Сакав да кажам дека проживуваат многу работи, зошто сите викате од клупа дирекно домаќинка, ништо нема видено од животот, никакво искуство, нема проживено, а имаат и те како се проживеано, и добро и лошо. И со ова не мислев зрелост во буквална смисла на зборот, туку дека не се толку наивни и невини ко што ги замислувате тие тинејџерки. А сепак факт е и дека има стварно зрелни и созреани девојчиња на 18 години, што се спремни за брак, има.
Од каде ја извади оваа пресметка жити се Во Македонија просечна старост на жена за брак е 27 години. Најчесто малолетни бракови и бракови во коишто невестата е едвај 18 години се присутни кај ромската и албанската популација. Во моја населба, која е прилично голема, малолетни бракови или таквите каде девојката е -20 години се бројат на прсти. Не дека не постојат, но вие тука правите филмови дека тоа е масовна појава.
Баш така, јас бев меѓу помладите што се омажив на 25,и родив на 27,за разлика од моите врснички, па на 30 години второ дете, онака бев како wow, чудо на генерацијата, хаха. Демек пола генерација уште дечковци немаат, ти 2 деца веќе. Не знам од кај испадна дека масовно се мажат на 17.
Тоа што имаат секс, пијат и се дрогираат, не значи дека се свесни и зрели, напротив. Како бе така ја отпишувате младината? Демек 'сами си одбрале, кој им е крив'. Не е така. Не одбираат сами. Треба да го најдеме коренот на проблемот, а не 'кој ги тркала' Нема оправдување за врска меѓу полнолетен и малолетен. Медицината вика: Не се зрели - и тука завршува целиот муабет. И вината е единствено во полнолетните кои практично ја злоупотребуваат незрелоста на малолетните.
А зошто мериме зрелост по тоа кој колку е спремен за брак? Не секој сака да стапи во брак. Не оставате избор, мислите на сите цел им е во брак да стапат. Дискриминација!! Кои сте вие да кажувате!!!!!
Мене ми пишуваше едно време еден чичко 27 години од мене постар, син му колку мене ми кажа дека му е. Туку ќе ми пише во 2-3 часот по полноќ, и на кафе ме викаше ама јас не отидов. Баш за такви се зборува овде што сакаат млади девојчиња.
Честа појава. Таквите мажишта сакаат да најдат домаќинка за по дома и со тек на време ќе почнат да шврљаат на страна. Ама и девојчињата не ми се јасни. Зошто не си побараат некој на нивна возраст?
Возраста од 25 години е една од најубавите за стапување во брак. Од секаков аспект. Плус, убедливо мнозинство од мажите сакаат помлади жени. Што повеќе старееме шансите да најдеме квалитетен партнер покрај себе драстично се намалуваат.
И, тебе никој не ти брани да се ожениш на 45. Зошто им судиш тогаш на тие што се омажиле на 18 или 20 години?
Зошто се во пубертет. Знаеш оној период каде мислиш дека си возрасен и зрел, а сепак си дете. И ќе им дојде некој таков, ќе им дава комплименти. Ќе им рече колку се зрели за нивна возраст, ќе им го кренат малку егото, па ќе раснат ко квасец. Ќе ги натераат да се затрескаат во нив. За потоа малку по малку да ги убедуваат во сешто, како што нив им одговара. Потоа ќе ги врзат за цел живот, пошто веќе бегање од таа врска тешко и да сакаш.
Абе и на 30 е ок, и на 20 е ок, кој како смета дека му е најдобро, така нека прави што е најдобро за мене, за друг не е. Другарка ми роди на 19 (се омажи со 2-3 години постар), снаа ми роди на 19 исто (братучед ми беше 21), ок се, си работат, децата им се поголеми, не се ништо посреќни или понесреќни од мене. Само што сега тие си седат и раат кафе пијат, а јас трчам по моите мали дечиња ко мува без глава и кафе до крај немам испиено веќе 4 години
Зашто никој не споменува колку мажи и жени 35+ се сеуште,, не зрели,,??? Јас би рекол масовноста на незрелост е повеке тука А тоа што некои се мажат на 17/18 да постои, а што мислите пред да се омажат од каков социјален свет потекнуваат? Баш тоа сакам да го кажам дека истите потекнуваат од овие постарите, а не доволно зрели.... Ова е моето мислење и е креирано од повеќето случаеви кои лично ги познавм!
