јас зумбам ли зумбам... секој ден си го зумбам тоа SCULPT & TONE и ги правам вежбиве од фемина и плус на диета сум си и да се пофалам супер ми оди http://www.femina.mk/%D0%B4%D0%B8%D0%B5 ... 1%98%D0%B0
Јас ќе морам да паузирам од зумба и други физички активности. Вчера ми дојде Порано од очекуваното, но подобро вака.
Лелееее не можам да му ја гледам фацата на тој, а уште гласот тоа англиски со испано акцент кубано-кубанито пор фавор мучачито перо ќе асес омбре.. кајате ! Ама зумбам се трудам Ок важно ги научив тоа чекорите што и како сега не морам до толку да се концентрирам на тоа што го зборат. Перо ќе ластима
Конечно го симнав тоа видеото до Трендафилка Луѓе се препотив уште на почетокот еј...ама стварно е добро, ова не да согорува калории
Сакам да прашам...? Може да ми дадете линк од видео или цел сајт за зумба вежби, ама да почнам од најлесно, почетник сум.
Видете што најдов Зумбата е уметност која може да им помогне на жените да изгледаат грациозно и секси. Овој вид на фитнес е ефикасен за обликување на стомачните мускули и нуди добра забава. Тоа се позитивните страни. Европските научници сметаат дека мрдањето на колковите при стомачен танц има негативни последици за 'рбетниот столб. Ова е последица на хоризонталното и вертикалното мрдање на стомакот како и вибрациите кои ги предизвикува, а се добива голем "стрес" на 'рбетниот столб па дури може да бидат предизвикани и гинеколошки проблеми. Затоа тие препорачуваат пред да се започне со вежбање на зумба фитнес, да се направи комплетен лекарски преглед за да се спречат сите можни здравствени проблеми.
Врска нема ова таман фатив да вежбам стомачен танц и види сега се има позитивна и негативна страна, не е точно знам јас ако е така, тогаш од кога фитнесот е штетен и воздухот е штетен, па никому ништо што не ќе измислат луѓево
И мене исто. Иако, морам да приметам дека ми се зацврстија малку и стомачните мускули, но салцето си стои
A важи за зумбување ци**отрес и г***трес на пајдушко, циганчица, и слични на нив??? Оти бев на веридба, и нозеве неќеа да ми се кренат од место после целовечерно играње и славење Цели два дена не бев способна за зумба на чекори, еве едвај се вратив во форма И да се пофалам, по речиси две недели, издржувам саат време Можда не е многу, ама јако е
до вчера не знаев што е зумба, додека ги разгледував темите случајно ја погледав оваа тема и веднаш го симнав клипчето од Трендафилка (големо фала до неа) и морам да кажам дека е многу интересно, вчера вежбав научив некои чекори сега планирам да ги доучам другите и мислам дека ќе ми помогне да ослабнам неколку кила
Салцето ќе го снема, тоа побавно се топи посебно на делот на стомакот. Стомакот се повлекува се затегнува, нема да е толку отпуштен како пертходно, ама баш тој дел, најпоследен се слизнува Јас зумбава и откажав љубов. Поретко ќе зумбам. Се префрлив на Тае Бо страшни кардио вежби. Осеќам она вистинско болење на стомачни, грб, бутчиња
Јас се префрлам на кардио вежбите, од скалптендтоун ми се познаваат веќе мускулчиња на рацете, а не би да се мерам со мужи(еј види имам поголем мускул) Се затегнав, сега уште ова салцево да се стопи и топ сум
A jaс уште се тресам ко мајмун, играм ли играм на чекорите од Пол, мислам така се викаше црнецон Ама нема резултати, немааааа, и умрев за јадење, и ми изгина целосно апетитот, или рано е, или што не знам, ама зумбава за ништо живо на свет не ја откажувам Уствари, има резултати, лажам, на нозеве оптегнато јаже не им е рамно Како ми се затегнати, ама не мораше нив до толку, тие и онака ми беа адут Изггледа вежбиве само за нив ми се
Леле Ова кардиово уште подинамично е, сум се улежала јас со ова другово И многу е интересно, многу е поразиграно и затоа повеќе ми се свиѓа
И ја сум со ова кардио и најинтересно ми е од сите.Си го играм тоа плус Скалп&тоун еднаш на ден ,тоа басикот го исфрлив досаден ми е више
Да знаете дека што и да вежбате, за слабеење е токму ова кардио. Бидејќи така се комбинирани вежбите, серии, но различни вежби, со различни движења на сите делови од телото.. срцето ви пумпа крвче, адреналинче пука и така оди горење маснотии. Она за обликување на телото е веќе кога ќе си ја добиете тежината што ја сакате, па за да оформите тело. А, базикот си е да се навикнете на вежбање.