Денес вежбав и се препотив..Едвај воздух земав после тоа... Кондиција нула.Ептен сум се залежала. Али добро беше,гледам што е можно повеќе да мрдкам,да се тегнам..нели поголемо дејство да има Од утре најверојатно почнувам на часови,па ќе видиме како ќе биде таму.
Еве неколку (3 мислам) торенти за зумба, кој сака да си вежба по дома Спојлер https://rapidshare.com/files/337857045/Zumba.zip
Само што завршиш со зумбање саат и пол машки издржав со видеото од Трендафилка и уште едно друго кое го постираше друга феминка и морам да кажам ако пред некој ден се спотнав сега буквално се избањав во сопствената пот, лицето ми е ко на мајмун г**зот црвено и цело тело ко на вибрации ми е. Кај и да е ке се онесвестам ама ако ќе се исплати. Браво за мене! Да ве прашам вежбате секој ден во неделата или праите пауза некој ден?
Девојки не постирајте клипови со зумба туку запишете се! Скрос е поинакво чувството, неможе ни да се спореди.. Не ни чувствувате дека вежбате, а всушност согорувате мнооогу калории, се трошат скоро 1000 калории за еден час, а и ги обликувате и затегнувате мускулите И сите се некако расположенки, ја на пример сум цело време скоро окезена од 6ка до 6ка.. И научив многу нови чекори, сега кога одам во диско главна сум Не губете време, уште утре запишете се.. Сега е подостапна од пред неколку месеци, има на многу локации..
И јас нема шанси, и дома чувството ми е убаво, ме зарази зумбава а и зошто да давам 1000 денари кога можам вака да се денцам. Плус и да сакам да дадам неможам во мојот град нема Зумба за жал
Јас не би одела на часови од причина што ми е повеќе губење на време. Додека отидам натаму, па наваму, башка вака по дома ќе се испотиш и одма под туш, не мора да се акам така испотена. И дома можам да си се опуштам, играм полабаво, си се тресам повеќе, а таму ќе се стегам некако, не ми е тоа тоа
Исто и јас дома си вежбам,зумбувам ли зумбувам и онака немам можност на часови да одам, вака со јутјубево супер е, нема никаква разлика, човек ако сака да вежба ќе вежба, разликата е што ако отидеш некаде на часови нормално ќе треба да платиш, а вака дома кога вежбаш подруго е и ем не плаќаш :geek: иако мене ми е исто и да одам на часови и дома,ако сакам да вежбам ќе вежбам, е сега само што ете немам можност да одам на часови тоа е се.Човек ако сака да успее, ќе успее, без разлика како и на кој начин
Јас мислев на тоа дека нема шанси 1000 калори за еден час да се потрошат. Со Тае бо што е еден од потешките се трошат по 200-300 калории за еден час, а со зумбата 1000 е невозможно Мене пак поубаво ми е на часови. Пола саат пеш до таму, па еден час зумба, па пола саат пеш до дома и му доаѓа дупла доза И кога знам дека имам час од 7.30 си планирам и идам вежбам, а дома ми е потешко коа знам дека не зависам од никој и ништо и ај за пола саат, ај за 15мин и така на крај не вежбам. Не сум јас цврст карактер за по дома
Секаде испостискав лајкови над мене. Прво, согорување на калории си е индивидуално кај секој човек. Зависи од неговата тежина, напорот кој го вложува, брзината и интензитетот на вежбање. Јас можеби согорувам 50 калории со 20-минутното видео, некоја друга девојка можеби согорува 80 итн. А 1000 калории за еден час, мало сутра. Убаво напиша Алис - тае бо, кое btw го почнав денеска и е едно 10 пати попредизвикувачко и потешко од зумба, троши максимум 800 калории на час (во просек значи, кај секого е различно) и тоа нај advance workout. И јас сум за вежбање со тренер, ама дефинитивно наесен или во зима. Сега ми е премногу топло да се разнесувам наваму-натаму, а и конечно почнав да набивам малку кондиција, да им отидам подготвена таму, а не да се разлевам на паркет.
Изумбав денес, Амазон и Нил од мене течеа. Интересно интересно, кога ги гледам стомачните на трите дами од видеото на Трендафилката сакам да им пикнам по едно 15 чоколади во уста па да имаат малку салце. Вака се осеќам да сме некоја група слончето и трите бамбуси. Утре напаѓам пак, комшиите или ќе ме трпат или ќе се селат нема трето
Денеска на мтв во една емисија интервјуираа една инструкторка по зумба, а во позадина ги даваа вежбачите (многу беа) - врска немаа. А инструкторката вели - Која како сака може да си ги прилагоди вежбите, да и биде лесно и пред се забавно. Така да, не мора да значи дека со инструктор ќе има поголеми ефекти. И тоа како е битно правилно да се изведуваат вежбите
Си направив денес белјата. Вежбав 20 мин зумба и си сметнав тае бо она бејзикот, и 10 минути вежбав и од него. Арно ама ете јас си боледувам т.е имам дискусхернија и строго ми е забрането да вежбам, ама јас земав и тае бо да вежбам, а рака на срце тешко е бе, изморува и плус вежбите не се едноставни, барем за мојата половина не. И сега си трпам последици, еве вкочанета сум. Уф... Не знам што да правам, многу сакам да ослабнам и затоа вежбам, а знам дека не смеам. Односно не знам до каде би требало да ми се границите. Лани одев на фитнес еден месец ама затоа докторот мој уште ќотекот да ми го удреше кога слушна . Ех на која мака сум... Дали некоја од вас девојки има слично искуство и ако го има како ги поднесува вежбите? Секоја дополнителна информација би ми била корисна, бидејќи за жал нема кого да прашам.
Јас си направив еден план, ќе вежбам 4 дена неделно зумба, првиот ден првото ДВД, вториот-второто итн... Па да видиме што ќе бидне
Јас се префрлив денес на Кардио видеото што е, околу 50тина минути, издржав до крај и уште можев ама ја си викам, да не се форсирам Ама супер ми дојде, задоволна сум, многу повеќе ми се допаѓа од Скалпт&Тоун. За сега, Кардио ќе вежбам.
Јас кардио уште не сум го вежбала. Скалптендтоун не ми се здосадило уште. Го погледнав кардио и тука негде се чекорите, речиси на сите видеа се слични, има само по нешто различно
Јас денес го симнав она на Трендафилчето, и кога си почнав целото го извежбав! Саат и дваесет минути. Само што завршив, и сега еве пот како лудо тече од мене! Ама си запечатив дека денес целото ќе го поминам и така бидна Многу ми е интересно, и од денес, секој ден ќе си играм-вежбам Малку во почетокот без кондиција и ми беше тешко, но потоа ми стана поинетересно, и така до крајот! Иако во последните 20-тина минути едвај чекав да заврши ама... Инаку не ми е многу важно колку калории ќе симнам и сл. него чисто од забава и здравје ќе си вежбам.
Добро, само јас паднав во обид да ги вежбам чекорите од зумбата? Сериозно, се внесов целата во вежбите и во еден момент се најдов на земја. Никако не можам да го совладам Andale движењето. Инаку, зумбата ми се допадна во глобала, одлична е и за тешки мрзи ко мене... се тешам дека вака е само на почеток, откако убаво ќе ги извежбам чекорите, ќе биде поинаку... или се лажам?
Jас си правам моја зумба, си пуштам музика и си денсам по мое не можам сега и чекори да учам и ово и оно, си пуштам некое добро романско хитче, и денсам и денсам додека не се заморам