Гледам многу лончиња се измешаа на темава. Со 30 годишен маж т.е 10+ години постар од мене не би била, бар не на овие години. На 40 можеби би била, но сега не би. Но, дека сите што полнолетни почнале врска со малолетни биле педофили, мислам се отиде предалеку малце. Ја бев малолетна кога почнав врска со дечко ми, он беше полнолетен. Ја бев матурантка, тој студент. Сеа и ја сум студент и тој е студент. Следна година он ќе дипломира, ја уште 4 години минимум ќе студирам. Немаме намера за никаков брак минимум уште 10г ако сме заедно уште секако, ќе видиме што ќе се дешава у животот, но битно убаво ми е со него и ич не ми е криво шо сум почнала врска со постар од мене малку. Свесно почнав врска со него, дома исто мајка ми знаеше и немаше против зошто е полнолетен. Не сме 10г разлика, но не сме ни врсници. Искрено не ни сакав врсник, но не сум сакала ни 30 годишен хаха. Да беше 30годишен сигурно немаше да им биде сеедно, но не гледам зошто да се праи проблем за 2-5г разлика, според мене ова е океј. Дечко ми нејќеше да има секс со мене пред да станам полнолетна, ниту на нешто ме присилуваше, ниту ништо. Каков педофил би бил еве не знам. Свесно си почнав врска со него, ниту ме моделирал, ниту управувал со мене, ниту е педофил, бог да чува што се ќе прочита човек тука. И не сме сите од тие што после испитна трчаат да се опијанат и се толку незрели, какви зрели млади има, што трчаат да работат за сами студии да платат и истовремено студираат, се борат за успех, мислат многу паметно, ниту паметот им е у журки и лаганини живот, туку баш имаат одговорности големи и позрели се и од некои 30годишни. Не може сите у ист кош да се стават. А сеа за браковите. Не оправдувам бракови општо на 18г (бар денеска во ова време сметам дека тоа е рано), а после за тоа со 30г мажи уопште. Ама еве знам и од форумов некои што почнале на 18 врска со 30г, сеа се 20+ и уште се со истиот партнер, баш се уклопени и среќни. Сами си одлучиле, си избрале, никој со сила не ги присилил сигурно, а и чим уште останале со нив иако сеа се и дипломирани и работат, значи и не им е така лошо. За врска сум некако онака, после 18 веќе секој има право на свој избор, ако сметаат дека ќе им иде нека пробаат шо да кажам, не се мешам во туѓи избори. За брак сум против, но и тука ако некој се решил што можам ја да сменам... Не познавам искрено уште вакви што се земале на мои години со 30г. Знам само една што се вери на мои години со дечко шо е колку дечко ми ама не се земаа уште, двајцата не работат, ни студираат, живеат од нивните. Според мене и тој и таа се млади и незрели за брак зошто немаат ни свои финансии, ниту ништо најпрво. Но, нивните ги поддржуваат, славеа 3 дена и 3 ноќи што се вериле. Значи од дома чим имаат поддршка и двајцата сакаат, што можам ја да сменам шо решиле да се земаат. А еве факт е дека пошо ни е од средно соученичка имаше многу муабети као без пари и невработени двајцата ќе живееле, ова она. Ама пред нив сите рекоа со среќа и толку, никој не и го кажа у лице тоа кај брза да се мажи, па и без пари коа е.
The typical ephebophilic age range has also been given as ages 15-16. ... Although ephebophilia is not a psychiatric diagnoses, the term pedophilia is commonly used by the general public to refer to any sexual interest in minors below the legal age of consent, regardless of their level of physical or mental development.
Не бев 15 годишна ја лично, 17 бев. Не зборам за 15 годишни, не ни имав дечко тогаш, не па постар од мене да е. Ама ако се 3-4та средно со студент прва-втора факс лично не ми личи преголема разлика. Сега у 4та средно и по 19-20 имаат. Кај мене така беше. И многу у моја околина шо се у врски се со постари од нив по 2-3г, ретко која е со врсник. Сите сами сме си одбрале, никој со сила не не присилил. И дома не знаат, биле океј со истото, значи чим од дома знаат и не оправдувале зар на форум треба да ми каже некој што е правилно, а што не. Ја само си кажав лично искуство. Ама вие зборевте прво за брак со 30г и на крај испадна и ако она е 17, тој 18 дека демек е педофил дечкото само зошто е полнолетен. Затоа реков се измешаа лончињата. Се отиде ептен од едно на друго.
Ова повеќе ми наликува на љубомора. Очигледно некоја 18-19 годишна девојка ви го киднапирала потенцијалниот дечко, па ај сега ќе плукаме
Леле глупости... ццц. Сестра имаш? Сакаш на 16-17 да има секс со некој 30 годишен? Во ред е тоа за тебе?