Ајде да видиме колку релевантно нешто ќе ми кажеш. Појма немам, каде ме носи ветерот. Со завршен факултет и магистар, вработена со добра плата, стабилна врска која оди кон брак.
Супер план врати се за 10 години и прочитај си го мислењето . Па тогаш одлучи дали се глупи тие што родиле на 18
Многу страни наназад се збора за тоа МОРАЊЕ да се заврши факултет, тоа е мантра. Ако не завршиш факултет, срам за фамилијата. И тоа го има. Се има, а не треба. @WildMk макар и за моја ќерка, и за било кој. Како можам да знам кај им е среќата? Може ќе ја заклучам дома да не се гледа со 10 години постар, и на крајот ќе се омажи со врсник кој ќе ја малтретира, кој ќе се коцка и ќе и го упропасти животот. Животните патишта се непредвидливи, и само една мала одлука во животот го менуба целиот тек, ко она шо беше батерфлај ефект, па нелогаш сакајќи да е подобро, одбираме погрешни одлуки. Моите се 7 години разлика, се зеле од љубов, уште се во брак. Баба ми и дедо ми беа 10 години разлика, па ете баба ми и помала, ама и таа беше командантот дома Не знам, овие теми се такви каде што не можеме да кажеме јас сум во право и точка. Секогаш ќе има примери од различни искуства.
Заборавив да кажам сакам да сум и исшетана низ светот. Типичен план на недомаќинка, знам што сакаше да слушнеш. Ми го кажа муабетот, готово. Милион пати да пишам пак некој ќе ми тресне дека јас плукам по тие што родиле, аман. Барем читајте ги последните неколку страни кога се приклучувате во дискусија. Не се глупави тие што родиле на 18. Јас имам проблем со ситуацијата во која се нашле која не требала да се случи, а тоа е 30 годишен да биде во врска со 18 годишен, автоматски тука се губи вистинското право на избор кое вие го величите. Криво ми е што многу ретко девојката реално ја има опцијата за абортус ради конзервативната средина во која живееме, не можете да го негирате тоа, затоа и го спомнав во првото мислење. Ич не ми е гајле кој кога се мажи. Гајле ми е да не им биде дозволено на предатори да манипулираат со млади девојки. Кога тоа е кажано, јас сум убедена дека пола форум има нешто интернализирано во врска со младото мажење и домаќинството и сите се нафрлија да го бранат. Затоа што нема друго објаснување зошто сите се толку навредија. Пошто јас како некој што ја започна темата, најмалку го спомнав тоа.
После тоа што си го напишала, сама се побиваш за осудите и грдите зборови. Ако сочувствуваш сочувствувај со сите категории а не да ги осудуваш тие тебе што не ти одговараат. И полека девојко, не знаеш животот што ти носи. Треба да им се извиниш на сите оние жени кои сакаат да останат бремени а не можат, кои се лечат по 10 15 години. Кои почнале да планираат семејство во свои 20 ти но ете зачнале во доцни 30 ти. И не им се секирај на тие жени, тие се оформени личности и знаат како во животот. И да 30 годишна со 50 годишен е во ред, тинејџер со возрасен не е! *не пишувам по вакви теми, но се изиритирав, ќе одам сега да си го гушнам бебето што си го родив на стари години. А , да второто го планирам на 40+
Се согласувам дека не е во ред 30+ мажи да заведуваат малолетнички. Ама муабетов отиде многу далеку и се измешаа повеќе работи на темава. Нема ништо погрешно ако девојката е 18 и сака да стапи во брак и да роди дете се додека е во стабилна и здрава врска тука не гледам никаков проблем. Па не можат сите исто да бодат. Некој се гледа како мажена/женет со деца на 20, некој се гледа на 40 со кариера и авантури. Повеќето мои школски веќе се омажија и имаат деца. Можеби не им било планирано, едноставно се опуштиле и тоа е тоа. Можеби тоа го сакале и планирале, сакале да бидат млади родители. И тоа е во ред. Не можеме ние да кажуваме како треба да биде бидејќи утре не се знае што ни носи нас денот. Исто така се согласувам дека не е во ред девојката да биде приморана на брак од страна на родители/дечко. Чичковците како вие што викате со 30+ најлесно можат да манипулираат со вакви девојки што не е случај дека девојката утре би се освестила и би тргнала по подобар пат. Можеби веќе ќе биде доцна ама тоа е што е. Нивен живот, што сакаат тоа ќе прават.
Да, би ме вознемирило, сигурно ќе пробам да ја разубедам. Ама дали ќе бидам во право или не, тоа нема никогаш да го дознаам. Може ќе ја разубедам и ќе го избркам човекот кој навистина ќе ја сака цел живот, а може ќе биде паметна одлука и ќе направам добро. Никогаш не знаеме кои се животните патишта.
