Од лични искуства. Просечна плата исто е 500 евра па некој зима 5000 денари... Слаба страна статистика
За жал, нашите лични искуства не се релавантни. Луѓе, кои стапуваат во брак, се пријавуваат во матично, а матично ги доставува тие податоци до државните институции. Тие подоцна прават пресметки. Тенденциите се јасни. Просечната возраст за стапување во брв брак се зголемува. За некои 5-6 години ќе биде 30 години за жени и 33 години за мажи.
Кога човек завршува средно воочува дека поголем дел од врсничките одат по 4 различни патишта: 1) дел одат на факс 2) дел се вработуваат 3) дел се мажат 4) дел седат дома и чекат од мама и тато. Е сеа за оние шо млади се мажат. Не го негирам фактот дека си имаме "шаблон" во општеството што е: детство->школување->брак->деца->работа->пензија И секој кој не се придржува до оваа шема го сметаат за ретард. Дека сме затупено општество, сме. Ама, не може да ги претставувате сите 18 годишни невести како да се невини и мета на предатори. Добар дел од нив знаат во што се впуштаат. Не им се работи. И од трошокот на мама и тате преминуват во трошокот на маж и свекор и свекрва. Со 18 години законски си возрасен. Психички не баш. Ама да не се лажеме сите сме биле 18 па не сме се омажиле. И јас сум била толку години и јас сум била мета на постари предатори па не сум се омажила со нив. Сепак, тоа што одам на факс не ме прави посупериорна од оние што се омажиле на 18. Исто, интересно е што многу често женските се мажат помлади, а мажите покасно. Знам пример кај шо 14 годишна се омажи за 35 годишен. Е тоа е предаторство. Ова е мое лично мислење за овој феномен. На крај на денот секој со свој памет. Ако има револт или се јават повеќе 18 годишни кои ќе се изјаснат дека се под присила омажени или слично секако ќе ги поддржам. Никој не треба на ништо не е принуден. Ама да дискутирам нешто на слепо, не.
Еве ти објаснето најпросто, и жена на 32 да стапи во брак и девојче на 17 просекот е ист. (32+17)/2 = 49/2 = 24.5 Никаква распределба не е тоа, башка што просекот не ни кажува ништо за девијациите од истиот и нивниот дијапазон.
Имам само едно да кажам: секој за себе. Не сум со оние тинејџерки што "одат" (или се мажат) со значително повозрасни партнери. Го имам мислењето споделено во друга тема, да не се повторувам.
Милион теми на форумов за млади жени како се зезнувале со постари, како млади раѓале деца и тоа им било демек најголема грешка, бидејќи нели, треба прво факултет па кариера. Милион осуди, грди зборови и слично. Не, не е упропастен живот ако родиш дете порано. Демек одма селското, ти згасна животот и кариерата? Одма во кујна се заглави без иднина? Одма филмови мажот како пие на кауч а жената нервозна со три разврескани деца, кое на рака, кое на нога закачено? Зошто бе такви селски филмови си праите одма? Никаде во светот раѓање на дете не се поистоветува со завршеток на живот, дури некаде намерно е тренд порано да родиш дете/деца, за потоа да си бркаш раат кариера. И зошто никој не отвори тема каде што ги осудива пример жените над 35/40 што раѓаат деца? Кој како сакал, нека го, ама според вас подобро е на 40 и кусур да се потуцам по клиники, да давам грдни пари за неуспешни инвитра, да паѓам во депресија, која трае со години, дека можеби повеќе не сум фертилна и на крај кога конечно ќе зачнам, да морам да одлежам ризична бременост, со сите можни дијагнози, затоа што реално, биолошкиот часовник за природна бременост е одамна отчукан? Или па некоја жена кога и после сево ова нема да успее да забремени и до крајот на животот ќе живее со себеказнување и прашање зошто не родив дете порано? Не сакате да ги навредите затоа што во денешно време тоа како да стана тренд и се многубројни ваквите случаи, не сакам ни јас да ги навредам, како што кажав, секој со своето. Но како секогаш се фаќате да коментирате и осудувате за "ненормално" жени кои помлади раѓаат, а сочувствувате со постари жени кои сакаат да родат, кога сте и самите свесни дека првите се "далеку понормални" според вашите осудувачки критериуми?
Сменете го насловот. 'Возрасни', не 'Зрели'. @RainBow За да се омажи некоја на 18, врската сигурно и' почнала пред 18. Што значи дека била малолетна. 25+ личност која е во врска со малолетник е ништо друго, освен плодна почва за груминг и манипулација. Оти се деца подложни на манипулација од предатори.
Да, секое дете има избор и прај грешки. Наше е да сме тука да ги заштитиме во најранливиот и критичен период за нивниот развој. Зошто се млади, наивни и сакаат да се осеќаат возрасно. И некој чиче тоа го користи. Не е крива жртвата така да прашањево ти е ... Не е темава за младо стапување во брак и раѓање на дете млади. Туку е за тинејџерки во врски со многу постари мажи и покасно адолесцентки во брак со тие многу постари мажи. Тука, тие многу постари мажи веќе ја завршиле развојната фаза на девојчињата и си ја моделираат како сакаат оти им се можи. Тука е добро девојчето да се види шо сака и да има поддршка, а шо прај само за да го задоволи многу повозрасниот чичко зошто е прв чичко шо ѝ дава такво внимание. А дали некој ќе стапи рано или касно во брак нивно си е. Акцентот е тука на возраста, зошто како шо кажа @WildMk за некоја да се мажи на 18, врската ѝ почнала дур била малолетна. Ако идниот сопруг е 28 пример, и тој бил возрасен маж во врска со тинејџерка. И тоа е проблем. Зошто тој си ја "моделира" идната сопруга. Или груминг. Уште барам како да го преведам ова на нашки.
