Jas odam vo Ou Blaze Koneski vo aerodrom... A casovite se odrzuvaat vo osnovnite skoli, ne zatoa sto idat deca, tuku bidejki sekoe skolo ima sopstvena sala, i samo na toj nacin moze da bidat poblisku do site i na site im odgovara... Do sega sum bila 3 pati,i mi se dopagja... cetvrtok i nedela se odrzuvaat casovite, 1000 denari e mesecno, a za eden cas 150 den [mod-kirilica:1zu01k2n][/mod-kirilica:1zu01k2n]
може да одат и дечиња на зумба ... иначе во битола исто има зумба и е 50 ден. еден ден . 1 час и половина. а за скопје не знам...
Јас се решив да одам во “Топ форма“. 1500 денари месечно е, ама секој ден, а не два пати неделно. Плус, најубаво се опремени од сите, имаат тушеви, салите им се со огледала и мислам (ма да не сум сигурна) дека имаат и кафе бар И блиску ми е. Згора на се, и инструкторката е од Куба Ја убедив мајка ми да ми даде пари и сакам да почнам што е можно поскоро. Сум качила некое килце од ова празнициве Само сакам да дознаам дали членарината важи до крај на месец февруари, или пак се плаќа од датум до датум(пример ако се зачленам на 15 февруари, да ми важи членарината до 15 март)?
важи од денот кога си се зачленила, до истиот ден наредниот месец, пример ако си се зачленила на 20.01. членарината трае до 20.02. и супер е, јас вежбам таму пилатес и аеробик, топ се стварно
интересно, слушнав има и во аеродром односно видов залепени плакати, ај ако некој го има бројот од центрите нека го постира да се интересирам повеќе.
http://www.votopforma.com.mk/ Ова е во Карпош, кај универзална сала. Еве види си, има и бројче најдолу на страницата
А покрај ова топ форма,има некое друго сто го препорачувате? бидејки тоа ми било апла комшии,а сакам повеке да користам автомобил( да везбам возња ) и затоа сакам некое друго место да зирнам...
Абе ти пак сега...Земи автомобилот, сврти едно- две кругчиња низ градот и врати се назад на вежбање Се шалам. Не знам, спомнаа нешто другите дека имало во аеродром, само не знам колку се добри таму инструкторките
Ајде кажете ми некое место за зумба во Аеродром и во Ново Лисиче и да не биде тоа во школо! Ајде чекам одговор! И да ми кажете број од тоа место ако може..
Многу ми се допаѓа и сакам да се запишам некаде си вежбам понекогаш дома од клипчиња што најдов по нет,ама бара доста напор ,динамична е,а јас тешко да издржам слабо вежбам па слабо кондиција а и не ме бидува многу за денсање па ќе ми се испосмеат другите,ќе бидам атракција
Убаво е многу и стварно се интензивни вежбите. Јас секогаш преморена си заминувам А за тоа дека не си добар денсер, ич да не се секираш. Има секакви таму, сепак сите тие се дојдени за зацврстување на телото, никој не е за да научи латино - танци Убавото е тоа што, со редовно вежбање, дури и несвесно се научуваат основните чекори на латино - танците
Ако случајно види Лоллипоп тука, нека ми пише кај оди на зумба, затоа што цената е супер....ми се допаѓа опцијата да доплатиш 500 ден а да имаш и пилатес и аеробик и башка секој ден скоро во неделата....плиииииииис
Ептен си ја сакам. Јас уствари долго време барам замена за танцот кој не го тренирам веќе - а зумбава ми доаѓа ко бинго! Најубаво е вежбањето преку танцот, се раздвижува целото тело, кога слушате музика чијшто ритам ве обзема - ако сте барем малку по играњето, не можете да седите мирни и затоа одговорно тврдам дека зумба и „њуму“ сличните се одлични начини на вежбање, движење, слабеење, трошење на негативна енергија - што и да посакате Порано велев - едно искачање на хип хоп или drum n'bass или breakbeat, и потите 2 кила. Сега одговорно истото можам да го тврдам и за зумбата! Ајмо девојки на г’зотрес! Зззззумба!
Во право си пирамитке. Значи вежбите се стварно интензивни и тешки, ама не ги чувствуваш како такви, просто заради фактот што ти уствари танцуваш, а како што кажа, сите кои барем малку сакаат танцување знаат како е кога ќе излезат во дискотека и денсаат цела вечер, се изморуваат, испотуваат, но тоа не им смета, затоа што уживаат во танцувањето! Јас сум таква и за мене е како благослов оваа зумбава Си одам дома преморена, а сепак убаво се чувствувам. Башка, додека вежбаме не можам да ја држам устата затворена, имам насмевка од 6- ка до 6- ка од што ми е убаво на душата
Јас одам веќе 6 месеци и се навлеков на Зумба, вистина е дека кога завршуваш со часот се чувствуваш како да си бил на плажа , многу расположува и мислам дека тоа е најважно, а после и ефектите се чудесни , еве за 6 месеци се оформив како што си сакав и продолжувам со мерак и понатаму . Одев на различни места претходно , но многу им е млитава Зумбата, но овдека кај што одам 6 месеци е неШто вауууу и тренерот е згоден и све...хе хе ЛАМБАДА се вика местото -во Дебар маало.