Одам на зумба еден месец, ослабев три ипол кила, ама некако и апетитот ми се губи. Исто јадам, само навечер јадам само овошје. Просто се топам. Сите ја забележаа промената, и полека зумбата не само што ме троши туку и ме затега, зашто играме со мали тегчиња. И ако сакате ефекти од зумба, само во група, сами никако. Едноставно со групата се мотивираш, а дома само ќе забушаваш. СИТЕ НА ЗУМБА!!!
Јас немам проблем со тоа сама да си вежбам дома.Нема врска дека забушавам, супер сум се препотувам , вода тече од мене Зумбата е нешто светско!!
Јас вчера го вежбав зумба лајв фитнес. Имаше делови и од скалптендтоун и од кардио, имаше и нешто ново. Интересно бше, ни една пауза не направив, ама сум се препотила....
Рејнбоу а кое видео е тоа? Јас решив да продолжам со овие што ги вежбам, компјутеров и онака проблеми ми прави, така да подобро само од јутјуб, па сега ќе правам рамнотежа со исхранава и вежбиве, па нема да биде страшно, иако така изреагирав бидејки имаше промена,се слабее, увидов ама нема да ослабам не си дозволувам
Аааа Рејнбоу, да не пукниш, и јас тоа прееска го бајлав ама само делот со новите чекори, на крајот што е (flat abs). И многу брзо се изморив да ти кажам. Горде, тука гледај го видеото http://www.youtube.com/watch?v=GfAPlTYg74E ама не е целосно, најдобро ќе е да си го симнеш... Спојлер http://thepiratebay.org/torrent/5051598/Zumba_Live___amp__Flat_Abs___.avi___dance_fitness
Мерлин, фала ти за видеото, ако е кратко, оти ова компјутеров ме зеза, некој ден ќе го џитнам прееска пробав да симнам нешто од интернет и целиот застана едно не отвара, трето отвара, ако отвара, сликата на делови ми излегува мрднат е целиот, така да само ова јутјубево
Јас цело го изиграв, интересно ми беше, со последни сили и последниот дел го извежбав и многу се добри вежбите. Од сега било кое видео да го играм тие последните вежби обавезно ќе ги правам.
дали некој одел на зумба во кисела вода во о.у. Кирил Пејчинович? таму се fit one !!! јас сакав пилатес ама ми кажаа дека од септември ке почнат само со зумба во к.вода !!! некој што вежбал зумба и пилатес ......што е подобро?? мене ми треба за да стекнам кондиција малце да се стегнам и да подослабам некое килце ако се може
На ова видео ги имате основните зумба чекори за загревање... http://www.youtube.com/watch?v=uLmNteAl ... re=related Јас повторно трењирам од утре... , после 2-месечна пауза...
И јас од утре ќе почнам пак со зумбата ја запоставив малце бидејќи немав време ама од утре идеме пак!
Зумбата ми е дел од активностите што ги нуди програмата каде што одам на вежбање. Ја практикуваме во петок и секој петок со душа го чекам! И последниве две недели, во сабота се одржува зумба на плажата Парк во Охрид..Бидејќи денес не можев да одам, утре обавезно ! Ги сакам и песните и танцувањето.. И ќе ве молам да ме информирате како се движат цените на зумба во Скопје, бидејќи од септември ќе сум таму Спојлер на студии мачни , каде се одржува и слично...Би ми одговарало во центар, кај Соборна имам стан. И благодарам однапред!
Јас продолжив да вежбам, два - три пати во неделата сега, на почетокот избрзав, ама доволно и вака, значи правам како што организмот бара, колку е доволно, толку, за понатака незнам каков ќе биде распоредов со вежбиве а и сега вежбам додека сум во пмс, не толку, ама вежбам, колку да не бидам без ич иначе супер се вежбиве, поготово за време на пмс, време на нервози Само сакам да кажам треба упорност, без разлика каде се вежба дали дома или на часови по зумба
Вчера оноа Кардио го играв, колку е заморно, срце ми лупаше 200 на саат после. Се изнапотив, грбон жива вода. Пред ова го вежбав Sculp & Tone, ама ова позаморно бе. Така да по моја логика, Кардио за слабеење, Sculp & Tone за затегнување. Поздрав Зумба чикас
http://www.youtube.com/watch?v=A5Jzwme7 ... dded#at=43 Ми изгледа добро клипов. Иначе и јас од утре ке почнам активно да зумбам