Јас денес го изиграв тоа од дваесет минути(народски кажано видеото од Трендафилка ) и sculpt&tone цело. Се препотив за сите пари, ама не се откажав. Лека полека ми легнаа чекорите од второто, се поточно ги правам и африкан битот не ми е толку тежок, а регетонот ми е најинтересно И има резултати. Морам да кажам дека имав проблеми со грбот, болки, ама откако почнав да вежбам ме пушти ептен. Џули, не мораш точно како нив да ги правиш, затоа и они викаат дај малку flavor
Па некои успевам да ги правам исто ама некои не ми одат баш Со тек на време најверојатно ќе ги научам и другите, сепак само втор ден ми е.
Јас само што завршив со “часот“ по зумба за денес. Го пуштив она видеоно zumba live и дотерав до 42 минути.....салсата ме докрајчи. Се препотив цела. Имам три месеци да си го доведам телото во совршен ред. Се надевам рипањево по дома и препотувањево не е за џабе А чекорите, со некои уште не сум уходана, ама ќе биде и тоа
Иии, ама било интересно ова! Цела зима и пролет се канев да се запишам ама ништо од тоа, и сега отворив да видам некое видео и се изнаиграв! Играв сега некои 20 минути, доста се за почеток и вечер ќе си поиграм уште малце. И некој торент ќе симнам. И ќе се биде шланк
Јас денеска ќе го денсам SCULPT&TONE, вчера го симнав и некако поинтересно ми изгледа а и плус си имам такви мали тегчиња Па се надевам дека цели 40 минути ќе ги издржам
Го симнав и јас клипчето и уште неколку постирани клипчиња на темава, и интересно е, неможам да кажам не, но мене брзо ми здосадува. Го вежбав долгото клипче но инструкциите ги рипнав (на почетокот тргнав да ги следам но сфатив дека така губам време) бидејќи веќе имам зборено на други теми дека сум бивша танчерка, така да почнав директно од задните 20мин. Баш се супер чекорите, научив и нешто ново, ги играм онака како што ги демонстрираат, нема утка кај мене Работата е што немам желба пак да го играм истото и не ми се доволни 20мин, ми треба барем еден саат вежбање. Од тие 20мин не се испотив и не се уморив доволно, посебно зашто сум ептен физички активна заднава година и пол, буквално се форсирам до снемување снага. На зумба до сега сум била само на еден час чисто ради проба со другарките, кај дечкиве што имаат лиценца за зумба (дечко и девојка се) и стварно енергичен час одржаа. Ми се свиѓа зумба од аспект на кардио тренинг, баш летово сакав да сменам малце и да почнам ова да го вежбам кај истите дечки, ама од друг аспект не ми ги задоволува потребите (нема ефект на рацете, стомачни и грбни мускули). Сепак веројатно ќе се одлучам за зумба, ми треба промена, а од септември се враќам на старите тешки тренинзи
Епа симни го SCULPT&TONE трае 40 минути и мене ми е потешко, денеска одвај изиграв 30 мин и плус ова има и вежби со тегчиња за рацете Инаку тоа салсата и регетонот неможам да ги играм, брзи ми се многу паа, одвај ритам фаќам
Јас се ушалтував со тие вежбите и стомачниот танц супер се, ама едно видео што најдов за зумбава, тоа се фино вежбите,ама музиката како класика вежбаш зумба ама на класична музика работава одма ќе ти се приспие ама добро гледам вежбите да ги научам а за музиката не е толку битно
Цела тема ја пролистав, сите торенти се симнуваат (фала му на господа што имам неограничен интернет) Од вечерва активно се фрламе на зумбање
И јас од денес се префрлив на Sculpt&Tone видеото, ама некако не ме изморува многу. На она првото, бејсик што е, многу повеќе трошам калории. Ама ајде, уште не сум ги совладала сите чекори ко што треба. Ќе биде и тоа.
Пробај со првото за загревање, па потоа продолжи со sculpt&tone. Не е можно второто помалку да те заморува, колку само е поинтензивно, а плус и ако вежбаш со тегчиња или шишиња со вода
Со шишиња вода вежбав, и пак не се изморив многу.. Не знам што е работата. Ама од утре ќе вежбам со двете видеа, па ќе видиме. А она зумба лајв што е, го симнав ама нема видео туку само музиката се слуша, и не можам да го видам какво е, како вежбаат. Зошто така?
Их, тоа второто Кардио што е, само не знам дали е истото и јас што го симнав ама баш е добро. Уште го немам пробано тоа sculpt&tone ама ова ми е подобро отколку „скокачките“ вежби во микс аеробик. Ме заболеа после првото рипање чекор ваму-таму и јас не знам на каде мускули што претходно не ме болеле Мене тоа ми е добар знак да помине пмс и се враќам на зумбата
И јас почнав со зумбава од денес, сабајле вежбав 30 мин и сега 30 мин од тоа видеото Sculpt&Tone и да ви кажам стварно е супер, интересно е и што е најважно се потам
Леле бе женски дај кажете за видеава нешто на youtube дали има.Пробував да го симнам али не можеше немам доволно простор во компјутерот.Ако има некој линк пратете баш ме заинтересираа.
http://www.youtube.com/watch?v=pvbn3V-Ptoc http://www.youtube.com/watch?v=9rWx5tC4 ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=_dvc5pF9 ... re=related Јас ова го вежбав, не е воопшто тешко, лесни се чекорите како за почеток
Јас вежбам според видеото на Трендафилка, овие другите не ми се јасни што како. Ако може некој да ми објасни, кое, што како по ред иде .