоја што не е ни полнолетна.