Поради повреда на ногата - стапалото-, еве веќе месец и нешто како не вежбам ништо. Уште носам еластичен завој и малку ме боли кога одам, ама сум како каша размлитавена. Ги гледав видеава и се мислам дали да почнам да вежбам, ми изгледаат интересни. Се двоумам дали да почекам, барем до крајот на јуни или да почнам сега. Дали вие што вежбате чувствувате некој посебен... хм, како да се изразам, напор врз стапалата ? Како што гледав, нема многу клекни стани, повеќе е рипање, вртење и слично...
Го симнав видеото од Трендафилка и веднаш се фатив за работа. Издржав едно 30 минути Па и не е така лесно како што ми изгледаше, ма се се мрда т.е. се тресе Ај си се тешам дека денес уморна бев од шетање, па од утре ќе издржам и повеќе. Башка не е досадно, ептен ми е забавно и се надевам дека ќе има резултати, не преку ноќ и секако со редовно вежбање, секој ден.
епа така фино мене ми се воспалија мускулите и не можам да мрднам денес.-.- А баш сакав вечерва пак да вежбам ама ај ќе одмарам да не се зезнам баш пред полуматура. Ако најдам уште некое интересно ќе ви дадам линк
Инди, напи се аналгин ќе ти ги загрее мускулите и ја намалува болката. И вежбај пак обавезно,така полесно поминува воспалението А да ве прашам со колкави тегови вежбате за ова видоево?Јас имам некои дома,најмалите се по 2кг,доволно ли се претешки ли се??
Фала на советот. Инаку доволни се, јас со шишиња малецки со вода пуни вежбав па ме кинат сега мускулите, и плус рекоа на видеото дека може без тегови и има една девојка таму во позадината без тегови вежба.
Леле темава се наполнала со зумбики јас утре одам в клас,едвај чекам да земам курс за инструктор,само да го подусовршам јазиков,најголема желба ми е како Девојки чуствувате резултати?јас само 2 неделно одам на зумба
и јас одам 2 неделно а веќе 2 месеци и не да сум задоволна, рипам од радост , бликам, ем ми се намали целулитот ем салото ослабев бааѓи, имам енергија и тоа позитивна енеригја што е најбитно.
Па вежбај си и дома сама или со тетките на јутуб Јас две и пол недели веќе зумбувам и Да има видливи резултати на вагата. I have too Вежбам секој ден по 1 саат најмалку, се препотувам како од базен да сум излегла . Јас сакам , можам и успевам ,можете и вие
Оооох, колку е само заразна зумбава. Едвај чекам да најдам време на вечер за да играм. (се надевам дека уште долго ќе ми потрае ваквата волја) Денес на училиште ни покажуваа некои чекори од хип-хоп и бутовите ме болат многу, воспалени ми се мускулите таму. Но, сепак се решив да заиграм на видеото од ИндиГрл. Една гооолема благодарност до неа. Си зедов 2 шишиња од по 0.5литри наполнати со вода и почнав. Стварно е забавно ова видео, а и малце поразлично од другите поради теговите. Иначе сега сум уморна, но полна со енергија. И одам да се истуширам, зошто сум премногу испотена.
Еве еден лик за спуштање на зумба - Zumba Fitness Live And Flat Abs http://ineedfile.com/download/17787053-zumba-workout-dvd-4-zumba-fitness-live-and-flat-abs-part1-rar Малку е досадно чекањето, ама се исплаќа Едит Најдов уште еден линк со сите делови, но за жал и кај него има многу чекање DVD 1: Basics And 20-Minute Express DVD 2: Cardio Party DVD 3: Sculpt And Tone DVD 4: Zumba Fitness Live! And Flat Abs http://worldsdown.net/rapidshareebooks/253160-zumba-workout-dvd-set.html
Многу ми е ефикасна зумбата.Вежбам само 5-6 дена по два пати во денот,и многу сум задоволна.Се препотувам дури да завршам ама затоа пак сега пределот околу колковите и задникот ми се многу по мазни од претходно и се чувствувам многу убаво. Незнам како ви е на вас,но мене многу ми е мачен делот кога се ступа со едната нога во место,па круг,а потоа со другата нога па пак круг(тоа е од 10та до 15та минута некаде).Ама не се предавам
По се изгледа ова е еден серијал, ние ги имаме веќе првиот и третиот дел, еве го и вториот http://www.torrenthound.com/hash/9ce3c0 ... DRIP-XVID- (симнете на Download torrent, надоле со големи букви. Во торентот се содржани и посебни делови на вежбите, тоа може да го отштиклирате при сумнувањето и наместо 1,22 гб, за симнување ке ви останат нецели 600мб) и четвртиот http://thepiratebay.org/torrent/5051598 ... ce_fitness (знаете тука како се симнува ) Среќно и весело зумбање чикас линдас.
Девојки од денеска и јас ви се приклучувам. Многу ми е забавно 20 минути зумба, румба, ча ча ча...супер е
^ Welcome to the club, I hope (know) you like it Јас сум зумбохоличарка вежбав 1 саат дневно до вчера ,а денес еве саат и 15 минути и не ми е доволно или ми е?! Ајде доволно за денес ,утре пак .
^ час и 15 минути? Алал да ти е. Јас првото видео од 20 минути го зумбам веќе две недели наназад и се чувствувам супер, ама за другите ме фаќа некако шубе и мислам дека немам толку кондиција... се' уште... Се надевам дека за две недели ќе можам да ги започнам другите делови. Инаку, кога ги правам чекорите се трудам да се потполно истите и вложувам што е можно повеќе напор. Не е финтата само да се вееш како вејка на ветрот треба навистина да се внесеш и да даваш максимум во вежбањето.
Еве ви уште една во клубот зумбашици Иако вежбам и аеробик и пилатес, зумбата некако посебно ми прави мерак и ме расположува. Се чувствувам прекрасно после секој тренинг и имам желба да продолжам после истиот во некој клуб каде се пушта латино и да играм до сабајле. Ем си набиваш кондиција, ем се грижиш за своето тело, ем си танцуваш. Добитна комбинација. Сега планирам да си тренирам дома сама зошто горештиниве и преполната сала некако ме задушуваат. Така да, домче пред компјутер ќе си танцувам
Да, дава кондиција, енергија, бар откако почнав со зумбава,само зумбувам по 1 саат, а може и 2 саата и пак после тоа можам да зумбувам,мислам да си продолжам не ми е тешко, плус сета нервоза исчезнува откако ќе вежбаш зумба интересно е, сега правам вежби од едни три зумба видеа, така комбинација и сега за сега супер е ем играш, ем имаш зацврстено тело
А бре жени едни, човек неколку дена нема да влезе на форум ( оправдано ) веднаш нешто ново ( добро де за мене ново)..... ваков тресигас морам да пробам, итоа сега веднаш секако сум сама ...ако ми тргне ќе ви кажам....