Утре и да се освестат, не можат да тргнат по подобар пат. Не мора да објаснувам зошто. Само отверете ги темите во брачни совети. Колку совети бараат како да си отидат, а немаат каде. Јас сметам дека не треба да имаме ваков став "Нивен живот" за вакви општествени прашања. Утре ќе читаме некоја претепана од сопруг: Нивен живот. Силувана девојка од дечко и: Нивен живот. Сопругот ја убил сопругата: Нивен (не)живот. Малолетници киднапирани од нивните 30 годишни дечковци и принудени на проституција: Нивен живот. Епа јас не сакам да живеам во свет каде сите ќе се правиме слепи и егоистично ќе се грижиме само за себе си.
Јас на темава само кратко ќе кажам дека апсолутно секој може да прави што сака дури не повредува некој друг нели. Ама човек на 30 години, дали е маж или жена, нема теорија да најде вистински компатибилен партнер на 18 години, а и не знам кој би сакал искрено да е со партнер на 18 години, освен овие кои сакаат жена по нивен модел. Еве вие 30+ на темата би нашле нешто заедничко со 18 годишен дечко/девојка? Мислам дека премногу се романтизира ситуацијата, и дека во реалноста за успешна врска е потребна љубовта, но не само таа. Има многу нешта за кои мора да се компатибилни двајцата партнери за да бидат среќни пред се, зошто можат и да се 50 години во брак, а да не се среќни. Таква компатибилност не мислам дека е можна кај човек од 30 и човек на 18. Инаку, сметам дека е ок поголема разлика кај зрели луѓе, пример 30 и 40 години.
Па добро, оригинално муабетот беше за 18-19 годишни, што се мажат за 10 години постари. Сигурно не би дозволила ќерка ми да се мажи на 14, да не одиме во крајности
Па не знам дали ќе тргнат по добар или лош пат ама има и такви кои што ќе се снајдат и ќе тргнат по добар пат. Таквите се многу ретки за жал ама ги има. Ама има и девојки што трпат и ќутат. Трпат со години, ама кога ќе излезат пред народ они се сакаат најмногу на свет, а дома што се случува само они и господ знае. Ќе биде подобро ако се отворат за се што им се случува, како ти што спомна претепани, силувани, киднапирани итд. Не мора на форум или на родители. Има институции кои што можат да им помогнат, и не треба никогаш да бидат со помисла ако избегам каде ќе одам? Човек што сака да ги реши проблемите секогаш ќе најде начин, сите ние тука имаме проблеми кои што не се ни слични како нивните на пример ама ги решаваме. Пак ќе кажам, човек што трпи и ќути за доброто на децата, на фамилијата, комшиите да не слушнат, за тоа што ќе рече народот, неможеш да му помогнеш на таков човек. Тој човек ќе се потиснува дека е среќен и затоа ќе кажам нивен живот(иако може не е најправилно).
А зошто толку невино и наивно ги претставивте девојките од 17-18 години ко да правите муабет буквално за деца од 10 годишна возраст. Зошто се мавате со сила во ѕид како да не знаете околу вас што се дешава со младите, и што се прават и изживуваат уште на многу помала возраст, од секс, мењавање дечковци, пробување дрога, пијанчење итн. Денеска и те како се свесни и зрели личности веќе на 18 години и знаат во што се впуштаат, не зборувам конкретно за брак, туку за самата врска, веќе до 18 имаат сменето доста дечковци од генерација и горе доле помали/поголеми, и после кога стануваат полнолетни мислат дека се веќе возрасни и не им е интересно со дечковци на нивна возраст, па си фаќаат дечковци од 30 години.
Не сум се навредила од младото мажење пошто јас не се омажив на 18.Ти си како секоја нормална и амбициозна 18 годишна матурантка.Еве признавам и јас имав мислење како твоето со таа разлика што имав стабилна врска.Ама по пар години искуство сфатив дека во нашата држава не е се така како што сакаш(да не те демотивирм ќе престанам да објаснувам). Не прочитав понатаму што си пишала оти мислам воведот е целата дискусија. За абортусот кога спомна не знам зошто мислиш дека они сакаат да абортираат ?Може намерно со бебето сакале да го уловат "возрасниот" маж.Оти ќе им избега , а тие немажени ќе останатИмав јас такви што збореа баш така-прстенот да ми го стави За разликата на годините јас не сум за толкава разлика тоа е 12 години ама штом и двајцата се полнолетни нека си одлучат тие.А и родителите штом одобриле јас можам само да зборам на празно.
Најверојатно да, нема да ми е сеедно во никој случај, ко што реков. Нема да ми е сеедно и на 18 да се мажи, па дури и со врсник, затоа што јас поинаку сум го перцепирала животот и целите. Ама ко што реков, се случуваат такви работи, некогаш ќе има среќен крај, некогаш несреќен, како впрочем и се останато во животот. Никогаш нема да знаеме тој пат што сме го одбрале имал најдобар исход за иднината. Многу дискутабилна тема е, нема црно или бело. А и не е толку екстремно често, јас ете лично во мое опкружување немам таков пример. Освен едно што памтам, имав во средно другарка се гледаше со 10 години постар, мајка и ја заклучуваше, ја казнуваше. Се омажила гледам на фб, пак изгледа доста постар човекот од неа. Најверојатно ја привлекуваат постари мажи.