Како ова ич не е чудно? Скоро 3 години се ова. Еве и 18 да има сега, значи тргнале кога она имала 15 (со букви: петнаесет) години, а тој имал 24-25. На 15 години се запишуваат прва година средно. На 24 години завршуваат факултет, некои и магистрираат, наоѓаат работа. Тоа се 2 различни света. Тој е возрасен, а таа е малолетник. Во некои понормални држави тој ќе лежи затвор за тоа. Не е битно прашањето зошто малолетни девојчиња им приоѓаат. Затоа што се малолетни, не размислуваат зрело. Прашањето е зошто полнолетни, возрасни мажи им приоѓаат на малолетни девојчиња? На пример, мене да ми се пушта некој 15 годишен ќе му речам да не лета многу и да иде да пишува домашно. Зошто помислата за нешто друго би ми била одвратна. Дете е тоа. Колку многу слободни девојки има во рани-средни 20ти. Ама тие баш се заљубиле во 15 годишна. Абе ај. Што само имаат заедничко? Најверојатно само да и предава извртена биологија. А под тоа мислам да ја тера на односи без заштита. Ќе го извади на време, нема гајле, не фаќа тоа така. И после оп, трудна. Предатори се ова. Полесно им е да измоделираат и контролираат млади девојчиња, по нивен терк. И мислам дека посоодветен наслов на темава би било Grooming.
Тоа е тоа. Секоја од вас, нека размисли, што би направила доколку 15-16 годишно дете флертува со вас? Како ќе изреагирате? Нормално ќе ви биде? Ќе одлучите дека детето 'сака', и со тоа во ред е да имате секс со него, а вие сте 20+?
Девојка на 18 сигурно не е осамостоена, а да се мажиш пред да ја почувстуваш убавината (и тежината) на независноста е во најмала рака тажно. Финансиски зависна доживотно. Сум била во опкружување каде имало ваков тип на мажи, ниту една здрава врска со врсничка или приближно до годините, и оп наеднаш младото пиле е идеално. Затоа што таа нема искусено и видено ништо и тоа што тој ќе и го наметне како критериуми за живот и врска ќе го прифати за нормално. Речиси невозможно е на зрела и оформена личност со една-две долги врски зад себе да и го наметнеш твојот стил на живот или идеал за брак. Дека има девојки кои не сакаат да студираат, своеволно сакаат "зрел" маж и брак - има. Има и мајки кои ги одобруваат ваквите врски, мислејќи дека им гарантираат сигурна иднина на ќерките. Ама има и такви кои се кријат од дома додека не дојде моментот на бременост и наеднаш шок, па да се скрие "срамот" одма брак. На 19 уште се опивавме ко магарици со другарките после испитни сесии (not a proud moment) од каде во нас разумно расудување за брак и деца...
Јас имам 24. Брат ми има 14 и почнува средно. Јас завршив факултет са. И некој/а да напрај чекор на него, шо е моја возраст, прво јас ќе спиздам, после моите. Оти гледам како размислува дете. И на 18 е дете али "легално" дете. Сем да искористи младо месо и плодна почва за груминг, нема друго логично објаснување зошто постар би пристапил на дете или би реагирал на флерт од дете.
Не е ништо страшно некој да не сака да заврши факултет. Никој не треба да биде присилен да стапува во брак, никој ме треба да биде присилен да учи факултет ако не сака. Не треба сите да сме факултетски образовани, тоа никаде го нема, само кај нас. И достате со шаблоните, секој човек е индивидуа, и што е ок за еден човек, не е за друг, и тоа е во ред. Некои ќе се мажат рано, некои касно, некои ќе раѓаат млади, некои стари, некои на средина, така и треба да биде. На темата за постар маж со тинејџерка, немам став. Не ме привлекувале на таа возраст постари мажи, и не можам да замислам за мене лично. Ама не значи дека јас сум во право, ако си сакаат нека си се мажат со повозрасни, особено ако си е нивна желба, нема што да е мој проблем тоа, да оговарам по форуми.
Аман колку се навредивте од темава.. Секој месец - /+5 девојчиња што ги познавам завршуваат со вакви чичковци, со цел тие чичковци да не останат неженети и да имаат некој да им средува по дома. Што е уште пожално, откога ќе роди и ќе поминат неколку години чичковците се распуштаат и бараат нешто позанимљиво. Пошо нели не е интересно кога некој цело време ќе ти ги исполнува желбите.. Ужас.
Абе прекинете со тој факултет кој рече дека сите мора да бидат образовани. Овде се работи за манипулирање на девојки од страна на батки со алатка у раце од едната страна а од другата страна конзервативните родители си го направи и ќе си го родиш.
18 годишна девојка и 18 годишен дечко да се венчаат и да имаат дете е во ред. Нивен избор е. Иако се млади и неискусни, и двајцата се млади и неискусни. Да не запишат факултет и да бидат домаќинки е во ред. Тоа е нивно право на избор. Да останат бремени на 18 е во ред ако го сакаат детето и верувам никогаш нема да се покаат за тоа. Овде не станува збор за ништо од горенаведеното. Не ми се верува колку е нормализирана и оправдувана педофилијата.