Сите манијаци се зар? Па што знам.. Може ете судбината ги спојува. Може стварно се сакаат.. Може има некои што не се фаќаат одма за работа едуцирани се знаат контрацептивни средства кои се. Незнам.. Ааа кога сме веќе тука. Знам пар едната е мое годиште 17-18 дечко и 27-28 год. Еве ги 2год и 10 месеци некни правеа. Си се сакаат. Среќни. Заљубени. Убави. Заљубени галепчиња. Што знам..
Ама заклучоков не ти е "златна свадба некни правеа" туку САМО! 2 години. Првите три од бракот биле розеви, после се гледало преку реалните наочари.
Имам братучетка се омажи за 17 години постар,она имаше 18,а он 35 зрел маж кои имаше све-куќа,кола,бизнис.Имаат 4 деца големи.Бракот вака однадвор изгледа ок,а дома не знам каков е.Јас лично не сум за многу разлика,некаде +- 5 години/помлад,постар.Мм е 4 години постар од мене,мене ми е таман.
Мислам стварно одите од крајности во крајности со муабетиве јас мислам на кај 60 мажење, и на кај 75 раѓање. Се друго е НЕПРОМИСЛЕНО и ГРЕШКА.
Сите имаме по некој таков пример ама муабетов ви е како секоја втора тинејџерка да стапува во брак со 30+ чичко. Најчесто таквите тинејџерки потекнуваат од дисфункционални семејства, немале татко, немале близина со таткото и слично. Значи најчесто. Неретко е 'вистинска љубов'. Ретко 'животна грешка'. За овој со пари, куќа, бизнис и јас би се омажила на 17.
Сакаш да кажеш... почнале врска кога таа имала 15-16 години а тој 25-26 (а и да е 18-28, пак е крипи)??? Вие не сте добри, јас со мои 18 години прво ќе бегам од секое машко што се изјасни во темава а после од сите вас што сте океј со вакви врски. Инаку ве молам не коментирајте за брак и кој кога треба да се мажи, мене не ми е гајле за тоа, а јас го јадам стапот.
Право на избор, мај ес. Каков избор имаш со сперма у себе, во конзервативна средина,во која родителот попрво ќе те убие тебе отколку ембрионот !?
Јас познавам многу девојчиња што се венчаа и верија на 18 години. Искрено не знам што да кажам и не знам дали е правилно или не...
Имало некој дечко, бил крал на инста. Ај шо е грд, субјективна работа, ај шо има 36 години и си го шета харемот наоколу, ама харемот не се млади були, туку тинејџерки во бикини. Имало некој друг дечко, Лео ДиКаприо, во последниве 20 години, тој остарел 20, а неговата девојка сеуште има 20. Е добро, не е истата девојка. Ваљда е модерно сега ова. Уствари модерно е откако постои Холивуд. И не ми е во ред. Ни таму ни тука. А ова, многу шо се омажиле на 18, звучи ко едвај да чекале да избегаат од дома. Загреота. Мислам дека насловот на темава има говорна мана. Не се зрели мажи, станува збор за возрасни незрели мажи. Зрел маж бара и наоѓа зрела жена, не тинејџерка.
Тука не само што старите се примитивни туку и младите девојки што имам другарки викаат едвај чекат да завршат факултет и да се мажат а зошто се запишала факултет за да не била срам за семејството без факултет? Колку и да велат дека не живеат туѓ живот живет и тоа како, а за мажењето за постари јас никогаш не би, абортусот не е признаен уште бидејки сме конзервативно опшество каде жената треба само да раѓа и чува деца а браковите вакви ги оправдуваат со мисла дека жената ке се смири во брачните води и нема да го брука семејството. Сум била во врска со 10 години разлика ама не сум размислувала на таков чекор.
Они си го одбрале тој партнер сами , не дека ги натерале присилно да бидат со него. Најчесто тие се у фазон као знаеш машките на наши години за мене не се созреани доволно и со летаат у облаци. Така да ич не ги жалам нивен избор ќе си трпат последици. Мене ми се гади од такви мажи кој стапуваат у врска или брак со девојка која е едвај полнолетна а тој клошар и мањак напунил 30 години и брка "млади пилиња" пошо на негови години женските се созреани веќе и никоја не би била со таков и тоа му е единствен избор да си најде некоја глупа мала и да ја "израсне" и "команда" као он сака фуј гнаси.
Нормални сте дека одобрувате врски и бракови меѓу ДЕЦА и ВОЗРАСНИ МАЖИ? Што гледа 30 годишен во 17 годишна? Детенце незрело, без искуства во реалниот свет, психа која е кревка и наивна, а воедно и особа која лесно може да се манипулира бидејќи не ни знае за подобро. И да, дете на толку млади години го УНИШТУВА животот на девојчето во 99% од случаите. Тоа може и да не се примети одма, ама за 10 години разликите се небо и земја. Ова е БОЛНО.
Девојче размисли по опширно во тие години искрено 18 19 сме најзелени и носеме одлуки кога ни е адреналинот 100ка, сакаме менење на партнери, излегување, опивање, ти сериозно мислеш дека девојка од 18 години е зрела да абортира да каже за тоа на родителите 90 посто од македонците се примитивизам тежок после тај абортус на девојчето на глава ке му се качат и секако ке одбере да се омаже пошо е зелена уште и мисле дека дома ке леже а мажот и ке носе пари а онаке ужива ама во реланиот живот не е баш така.
Апсолутно точно, се чуствува слаб околу жени 28 29 со кариери, ишетани, средени чуствува загрозеност бидејки може да биде во сенка и ајде ке си најдам некоја 17 годишна наивна со два збора ке ја освоам и моја е ке ја воспитам..
Просечната возраст при склучувањето прв брак е 26.9 години за невестата и 29.7 години за младоженецот. Од каде ги вадите сите овие небулози дека малолетни девојчиња стапуваат во брак?
Затоа што е јако да ти се дешава нешто во тој период од животот. 30+ годишните "мажи" имаат поголема самодоверба и знаат како со малишанкиве од нивните врсници средношколци, а овие паѓаат на гз дека некој стварно ги сака пошто mature се for their age. Реалноста е дека влагаат во врската со некои розеви очила во смисол ако е постар и тргнал по мене мора стварно да ме сака и да ме одбрал баш мене, за на крај да завршат како household slave. Тука голема улога игра целиот процес на социјализација, кај што најбитно за тебе како жена е да трагаш по љубов и валидација од спротивниот пол.